Земјоделците кои го одгледуваат ова растение заработуваат вистинско богатство, еден грам чини до 40 евра, а годишната заработка може да достигне 40.000 евра. Добро е познато дека земјоделците кои се свртуваат кон производство на растенија како ова никогаш не се каат бидејќи заработката е одлична. За некои од овие растенија, цената е до 40 евра по грам, а многумина развиле бизниси кои им носат и до 40.000 евра годишно. Шафран Шафранот е ...

За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе нѐ обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното ...

Расфрлано ѓубре и запушена зелена површина во околината на Меѓуградската автобуска станица во Скопје предизвикаа реакции на социјалната мрежа „Х“. Видео објавено од корисник го привлече вниманието поради состојбата на просторот покрај тротоарот. Меѓуградската автобуска станица е една од првите локации што ги гледаат граѓаните и посетителите кои пристигнуваат во Скопје. Сепак, според видеото објавено на „Х“, околината на станицата остава ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се ...

Двајца турски државјани се уапсени во Штип при продажба на марихуана на 23-годишен штипјанец. Полицијата ги затекнала на дело во саботата вечерта на Штипски сокак, по претходно добиени сознанија за недозволена трговија со дрога. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, во саботата околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија ...

Над 5 милиони евра ќе изнесува вредноста на проектите што се најдоа на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции, која ја усвои Владата. Вкупно 41 предлог-проект доби зелено светло, откако претходно беа проверени од институциите и оценети според повеќе критериуми. Листата е подготвена на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции, а ги опфаќа проектните идеи што ги доставиле институциите – иницијатори на ...

Традиционалната IT4Charity трка оваа година расте и се отвора за сите По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност - долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце. Досега ги обединуваше компаниите и луѓето од ИТ-заедницата, а оваа година, “срцето“ станува поголемо. Под мотото „Трчаме со срце“, СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ги ...

Најмалку 12 луѓе загинаа, а 39 се повредени во украински напад со беспилотни летала врз рускиот град Нижнекамск во Татарстан. Во нападот биле погодени индустриски и цивилни цели, меѓу кои и рафинеријата ТАНЕКО, една од најголемите и технолошки најнапредните рафинерии во Русија. Според градоначалникот на Нижнекамск, Радмир Белјаев, нападот предизвикал жртви и повредени меѓу населението. Руските медиуми јавуваат дека погодена била и ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека не се заканува никому со својата изјава за можни промени на водотеците на реката Ибар, туку само ги решава водотеците на територијата на Република Србија. „Јас ги решавам водотеците на територијата на Република Србија, во согласност со внатрешното право на Република Србија. Сега, секако, научниците, инженерите и сите други ќе седнат, ќе видат, ќе дојдат и ќе ми предложат како да го ...

На полуостровот Халкидики во Грција, денеска стапи на сила строга забрана за сообраќај и движење на пешаци во одредени шумски подрачја. Главна причина за оваа мера е високиот ризик од избувнување шумски пожари. Забраната ќе биде на сила секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. Оваа одлука се однесува на критичните зони лоцирани во општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожари е прогласен во ...

Високата вулканска активност на италијанската планина Етна денеска предизвика нарушувања во авиосообраќајот на аеродромот во Катанија на Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества лава, пепел и вжештени парчиња карпи. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, густи текови лава истекуваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри. Поради потенцијалната опасност за ...

Во судар на четири автомобили и еден камион, на магистралата Гостивар – Кичево во близина на каменоломите, повредени се четири лица од кои три деца. Од СВР Тетово информираат дека во моментов трае увид и се утврдуваат околностите под кои се случила и материјалната штета. Портпаролот Фатмир Реџепи потврди дека сообраќајката била пријавена утрово околу 7:40 часот во близина на каменоломот „Прогрес 98“. По незгодата три малолетни лица и една ...

