Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упатува најсрдечни честитки до сите Македонци по повод 24 Мај – Денот на семакедонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Денеска го чествуваме нивното епохално дело и цивилизацискиот триумф во ширењето на словенската писменост. Светите браќа се исклучителни личности чија визија и дејност го поставија фундаментот на нашата култура, духовност и образование. Како ...
Фото:Facebook/Aleksandar Nikolosk Честит 24 Мај – Денот на светите браќа Свети Кирил и Методиј, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Се поклонуваме со почит и благодарност и потсетуваме на нивното дело кое не обврзува да го чуваме македонскиот јазик, култура и идентитет, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил. „Св. Кирил и Методиј оставија неизбришлива трага во историјата, а ние продолжуваме со ...
Глаголицата за нас е артефакт и културолошки споменик од средновековието, кој му пркоси на забот на времето, стамено и гордо исправена пред сите предизвици на модерното време, во кое, за жал, вистинските вредности често го губат значењето. Кирилицата е живо, активно писмо во Македонија, кое нè поврзува со заветот на Кирил и Методиј и сегашноста полна со предизвици. Двете писма се столбовите на македонскиот идентитет, сведоци на постоењето на ...
По принципот „еден член, еден глас” Сали Бериша е реизбран за лидер на најголемата албанска опозициска партија, Демократската. Според синоќа објавените резултати од гласањето, правото го оствариле 39.441 демократи, од нив, 38.902 се важечки, додека 539 се неважечки гласови. Од важечките гласови, поддршка за Бериша дале 37.341, 1.055 биле „против“ и 506 воздржани. Гласањето е спроведено во 87 гласачки места, во 77 општински организации на ...
. Државно-црковната делегација на Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се пратениците Мицевски, Спасовски, Ќоку и Стојчевски, како и генералната секретарка Димовска, во рамки на традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“, учествуваше на Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Во словото со кое заврши Молебенот, со кој чиноначалствуваше Неговото Блаженство ...
По повод 24 мај, ден на словенските просветители, светите Кирил и Методиј, македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г. г. Стефан и до сите Македонци каде и да се. Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство и на сите православни верници, на Македонците каде и да се, да ви го честитаме 24 мај, ден на ...
Foto: Media Ngjallja, Marin, Joan Stratobërdha Македонците од Горно Крчишта, областа Полени традиционално го оддбележaa христијанскиот православен празник Вознесение Христово-Спасовден, патрон на селската црква. Денска се одржаа кратки служби: Свети Спас, Свети Димитрија, Свети Никола , присуствуваше и делегација на Автокефалната православна црква на Албанија, предводена од отец Јован Коровеши. На одбележувањето се одржа и богослужба каде ...
Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова коментирајќи го ставот на бугарската страна, што го пренесоа дел од медиумите, искажан денеска на првата средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со неговата бугарска колешка Велислава Петрова. Претседателката Сиљановска Давкова во гостување на ТВ Сител посочи дека на последниот попис во Бугарија имало речиси ист број ...
Aмбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Мишел Таран денеска се сретна со граѓанското општество за изборните реформи на нивно барање, се сретна со група претставници на граѓанското општество, кои ги споделија своите забелешки за процесот на изборните реформи. На состанокот присуствуваа Албанскиот хелсиншки комитет, БИРН Албанија, Институтот за политички студии, Вестминстерската фондација за демократија, граѓанска отпорност и Женската мрежа за ...
Словенечкиот парламент денеска го избра Јанез Јанша за нов премиер на земјата, доделувајќи му го четвртиот мандат на функцијата, откако неговата партија загуби на националните избори во март. Агенцијата СТА јави дека 51 пратеник гласале „за“ Јанша, а 36 биле „против“, пренесе ДПА. Јанша планира да формира малцинска влада со својата Словенечка демократска партија (СДС) и други десничарски партии, поддржана од надвор од ултрадесничарската, ...
Албанската влада одобри изградба на три фотоволтаични електрани, кои заедно ќе имаат капацитет од 178 мегавати. Според одлуката, проектите предвидуваат период на изградба до 36 месеци и период на работа до 49 години, а компаниите што ќе бидат одговорни за нив ќе мора да ги почитуваат стандардите за заштита на животната средина и да доставуваат периодични извештаи до надлежните институции. Електраните ќе се градат во близина на Лушња, Саранда ...
Од денеска почнува гласањето по пошта за косовските граѓани во странство, кои претходно се регистрираа за предвремените парламентарни избори закажани за 7 јуни. Овој процес на гласање ќе трае до 6 јуни. Истиот ден – еден ден пред одржувањето на изборите во Косово – граѓаните од дијаспората, кои не се пријавиле за гласање по пошта, ќе може да го остварат своето право на глас и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата. Според ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ информираше дека изминатиот викенд државната инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад. Станува збор за DDoS напад насочен кон веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал uslugi.gov.mk, при што преку милиони барања, распределени во подолг временски период, бил направен обид да се предизвика ...
Земјите од Европската Унија денеска напладне дадоа зелено светло за одобрување на извештајот на Привремениот извештај за проценка на референтните вредности на Албанија (ИБАР) , со што се означува многу важен чекор во процесот на преговори за пристапување. Според внатрешните процедури на ЕУ, по одобрувањето на ИБАР, досието ќе биде доставено до КОРЕПЕР II, Комитетот на постојани претставници на земјите-членки, каде што и формално ќе се одреди ...
