Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Многу висок ризик од пожари денеска попладне ќе има во источниот, централниот и јужниот дел од Македонија, поради порастот на дневните температури, предупредува Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците од МКФФИС, зголемениот индекс за опасност од пожари – FWI, укажува на услови во кои огнот може лесно да се појави и брзо да се прошири на отворен простор, а можни се и шумски пожари со многу висок интензитет. Останатите делови ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри критики кон раководството на СДСМ и претседателот Венко Филипче, обвинувајќи ги дека во јавноста промовираат партиски кадри со спорни биографии и кривични досиеја. Манасиевски порача дека Македонија не смее, како што наведе, да дозволи враќање на политички модел од минатото и појава на „нов Заев“ на политичката сцена. „Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се ...
На 9 август 1883 година, во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, комунист, хуманист, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ. Тој е прв претседавач на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ, прв повереник на првата привремена влада на Македонија и иницијатор за формирање на првата новинска агенција на Македонија, најблизок соработник на Методија Андонов – Ченто. Брашнаров е меѓу оние македонски ...
Голем пожар од вчера попладне ја зафати депонијата за комунален отпад во близина на Крива Паланка, а огнената стихија и по повеќе од 12 часа се уште не е целосно ставена под контрола. Екипите се непрекинато на терен и со сите расположливи капацитети работат на локализирање на пожарот и спречување на негово понатамошно ширење. На терен се ангажирани екипите и механизацијата на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ Крива Паланка. Помош на терен пристигнала и ...
На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ...
Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги ...
Аргентинецот Родриго де Пол направи убав гест на натпреварот со Монтереј – му го посвети голот на Лео Меси. Во 32-та минута, Де Пол постигна ефектен гол, сместувајќи ја топката во мрежата од околу дваесет метри во долниот агол, а потоа направи трогателен гест во чест на својот сонародник, пријател и соиграч. Меси го пропушти натпреварот од добро позната причина, поради смртта на таткото на Хорхе. Гестот на Де Пол предизвика долг аплауз на ...
OВЕН Денеска ќе барате средби со други луѓе и нема да сакате да останете на едно место. Комуникацијата ќе ве стимулира и ќе ве исполни со позитивна енергија. Доколку сте на забава или излегувате со пријатели, веднаш ќе привлечете интерес со вашата духовитост и ќе внесете свеж здив во друштвото. БИК Ве очекува мирен ден, погоден за релаксација и пријатни разговори. Дури и доколку одлучите да работите, тешко дека ќе можете да се ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура е во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Италијанскиот вицешампион Наполи ја отфрли понудата на Фенербахче за Ромелу Лукаку, објави новинарот Јаз Сабунџоглу. Фенербахче понудил 6 милиони евра за 33-годишниот репрезентативец на Белгија. Сепак, „наполитанците“ инсистираат на најмалку 10 милиони евра, а преговорите меѓу двата клуба продолжуваат. Се очекува Ромелу Лукаку да го напушти Наполи, каде што нема да се смета на него. Тој има договор за уште една сезона со италијанскиот клуб. ...
Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино, посрамотениот и потресен Швајцарец се огласи. ФИФА повторно се најде на удар и сега мораше да се огласи. Секако, претседателот Џани Инфантино ги отфрли обвинувањата како неосновани. „Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, силно ги отфрла овие тврдења и истакнува ...
Неодамнешната фотографија на Инстаграм предизвика бројни реакции бидејќи 74-годишниот актер, најпознат по улогите во серијата „Roseanne“ и филмот „The Borrowers“, изгледа речиси непрепознатливо. Гудман не го припишува својот успех на популарните лекови како Оземпик, туку на низа одлуки за начинот на живот поврзани со исхраната и здравјето. Изненадување на социјалните мрежи Фотографијата со Гудман ја објави актерот Дејвид ДеЛуиз, кој го ...
По Мохамед Салах, уште една фудбалска ѕвезда е пат кон Турција. Ромелу Лукаку се поврзува со трансфер во Фенербахче. Информацијата ја објави италијанскиот новинар Матео Морето, кој наведува дека Лукаку ја прифатил можноста за трансфер во истанбулскиот клуб. Лукаку моментално е член на Наполи, но неговото време во италијанскиот клуб би можело да заврши ова лето. Откако белгискиот напаѓач даде согласност, сега следува клучниот дел од работата ...
Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели во соопштението на „UKMTO“. Досега нема извештаи за какви било последици по животната средина. Надлежните органи го истражуваат инцидентот, а на бродовите им е советувано да бидат внимателни додека пловат и да пријават каква било сомнителна активност до ...
Езерото Гарда, најголемото езеро во Италија и една од најпознатите туристички дестинации во земјата, привлекува голем број посетители секоја година поради својата природна убавина, планинската околина и бројните летни одморалишта. Токму во оваа популарна област, која е особено популарна во ова време од годината, пожарот предизвика загриженост кај жителите и туристите. Пожарот избувна вчера во општината Тињале и брзо се прошири низ ридестиот ...
Две недели по големиот митинг во главниот град Палма против она што многумина го сметаат за прекумерен туризам, најновите демонстрации се одржаа во западниот град Солер. „Помалку туризам, повеќе живот“ Двата протести беа организирани од граѓанската иницијатива „Помалку туризам, повеќе живот“ (Menys Turisme, Més Vida). Според властите, околу 1.000 луѓе учествуваа на митингот во градот, кој е исклучително популарен кај туристите. „Mallorca ...
