Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
– Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и B2B средби, односно тоа што го отпочнавме во Унгарија и тоа што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул, изјави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Истанбул, Турција. – Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овдека во Истанбул, ...
Креирањето на силен систем за социјална заштита кој ќе испорача вистинска грижа за најранливите категории на граѓани, а истовремено ќе обезбеди и спречување на злоупотреба на истиот е приоритет кој Министерството за социјална политика, демографија и млади го постави како врвен приоритет со доаѓањето на оваа Влада. Ги земаме предвид наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија и сметаме дека токму ваквите констатации ја потврдуваат ...
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување во „24 Анализа“ ја обвини Владата на Мицкоски, дека нема ниту план, ниту стратегија за европската интеграција, посочувајќи дека ВМРО треба да престане со замајување на јавноста додека граѓаните остануваат без конкретни одговори и без реални чекори напред. „Македонските граѓани очекуваат и бараат одговори за тоа кој е предлогот на Владата во однос на сите овие прашања. Факт е дека ние мораме ...
Денеска во Собранието се одржа јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност, посветена на Предлог-законот за оружјето, како единствена точка на дневниот ред. Со донесување на Законот за оружјето ќе се овозможи остварување на законски утврдените цели на Министерството за внатрешни работи. Со предложениот закон се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода пет лица кај кои била пронајдена дрога. На 11.06.2026 во 22:50 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода лице(44) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 11.06.2026 во 21:10 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР ...
Прес-конференција на СДСМ , Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка: Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди. Овој закон предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески“ и Државна награда „Ремзи Несими“. Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата ...
Прес-конференција на Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор: Уште една од низата лаги на Христијан Мицкоски денеска се распаѓа пред очите на јавноста. Најболниот пример е токму новиот Клинички центар, кој не се изгради единствено поради блокадите на ВМРО и Христијан Мицкоски. Во 2021 година ВМРО- поднесе над 2.000 амандмани за да ја закочи изградбата на новиот Клинички центар. До каде беа подготвени да одат кога беа во опозиција? ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување на невработеноста. Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, a со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две мерки се ...
Соопштение на СДСМ: Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза. Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени. Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија. Кризата со откупот се зголемува. Две млекарници во делчевскиот ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт. Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции. Со ова, Филипче и СДС покажаа уште ...
„Токму последиците од преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДС, напротив имавме кампања за бесплатно здравство, отворени врати кон ЕУ, бесплатни вакцини, стипенди итн., на крајот, после тој референдум на којшто дојдоа и германската канцеларка Меркел, австрискиот канцелар, британската канцеларка, тогаш Велика Британија беше членка на ЕУ, наместо отворање на преговори ...
Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција. Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум ...
На 11.06.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А.(78) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик и изведен е пред надлежен судија ...
Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – Секретар за меѓународна соработка: Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше. Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“. Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага. Опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак да бидеме алиби за распишување избори. Мицковски ...
На 11.06.2026 во 10:20 часот во ОВР Гостивар, С.А.(29) од село Врапчиште, гостиварско, пријавила дека на 10.06.2026 околу 10:00 часот во селото, нејзините две малолетни деца биле физички нападнати од двајца други малолетници од селото. Според пријавеното, истите малолетници и претходниот ден физички ја нападнале нејзината ќерка, како и дека подолго време вршат вербално и физичко насилство врз нејзините деца. Се преземаат мерки за ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. ...
Денеска 12.06.2026 година (петок), претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, каде ќе учествува на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави. Во состав на владината делегација ќе бидат и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик-претседателот на ...
Прес- конференција на Александар Наумоски – член на Извршниот одбор на СДСМ: Вистина е дека денеска корупцијата е во секоја пора од општеството, а правдата селективна и заробена од корумпираната власт. Вистина е дека наместо независно судство – има партиска контрола и јавно диктирање како треба да постапуваат обвинителите од собраниска говорница, телевизија или по телефон. Вистината е дека граѓаните не веруваат во правосудниот систем затоа ...
Покрај финансискиот и безбедносниот колапс, овој закон, според асоцијациите, претставува „свесна одлука на државата да доведе една легална дејност до банкрот“. Директна последица од тоа ќе биде губењето на работните места на повеќе од 10.000 директно вработени и десетици илјади соработници во придружните дејности. Ова значи дека над 35.000 граѓаните, заедно со своите семејства, преку ноќ ќе станат социјални случаи и кандидати за иселување од ...
На 10.06.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар во автобус, додека извршувал работни задачи како контролор на ЈСП, бил физички нападнат од 50-годишната Д.Ц. откако претходно констатирал дека немала платено билет за превоз. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 10.06.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит ...
На 10.06.2026 во 18:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје велосипед удрил во пешакот Х.А.(83) од Скопје, по што велосипедистот го напуштил местото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.06.2026 во ...
На 10.06.2026 во 18:35 часот во ОВР Кратово е пријавено дека магистралниот пат с.Страцин, кратовско, кај место викано „Поповски рид“, М.Т.(21) од Куманово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во карпа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово. На 10.06.2026 во 18:35 ...
На 10.06.2026 во 02:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот Велес-Градско, патничко возило „шкода октавија“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(31) од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 59-годишна сопатничка Д.В. од Кавадарци, констатирани во Општа болница Велес. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна ...
СВР Велес поднесе кривична пријава против лице (32) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 23.05.2026, откако бил лишен од слобода поради недолично однесување, пријавениот во службено возило физички нападнал полициски службеник и му нанел повреди. СВР Велес поднесе кривична пријава против лице (32) од Велес поради постоење основи на сомнение за ...
На 10.06.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп, полициски службеници од Шумска полиција Прилеп пријавиле дека при преземање на службени дејствија во атар на с.Гостиражни, прилепско, биле физички нападнати од три лица, при што еден шумски полицаец со службениот пиштол испукал еден предупредувачки истрел во воздух, а лицата го напуштиле местото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 10.06.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп, полициски ...
Денеска, во Собранието се одржа работна средба помеѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и група студенти и професори од Универзитет во Амстердам, Холандија. Средбата се одвиваше во конструктивна и интерактивна атмосфера, при што студентите покажаа голем интерес за актуелните политички и општествени состојби во земјата. Во текот на разговорот беа отворени повеќе значајни теми, меѓу кои: односите со Бугарија, ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на ...
Соопштение на СДСМ: Мицковски денес изјави дека парламентарни избори ќе има многу скоро. Ова доаѓа откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори и дека мигрантите, односно економските работници нема да доаѓаат оваа година. Сега, одеднаш, изборите се „многу скоро“. Ова не е прв пат Мицковски да ја менува приказната според моменталната потреба. Има двајца Христијан Мицкоски. Едниот ќе го враќаше името, најавуваше поништување на ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 05 часот и 36 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга, со интензитет од III степени според ...