Делегација од Општина Брвеница оствари официјална посета на Општина Булќиза, при што беше потпишан Меморандум за соработка со цел зајакнување на меѓуопштинските и прекуграничните односи. На средбата, која се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, претставниците на двете општини разговараа за можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен акцент на аплицирањето и реализацијата на ...
Фото: Министерство за одбрана Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски денеска во Министерството оствари средба со адмиралот Џорџ Викоф, командант на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол и командант на американските поморски сили во Европа и Африка, на која била потврдена посветеноста на Македонија кон зацврстување на регионалната и колективната безбедност. Придонесот на македонските војници во ...
Овој петок, преку објава на „Фејсбук“, премиерот Еди Рама реагираше во врска со процесот на европска интеграција на земјата, наведувајќи дека на 26 мај во Брисел ќе се одржи Меѓувладината конференција Албанија-ЕУ, која според него „успешно ја заокружува воведната фаза и ја отвора последната фаза од преговорите за членство“. „На 26 мај во Брисел, Меѓувладината конференција Албанија-ЕУ успешно ја заокружува воведната фаза и ја отвора ...
Повод: Поднесената жалба до Европската комисија (ЕК) против Бугарија од страна на Централниот совет на Македонците во Германија Македонците во Германија, во поднесената жалба, предупредуваат дека Бугарија ја злоупотребува европската процедура за проширување, претворајќи ја во алатка за наметнување националистички услови што ја поткопуваат суштината на европските принципи. Затоа оваа постапка е повеќе од спор меѓу две држави. Таа е огледало ...
Македонското друштво “Илинден”-Тирана бара 21 мај во Република Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства, 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го сметаме за најсоодветен датум. За таа цел друштвото во 2022 година испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола. Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото прогласување за ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изрази задоволство што ЕК ја одобри новата транша од 65,7 милиони евра за нашата земја во рамки на Планот за раст и Механизмот за реформи, потенцирајќи дека тое доказ дека сме земја број еден во Западен Балкан. Овие реформи, рече тој, не значат само контрибуција за Буџетот туку значат и подобар живот за граѓаните. Во однос на Планот за раст ми е многу драго што се демантираа бројни ...
Владата денес одобри неколку законски измени за да ѝ даде на Државната разузнавачка служба поголем опсег во кој може да собира информации за националната безбедност. Во објавениот нацрт-закон се наведува дека Државна разузнавачка служба (ШИШ) ќе собира информации за заканите што произлегуваат од активноста на странските разузнавачки служби, во сите форми што ги изразува и се појавува, со цел да се зачува интегритетот, независноста и ...
Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Не оддалечувајте се од ...
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, заедно со полскиот премиер Доналд Туск, денеска од Варшава испрати порака дека е време да се обнови старото влијание и сјај на Вишеградската група (В4), при што Маѓар предложи нејзино проширување и со земјите од Западен Балкан кои сè уште не се дел од Европската Унија. Подготвен сум да ја прошириме соработката на Вишеградската четворка и на други земји – можеби Австрија, Хрватска, Словенија, Романија и ...
Премиерот Еди Рама во интервју за естонскиот медиум „Postimees“, меѓу другото ја критикува стратегијата на Европската Унија во надворешните работи и безбедноста на глобалните интереси. Тој нагласува дека било грешка што Европа им дозволила на САД да ги водат преговорите со Русија. Не беше само обична грешка. Според мене, ова е став што не е соодветен за голема сила како Европа, бидејќи историјата на Европа е секако историја на војни, но и ...
Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието на трети земји. Во нон-пејперот, ...
Македонија доби најголема финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, со што се потврдува напредокот во спроведувањето на реформската агенда. Европската комисија објави дека за Македонија се одобрени 65,7 милиони евра, повеќе од средствата доделени за Албанија, која добива 49 милиони евра, и Црна Гора, за која се наменети 44,2 милиони евра. Средствата се одобрени по позитивната оценка на Европската ...
Бројот на починати од епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се искачи на 131, од вкупно 513 сомнителни случаи, соопшти министерот за здравство Самуел Роџер Камба. Во соседна Уганда е регистриран и еден смртен случај, објавија Африкански центри за контрола и превенција на болести. Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека е „длабоко загрижен“ поради брзината и размерите на ...
Берзата во Техеран денеска повторно почна со работа по пауза од околу 80 дена, и покрај натамошната неизвесност околу развојот на конфликтот меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Како последица на претрпени воени штети, вкупно 42 компании се целосно исклучени од тргувањето. Според изјава на претставник на берзата, оваа бројка соодветствува на околу 35 отсто од вкупниот пазарен волумен. Локалниот весник „Шарг“ наведува дека меѓу ...
Марина Сари достојно ја претставуваше Општина Пустец на настанот „Пулс на ѕвезди“, носејќи настап што ги надминува сите очекувања и останува момент на гордост за нашата заедница. Иако ова беше прв пат Марина да стапне на сцена надвор од територијата на општината, таа настапи со природна и восхитувачка самодоверба, како сцената да е простор каде што е родена за да се истакне. Со својот глас, емоција и уметничко присуство, таа докажа дека ...
Трговците од македонскиот пазар во Kорча денеска реагираа против контролите и казните што ги изрече Општината поради непочитување на новите правила за поставување на тендите во пазарот. На терен излегоа инспектори и припадници на општинската полиција, кои изрекоа административни мерки за трговците што не ја спровеле наредбата за отстранување или усогласување на тендите. Трговците изразија револт, наведувајќи дека казните од 50 илјади леки се ...