Европскиот парламент направи голем чекор кон зајакнување на правата на патниците во воздушниот сообраќај, откако со огромно мнозинство го одобри новиот договор со земјите членки на Европската Унија. Со 646 гласа „за“, европратениците ја поддржаа регулативата која треба значително да ја подобри заштитата на патниците при доцнење, откажување на летови и други проблеми со авионскиот превоз. И покрај долгогодишните напори на Европската комисија ...

Постојат многу спортски трофеи, но само еден има моќ да запре цел свет. Само еден предизвикува солзи, создава легенди и ја претвора една генерација фудбалери во бесмртни. Тоа е трофејот на Светското првенство – симболот на најголемиот сон што може да го има еден фудбалер. На секои четири години, милијарди луѓе ги вперуваат погледите кон него. За едни тој е парче злато, за други врв на кариерата, а за навивачите – момент што се памети цел ...

Проблемот не е премногу иновации, туку фактот што клиентите немаат време ниту да се запознаат со еден модел, а веќе пристигнуваат десетина нови конкуренти. Кинеската автомобилска индустрија продолжува да го диктира темпото на глобалниот пазар. Додека американските производители, според анализата на Банката на Америка, планираат да лансираат 159 нови модели до 2030 година, кинеските компании претставија околу 650 нови или подобрени возила ...

За Славко Винчиќ моментот кога претседателот на Судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, му го предаде дресот наменет за судијата на финалето беше многу емотивен. Словенецот не успеа да ги скрие солзите, свесен дека добил најголемо можно признание во својата судиска кариера. На стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, ќе му помагаат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, со кои ќе го сочинуваат судиското трио во борбата за титулата ...

Замислете го ова. Утре имате важна презентација пред клиент. Лаптопот работел беспрекорно со години, но вечерта пред состанокот одеднаш не се вклучува. Првата мисла најчесто е: „Колку ќе ме чини ова?“ Втората: „Колку време ќе останам без уред?“ А третата, која ретко кој ја поставува навреме: „Дали можев ова некако да го избегнам?“ Вистината е дека најголемиот број корисници размислуваат за гаранцијата дури откако ќе се појави проблемот. ...

Тој исто така додаде дека „трошоците од тоа загадување без одложување мора да бидат вклучени во царините“ кои Канада моментално ги плаќа во трговијата со САД. „Ја сметаме Канада за одговорна за неадекватно одржување на нејзините шуми и грмушки, поради што загадениот и нездрав воздух, чиј квалитет е опасен и целосно неприфатлив, струи во сад без никаква потреба!“, напиша Трамп на социјалната мрежа трут соушл. Тој исто така додаде дека ...

Бројот на повредени и натаму е над 16 000, додека 17 илјади лица останаа без покрив над главата како последица од земјотресите. Според претходно објавени податоци, оштетени се речиси 900 згради... Земјотресите што ја погодија венецуела инаку, беа со јачина од 7,2 и 7,5 степени според рихтеровата скала Бројот на повредени и натаму е над 16 000, додека 17 илјади лица останаа без покрив над главата како последица од земјотресите. Според ...

Свој коментар во пресрет на утрешното финале на Мундијалот имаа и селекторот на Шпанија и капитенот, Луис де ла Фунте и Родри. Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, рече дека пласманот во финалето на Светското првенство е привилегија и рече дека неговиот тим сака да ужива во борбата за трофејот против актуелниот шампион Аргентина. Шпанија ќе игра против Аргентина во финалето на Светското првенство на стадионот ...

Во пресрет на утрешното финале на СП, селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, изјави дека навивачите се најголемата мотивација за неговиот тим во обидот да ја одбрани титулата светски шампион во финалето против Шпанија. Аргентина ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство во недела, а Скалони истакна дека токму поддршката од навивачите ги држи гладни за нови успеси, и покрај фактот дека неговиот ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива. Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Како Влада ја продолживме кризната состојба уште три ...

