Министерот за здравство Сашо Клековски во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница – Гостивар откако повеќе граѓани со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. Министерството за здравство соопшти дека предвидено е изјава да даде министерот Клековски. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е ...

Интересот за финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија ги зголеми цените на билетите на неверојатни височини, па само најбогатите навивачи ќе можат да присуствуваат на спектаклот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Побарувачката за билети е огромна од крајот на полуфиналето, а цените на пазарот секојдневно растат. Според податоците од платформите за продажба и препродажба на билети, најевтиниот билет што моментално е ...

Додека Светското првенство што се одржува во Северна Америка се ближи кон крајот, американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба САД повторно да бидат домаќин на Светско првенство во блиска иднина – говорејќи на прием во Њујорк пред неделното финале. „Треба повторно да ги изберете САД“, рече Трамп на приемот во „Трамп тауер“. „Но, овој пат, ќе ги изоставиме Канада и Мексико како домаќини.“ САД беа домаќини на 78 од вкупно 104 натпревари ...

Македонскиот интернационалец Георг Стојановски не можеше да посака подобар старт на новата сезона во бугарската елитна лига. Напаѓачот на Спартак Варна беше главна фигура на отворањето на шампионатот, постигнувајќи спектакуларен погодок во ремито 2-2 против ЦСКА 1948. Стојановски во 13. минута го отвори резултатот со гол кој уште сега се вбројува меѓу најубавите на стартот од сезоната. Откако ја прими топката во близина на централниот круг, ...

Мајкл Рубин, бизнисмен со околу 12 милијарди долари, објави селфи од Светското првенство со голем број спортски и шоу-бизнис гиганти. Кевин Дурент, една од најголемите ѕвезди во НБА, направи селфи со шпанскиот капитен Родри, иконата на американскиот фудбал Том Брејди, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, раперот Тревис Скот, легендата на Манчестер Јунајтед и Англија, Рио Фердинанд, Лионел Меси, Рубин и комичарот Кевин Харт додека го држи ...

Во четвртокот низ теснецот поминале само осум брода – што е најниска бројка забележана во изминатите три недели – соопшти „Kpler“ на платформата „X“. Во средата, низ теснецот поминале 15 брода. Пред две недели, низ теснецот поминале 48 брода. Пред почетокот на војната, кон крајот на февруари, низ Ормускиот теснец дневно поминувале во просек повеќе од 100 брода. Иран во петокот се закани со „сеопфатна офанзива“ откако Соединетите Држави ја ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали Џани Инфантино за „уште една одлична одлука“ откако привремено беше поништена суспензијата од еден натпревар на Фоларин Балогун. Тоа се случи откако Трамп имаше телефонски повик со претседателот на ФИФА за црвениот картон на американскиот напаѓач што предизвика голем скандал на Светското првенство. На настан во Трамп Тауер на Менхетен во петокот – каде што ниту Трамп ниту Инфантино не одговараа ...

Британскиот регулатор за комуникации „Офком“ отвори официјална истрага против ТикТок поради сомнежи дека платформата не обезбедува доволна заштита на децата од штетна содржина и дека системот за проверка на возраста на корисниците не функционира ефикасно. Истрагата ќе утврдува дали ТикТок ги исполнува обврските предвидени со Законот за безбедност на интернет, кој постепено се применува откако стапи во сила во октомври 2023 година. Од „Офком“ ...

Во текот на денов се очекува сончево и многу топло време, проследено со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе се движи од 33 до 39 степени, а минималната од 13 до 22 степена. Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...

Овен Љубов: Вашиот партнер изразува сомнежи во врска со вашата приказна, размислете колку сте одговорни за моменталната ситуација во која се наоѓате. Работа: Се соочувате со разни проблеми. Важно е да се повлече граница помеѓу учтиво однесување и наметливи барања. Здравје: Ќе уживате во креативна изолација и повеќе часови здрав сон. Бик Љубов: Имате впечаток дека неправедно страдате поради нечие однесување или нерасположеност. Некој не ги ...

Ламин Јамал ќе го игра првото финале на Светското првенство во својата кариера против Аргентина во недела, но во пресрет на најголемиот натпревар на турнирот, интересна статистика го привлече вниманието на јавноста и започна дискусија за судењето. Младиот претставник на Шпанија е еден од играчите кои најмногу влегуваат во дуели „еден на еден“, но и покрај ова, тој е меѓу фудбалерите на кои судиите им досудија најмалку прекршоци. Јамал одигра ...

Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ беше делегиран од ФИФА да го суди финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Шпанија и Аргентина, што повторно го привлече вниманието на јавноста кон големиот скандал од мај 2020 година, кога беше приведен во Бјелина за време на полициска операција на имотот каде што беше српската ѕвезда Тијана Максимовиќ (Тијана Ајфон). Светското првенство во САД, Мексико и Канада полека влегува во ...

Англискиот фудбалер Џуд Белингам проговори за прв пат откако загуби од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство и се збогува со борбата за титулата. Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид објави емотивна порака на социјалните мрежи, заедно со песна напишана од американскиот говорник и мотивациски автор Мајкл Чендлер, истакнувајќи дека таа најдобро ги опишува неговите чувства по турнирот. „Тешко ми беше да ги најдам вистинските ...

Поранешниот пејач и вицешампион на „Икс Фактор Адрија“, Боби Мојсовски, јавно порача дека нема намера да се врати на музичката сцена, реагирајќи на, како што вели, честите коментари и притисоци од луѓе кои го убедуваат повторно да почне да пее. Мојсовски, кој е победник на Гран при на „Славјански базар“ во 2012 година и учесник на македонскиот избор за Песна на Евровизија во 2011 година, вели дека и по осум години откако целосно ја напуштил ...

Натпреварот за третото место на Светското првенство помеѓу Англија и Франција е од мал интерес за двата табора. Англискиот селектор Томас Тухел веќе зборуваше за натпреварот за бронза. „Никој од нашите играчи и ниту еден од француските играчи не сака да го игра овој натпревар. Тие сакаат да го играат финалето. Дадовме сè за да се случи тоа. Сите учествуваат за да го освојат Светското првенство, но така е. Имаме еден ден помалку за ...

Франција нема да има можност да освои нова светска титула. „Триколорите“ загубија во полуфиналето од тековниот Мундијал од Шпанија, и сега ќе мора да се задоволат со мечот за третото место против Англија. Медиумите во оваа земја живо се бават со се што се случува во националниот тим, а една од жешките теми е секако наводниот инцидент на полувремето од дуелот со Шпанија. Во центарот на вниманието Усман Дембеле, освојувачот на Златната топка ...

Денешниот број на тиражниот Гардијан тврди дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и покрај големиот број на афери кои што се „влечат“ годиниве околу него сепак, преку 200 членки на светската фудбалска организација му даваат целосна поддршка за нов мандат. Па според тоа, се оди кон тоа дека во март 2027 година кога е изборното собрание на ФИФА, Инфантино нема да има поголеми проблеми за да остане прв човек на светскиот фудбал. Од оние пак ...

Мохамед Салах е на прагот да ја продолжи кариерата во Бешикташ, пишува инсајдерот Санти Ауна за „Фут Меркато“, а такви информации се достапни и од фудбалските инсајдери Саша Таволиери и Николо Скира. Египетскиот фудбалер се согласил да се пресели во турскиот клуб како слободен агент, откако му истече договорот со Ливерпул. Се очекува Салах да потпише едногодишен договор со истанбулскиот клуб, кој вклучува опција за продолжување за ...

Пеп Гвардиола откри дека во моментов не чувствува желба да се врати на тренерската работа по неговото заминување од Манчестер Сити. Каталонскиот стручњак кој има 56 години објасни дека по речиси две децении под постојан притисок на врвниот фудбал се посветил на личниот живот и семејството. Тој ја донесе својата одлука да го заштити своето ментално здравје и да најде задоволство надвор од секојдневниот фудбал, пишува Goal.com. Гвардиола ...

Фудбалскиот клуб Барселона во петокот објави дека собрал 105 милиони евра преку емисија на покриени обврзници. Обврзниците достасуваат во октомври 2036 година и имаат фиксен купон од 5,14%. Според каталонскиот клуб, операцијата привлече силен интерес од меѓународни инвеститори, особено во Соединетите Американски Држави. Клубот објасни дека побарувачката го надминала двојно понудениот износ, со преплата од повеќе од 200%. Целата емисија била ...

Жозе Мурињо го спречи Гонзало Гарсија да го напушти Реал Мадрид бидејќи не гледа класичен централен напаѓач во сегашниот тим, пишува мадридски АС. Младиот напаѓач требаше да биде еден од кандидатите за продажба за време на летниот преоден рок, но новиот тренер сака прво да го оцени за време на подготовките. Мурињо се врати во Реал ова лето, кој го водеше од 2010 до 2013 година. Шпанскиот клуб го назначи за тренер на првиот тим до летото 2029 ...