Една од најубавите холивудски актерки, Ева Лонгорија (51), повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со фотографии од одморот во Марбеља, Шпанија, каде што ја покажа својата беспрекорна линија и докажа дека годините за неа се само бројка. На фотките може да се види како сексапилната актерка ужива на плажа во провокативно бикини кое го надополни со голем шешир, темни очила за сонце.. Таа се релаксирала покрај морето, пливајќи и ...

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена, наведува премиерот Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. - Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи ...

Бразилската ѕвезда Нејмар ќе се приклучи на американскиот клуб Интер Мајами на почетокот на следната година, откри неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата Фелипе Мело. Во интервју за порталот „Goals do Brasileirao“, Мело, кој одржува блиски односи со напаѓачот, рече дека околината на Нејмар веќе разговара за неговиот иден трансфер. Се очекува тој да го напушти својот сегашен клуб Сантос за да се соедини со Лионел Меси и Луис Суарез во ...

Мајчиното млеко е златен стандард во исхраната на новороденчињата. Не постои мајчино млеко со лош квалитет истакна д-р Димитриоска По повод Светската недела на доењето, тим од Клиничката болница Жан Митрев учествуваше на стручно предавање на тема „Доење: Едукација и поддршка на родителите“, организирано од Доење со љубов и Бебелогија, со цел да се подигне свесноста за важноста на доењето и да се истакне улогата на здравствените работници во ...

До истекот на мерката куќен притвор против Артан Груби остануваат уште две недели, ВРЕДИ го обвинува Обвинителството дека ја води истрагата со бавно темпо и дека тоа покренува сомнежи. „Артан Груби не е било каков поранешен функционер. Тој е црната кутија на ДУИ. Тој знае кој ги влечел конците, кој ги делел зделките и во чии џебови завршувале парите од коцкањето. Затоа, Али Ахмети има причина да спие со едното око отворено. За да се отстрани ...

Летното освежување во природните води за велешани оваа година е речиси невозможно. Најновите анализи што ги изврши Центарот за јавно здравје – Велес покажаа дека реките Тополка и Бабуна се микробиолошки загадени и не се препорачуваат за капење и рекреација. Кога на ова ќе се додаде дека езерото Младост веќе две години е под забрана, единствена безбедна опција за граѓаните остануваат Градскиот базен и приватните хотелски базени. Испитувањата ...

Повеќе од еден милион луѓе во источна Кина, вклучително и од регионот на Шангај, се евакуирани од своите домови поради разорниот тајфун „Делфин“. Станува збор за тринаесеттиот тајфун годинава, кој ја погоди крајбрежната провинција Џеѓанг со брзина на ветерот поголема од 150 километри на час, пренесува ББС. Драматични моменти и прекинати животи Повеќе државни медиуми објавија дека деветгодишно момче од Венлинг исчезнало откако било повлечено ...

Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани во источна Кина, откако моќниот тајфун „Дуфин“ стигна до копното, носејќи ветрови со брзина до 150 километри на час. Тајфунот прво го погоди Јухуан во провинцијата Жеџијанг, а околу еден час подоцна стигна и до градот Венжоу. Невремето предизвика сериозни нарушувања во сообраќајот низ регионот, а само во Шангај се откажани околу 1.400 летови. Кинеските власти претходно го подигнаа предупредувањето на ...

Тој е обвинет за раководење со криминална организација во периодот од 18 октомври 2015 година до 6 април 2017 година, пренесува Би-би-си. Авион на ирската влада со 49-годишниот Кинахан слета во Даблин нешто по 18 часот по локално време, а тој беше уапсен и обвинет веднаш по пристигнувањето. По 13-минутно рочиште пред Специјалниот кривичен суд – кој заседава без порота – му беше одреден притвор до 5 октомври. Кинахан е уапсен во Обединетите ...

Во речиси опустеното село Авеланоса де Муњо, сместено во северната шпанска провинција Бургос, на 12 август 2026 година ќе се случи нешто навистина фасцинантно. Тој ден, целосното помрачување на Сонцето, прво видливо од копнена Европа по 1999 година и прво во континентална Шпанија уште од далечната 1912 година, ќе премине директно над ова заборавено место. Поради тајмингот на настанот, непосредно пред зајдисонце, ќе се создаде феномен на ...

