Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Полициската управа Данелан објави фотографии од својата „специјална единица“ на социјалните мрежи, на кои се гледа полицаец облечен во камуфлажно одело што наликува на зелена грмушка, додека држи двоглед. „Дали денес ја забележавте нашата „грмушка“? Ако главата ви беше наведната на телефонот, веројатно не сте ја забележале“, напиша полицијата во својата објава. Од полициската управа објаснија дека специфичната сообраќајна контрола била ...
Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно во прекин поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти синоќа австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура. „Товарната пловидба практично е прекината, додека сообраќајот на речните крстаречки бродови исто така е значително ограничен“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството. Министерството предупреди дека ...
Договор за повторно отварање на Ормунскиот тесец може да биде постигнат уште во среда или четврток, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Според него, Иран и Оман се приближуваат до договор за повторно ставање во функција еден од најважните светски поморски коридори, што би можело да придонесе за намалување на тензиите и да отвори пат кон завршување на војната. Репортерите што патуваа со него во Калифорнија го прашаа Трамп за ...
Управното тело на европскиот фудбал (УЕФА) воведе две значајни промени во правилата за своите клупски натпреварувања. Промените се однесуваат на системот на суспензии за жолти картони и прикажувањето на времето на семафорите на стадионите. Првата промена се однесува на акумулираните жолти картони. Според новото правило, играчот ќе добие суспензија за натпревар само по неговиот четврти жолт картон, наместо третиот како порано. Ова им ...
Најмалку 14 лица загинаа, а 22 се повредени откако Русија во текот на ноќта изврши жесток напад врз Киев со балистички ракети и бесполотни летала. Според „Би-би-си“, станува збор за еден од најсмртоносните напади врз украинстата престолнина оваа година, додека градоначалникот Виталиј Кличко предупреди дека постои стравување оти под урнатитните на погодените објекти во центарот на градот се уште има затрупани луѓе. За време на нападот, кој ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија, соопштија од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по ...
Американската армија потрошила голем дел од своите глобални залихи на високопрецизни ракети со долг дострел за време на петмесечната војна со Иран, наведуваат три лица запознаени со податоците, што предизвикува загриженост за подготвеноста на војската за идни конфликти, екслузивно објавува Ројтерс. Ракетите се главно оружје земја-земја на војската, познато како тактички ракетни системи на армијата (ATACMS) и прецизни ракети за удар (PrSM). ...
Изгаснати се сите 22 пожари на отворен простор што беа регистрирани во изминатото деноноќие, а утрово во државата нема ниту еден активен пожар. Според утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи, заклучно со 7,30 часот, не се евидентирани активни пожари, по што укажува на целосно стабилизирање на состојбата. Меѓу изгаснатите се пожарите во општините Чучер Сандево, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Битола, Прилеп, Струга, Крива ...
Македонија денес е под метео предупредување поради екстремно високите температури. Управата за хидрометеролошки работи предупредува дека под влијание на топла воздушна маса од југ продолжувапериодот на сончево и многу топло време, со температури над 33 степени во целата земја, а на одделни места живата во термометарот ќе достигне 40 степени Целзиусови. Температурите ќе се задржат и во текот на ноќта, додека од утре се очекува промена на ...
Милан и Порто влегоа во директни преговори за мексиканскиот интернационалец Сантијаго Хименез, а италијанскиот клуб постави минимална цена од 20 милиони евра. Централниот напаѓач не е дел од плановите на тренерот Рубен Аморим за тековната сезона, а минатата сезона едвај играше поради сериозна повреда на глуждот за која беше потребна операција. Токму поради овој проблем, како и неговото учество на Светското првенство со Мексико, тој сè уште е ...
Трабзонспор официјално го објави пристигнувањето на поранешниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, со обраќање до своите навивачи. Египетската ѕвезда ќе слета во Истанбул денес. „Порака за навивачите на Трабзонспор. Професионалниот фудбалер Мохамед Салах, со кого започнавме преговори за трансфер, ќе биде на терминалот за општа авијација на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во среда, 5 август, во 12:00 часот“, се вели во соопштението. ...
Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, верува дека вештачката интелигенција нема да доведе до пократка работна недела. Неговата проценка е спротивна на долгогодишните предвидувања за технолошкиот напредок, а доаѓа и покрај неговото контроверзно тврдење дека човештвото веќе влегло во фаза на сингуларност, пишува Futurism. За време на гостувањето во подкастот „Relentless“, Алтман истакна дека општеството никогаш не успеало масовно да ...
ЕУ смета на зголемен увоз на течен природен гас (LNG) за да ги компензира невообичаено ниските залихи пред почетокот на грејната сезона, бидејќи капацитетот за складирање на гас моментално изнесува околу 57 проценти, што е најниско ниво за овој период од годината откако започнаа мерењата во 2009 година. Официјален Брисел, сепак, верува дека нема непосредна закана за снабдувањето во текот на зимата, а Европската комисија посочува дека Европа ...
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот што се користи за гонење на критичарите на Кремљ. Мерката беше еден од неколкуте закони што Путин ги потпиша денес, со кои се проширува државниот надзор врз руските граѓани и економијата. Посебен закон воспоставува строго контролиран пазар ...
Фондот Scaleup Europe започнува со инвестиции во водечки технолошки сектори за да ги задржи иновациите и капиталот во рамките на Унијата, а капиталот ќе го обезбедат низа институционални инвеститори. Европската комисија ги заврши последните законски чекори за основање на Фондот Scaleup Europe. Иницијативата беше започната со почетна цел да се соберат пет милијарди евра, со намера да им се обезбеди на европските компании во фаза на раст ...
Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој имаше импресивен турнир на Мундијалот, по што реално беше да направи трансфер кој што ќе го означи како најголем во кариерата. Иако во сериозно животни, а не фудбалски години, Возиња замина за Чиле и таму ќе го продолжи сонот да игра на ...
Непријавено палмино масло и млеко во прав се откриени во косовскиот млечен сектор, што директно имплицира на истакнатиот бренд млечни производи „Вита“ во земјата. Агенцијата за храна и ветеринарство (AUV) официјално ги објави наодите од обемното пребарување на пазарот спроведено помеѓу април и јули. Од 495 примероци тестирани низ производствените единици, границите и преработувачите, идентификувани се 93 случаи на непочитување. Речиси ...
Во недела, 9 август, од Охрид започнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија! Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении! Во пресрет на 8 Септември, кој оваа година во себе носи јубилеј на 35 ...
Фудбалерите на Црвена Звезда беа поразени од Хапоел Бер шева со 1:0 на гостински терен во натпревар од 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Минимален пораз, но многу болен. Потенцијалот на Црвена Звезда дефинитивно не го покажа ниту 5%, во Унгарија беше бледа слика. Ништо не функционираше, ниту тактички ниту технички, а навивачите на Црвена Звезда беа револтирани. „Епски срам“, е само еден од многуте коментари кои стигнаа на ...
Славниот пар испрати порака за важноста на љубовта кон себе и дека вредноста на една личност не треба да се мери според нејзиниот изглед или мислењата на другите. Секое лето, откако ќе објави фотографии во бикини, социјалните мрежи се преплавени со коментари за тежината и облините на Џорџина Родригез. Овој пат, таа призна на Инстаграм дека јавниот притисок влијае и врз неа, но наместо директна конфронтација, реши да ги сподели своите мисли ...
Со децении, Соединетите Американски Држави водеа војни под еден речиси невидлив услов: опасноста мора да остане далеку од американското тело. Целите може да горат, земјите може да се распаднат, но пилотот се враќа во базата, бродот останува надвор од дометот, а политичката цена на војната дома се сведува на слика од ноќното небо и неколку реченици од претседателот. Доналд Трамп отиде во Иран убеден дека истата геометрија на моќ ќе се примени ...
Искусниот 34. годишен голман на Барселона, германецот Марк Андре Тер Штеген и официјално од денеска е на едногодишна позајмица во тимот на Ајакс. Тој долго време е во втор план на Ноу Камп и едноставно мораше да додје до ваков развој на настаните. Сепак, иако Ајакс се согласи да го преземе Тер Штеген за оваа сезона, сепак, Барселона ќе биде клубот кој што ќе го плаќа германецот. Конкретно 90% од платата на голманот останува обврска на ...
Снегот го покри Данидин, вториот по големина град на Јужниот Остров, поради што полицијата ги повика луѓето да избегнуваат секакви патувања освен неопходните, предупредувајќи на заледени патишта, објави Ројтерс. „Полицијата утрово доби бројни пријави за сообраќајни несреќи низ Данидин, при што некои возила се лизнаа од патот. За среќа, немаше повредени“, соопшти полицијата на Нов Зеланд на социјалните медиуми. Antarctic Polar Blast Brings ...
Клиника Жан Митрев воведува попусти за породилните пакети во Центарот за мајка и бебе, со цел на идните мајки да им овозможи достапна, безбедна и целосна медицинска грижа во текот на породувањето и постпородилниот период. Промоцијата важи за трудниците што ќе се породат до 1 октомври 2026 година, како и за оние што до овој датум ќе уплатат аванс, независно од планираниот термин за породување. Достапни се пакети за спонтано породување и за ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР. Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 Август, велат од полицијата. По повод големиот ...
Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во текот на јуни и јули спроведе засилени акции против незаконскиот риболов, при што беа реализирани вкупно 44 акциски контроли во водите на Охридското Езеро. Во рамки на акциите, полициските службеници затекнале две лица при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“. Станува збор за лица од охридското село Пештани и од Струга, кои биле приведени во полициска станица, а против нив ...
Илинден и АСНОМ не се обични историски датуми, тие се темелите врз кои е изградена македонската држава, симболи на слободата, државноста и на вековната борба на македонскиот народ за сопствена држава и односот кон овие датуми е прашање на државничка одговорност, а не на личен избор, порача претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Осврнувајќи се на отсуството на претседателот на Собранието, Африм Гаши, од централното одбележување на ...
Најтешката делница од автопатот Кичево–Охрид, во должина од околу 10 километри, треба да биде пуштена во употреба во следните месеци, додека целосното завршување на целиот автопат е планирано за мај следната година, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Николоски посочи дека најголем дел од капацитетите на Министерството за транспорт во моментов се ...
Ние сме секогаш спремни за избори. Кога која било влада ќе влезе во вториот дел од мандатот нормално е да се очекуваат избори во даден момент. Ние би биле среќни доколку одиме на редовни избори, доколку ги реализираме проектите на коишто сме фокусирани, но секогаш сме спремни и за предизвик којшто во моментот го нема, така што најверојатно ќе одиме на редовни избори, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...
Средба со Никол Варнс, ВД амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, напиша на социјалните мрежи Александар Николоски. Разговаравме за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, ...