Излезе од печат 102-от број на весникот на македонски јазик “Преспа“, гласило на Македонците во Албанија, кое повеќе од три децении придонесува кон зачувувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, култура, традиција и национален идентитет. Првиот број на “Преспа“ е објавен во 1994 година. Од тогаш до денес, весникот претставува значаен медиумски простор за информирање на македонската заедница во Албанија и за негување на македонскиот пишан ...

Македонците во Албанија денес се соочуваат со еден од најтешките периоди во зачувувањето на јазикот и идентитетот и поради тоа е потребна многу посилна институционална и политичка застапеност на заедницата, но и широк ангажман, од поединецот, преку медиумите, па се до највисоките државни институции. Јазикот може да опстане само ако се зборува, учи и пренесува на младите генерации, кои, за жал, се отселуваат од Мала Преспа и од Албанија за ...