За првпат во земјава ќе се воведе национален испит и сертификација за внатрешни ревизори во јавниот сектор. Министерството за финансии ќе го спроведува испитот за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор, со што се воспоставува национален систем на сертификација и се создаваат услови за поголема професионалност и зајакнување на внатрешната финансиска контрола во институциите. Од Министерството велат дека мерката е дел од активностите ...

Уште 300 приватни специјализанти ќе добијат можност за вработување во јавниот здравствен сектор до крајот на 2026 година, со што вкупниот број на специјализанти опфатени со мерката ќе достигне 600. Одлуката, според пратеничката Александра Николовска, има за цел дополнително да го зајакне здравствениот кадар, а посебен фокус ќе биде ставен на здравствените установи надвор од Скопје. „Приоритет ќе имаат општите и хируршките болници надвор од ...

Зголемен е сообраќајот на патиштата надвор од градските средини, особено во попладневните часови, информираат од Автомото сојузот на Македонија. И покрај поголемиот интензитет на сообраќајот, засега нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна, ниту при влез ниту при излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината и да бидат внимателни во сообраќајот. „На патните правци надвор од градските ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека прв пат се согласува со претседателот на СДСМ Венко Филипче дека не се исти и оти тој никогаш не би сакал да биде ист со куклата на луѓето кои, како што рече, ја уништиле и ограбиле Македонија. - Јас можам прв пат да се согласам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал ...

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот. – Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд ...

Науката добива нова дигитална алатка – Министерството за образование и наука го промовираше јавниот портал „е-наука“, кој станува единствена национална база на податоци за истражувачите и научно-истражувачките организации во земјава. Преку платформата ќе може да се следат нивната работа, статистиките и научните резултати, а преку поврзувањето со Web of Science, Scopus и Google Scholar ќе бидат достапни и податоци за цитираноста и h-индексот ...

Вараждинската полиција заврши со криминалистичката истрага за крвавиот инцидент што се случи минатата сабота околу 3 часот наутро во улицата „Иван Падовац“ во Вараждин. Истрагата утврди дека двајца младичи на возраст од 20 и 18 години вербално и физички нападнале четири малолетници (двајца на 16 и двајца на 17 години). За време на турканицата, 20-годишникот паднал на земја, по што еден од 17-годишните малолетници со намера тешко да го ...

Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија не смее да го испушти тој историски момент за долгорочен економски раст, порача премиерот Христијан Мицкоски, истовремено упатувајќи остри критики кон одредени структури во општеството кои според него свесно го кочат развојот на земјата. Мицкоски посочи дека сите проекти мора да се реализираат со целосно почитување на законските прописи и заштита на животната ...

Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. -Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик. Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е ...

Ова е веќе нејзина 16-та насловна страница за ова списание, на кое таа се враќа по две години од нејзиното последно појавување. Фотографиите се дело на дуото „Шон + Сенг“ (Sean + Seng). На црно-белата насловна страница, шпанската актерка и добитничка на „Оскар“, која е и амбасадорка на „Шанел“ (Chanel), носи фустан украсен со мониста, светки и кристали, од колекцијата на „Шанел“ за есен 2026 година, креирана од Матје Блази. Бујната фризура ...

Премиерот Христијан Мицкоски би бил најсреќен доколку Соединетите Американски Држави ги затегнат или целосно ги укинат иселеничките визи за македонските граѓани. Според Мицкоски, главниот фокус и политика на оваа влада не е поттикнување на иселувањето, туку враќање на нашите граѓани назад во татковината. Тој направи јасна разлика меѓу туристичките патувања и трајното заминување од земјата. „Ако може Американците да ги затегнат условите за ...

Сообраќајот низ Ормускиот Теснец, една од клучните светски рути за транспорт на енергенси, драстично опадна, откако вчера низ стратешкиот премин поминале само два танкери. Според податоците на платформата „Кплер“, станува збор за најмал број товарни пловила што го минале Теснецот во еден ден од почетокот на мај. Бројката е значително под десетдневниот просек од 14 пловила дневно. Во неделата низ Ормускиот Теснец поминале седум пловила од ...

Дваесетгодишник од Студеничани бил приведен во скопското село Морани, откако полицијата постапила по судска наредба за негово спроведување на издржување двегодишна затворска казна. Б. А. бил лишен од слобода вчера околу 17:25 часот од страна на припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Претходно, тој управувал автомобил „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки и не застанал на знак за запирање даден од полициски ...

Дизел горивото во Македонија е значително поевтино во споредба со сите земји во регионот, а граѓаните од соседните држави масовно доаѓаат да ги полнат своите резервоари на македонските пумпи, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Според неговите зборови, разликата во цената на дизелот кај нас е дури за половина евро по литар поевтина отколку во Албанија, додека во однос на Србија цената е пониска за 35 центи. „Од 30 до 50 центи по литар е ...

