Владата во моментов е фокусирана на завршување на процедурите за доизградба на Клиничката болница во Штип, изградба на Факултетот за медицински науки и Студентскиот дом во Штип, како и за болниците во Кичево и Тетово. Додека течат постапките за овие проекти, Владата веќе размислува и за изградба на нов модерен Клинички центар во Скопје, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на ...

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди одлуката со која се забранува најавениот штрајк за октомври 2025 година, соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ, адвокатот Горан Николоски. Според него, судот ги прифатил аргументите на М-НАВ дека штрајкот не бил поврзан со заштита на работнички права, дека не е спроведена задолжителната постапка за посредување и дека ССКЛ нема ...

Курасао и дефинитивно стана глобален хит откако се квалификуваше на Светското првенство за прв пат во историјата. Оваа интересна карипска земја, која има само 150.000 жители, брзо стана глобален хит благодарение на социјалните мрежи. Очигледно се прелеа од виртуелниот во реалниот живот, бидејќи успеаја да ги продадат сите произведени дресови на нивната репрезентација, објави нивниот технички спонзор „Адидас“. Особено нивниот резервен дрес, ...

На 7 јуни, во Паркот на Франкофонијата, се случи настан што долго ќе се памети. Музичкото училиште Ентерпрајз пред повеќе од 1000 посетители го одржа својот летен концерт „We Will Rock You" и со моќна рок програма ја заврши оваа учебна година. Концертот се состоеше од настап на 29 бендови составени од учениците на Ентерпрајз, при што секој бенд изведе по една песна. Вкупно настапија 120 ученици, а програмата беше составена од обработки на ...

Витаминка АД Прилеп одбележа 70 години од своето постоење, јубилеј што ја потврдува нејзината позиција како една од најуспешните и најпрепознатливи македонски компании и лидер во прехранбената индустрија. По повод годишнината, компанијата организираше посебна прослава за вработените и нивните семејства, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност кон луѓето кои се темел на нејзиниот успех. Во рамки на настанот беа доделени благодарници ...

Хрватскиот бизнисмен Маријан Шариќ еднаш проговори за својата врска со старлетата и поранешна победничка на „Задруга“, Ива Гргуриќ. Двајцата објавуваа „валкани алишта“ и разни обвинувања еден за друг, а тој изјави дека Ива била со неговиот син откако раскинале. Гргуриќева ја презентираше својата верзија за нивната врска во „Задружа“, на што тој жестоко одговори. - Сè што Ива кажа за мене во медиумите е целосна лага. Имам целосна ...

Познатиот пејач Џовани Бајрамовиќ (51), кој важи за „крал на бакшишот“, не престанува да ја изненадува јавноста со детали од својот бурен приватен живот. Иако може да се пофали со неверојатна заработка од забави и познавање на три странски јазици - германски, француски и италијански, овој пејач признава дека дури и не завршил основно училиште и дека не може да чита. Покрај неговиот необичен образовен пат, неговото големо семејство привлече ...

Пред Центарот за култура во Битола се одржа завршниот настан на иницијативата „Прва уметничка бригада“, реализирана од Фондација Божиновски Битола во соработка со Центар за култура Битола и ЗГ Солак. Фондација Божиновски ги презентираше резултатите од иницијативата „Прва уметничка бригада“ со колективна порака дека младите не сакаат да заминуваат – младите сакаат услови за достоинствен живот Настанот ги заокружи неколкумесечните активности ...

Овогодинешниот Ел Нињо веројатно ќе стане најсилниот досега забележан, предупреди Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF). Новите прогнози од центарот покажуваат дека температурите на површината на морето во клучен регион на централниот екваторијален Тихи Океан ќе бидат 3 степени над просекот до декември оваа година, додека некои сценарија покажуваат дека би можеле да се зголемат на повеќе од 4 степени, пишува Live ...

Бразилецот Вилтон Сампајоќе го суди натпреварот од отворањето на СП 2026 Мексико – Јужна Африка. ФИФА ги објави раните распореди за Светското првенство во 2026 година. Натпреварите ќе се играат на 11 и 12 јуни 2026 година. Бразилскиот судија Вилтон Сампајо е назначен да го суди натпреварот од отворањето на Светското првенство во 2026 година, закажан за 11 јуни, помеѓу Мексико и Јужна Африка. Во меѓувреме, аргентинскиот судија Факундо Тељо ќе ...

