Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Алармантната ситуација е наведена во неодамнешниот документ за младите од Одделот за население на Обединетите нации, во кој се наведува дека се очекува Албанија да изгуби речиси 43 отсто од возрасната група од 15 до 24 години од 2025 до 2050 година, објавија медиумите. Албанија влезе во период на сериозни демографски случувања, рангирајќи се меѓу првите четири земји во светот во однос на намалувањето на младото население, барем до 2050 ...
Фото: Министерство за транспорт Автопатот Скопје -Блаце е важен чекор во реализацијата на стратешката визија Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница на Балканот. Тој е дел од транс-европската рута 6, која Македонија ја поврзува со Косово, со пристаништата во Албанија и Црна Гора и што го прави значаен во аспект на трговија, бизнис и развој на туризмот, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека некои христијански села во Јужен Либан побарале припојување со Израел за да се заштитат од милитантите на Хезболах. Тврдењето, кое веднаш беше демантирано од локалните либански претставници, дојде во време на војната што ја зафати земјата од 2 март. „Христијанските села во Либан, некои од нив навистина побараа припојување со Израел затоа што ги заштитуваме од Хезболах, од фанатиците на ...
Фото: Црквата „Свети Никола“ во село Лин Во 1967 година, кога комунистичкиот режим ја прогласи Албанија за првата атеистичка држава во светот, многу верски објекти беа уништени. Црквата „Свети Никола“ во село Лин на брегот на Охридското Езеро не ја избегна оваа трагична судбина. Таа беше урната, а на нејзино место беше изграден бетонски бункер – симбол на паранојата, изолацијата и воената политика на тогашниот режим. За локалните жители, ова ...
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека ризикот од понатамошно меѓународно ширење на болеста за сега е оценет како низок, но нагласи дека ситуацијата бара внимателно следење. Во Демократска Република Конго е потврден 1.561 случај на заболени од ебола, вклучувајќи 506 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство на земјата. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), актуелната епидемија во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски во рамки на дводневната посета на Државата Катар, денеска оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. Во разговорите со претседателот на Владата беше потврдено одличното ниво на билатералните односи и беше реафирмирана заедничката определба за нивно понатамошно ...
Foto: State Information Service Египет го инаугурираше новото седиште на своите вооружени сили, кој се смета за најголемиот во светот, во присуство на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси, во ретко јавно појавување во воена униформа откако стана претседател. Октагонот, како што се нарекува комплексот, се состои од осум згради, секоја со осумаголен распоред и зафаќа површина од околу 90 квадратни километри, колку што е големината на ...
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 17:07 часот е регистриран на границата меѓу Албанија и Грција. Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил на околу 30 километри североисточно од Игуменица, на длабочина од пет километри. Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица. Post Views: 7 Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 17:07 часот ...
Пожар од големи размери е регистриран во регионот на селото Дриз кај градот Фиер, поради опасност од ширење на огнот евакуирани се 11 семејства, има опожарени куќи, а блокиран е сообраќајот на делницата Ќафа е Кошовица-Цакран. Според полицијата, пожарот избувнал во близина на “Азотик“ но поради ветерот брзо се проширил, во гаснењето на пожарот вклучени се противпожарни единици од неколку соседни градови на Фиер, специјалната полициска ...
Парламентарното собрание на ОБСЕ го одобри предлогот на Делегацијата на Албанскиот парламент за организирање на есенската сесија во 2027 година во Тирана, одлука што се смета за важно достигнување за албанската парламентарна дипломатија. Веста ја објави генералниот секретар на Социјалистичката партија, Бленди Клоси, преку реакција на социјалните мрежи, каде што ја опиша одлуката како израз на доверба во активната улога на Албанија во ...
Се изразува надеж за поддршка и разбирање од сите по потекло од Долна Горица, но и “сите верници и сонародници од нашата Преспа”. По заложбите на Црковниот одбор, конечно почна уредувањето на дворот на црквата „Свети Георгиј” во село Долна Горица, Општина Пустец. По неколку годишни напори конечно започна да се уредува дворот на црквата „Св. Георгиј” во Долна Горица. Ова уредување се овозможи со поддршка и помош на градоначалникот на Општина ...
По повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува искрени честитки до американскиот народ, со желби за мир, просперитет и благосостојба. Нека овој значаен празник биде потсетник на трајните вредности на слободата, демократијата и човековите права, кои претставуваат темел на современите демократски општества. Среќен 4 Јули – Ден на независноста на Соединетите Американски ...
Осминафиналната рунда на СП ќе започне веќе вечерва во Хјустон каде Канада ќе игра притив Мароко со почеток во 19 часот. Вечерва ќе се игра уште еден меч и тоа меѓу Парагвај и Франција во 23:00 часот во Филаделфија. Победниците од натпреварите во Хјустон и Филаделфија ќе се сретнат во четвртфиналето. Бразил ќе игра против Норвешка в недела од 22:00 часот во Њујорк, а подобриот од овој меч во четвртфиналето ќе се сретне против подобриот од ...
Погранични власти на преминот Муриќан, на албанско-црногорската граница, привеле француски државјанин кој се обидел да транспортира Тајланѓанка скриена во куфер . Уапсен е Том Хаак, 26-годишен, со француско државјанство. При преглед на неговото возило на граничниот премин Муриќан, службите на граничната полиција пронашле куфер на задното седиште, во кој била скриена тајландска државјанка. Станува збор за обид нелегално да ја изнесе од ...
Фото: Printscreen / Facebook / Hristojan Mickosk Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, објави премиерот Христијан Мицкоски. Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините. Првата галерија од вкупно 14-те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, ...
