Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Онлајн радикализацијата беше во фокусот на прекуграничната тркалезна маса за спречување и борба против насилниот екстремизам и радикализацијата што води кон тероризам (P/CVERLT), организирана од Присуството на ОБСЕ во Албанија и Мисијата на ОБСЕ во Македонија, во Поградец на 16 април 2026 година. Средбата ги собра претставниците од централните и локалните институции, агенциите за спроведување на законот, граѓанското општество и актерите од ...
Премиерот Еди Рама денеска ќе има официјална средба во Рим со премиерката на Италија, Џорџа Мелони, во палатата Чиги. Средбата, за која објави на веб-страницата на кабинетот на италијанската премиерка, е закажана за во 15 часот и се очекува соговорниците да се фокусираат на зајакнување на билатералните односи меѓу Албанија и Италија, но и безбедносната состојба на глобално ниво – објавија албанските медиуми. Оваа средба меѓу двајцата ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и Изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија увид во градежните ...
Вториот том од книгата „Македонци“ на Бранислав Светозаревиќ, насловен „Сведоштва за идентитетското име и јазикот (1453-1944)“, вечерва се промовира во Музејот на македонската борба за самостојност. Станува збор за значајно дело посветено на македонскиот идентитет, историското паметење и духовната вертикала на македонскиот народ. Книгата претставува продолжение на првиот том, кој беше преведуван и објавуван во повеќе земји, а во новото ...
Можност за пресврт и конечна промена на дискриминаторската и асимилаторска политика на Бугарија кон Македонците. Одлуката на Комитетот за човекови права на ОН дека Бугарија ги крши правата на здружување на малцинствата е ветер во грб за претставниците на македонците кои со децении бијат битка против бугарската политика. Претседателот на невладината организација „Толерантност“ Стојко Стојков во изјава за Алфа вели дека бугарските власти се ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да ја прошири безбедносната зона во јужен Либан, бидејќи борбите со милицијата Хезболах, поддржана од Иран, продолжуваат, соопшти неговата канцеларија доцна синоќа. Израел, исто така, води преговори со Либан, додека Кабинетот за безбедност вчера разговараше за можно примирје, но го заврши состанокот без одлука, според медиумските извештаи и објавата на новинар на Аксиос на „X“. ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево. Централни теми на разговорите беа напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Белгија, со посебен акцент на ...
Foto: Muse-X Овогодинешното издание се одржува на 17, 18 и 19 април, три последователни дена и ноќи, како еден од најголемите настани на креативните индустрии во регионот. Muse-X е интегрирана платформа која комбинира професионална изложба, меѓународна конференција и уметнички фестивал во едно единствено, сеопфатно и електрифицирачко искуство. На оваа голема платформа на креативната индустрија учествуваат 22 земји, кои ќе понудат 15 часа ...
Американскиот медиум „Си-ен-ен“ пишува за Македонија, како европска туристичка дестинација, што, според медиумот, е една од оние кои неправедно остануваат во сенка на најпопуларните туристички центри. Во најновото издание на туристичкиот билтен на „Си-ен-ен Травел“, Македонија е опишана како „драматично планинска дестинација“, со природни пејзажи што комбинираат зелени долини и врвови покриени со снег, со сончева клима и разновидна ...
Foto: Agjencia për Media dhe Informim Најмалку 11 лица се повредени во голем пожар што вчера го зафати станбено-деловниот комплекс „Арлис“ во Тирана, а пожарникарските екипи успеаја да го локализираат огнот и да го спречат неговото ширење на околните згради, соопштија локалните надлежни служби. Директорот на Службата за вонредни состојби на Албанија, Арбен Кара, изјави дека пожарот е ставен под контрола и оти е спречено негово понатамошно ...
Стотици летови се откажани во Германија поради штрајкот на пилотите на авиокомпанијата „Луфтханза“, свикан поради несогласувањата со раководството на компанијата околу висината на платите и пензиската шема. Од почетокот на штрајкот во понеделникот по полноќ досега се откажани повеќе од 1.100 полетувања и слетувања на аеродромот во Франкфурт, кој е главен оперативен центар на „Луфтханза“ и најголем аеродром во земјата. Во Минхен се откажани ...
Голема концентрација на прашина од Африка повторно се очекува денеска во Грција, а појавата ќе трае до четврток – јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на метеоролошки прогнози. Според електронското издание на весникот „Ефимерида тон синдактон“, облаци прашина од Сахара ќе ја зафатат земјата уште во текот на денот. Прашината од пустината Сахара, која често стигнува до Грција поради географската близина со Африка, претставува значаен фактор ...
Серија познати американски медиуми како што се списанието „People“, порталот „Yahoo“, весникот „Cleveland“, па дури и специјализирани медиуми како што се „Travel + Leisure“ и „Parade“, ги повторија американските предупредувања дека Албанија е цел на групи поврзани со Иран. Списанието „People“ нагласува дека Стејт департментот издаде ново предупредување, додека претходно американската амбасада во Тирана ги информираше граѓаните да бидат ...
Премиерот Еди Рама вели дека земјата повеќе не е само простор што бара од дијаспората емоционална или финансиска поддршка, туку брзо развивачка реалност што нуди конкретни можности за ангажман. Според него, Албанија поминува низ длабока фаза на трансформација, претворајќи се во „огромно градилиште“ на економски, инфраструктурен и социјален развој. Во овој контекст, Рама нагласи дека албанската дијаспора треба да се гледа како стратешки ...