Прогласување епидемија во Гостивар засега нема да има, сè додека не се утврди што е причината за зголемениот број граѓани кои во изминатите денови се јавуваат со стомачни тегоби, изјави министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во Гостивар. Тој информираше дека бројот на пациенти кои бараат лекарска помош останува речиси ист како и претходните денови, без значително зголемување или намалување. – Првите пациенти се ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека правосудниот систем нема да добие дополнителни финансиски средства сè додека, како што рече, не покаже резултати и не почне да испорачува правда за граѓаните. Коментарот на Мицкоски следуваше по објавувањето на последниот извештај на Европската комисија за состојбите во правосудството, во кој се нотираат и позитивни оценки, но и забелешки за функционирањето на системот. – Пари повеќе нема да ...

Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на ...

Граѓаните бараат систем на вредности, владеење на правото, еднаквост пред законите, како и ред и дисциплина во државата, порача денеска од Охрид лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски. Според него, воспоставувањето на таков систем е можно единствено преку одговорна и посветена работа на институциите. „Граѓаните бараат систем на вредности, владеење на правото и еднаквост на сите пред законот, ред и дисциплина. И, ...

Првпат имаме една ретка ситуација во истовреме да се градат шест автопатски делници, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски кој е задоволен од реализацијата на инфраструктурните проекти во државава. Мицкоски, кој денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, беше во посета на Дебрца, во изјава за медиумите изрази очекување автопатот Кичево – Охрид да биде завршен и пуштен во употреба во првиот квартал или ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека испраќаат помош за Гостивар по забраната за пиење на водата откако голем број граѓани побараа лекарска помош со симптоми на труење, а надлежните институции истражуваат што се случило со водата од градскиот водовод во градот. - Во вакви моменти нема место за чекање – потребни се брза реакција, човечност и солидарност! Град Скопје веднаш испраќа цистерни со питка вода за жителите на ...

До крајот на СП 2026 остануваат уште два меча. Вечерва во Мајами Гарденс ќе биде одреден освојувачот на бронзените медали. Франција и Англија – две екипи кои го започнаа турнирот како главни фаворити, ќе мора да го надминат разочарувањето од своите соништа за титулата што е уништена. Натпреварот за третото место започнува во 23 часот по македонско време. „Петлите“ беа запрени од Шпанија со 0:2 во првото полуфинале, додека „Трите лава“ ...

СДС, Левица и ДУИ ја водат политиката на блокади и се повлекоа од договорот за измените на Изборниот законик, иако претходно учествувале во работните средби и предлагале измени, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, претставниците на трите партии со месеци учествувале во подготовката на законските измени, а нивните предлози биле прифаќани. – Со месеци седеа на работни средби, предлагаа измени, бараа ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за учебната 2026/2027 година. Идните студенти ќе имаат можност да се пријават во три уписни рокови. Првиот рок е предвиден за 18 и 19 август 2026 година, вториот за 10 и 11 септември, додека третиот рок ќе се одржи на 23 септември. Од УКИМ информираат дека прелиминарните ранг-листи со резултатите од успехот во средното образование ќе ...

По 19 години се случува историја. Сега веќе познатата слика од Меси, создадена во времето кога тој се пробиваше во Барселона, и многу малиот, штотуку роден Јамал, добија на важност дури и во времето кога Ламин се проби до првиот тим на Каталонците и го достигна статусот на ѕвезда. А потоа таа предизвика неверица во фудбалскиот свет. Потоа падна во заборав, но сега повторно е ажурирана за време на Светското првенство и повторно стана хит по ...

Според информациите, Кувајт бил под постојан напад, при што е погодена фабрика за десалинизација, а летовите на Меѓународниот аеродром во Кувајт биле прекинати поради повторени закани со ракети и беспилотни летала. Дополнително, иранските државни медиуми објавија дека во Бахреин, револуционерната гарда нападнала локација каде што биле собрани американски борбени авиони во воздухопловната база „Шеик Иса“ и Центар за разузнавачки податоци. ...

Температурите во некои делови од земјата би можеле да достигнат 40 степени. Седум департмани во Франција се под портокалово предупредување поради топлотен бран, откако од пладне и департманот Алп-Маритим е вклучен во највисокото ниво на предупредување за екстремни горештини, соопшти денеска метеоролошката служба „Метео-Франс“. Алп-Маритим им се придружи на департманите Буш-ди-Рон, Јужна Корзика, Горна Корзика, Гар, Еро и Вар, кои веќе беа ...

