Според соопштението, надзорот се спроведува над патници кои биле поврзани со низа летови и контакти со лица кај кои постоел сомнеж за инфекција, вклучувајќи го и случајот со жената која подоцна почина од хантавирус, пренесе Анса. Италијанското Министерство за здравство соопшти дека сите досега направени тестови на хантавирус кај лицата кои се ставени под медицински надзор се негативни, додека вкупно шест луѓе и понатаму се под надзор поради ...

Екс пратеникот Илија Димовски фејсбук објави емотивна порака до внукот на Гоце Делчев, Христо Христов. Почитуван маестро Христо Христов: Ви се обраќам со чувство на длабока одговорност, со искрено пријателство, поддаена рака, но пред сè со огромна почит и кон Вашите години и кон Вашите уметнички достигнувања како диригент кој цел живот го скротува звучниот хаос во хармонија. Но, најмногу од сè, се обраќам кон Вас како кон внук на великанот ...

Патувањето со домашно милениче е сè почесто, без разлика дали станува збор за одмор, преселба или кратко патување. Но, од неодамна тоа бара и дополнителна подготовка. Имено, од 22 април 2026 година Европската Унија воведе нови, подобри правила за патување со вашиот миленик. Овие промени се спроведени со цел да се зголемат здравствените контроли, со што ќе се спречи ширењето болести, пренесе „Дона модерна“ („Donna Moderna“). Новите одредби се ...

Фото: Канцеларија за воени односи со јавноста на Генералштабот на Армијат Армијата има развиено добра билатерална соработка со ВС на Република Албанија која е најизразена на полето на военото образование, обуката и вежбите, како на билатерален план, така и во рамките на Јадранската повелба, Форумот на началници на Генералштабови на армиите од балканските земји и SEDM процесот. Посетата на ВС на Република Албанија претставува одлична можност ...

Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски информираше дека на покана на заменик-премиерот и министер за одбрана на Словачка, Роберт Калинак, денеска присуствувал на свеченото отворање на Меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија IDEB во Братислава, Словачка. Мисајловски во објава на социјалните мрежи посочи дека саемот претставува значајна платформа за презентација на современи технологии, иновации и ...

Министерот за одбрана, г-дин Ермал Нуфи, денес го домаќин началникот на Генералштабот на македонските вооружени сили, генерал-мајор Сашко Лафчиски. За време на средбата беше подвлечена важноста на тесната соработка за Коридорот VIII, како клучен чекор за воената мобилност и безбедноста на Западен Балкан. Страните, исто така, оценија дека двете земји имаат добрососедски односи и, како сојузници на НАТО, се посветени на одржување на мирот, ...

„Матица македонска“ ја објави книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, ново научно и книжевно-критичко дело посветено на современата македонска книжевност, нејзините развојни процеси, канонските автори, недоволно истражените дела, новите поетики и книжевните предизвици. Книгата е дел од јубилејната издавачка продукција со која „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, потврдувајќи ја својата мисија да објавува дела што не ...

Фото:Кабинет на Претседател Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вечерва се обрати на приемот во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на Македонија 2025 и ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората. Признанието во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, ...

Седум години партијата на етничките Македонци во Грција Виножито чека на одговор од вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивното писмо во кое се бара да се воведат богослужби на македонски јазик во дел од црквите во северниот дел на Грција. Писмото било испратено уште на 6 март 2019 година. Македонците од Грција бараат во дел од црквите во северна Грција богослужбите да се одржуваат на современ македонски јазик. За писмото денеска на својот ...

Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска, 11 до 13 мај 2026 година, ќе престојува во официјална посета на Вооружените сили на Република Албанија. За време на посетата, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари официјална средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинџи. Во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски вршат посета на инфраструктурните проекти што се реализираат на западниот дел на Коридор 8. По увидот на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, вицепремиерот Николоски истакна дека градежните работи се одвиваат со потребната динамика. Сите предизвици на ...

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој една од темите ќе биде напредокот на Западен Балкан во рамките на европската интеграција. Министрите на земјите-членки на ЕУ ќе одржат работен појадок со своите колеги од државите од регионот. Главна тема ќе биде спроведувањето на реформите и хибридната закана, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, пристигнувајќи на состанокот. Ќе разговараме ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната. Post Views: 1 Еврокомесарката за проширување Марта ...

Делегација на Македонската алијанса за европска интеграција им се поклони на борците од селото Туминец Денеска делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со длабока почит им се поклони на борците од селото Туминец, хероите од Илинденскиот период и од Народноослободителната борба во Втората светска војна, кои со неизмерна пожртвуваност и љубов кон својот народ се бореа за слободата и достоинството на Македонците. ...

Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел е и вековно патување низ духовната вертикала некогаш наречена Охридска архиепископија (ОА), денес Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Оваа верска институција, наследник на славната Јустинијана Прима, која низ византискиот, средновековниот и отоманскиот период служеше како чувар на нашата политичка, културна и јазична одделност и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со македонското малцинство во соседна Албанија, посетувајќи ги Македонците од Туминец, Преспа . Преку објава на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук, проследена со галерија од фотографии од посетата, тој упати силни пораки за национално обединување и континуирана поддршка од матичната држава. Во своето обраќање, Мицкоски нагласи дека на Македонија денес повеќе од сè ѝ е ...