Македонското друштво “Илинден“Тирана упатува искрени честитки по повод празникот Свети Наум Охридски – исцелител и просветител на македонскиот народ. Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, кој нè потсетува на духовното, културното и просветителското наследство што ни го оставил Свети Наум – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонското друштво “Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај. Post Views: 42 ...
Премиерот на Молдавија, Александру Мунтеану денеска поднесе оставка од функцијата, што ќе доведе до распуштање на Владата. Денеска завршува мојот мандат како премиер. Во моментот кога сфатив дека повеќе не можам да го извршувам мојот мандат во согласност со моите принципи и верувања, решив да се повлечам, објави 62-годишниот Мунтеану на платформата Икс. Мунтеану беше именуван за премиер во ноември 2025 година откако Партијата за акција и ...
Унапредување на граничното управување на граничните премини со Република Албанија преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ и оттука во фокусот на Царинските управи ќе биде унапредување на царинските процедури што ќе бидат дефинирани со новиот Протокол за спроведување на меѓудржавниот Договор за заеднички гранични премини. Делегации од двете Царински управи предводени од ...
Во Тирана, во организација на ОБСЕ, се одржа тркалезна маса посветена на изборните права и политичкото учество на националните малцинства во Албанија. На настанот учествуваа претставници на националните малцинства, како и претставници на Државната изборна комисија. Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во своето обраќање истакна дека актуелниот изборен законик не обезбедува еднакви можности за ...
Фото: Влада на Македонија Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше презентиран дел од опремата за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд, каде премиерот Христијан Мицкоски имаше свое обраќање кое ви го пранесуваме во целост: „Јас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија. Ми останува само да се ...
Фото: Принсткрин – Види-Вака Неколку стотици илјади евра е штетата што ја претрпе книжевниот центар „Антолог“ кога во завчерашното невреме се поплави магацинот со книги во скопската населба Кисела Вода. Издавачката куќа која полека го градеше бизнисот скоро 30 години во еден час загуби скоро сè. Новинарите од „Види-вака“ ја пренесоа очајната глетка во магацинот. Уништени се десетици и десетици илјадници книги, возило, целосниот инвентар, ...
Унија на албански новинари овој четврток издаде соопштение во врска со тензиите регистрирани за време на денешниот граѓански протест пред Собранието. Според соопштението, реакцијата на полицијата кон демонстрантите вклучувала и акти на насилство и напади врз новинари кои биле на должност да известуваат за напредокот на протестот. Унија на албански новинари, опишувајќи го како кривично дело кое не може да се толерира. Синдикатот на албански ...
Над 400 монети досега се пронајдени во петгодишните систематски ископувања во археолошкиот локалитет Градиште кај селото Црнобуки, Битолско. Збирката е збогатена и со монетите од годинешните истражувања кои продолжија во локалитетот, за да се доистражи дрвниот македонски град. Координаторот на проектот, Енгин Насух, археолог советник-кустос во Завод и музеј Битола, вели дека меѓу движните наоди има и моненти ковани во времето на македонскиот ...
Премиерот Еди Рама порача дека нема намера да поднесе оставка и покрај протестите против проектот за луксузен ресорт на југот на земјата кои влегоа во вториот месец, оценувајќи дека неговата влада има јасен мандат од граѓаните да го доврши процесот на пристапување на Албанија во Европската Унија. Во интервју за ДВ, Рама ги отфрли оценките дека неговите неодамнешни изјави за можноста да размислувал за оставка се во спротивност со неговиот ...
На најновата листа на најмоќни пасоши во светот, според Henley Passport Index Q2, македонскиот пасош се најде на 41. место меѓу 199 земји опфатени во рангирањето. Пасошот на Македонија е оценет врз основа на тоа што со него може без виза да се патува во 127 држави ширум светот. Индексот се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), а клучниот критериум е бројот на земји достапни без виза за граѓаните на ...
Свети Наум Охридски Чудотворец (830 – 23 декември 910) – средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на сесловенската и македонската писменост и просвета. Свети Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите солунски браќа Македонците Кирил и Методиј. Со нив, тој учествувал во Моравската мисија, а го ...
Фото: Министерство за одбрана Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со командантот на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), бригаден генерал Билбил Битри од Албанските вооружени сили кому му завршува мандатот како командант на Бригадата. Се заблагодарив за неговата професионалност и значајниот придонес во унапредувањето на оперативната подготвеност, мултинационалната соработка и регионалната безбедност во ...
Во пресрет на празникот на Свети Наум, митрополитот корчански Анастаси го посети манастирот „Свети Наум“, каде што учествуваше во празничната атмосфера и во богослужбите организирани по повод празникот. За време на посетата, митрополитот корчански Анастаси оствари братска средба со митрополитот дебарско-кичевски Георги, присутен беше и митрополит европски г.Пимен архиереите разговараа за значењето на зачувувањето на духовната традиција, ...
Надежите за мир меѓу Иран и Соединетите Американски Држави денеска пораснаа откога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу двете земји би можел да биде потпишан уште овој викенд, дури и покрај тоа што Техеран соопшти дека сè уште нема донесено конечна одлука. Договорот, доколку биде потврден, би бил најзначајниот дипломатски пробив досега за прекин на тримесечната војна во која загинаа илјадници луѓе и која ...
Во периодот од 22 до 26 јуни 2026 година, проф. д-р Виктор Недески, продекан за меѓународна соработка на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, учествуваше на меѓународниот научно-истражувачки настан „Prayer and Setting: Space, Place, Movement, Ritual, Service and Text: A Participatory Pilgrimage-and-Prayer-Immersion Research Skills-Sharing Event“, кој се одржа во Албанија во организација на LOGOS University ...