Фудбалските репрезентации на Франција и Англија во сабота од 23 часот ќе одиграат натпревар за третото место на Светското првенство. нашето време. Французите загубија од Шпанија во полуфиналето, додека Аргентинците беа подобри од Англичаните. Натпреварот го најави Килијан Мбапе, капитен на Франција. “Дидие значи многу за нас и за францускиот народ и тоа не се промени. Како играч и како тренер испиша неверојатна приказна. Ова е негов последен ...

ФИФА го реши прашањето за паузата на полувремето во финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се игра оваа недела на стадионот „МетЛајф“. Паузата ќе трае 17 минути, само две минути подолго од стандардната. Информацијата беше официјално потврдена од управното тело на фудбалот, објавува „Марка“. Шпанската и аргентинската федерација се информирани дека музичките настапи на Шакира, Мадона и Џастин Бибер ќе траат вкупно ...

Соединетите Американски Држави соопштија дека Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи откако Приштина ќе ги исполни условите, вклучително и обврските преземени кон српската заедница. „Остануваме посветени на зајакнувањето на заедничките интереси на САД и народот на Косово. Со задоволство ќе го започнеме Стратешкиот дијалог со Косово кога ќе бидат исполнети соодветните услови, вклучително и спроведувањето на обврските на Косово кон ...

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со перспектива за членство во исполнувањето на ...

Чадот од шумските пожари што беснеат во Канада и американската држава Минесота покри големи делови од Средниот Запад и Североисток, сериозно деградирајќи го квалитетот на воздухот и изложувајќи милиони луѓе на опасни нивоа на загадување. Повеќе од 100 шумски пожари моментално горат низ Канада, а ветровите го дуваат чадот кон југоисток. Во исто време, неколку големи пожари горат и во северна Минесота. Високите нивоа на честички во воздухот од ...

Според редовните анализи што ги спроведува ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажуваат дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности – напиша на својот профил на Фејсбук градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани, откако голем број на граѓани побарале медицинска помош, а дел од сомнежите одат во насока дека тоа е резултат на контаминирана вода од градскиот водовод. „По добиената пријава, Јавното ...

Фудбалерите на Силекс не успеаја да ја минат првата квалификациска рунда за Конференциската лига. Кратовци во реваншот со белорускиот Динамо Минск се поразени со 5-6 на пенали (0-1 регуларен дел и продолженија). Иако во првиот натпревар на гостувањето Силекс славеше победа (1-0) сепак не успеа да ја сочува и да продолжи на европската сцена. Гостите од Белорусија беа подобри во првото полувреме и создадоа неколку шанси уште на самиот ...

Според службата, клима уредот работел континуирано во соба на првиот кат додека температурите во земјата биле многу високи, објави Ројтерс. Во пожарот се повредени 19 лица, меѓу кои 10 со изгореници, додека пет лица со попреченост се евакуирани, соопшти службата за цивилна заштита. 🇩🇿 Drame à Alger. Un incendie s’est déclaré tôt ce jeudi matin dans un établissement pour l’enfance assistée à Mohammadia, dans la banlieue d’Alger. Le bilan ...

Како што објави Би-Би-Си, ова е една од најлошите сообраќајни несреќи во земјата во кои учествувале деца во последните години. Десетици други, вклучително и вработени, беа повредени во несреќата во областа Капчорва во четврток вечерта. It's tyres were completely worn out, with steel wires visibly out. How could such a vehicle be allowed to transport school children? This bus is licensed to carry 64 passengers why did it have 80?? If strict ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
43%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
6.3
63%
1013
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
83%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
49%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.04
49%
1013
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
91%
1014
weather icon

Атина

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
69%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
88%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.66
61%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
3.6
64%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.03
100%
1010
Currency

61.5217

Currency

53.1512

Currency

71.8922

Currency

37.7669

Currency

38.2893

Currency

65.4487

Currency

7.88035

Currency

0.62494

Currency

0.33285

Currency

0.52358

Currency

1.10852

Currency

0.55531

Рутениум

53852.50

Сребро

2096.79

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Бакар

13.19

Злато

141161.07

Иридиум

252383.36

Паладиум

41828.12

Родиум

282926.57

Алуминиум

3.26

Платина

56231.66

Калај

56.46