Се чини дека е готово. Феран Торес е пред заминување од Барселона и преселба во Пари Сен Жермен. Според информациите објавени од шпанскиот весник „Марка“, работата е веќе во завршна фаза и само голем пресврт би можел да ја спречи нејзината реализација. Шпанскиот репрезентативец јасно стави до знаење дека сака да ја продолжи кариерата во Париз. Барселона и ПСЖ веќе неколку дена преговараат за трансферот на 26-годишниот напаѓач. Спортските ...
Венс нагласи дека САД ќе го судат Техеран според неговите постапки, а не според неговите ветувања. „Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот како и пред конфликтот. Тоа е она што Иранците ни кажаа дека ќе го сторат“, рече Венс во интервју за Фокс њуз. Тој рече дека Иран и земјите од Заливот, особено Оман, разговараат за начини за обезбедување безбеден премин низ теснецот, вклучително и отстранување ...
Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини и натами ќе биде дел од тимот од „Олимпико“. Искусниот играч потпиша нова соработка до 2027 година, откако сега веќе претходниот негов дил беше со важност до летово. Пелегрини е дете на клубот, и очигледно дека нема намера да игра на некое друго место. Со веќе полни 30. години тој има само две сезони надвор од клубот, кога премина во Сасуоло. Се врати во Рим, и оттогаш е заштитен знак на „Волчицата“. ...
Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, реагираше на објава на СДСМ во која тој е прикажан како на умреница, оценувајќи ја како морбидна и очајна порака. Стоилковиќ преку социјалните мрежи ја осуди објавата и порача дека политичката битка не треба да се претвора во ваков тип на навреди. „Порака со умреница, баш очајно! И во живо и на умреница сум поубав од Вас и не заборавајте, на крајот убавината секогаш го победува злото“, ...
Повеќе од 200 луѓе, вклучувајќи и десетици странски туристи, се итно евакуирани откако голем шумски пожар избувна на западниот брег на езерото Гарда, една од најпознатите туристички дестинации во северна Италија. Како што пренесува ДПА, пламените јазици сериозно ја загрозиле територијата на општината Тињале, што ги крена на нозе спасувачките служби кои превентивно евакуираа неколку локални одморалишта во оваа област. Според противпожарната ...
Иран постави шест услови до САД за повторно отворање на Ормускиот теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и гас. Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохамад Багер Золгхадр, порача дека Техеран нема да дозволи нормализирање на пловидбата сè додека Вашингтон не ја промени политиката кон Иран и не ги исполни неговите барања. Меѓу условите се наведуваат прекин на заканите кон врховниот ...
Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот, затоа што знаеле дека во тие моменти сплиќани ќе слетаат од гостувањето во Литванија, каде што Хајдук оствари супер победа од 2:5 во рамките од квалификацииите за Лигата на Европа. Тепачката беше жестока, и не беше ...
Воздушна поддршка од три „ер трактори“ пристигна во општина Сопиште, каде што огнената стихија се заканува на потегот зад Водно. Дека битката со пожарот се интензивира потврдуваат и најновите видеа објавени од Дирекцијата за заштита и спасување, кои ја прикажуваат масовната акција за кротење на пламенот од воздух. „Дејство на противпожарните авиони на ДЗС,’Еер трактор’ врз пожарот во Општина Сопиште, под јужната страна на планината Водно ...
Успешно заврши итната спасувачка мисија за трансфер на македонскиот турист кој тешко се повреди на одмор во Турција. Пациентот од Скопје, кој заработил сериозна повреда на `рбетниот мозок во летувалиштето Кушадаси, денеска со владиниот авион беше префрлен во Македонија. Првиот човек на ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски, потврди дека пациентот е веќе хоспитализиран на Клиниката за интензивно лекување, каде што тимот лекари го презема ...
Премиерот Христијан Мицкоски, на 25-годишнината од убиството на македонските војници кај Карпалак, порача дека 8 август е ден кога татковината се сеќава на синовите кои ја исполнија својата највисока должност. Тој во својата објава потенцираше дека овој трагичен датум не е само дел од календарот, туку болна точка засекогаш врежана во колективната меморија на македонскиот народ. „Дваесет и пет години подоцна, времето не ја избриша болката, ...
Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера побара од Италија да ги повлече контролите до недела. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го одби ултиматумот и кажа дека ќе останат најмалку до 15 август, кога, како што рече, Шпанија очекува нов бран мигранти да ја погоди ...
Со високи, убедливи, и заслужени 3:0, тимот на Челзи предмалку во Џакарта, во рамките од подготовките ова лето беше подобар од тимот на Милан. Пред преполните трибини, „Сините“ одиграа далеку подобар натпревар од противникот и стигнаа до убав триумф со головите на Педро на два пати односно Каиседо. Ова беше уште еден во серијата на мечеви кои европските гиганти ги играат на Далечниот исток или пак во Австралија, каде што се наоѓаат дел од ...
Во несреќата има неколку повредени, а машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден. Судирот се случил во 10:05 часот наутро меѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на на Хрватски железници помеѓу станиците Свети Иван Жабно – Градец во близина на Крижевци. Полицијата и брзата помош се на местото на настанот, а според неофицијални информации на хрватските медиуми, товарниот воз поминал на црвено светло. Во несреќата има неколку ...
Арсенал ја пренасочи потрагата по нов крилен напаѓач кон Кенан Јилдиз, кој наводно е подготвен да побара заминување од Јувентус. Турскиот репрезентативец стана приоритет за тренерот Микел Артета откако пропадна можноста за ангажман на Винисиус Жуниор, кој го продолжи договорот со Реал Мадрид. Во прилог на Арсенал оди информацијата дека турскиот репрезентативец сака кариерата да ја продолжи токму во Лондон. По серијата одлични настапи во ...