Европската унија подготвува значителни промени во процесот на проширување, со построги проверки и постепено интегрирање на земјите-кандидатки. Комесарот за проширување Марта Кос го претстави предлогот на Европската комисија, оценувајќи дека новата методологија треба да претставува „нов Хелсиншки момент“ за Унијата. Планот, меѓу другото, предвидува посилни механизми за проверка на кандидатите и нов пристап кон нивното приближување кон ЕУ. ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија силно ги поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација. Тој во интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News) посочува дека сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите, изјави во ексклузивно интервју. Мицкоски нагласува дека поддршката за Трамп од страна на ...

Страшна сообраќајна несреќа го потресе Краљево, откако автомобил синоќа излетал од коловозот и удрил неколку пешаци на тротоар. Во несреќата тешко било повредено петгодишно девојче, кое и покрај напорите на лекарите им подлегнало на повредите во Универзитетската детска клиника „Тиршова“ во Белград. Меѓу повредените биле мајка со бебе во количка и нејзиното петгодишно дете. Девојчето утрово било пренесено од Краљево во Белград, но, и покрај ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски со конкретен фокус на потенцијалот на младите, дијаспората и повратниците, како важен ресурс за идниот развој на државата. На средбата со Регионалниот директор на Фондацијата за демократија на Вестминстер за Европа и Централна Азија, Кристофер Левик, биле разгледани можностите за продлабочување на соработката, со акцент на циркуларната миграција и ставањето на знаењето, ...

Најмалку 40 луѓе загинаа откако припадници на банди нападнаа раселени лица кои побарале засолниште во црква во близина на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, соопштија во понеделникот локалниот градоначалник и Обединетите нации. – Избројавме околу 40 тела. Потрагата продолжува, а некои лица сè уште се водат како исчезнати – изјави градоначалникот на Кенскоф, Масилон Жан, за агенцијата АФП. Неколкумина од убиените во неделата навечер веќе ...

По првото судско рочиште против Артан Груби, од коалицијата „Вреди“ отвораат сериозни прашања за наводните случувања зад сцената и можноста целиот случај да биде затворен преку спогодба со Обвинителството. „Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ. Според нашите извори, Али Ахмети проценил дека ...

По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè повеќе се отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало зад сцената и за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството. Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ, велат од ВРЕДИ. ‒ Според нашите извори, ...

„Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ја известува јавноста дека, поради здравствени причини и по препорака на лекарите, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан нема да ја оствари најавената посета на Американско-канадската епархија, а која требаше да се оствари по повод претстојните собирски манифестации на таа наша епархија, чијшто овогодишен домаќин е Црковната ...

Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери. Паралелно се работи и на нов Клинички центар во Скопје, ...

Премиерот Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Breitbart News“ испрати јасна порака за односот на неговата влада кон Доналд Трамп и неговата администрација, истакнувајќи дека поддршката од Скопје е силна и опфаќа повеќе клучни области. Мицкоски откри и дека македонската влада го поддржувала Трамп уште пред неговото враќање во Белата куќа, а негови претставници биле примени во Скопје уште во текот на предизборната кампања во 2024 ...

Чаби Алонсо го имаше своето деби на клупата на Челзи во победата од 3-2 против Фулам, клуб кој исто така ја започна новата сезона под водство на новиот менаџер, Алваро Арбело. Токму Арбелоа го замени Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што ѝ даде нова димензија на приказната за двајцата поранешни соиграчи. Заминувањето на Алонсо од Мадрид следеше по турбулентен период, при што медиумите известуваа за тензиите со Винисиус ...

Долготрајната суша во Индонезија го намали нивото на водата во акумулацијата Каријан на островот Јава и ги откри остатоците од селото Соманг, кое беше потопено за време на изградбата на големата брана. По неколку години под вода, повторно се појавија остатоци од куќи, патишта, темели, но и од џамија. Акумулацијата Каријан се наоѓа на околу 100 километри југозападно од Џакарта, во провинцијата Бантен. Нивото на водата значително опадна за ...

Навидум напнат момент меѓу Доналд и Меланија Трамп привлече внимание за време на трката „Фридом 250 Гран при“, откако камерите го забележаа нивниот разговор и видно незадоволниот израз на првата дама. Снимката дополнително го привлече вниманието поради актуелниот медиумски интерес за односот на Трамп со неговата асистентка Натали Харп, а читачката на усни Никола Хиклинг за британски „Метро“ понуди своја интерпретација на она што, наводно, си ...

Откако албанскиот премиер Еди Рама ја шокираше јавноста со најавата за формирање независна држава на Бекташкиот ред усред Тирана, експертите предупредуваат дека зад овој проект се крие сложена игра на религијата, политиката и меѓународните односи. Новата микродржава, предвидена на површина од само 10 хектари, колку четвртина од Ватикан, треба да има сопствена администрација, пасоши и граници. За разлика од традиционалните исламски центри, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Калај

46.54

Алуминиум

3.07