
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Во Центарот за обука на МВР во Идризово (на спортското игралиште) денеска ќе се одржи централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7-ми Мај. Како што информираат од МВР, на настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе ...
Индија ја бранеше својата воена операција во Пакистан, велејќи дека нападите биле „фокусирани и прецизни“ и дека не биле погодени цивилни, економски или воени цели во Пакистан. „Акциите беа одмерени, одговорни и дизајнирани да не доведат до ескалација“, соопшти индиската амбасада, додавајќи: „Беа цел само познати терористички кампови“. Од друга страна, пакистански извори тврдат дека во нападите загинале најмалку осум цивили, вклучувајќи жени и ...
Во Министерството за енергетика денеска ќе биде потпишан договорот за изградба на гасоводот за интерконекција на Северна Македонија и Грција. Македонскиот дел од гасоводот треба да биде во должина од 67 километар и да се поврзе со грчката страна каде градежните активности ги работи компанијата „Терна“. Вкупната должина на целиот гасовод е 123 километри и тој треба да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести по што ќе следи тет-а-тет средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според агендата, планирано е состанок да одржат двете делегации по што за во 11:20 часот е најавенапрес-конференција на двајцата претседатели. За време на посетата на хрватскиот претседател. во централното градско ...
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 14, а максималните ќе достигнат од 20 до 28 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со ...
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф остро реагираше на индиските воени напади, оценувајќи ги како „воен чин наметнат од Индија“ и истакна дека Пакистан има целосно право на самоодбрана. „Нашите вооружени сили знаат како да се пресметаат со непријателот“, изјави Шариф. Тој ги нарече нападите „кукавички“ и откри дека биле извршени на пет различни локации во Пакистан. „Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во неговите зли цели. Целата ...
Индиската влада вечерва потврди дека нејзините сили спровеле воена операција на вкупно девет локации во Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир. Операцијата, наречена „Синдор“, имала за цел, како што се наведува, „терористички објекти од кои биле планирани и извршени напади врз Индија“. „Нашите акции беа насочени, измерени и не ескалираа по природа. Ниту една пакистанска воена база не беше цел на нападот. Индија покажа значителна воздржаност во ...
Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница, со кои се предвидува и референдумско отповикување на градоначалници, воведување на комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво. Новото законско решение ќе почнат да важат за градоначалниците кои ќе бидат избрани на локални избори кои ќе се одржат оваа есен. Предлог-измените ќе бидат испратени во собраниска ...
Агенцијата за храна и ветеринарство го затвори стационарот Лана во Струмица. Како што наведуваат во соопштението, инспекторите постапиле по добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните. