Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Премиерот Еди Рама денеска на испораката на првите 40 тактички возила за албанската армија произведени во земјата, изјави дека една од стратешките цели на Албанија во областа на одбраната сега стана реалност, бидејќи првата флота возила произведени дома според стандардите на НАТО е ставена на располагање на вооружените сили. Според него испорака на возилата, произведени во Албанија, од страна на компанијата „Тимак Дифенс“, претставува ...
Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина. Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа ...
Првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8, се одржа денеска во Софија. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. ...
Албанија и Србија начелно се договориле да отворат конзулати во Скадар и во Бујановац, изјави српскиот министер за надворешни работи, Марко Ѓуриќ. „Ме радува што имав добри разговори со новиот албански министер за надворешни работи, Ферит Хоџа, со кого постигнавме начелна согласност да отвориме конзулати на нашите две земји во Скадар и во Бујановац“, изјави Ѓуриќ. Зборувајќи за Европската Унија, Ѓуриќ рече дека Србија го забрзала ...
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски разговарале околу поддршката што оваа општина може да ја даде за друштвото и унапредувањето на соработката во областа на културата. Чест и задоволство ми беше што со градоначалникот имавме срдечна средба. Непосредно го запознав со проблемите со кои се соочуваат Македонците, како и со активностите на друштвото. ...
„Водачу на небесните војски, ние недостојните секогаш те молиме, со своите молитви да нѐ оградиш под заслонот на крилјата на твојата слава бестелесна, пазејќи нѐ нас, кои грижливо ти се приклонуваме и повикуваме: Од неволји избави нѐ, како началник на вишните сили.“ – Тропар на Собор на Свети Архангел Гаврил, глас 4 Во живописниот предел на Долни Дримкол, меѓу спокојот на планинските падини и спомените што ги чуваат манастирските камења, ...
„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде, односно беа заглавени и со посветена работа, можам да кажам дека за овие неколку месеци откако Орце е градоначалник се гледа огромен напредок, еве како што самите слушнавте до Нова година очекуваме не само овој проект туку уште други 2, па и би рекол 3 проекти ќе бидат завршени. ...
Премиерот Еди Рама, повторно реагираше на протестите и барањето за негова оставка, при што за првпат директно кажа дека нема намера да поднесе оставка. Според него, мандатот што го користи произлегува од гласот на граѓаните и не може да биде прекинат од барањата на демонстрантите.Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, само сакаат моја оставка! Големо недоразбирање, напиша Рама на платформата Х . Вели тој нема „договор“ ...
Заедничкиот извештај од 2025 година изготвен од комитетот за човекови права „Толеранција“ со поддршка од ОМО „Илинден“ – Пирин, Здружението на репресирани Македонци во Бугарија – жртви на комунистичкиот терор, ОМО „Илинден“-Пирин, Здружението за заштита на основните граѓански права, Граѓанската иницијатива за признавање на македонското национално малцинство во Бугарија и заштита на правата на бугарските граѓани со македонска самосвест, ...
Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници ...
Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, истакна заменик претседателот на ...
Историски моменти што не смеат да бидат заборавени! Постојат настани кои не се само дел од историјата, туку претставуваат сведоштво за непокорниот дух, верата и истрајноста на еден народ. Денес, за првпат, весникот „Македониум“ ја објавува оваа драгоцена архивска снимка од историската посета на Преспанскиот митрополит г. Петар на Мала Преспа, непосредно по падот на комунистичкиот режим во Албанија, за Велигден – 5 мај 1991 година. Оваа ...
Поранешниот унгарски премиер, Виктор Орбан денеска го повика членството и симпатизерите на неговата партија „Фидес“ на „отпор“ против, како што рече, „самоволното владеење“ на неговиот наследник, Петер Маѓар. Во своето прво поголемо јавно појавување по изборниот пораз во април, Орбан пред своите поддржувачи во романското бањско лекувалиште Баиле Тушнад изјави дека „Фидес сега мора да дејствува на сосема поинаков начин и да служи на ...
Фото: Министерство за одбрана Mинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посетија припадниците на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и извршија увид на градежните активности, кои во моментов се реализираат во касарната. Mинистерот Мисајловски одговараше и на новинарски прашања во врска со моменталната состојба со загадената ...
Кандидатите за наследник на Антонио Гутереш по истекот на неговиот маднат, одговараа на прашања за предизвиците со кои се соочува Светската организација, меѓу кои застојот во Советот за безбедност на ОН, финансиските притисоци, зголемениот број меѓународни кризи. Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа пред Генералното собрание на ОН ги претставија своите приоритети, на дебата организирана во формат сличен ...
Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во село Туминец, Преспа ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава, која ќе се одржи на 29 и 30 јули 2026 година Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во село Туминец ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава посветена на светата великомаченичка Марена (Марина), која ќе се одржи на 29 и 30 јули ...
Фото: Македонски весник “Илинден” Силното невреме проследено со обилни врнежи и силен ветер, кое во текот на ноќта ја зафати јужна Албанија, однесе два човечки живота, а уште три лица се повредени, соопштија надлежните албански институции. Една од жртвите е Башким Бочи, електричар во државната електроенергетска компанија, кој загинал за време на интервенција во Химара. Според албанските медиуми, несреќата се случила околу 3 часот по полноќ ...
Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, се обрати на свеченото отворање на Интернационалниот фестивал „Играње во Подградец“, нагласувајќи дека фолклорот претставува мост на пријателство, разбирање и соработка меѓу народите. Во своето поздравно обраќање, Стерјовски истакна дека за него претставува особена чест да биде дел од фестивалот, кој, како што рече, ги промовира најдобрите вредности на ...
Воведувањето на 7- от авион во базата на Визер во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија. Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот 7-ми авион на Визер во Скопје. „Ова е трета најголема база што Визер ...
Фото: Министерство за одбрана Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски упати искрена благодарност до амбасадорот на Турција, Фатих Улусој, и до одбранбеното аташе, полковникот Реџаи Јилмаз, за нивниот професионализам, посветеност и значаен личен придонес во унапредувањето на партнерството и пријателството меѓу нашите две земји, со што успешно го заокружија својот мандат. Во изминатиот период заеднички работевме на ...
Mинистерот за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што според албански медиуми, се очекува намален број на смртни случаи на патиштата за 45 отсто. Секој прекршок регистриран од дрон ќе биде пријавен кај најблиската полициска патрола, која ќе го запре возачот за да му ја даде казната. Ламалари додаде дека наскоро ќе бидат поставени ...
САД ја разгледува можноста за повлекување од Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), јавува Ројтерс, повикувајќи се на осум извори, меѓу кои дипломати и извор од американскиот Конгрес. Според информациите, Вашингтон, кој традиционално е најголемиот донатор на УНХЦР, размислува не само да се повлече од агенцијата, туку и да го прекине нејзиното финансирање и да се повлече од нејзиниот Извршен комитет. Пет извори наведуваат дека ...
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму која ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава. Индиската претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на ...
Фудбалската репрезентација на Шпанија е нов светски шампион, откако во финалето на стадионот „Метлајф“ ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженијата. Херој на шпанската репрезентација беше Феран Торес, кој во 106. минута го постигна единствениот гол на натпреварот и ѝ го донесе највредниот трофеј на својата земја. Избраниците на Луис де ла Фуенте од самиот почеток беа поконкретен и поопасен противник. Првата голема шанса ја имаше Ламин ...
Повод: Иницијативата „Вертикален коридор“ и приклучувањето на македонскиот национален оператор за пренос на природен гас НОМАГАС во групата оператори. По три децении поврзаност од една гасна маршрута, Македонија првпат добива реална можност да стане дел од европската енергетска мрежа што ќе носи природен гас од повеќе извори. Вклучувањето во проширениот „Вертикален коридор“ е стратешка одлука што може да ја промени позицијата на земјата на ...
Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ). Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот. Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле насочени и кон дополнително намалување на ...
Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со ...
Одлично се одвива подготовката за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, следуваат јавни презентации за студиите по што има изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието – информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој потврди дека рокот за почеток на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан ...
Извонреден трансфер на еден од најголемите македонски кошаркарски таленти Александар Сотир кој на свои 17 години потпиша со еден од најдобрите клубови од Шпанија, Уникаха Малага! По извонредните сезони во младинските шпански конкуренции со досегашниот свој клуб Елче, Сотир сега со трансфер во дефинитивно еден од најпрепознатливите кошаркарски брендови на Шпанија, Уникаха Малага, член на АЦБ лигата. Сотир престојнава сезона, ќе се приклучи на ...