Според францускиот весник „Л’Екип“, некои француски репрезентативци му се обратиле на селекторот Дидие Дешамп со необично барање. Играчите сакале дозвола да се забавуваат во Мајами пред натпреварот за бронзениот медал. Таквиот предлог не наишол на одобрување од искусниот тренер, кој веднаш го отфрлил нивното барање. Дешамп не сакал ни да помисли на какво било опуштање пред последниот натпревар на Франција на Светското првенство оваа година. ...

Актерката објави неколку фотографии на социјалните мрежи на кои позира во комплет градник и боксерки во боја на морска пена. Новата линија, наречена „Small Town Girl“, е опишана како колекција од лежерна и разиграна облека дизајнирана за опуштени моменти. Таа претстави нови парчиња На фотографиите, Свини носи градник „First Base Scoop Neck“, кој чини 39 долари, и боксерки со висок струк „Back For More“, кои се продаваат по цена од 16 ...

Двесте пожари надвор од контрола горат ширум Канада, а нивниот чад ги прекри и подрачјата на североистокот на Соединетите Американски Држави, каде што живеат милиони луѓе. Според најновите податоци на канадските власти, од вкупно 893 активни пожари, дури 209 се надвор од контрола, пренесува агенцијата Франс прес. Иако досегашниот тек на сезоната на пожари беше помирен отколку во рекордната 2023 година или минатата година, интензитетот на ...

Маслиновото масло било многу повеќе од намирница во античкиот свет. Се користело во исхраната, медицината, верските обреди, козметиката, трговијата и во секојдневниот живот, поради што неговите траги во археолошките наоди претставуваат драгоцени докази за развојот на древните цивилизации. Меѓутоа, новото истражување покажува дека дел од она што со децении го сметавме за сигурни докази би можело да бара ново толкување, бидејќи самото земјиште ...

Микропластиката и нанопластиката станаа еден од поголемите проблеми на модерното време. Многу пластични предмети се користат само неколку минути или часови, но материјалот може да остане во животната средина со децении или дури со векови. Токму поради тоа, научниците решија да направат нов пристап – да создадат пластика која сама ќе се разградува, пренесува ScienceDaily. Познати како жива пластика, овие материјали содржат заспани микроби ...

Сагата помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид продолжува кога станува збор за трансферот на Хулијан Алварез, како што се огласи еден од лидерите на клубот, а со своите зборови, се чини дека создаде уште поголем проблем. Не е тајна дека Барселона се обидува да го доведе Хулијан Алварез ова лето, и испрати понуда од 100 милиони евра до Атлетико Мадрид, но таа беше одбиена. Атлетико е лут што Барселона го контактираше и играчот бидејќи Алварез ...

На 18 јули 1967 година во Охрид, на Третиот црковно-народен собор, Светиот синод на Македонската православна црква (МПЦ), донесол одлука за прогласување автокефалност на МПЦ како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј чие световно име е Димитрија Стојковски. По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), потоа г. Гаврил (Ѓорѓи ...

По седум години без учебници по странски јазици и со чести проблеми во наставниот процес, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека образованието повторно е еден од државните приоритети. Според соопштението, учениците веќе втора година по ред ги добиваат учебниците уште на првиот училиштен ден, а наставниците имаат предвидлив систем за раст на платите и можност за кариерен напредок. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во училиштата се испорачани над еден милион ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
44%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
6.5
61%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
83%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
46%
1015
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.25
47%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
93%
1013
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.03
68%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
78%
1012
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
44%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
6.69
54%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
63%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
0.0
89%
1010
Currency

61.5217

Currency

53.1512

Currency

71.8922

Currency

37.7669

Currency

38.2893

Currency

65.4487

Currency

7.88035

Currency

0.62494

Currency

0.33285

Currency

0.52358

Currency

1.10852

Currency

0.55531

Сребро

2096.79

Рутениум

53852.50

Бакар

13.19

Алуминиум

3.26

Калај

56.46

Платина

56231.66

Родиум

282926.57

Цинк

0.00

Паладиум

41828.12

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Злато

141161.07