Изложбата на слики од македонски автори, од приватната колекција на Игор Станковиќ, насловена „Сагата за креативниот немир“ ќе биде отворена во петок, 12 јуни во 19 часот во Галеријата на планината Дворана на МТС, како дел од прославата на 30 години македонско-српски дипломатски односи. Изложбата ќе биде отворена во планината Дворана (прв кат) од 12 јуни до 12 јули. Изложбата „Сагата за креативниот немир“ е посветена на големиот македонски ...

Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“, покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот низ Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 % од европскиот континент, површина речиси шест пати поголема од таа што моментално ја заземаат, се предвидува во студијата која ...

Само неколку минути откако стапнале на еден од најпопуларните грчки острови, одморот на едно српско семејство се претворил во вистински кошмар. Наместо плажа и релаксација, ги пречекала ригорозната грчка сообраќајна полиција, вртоглава казна и привремено одземање на возачката дозвола! Групата на Фејсбук ја контактираа туристи кои сакаа да ја споделат својата приказна како драматично предупредување до сите што одат на море ова лето. Како што ...

Тоа е таа нова Америка. Тие се тие САД кои за претседател го имаат еден Доналд Трамп. Затоа се поставува прашањето кој на САД им даде да бидат домаќини на СП? Имено по пристигнувањето на репрезентацијата на Узбекистан во Соединетите Американски Држави, во пресрет на пријателскиот натпревар во Њујорк против Холандија, делегацијата беше пречекана со невообичаено строги безбедносни мерки, кои повеќе потсетуваа на процедурите на меѓународен ...

Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште, за којшто инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите. - Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ, рече премиерот Христијан Мицкоски, на брифинг со медиуми. ...

Да се знае кој е кој. Секоја чест за Вини и Рафиња, ама се знае кој е најголемата ѕвезда во земјата на фудбалот. Имено сите во Бразил чекаат вести дека Нејмар се опоравил и е подготвен да игра на Светското првенство и се чини дека нема да биде долго. „Фудбалерот Нејмар овој понеделник направи магнетна резонанца. Прегледот покажа добар напредок во неговото закрепнување, во согласност со очекуваните параметри. Тој ќе го продолжи процесот на ...

Многумина веруваат дека токму ѕвездите одредуваат кој со кого има најсилна хемија, впрочем тоа го велат и астролозите, според кои, одредени комбинации меѓу знаците создаваат поголема страст, разбирање и привлечност. Овенот најдобро се сложува со лавот и стрелецот, бидејќи со нив ја дели енергијата и авантуристичкиот дух. Овие врски се полни со страст и динамика, каде ретко има досада и постојано се одржува силна привлечност. Бикот има ...

Една година љубов кон традицијата, македонската песна и незаборавните дружби – „Македонско село“ на 17 јуни го слави својот прв роденден со голема музичка прослава што ветува вечер за паметење. Во амбиент каде секој камен, секоја коцка од калдрмата и секоја куќа раскажуваат приказна за македонскиот дух, посетителите ќе имаат можност да уживаат во вистински музички спектакл со некои од омилените имиња на домашната сцена – Дац и Митевски, Ѓоко ...

Драги мои, јуни е и мој месец, а тоа значи време е за нова песна. „Ти биди СВОЈ“ е музичко парче од мојата душа кое мотивациски е продолжение на „Верувам во себе“, вели MIYATTA и открива дека среќна сум што песната е целосно отсвирено во живо во студиото Подрумот во Скопје. - За вокалите, музика, текст и дел од аранжманот бев секако задолжена јас. Виолината ја отсвире Гоце Вангеловски. На пијаното е Бојан Димитровски. Гитари отсвиреа Кире ...

Лео Меси пристигна на “Камп Ноу“ како момче во 2000 година, помина низ сите младински селекции, а потоа прерасна во играч кој ја промени историјата на клубот. Во дресот на Барселона, тој освои практично сè што можеше да се освои, постигна стотици голови и стана симбол на генерацијата што доминираше во европскиот фудбал. Поради сето ова, многу фанови со години сметаа дека Барселона требаше да го повлече од употреба дресот со легендарниот број ...

Американското воено воздухопловство побара 2,2 милијарди долара за производство на новиот авион за „Судниот ден“, покажува увидот на медиумот Спутник во буџетската документација на агенцијата. Овие финансиски средства се наменети за развој на новиот воздушно-команден пункт Е-4Ц. Бараниот износ се однесува на фискалната 2027 година, што претставува зголемување за 23,2 отсто во споредба со средствата издвоени за оваа програма годинава. Ова ...

Секоја чест за Јамал, за Кејн, за Мбапе или Дембеле, за Халанд, да не говориме за Меси и Роналдо, но првата мега – ѕвезда во моментов во светот на фудбалот е само Мајкл Олисе и никој друг. Франција има напад да се “смрзнеш“, Мбапе, Дембеле, Дуе и др., но Мајкл Олисе е нешто нестварно. И не само поради синоќешниот хет- трик против С.Ирска, туку за се она што овој фудбалски романтичар го прави оваа сезона во дресот на Баерн Минхен и ...

Заменикот-министер за надворешни работи на Русија, Михаил Галузин, денеска изјави дека Русија и Белорусија се подготвени да ги искористат сите расположливи средства, вклучувајќи го и нуклеарното оружје, со цел „заштита на Сојузната држава“. Тој истакна дека воената и безбедносната соработка меѓу Москва и Минск континуирано се унапредува, како и дека двете земји остануваат подготвени да применат „секакви мерки“ за да ја зачуваат својата ...

Демократска Република Конго соопшти дека бројот на потврдени смртни случаи од ебола се искачил на 101, додека епидемијата продолжува да се шири во повеќе делови од земјата. Според најновите податоци на властите, во изминатите 24 часа се регистрирани 35 нови потврдени случаи, меѓу кои и 10 смртни исходи. Со тоа, вкупниот број на заразени достигна 550 лица. Епидемијата, предизвикана од реткиот сој на вирусот Бундибуџо, беше официјално ...

Најголемите национални предавства и порази се случија токму додека СДСМ беше власт: промена на името, промена на знамето, уставни измени, и сите овие оставија последици врз националното достоинство – оценува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Од СДСМ повторно, дури и во опозиција, испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Јавноста се изнаслуша изјави дека СДСМ се подготвени да ја редефинираат македонската историја, а Филипче гордо вели ...

Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток, со големи зборови, со нова енергија и ребрендирана политичка понуда под слоганот „Твоја држава, твоја шанса“. Но, реалната перцепција што го отсликува конгресот е поинаква – празни флоскули, политичко дежа ву и уште еден популистички обид старите политики да се претстават како нова иднина, оценува Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во соопштение на неговиот Центар за комуникации и ...

Американскиот воен хеликоптер АХ-64 „Апачи“ се урна во близина на Ормускиот Теснец, а двајца членови на екипажот се безбедно спасени, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со инцидентот Фото: Илустрација Според „Њујорк тајмс“, причината за падот засега е непозната, а истрагата е во тек. Изворите велат дека сè уште не е утврдено дали хеликоптерот е погоден од иранските сили, дали имало механички дефект или причината за ...

Франција и Германија и официјално го напуштија планот за заедничка изградба на борбен авион од следната генерација, проект познат под кратенките FCAS и SCAF. Одлуката за целосен прекин на соработката уследи по длабоки, непремостливи индустриски и политички несогласувања. Овој колапс претставува веројатно најтежок удар за визијата на францускиот претседател Емануел Макрон за создавање воено независен континент, пишува Politico. Сломот на овој ...

Стефан Богоев - Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Од свиркачи дознаваме дека Богац ќе добиел 10% од тендерот кој самиот го наместил. Инаку, тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10%, тоа значи дека тој ќе ...

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел повторно е во центарот на политичкото внимание. По повеќегодишно повлекување од јавноста, таа во последните месеци сè почесто ги коментира меѓународните односи и состојбите во Германија, притоа не избегнувајќи ниту самокритика, ниту проценки за политичките лидери кои со години ги среќаваше на светската сцена, пренесува DW. Во интервју за неделното издание на „Frankfurter Allgemeine ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.23
46%
1019
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
2.68
57%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.66
67%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.79
64%
1022
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.84
48%
1019
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.32
82%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.53
52%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.95
51%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.66
54%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
55%
1019
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
1.79
45%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
5.29
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Калај

50.56

Бакар

12.33

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Платина

51923.46

Кобалт

56.29

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Алуминиум

3.20

Злато

131072.82

Паладиум

38195.09

Иридиум

233896.68