По повод Денот на македонската горанска заедница во Република Косово, раководителот на политичкиот оддел на Европска Унија во Косово, Богуслав Гертруда, беше во посета на Општина Драгаш, каде што се сретна со претставникот на Партијата „Единствена горанска партија“, Адем Хоџа. Притоа, тој го истакна и го оцени придонесот на заедницата во косовското општество и нејзиното активно учество во локалната самоуправа. Гертруда нагласи дека учеството ...

Фото: Министерство за дигитална трансформација Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој. N99 Deep Tech Park е замислен како современ центар за поттикнување на нова технолошка револуција, со фокус на ...

Премиерот Еди Рама денес изјави дека Албанија влезе во клучна фаза во процесот на европска интеграција, додека извештајот на Европската комисија оценува дека земјата е подготвена да влезе во фазата на затворање на поглавјата со минување низ средни пресвртници. На почетокот на подкастот „Зборуваме“, Рама се фокусираше на европското патување на земјата и изјави дека 9 мај, Денот на Европа, ја најде Албанија поблиску од кога било до Европската ...

Потребно ни е обединување во заедничката борба за подобар живот, посилна економија, праведно општество и држава во која младите ќе сакаат да останат, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, на свеченоста пред Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. Како народ отсекогаш сме знаеле дека силата е во заедништвото. Во нашата историја имало моменти кога сме биле ...

Во периодот јануари-април на овој премин се регистрирани 14.918 патници што е за 1% повеќе споредено со истот период лани, кога биле регистрани 14.708 патници. Овој премин е од локален карактер, што подразбира дека право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, на двете држави, рече за МИА Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. На граничниот премин „Џепиште“, што е втор премин на македонско – ...

Генералниот секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, изјави дека сите земји-членки на организацијата, вклучително и Бугарија и Македонија, имаат обврска да ги спроведуваат пресудите на Европски суд за човекови права. Во интервју за МИА, Берсе се осврна на пресудите поврзани со македонското малцинство во Бугарија и нагласи дека суштината на тие одлуки е да се овозможи регистрација на организациите. Да се биде членка на Советот на Европа не ...

Ноќта помеѓу 8 и 9 мај 1945 година во берлинското предградие Карлсхорст беше потпишан Актот за безусловна капитулација на Германија, со што официјално беше означен крајот на Втората светска војна во Европа и поразот на нацистичкиот Рајх. Церемонијата започнала во 00:43 часот по московско време, односно 22:43 часот по средноевропско време. Капитулацијата била прифатена од маршалот на Советскиот Сојуз Георгиј Жуков и заменик-командантот на ...

Демократската партија (ДП) пред владата во Тирана, вечерва го одржа осмиот по ред антивладин протест, за кој имаше дозвола само пред владата, но истата не беше испочитувана. Во неколкуте обраќање, говорниците побараа оставка на премиерот Еди Рама, нарекувајќи го најголем криминалец, барајќи формирање техничка влада. Учесниците потоа продолжија кон Министерството за внатрешни работи, кога почнаа да фрлаат молотови коктели кон полицијата и ...

Повеќе од 74% од средствата за капитални инвестиции во Министерството за транспорт се веќе реализирани уште на почетокот од годината. Подготвени сме наменски да реализираме дополнителни 40 милиони евра, секако доколку тие средства можат да се обезбедат со ребалансот на Буџетот, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“. Тој истакна дека овој резултат се ...

Европскиот парламент даде целосна поддршка за европската иднина на Албанија, откако Комитетот за надворешни работи (AFET) ги усвои извештаите за напредокот на двете земји во процесот на пристапување кон Европската унија. Во извештајот за Албанија, европратениците ја пофалија посветеноста на Тирана кон европските интеграции и напредокот во реформите, но предупредија дека остануваат сериозни предизвици поврзани со владеењето на правото, ...

Првата фестивалска вечер во Битола помина во одлична атмосфера, со музика, добро вино и голем број посетители кои уживаа на платото пред Офицерски дом. Програмата започна со настап на DJ Resident, а продолжи со легендарните „B52“, „Пауза за ракија“ и DJ Carlito. На фестивалот се претставија 14 винарии со повеќе од 100 различни вина, овозможувајќи им на посетителите да дегустираат и да изберат по свој вкус. Понудата беше збогатена и со ...

Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни европски кујни и атмосфера создадена за забавен семеен ден на отворено. „Нож и виљушка на европска чинија“ е замислен како културно и гастрономско дружење што ги поврзува различностите, ги слави заедничките вредности и ја носи атмосферата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет денеска објавија десетици декласифицирани документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО) и вонземски живот, во обид да им обезбедат на американските граѓани, како што нарекоа „невидена транспарентност“. Министерството за одбрана на САД најави дека долго бараните документи и фотографии од „неидентификувани аномални феномени“ ќе бидат објавени во повеќе продолженија ...

Поголема безбедност за граѓаните преку унапредување на соработката со Европската Унија, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. На денешната средба со Делегацијата на Европската служба за надворешни работи (EEAS) и евроамбасадорот Михалис Рокас, ја потврдивме заедничката определба за продлабочување на одбранбената соработка и засилено вклучување во европските безбедносни иницијативи. Благодарност за континуираната ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.31
47%
1022
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
63%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
80%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.78
60%
1024
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.27
51%
1022
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.33
90%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
1.79
42%
1020
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
57%
1022
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.68
57%
1022
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
53%
1021
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
0.45
63%
1022
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.62
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Сребро

2087.39

Цинк

0.00

Злато

133769.08

Платина

53498.84

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.40

Рутениум

48965.59

Калај

53.45

Паладиум

39866.93

Бакар

12.73