Шумски пожари повторно се закана во југозападна Франција, власта е подготвена за можна евакуација на речиси 200.000 луѓе. Покрај тоа што ситуацијата изгледаше под контрола кон крајот на минатата недела, екстремната топлина и силните ветрови ја влошија ситуацијата на терен во текот на викендот. Низ јужна Европа, особено во Шпанија и Франција, пожарникарите со недели се борат со пожари кои уништија стотици илјади хектари вегетација. Заштита ...

Нова еколошка иницијатива користи човечка коса за да ги заштити океаните. Од донираната коса се изработуваат бариери кои делови од бразилскиот брег ги штитат од загадувањето настанато со изливање нафта, пишува „Euronews“. Технологијата, која веќе се користи во други земји како Чиле и Соединетите Американски Држави, ја инспирираше Маријана Робран, основачка на невладината организација „Fiotrar“, да го покрене и развие овој проект во Бразил. ...

Русија не прифаќа замрзнување на војната во Украина без исполнување на условите на Москва, порача рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин. Кремљ останува на своите позиции и бара најпрво да се решат, како што наведува Москва, „основните причини за конфликтот“. Според рускиот дипломат, каков било договор со кој само би се запреле борбените дејствија, без пошироко политичко решение, не е прифатлив за Русија. Киев, од друга ...

Најмалата ќерка на славните актери и некогашни сопружници Брус Вилис и Деми Мур, Талула Вилис, во саботата во Ајдахо му изговори судбоносното „да“ на својот партнер, музичарот Џастин Ејси, пренесе „Вог“. Џастин ја запроси Талула на 23 декември 2024 година, кога таа на Инстаграм покрај прстенот напиша: „Секој ден“, а две години по свршувачката застанаа и на „лудиот камен“, на 8 август. Започнаа да се забавуваат една година претходно. ...

Хрватска останува без уште еден симбол на своето индустриско наследство. По повеќе од еден век работа, компанијата „Хромос“, која стана „друго име“ за бои и лакови на домашниот пазар, го прекинува производството во Хрватска. Одлуката ја донесе јапонскиот сопственик, компанијата „Кансаи Хелиос“, и најави дека производството ќе продолжи во Количево во Словенија и во српскиот град Горњи Милановац, додека во Загреб ќе остане само продажната ...

Македонија се искачи за осум места на европската листа според куповната моќ на минималната плата. Најновите податоци на Евростат покажуваат дека, иако земјата и натаму е меѓу државите со понизок номинален минималец, кога платата се мери според стандардот на куповна моќ – PPS, сликата е значително поинаква. Според овие пресметки, Северна Македонија од 24-тото се искачила на 16-тото место меѓу анализираните европски земји. Осум позиции нагоре ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на критиките од СДС за визуелните елементи на спектаклот „Силно светнал ден“, посветен на 35-годишнината од независноста на Македонија. Од владејачката партија велат дека станува збор за уметничка инсталација во која повеќекрако сонце визуелно се претопува во македонското државно знаме со осум зраци. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС и лидерот на партијата Венко Филипче намерно го оцрнуваат настанот, иако, како ...

ВМРО-ДПМНЕ реагира на критиките од СДС за визуелните елементи на спектаклот „Силно светнал ден“, посветен на 35-годишнината од независноста на Македонија. Од партијата велат дека станува збор за уметничка инсталација во која повеќекрако сонце визуелно се претопува во македонското државно знаме со осум зраци. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДС и лидерот на партијата Венко Филипче намерно го оцрнуваат настанот, кој, како што наведуваат, бил ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
8.1
54%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 11ᴼ
2.06
59%
1017
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
82%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.04
55%
1021
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
81%
1019
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
51%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
41%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.47
61%
1021
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 17ᴼ
0.89
48%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
56%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.2218

Currency

72.0205

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Сребро

2051.41

Бакар

13.19

Родиум

282926.57

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Калај

56.21

Паладиум

41281.56

Злато

138910.52

Платина

54720.57

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.24