Во овој сепразничен ден, кога целиот свет дише и се просветлува со несоздадената светлина на Христовото Воскресение, нашите срца треперат со радосен восхит, озарени од силата на благодатта што се излева врз секоја душа жедна за вечност. Со радосни восклици кои ја сведочат победата на Животот над смртта, продолжуваме да Го славиме Оној, Кој со Своето тридневно станување од гробот стана Почеток на новото создание и Исцелител на нашата падната ...
Foto: Facebook / Mark Carney Канадскиот премиер Марк Карни обезбеди парламентарно мнозинство за својата либерална влада на предвремените избори во Онтарио и Квебек, што ќе му даде 172 места во Долниот дом, кој има вкупно 343 места. Карни рече дека мнозинството во парламентот ќе му помогне поефикасно да се справи со трговската војна со Соединетите Американски Држави, која ја започна американскиот претседател Доналд Трамп, објавува Си-Би-Ес ...
Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води про-европски политики, про-интегративни и очекувам поддршка за членство во ЕУ на регионот, вклучително и на Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар во Унгарија, и зборуваше за евентуална екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски кој е во ...
Foto: Kisha Orthodhokse Autoqefale e Shqipërisë Воскресението Христово – Велигден, најголемиот христијански празник, свечено и масовно беше одбележан во Тирана, каде што голем број верници се собраа на празничната богослужба. Централната литургија се одржа во Соборен храм „Воскресение Христово“ храм каде присутните со запалени свеќи и молитва го одбележаа Христовото воскресение. Во текот на богослужбата беа упатени пораки за мир, љубов, ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, предложи назначување на поранешниот американски генерал во НАТО, Ерик Вендт, за нов амбасадор на САД во Албанија. Според соопштението за медиумите објавено на официјалната веб-страница на Белата куќа, во рамките на номинациите и повлекувањата испратени до Сенатот, Вендт е предложен да ја води дипломатската мисија на САД во Тирана. „Ерик Вендт, од Калифорнија, е назначен за ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика САД и Иран да ги обноват мировните разговори и да вложат сериозни напори за постигнување трајно решение за блискоисточнот конфликт. „По недели уништување и страдање, јасно е дека нема воено решение за актуелниот конфликт“, напиша Гутереш на социјалната мрежа Икс, повикувајќи на продолжување на преговорите. Тој нагласи дека актуелното двонеделно примирје мора целосно да се ...
Централната изборна комисија започна со подготовки за организација на локалните избори што ќе се одржат следната година. Во писмо упатено до сите општини во земјата, медиумите објавуваат дека државниот изборен комесар, Илирјан Целибаши, бара од локалните власти да преземат мерки на претпазливост за да ги утврдат гласачките центри што ќе се користат напролет 2027 година. Според Изборниот законик, гласачките центри мора да бидат лоцирани на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија. Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи на соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“. Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо ...
Фото: Македонско еколошко друштво Со цел да се зачува биолошкатата разновидност на Преспанското Езеро, Македонското еколошко друштво (МЕД), Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина од Албанија промовираа мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во ова езеро, кое е распространето низ три соседни држави. Како што велат од МЕД, „PelicanWatch“ е едноставна мобилна ...
Православните верници денес го слават вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол понеделник. Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Бројни верниците ги посетија црквите, запалија свеќи и се помолија за добро здравје, среќа и благосостојба во домот и на своите најблиски. Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански ...
Најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православни Македонци, како во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови Тирана, Корча, Подградец, Елбасан, Драч и други градови. На Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосфера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце ...
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски заедно со членот на Извршниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција, Нико Андон присуствувавме на традиционалниот прием во седиштето на Корчанската митрополијап, по повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден. По повод најголемиот христијански празник – Христовото Воскресение, Велигден, имав чест да присуствувам на ...
Јавниот долг на Германија во 2025 година пораснал за шест проценти и достигнал 2,66 трилиони евра, покажуваат официјалните податоци објавени денеска, јави ДПА. Зголемувањето го одразува настојувањето на владата за поголеми инвестиции во инфраструктурата, климатските политики и одбраната. Според Сојузниот завод за статистика, вкупниот долг на федералната, покраинските и локалните власти се зголемил за 151 милијарда евра во однос на 2024 ...
Бугарија сè уште не спровела најмалку 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на правата на Македонците во оваа земја, што отвора сериозни прашања за почитувањето на основните човекови права и европските стандарди. Станува збор за пресуди кои најчесто се поврзани со забрана за регистрација на здруженија, ограничување на слободата на здружување и негирање на правото на самоидентификација на Македонците во Бугарија. ...
„Резултатот е јасен. Веќе ѝ честитав на победничката партија“, изјави Орбан, признавајќи дека ваквиот исход е исклучително болен за неговата коалиција Фидес-КДНП. Виктор Орбан се обрати пред јавноста откако беа пребројани најголемиот дел од гласовите на денешните избори. Тој го призна поразот на изборите. Во своето обраќање пред поддржувачите во изборниот штаб на Фидес, Орбан не остави простор за сомнеж околу исходот на изборите. „Резултатот ...
Во Унгарија во 19 часот се затворија гласачките места каде можеше да се гласа на паралментарните избори. Претседателот на државата, Тамаш Шуљок, ќе даде изјава за медиумите во зградата на Националната изборна канцеларија. Организаторите најавија дека нема да има прашања. По 19:00 часот ќе започне броењето на гласовите пристигнати по пошта, а потоа се очекува прес-конференција на раководителот на Националната изборна канцеларија и Изборната ...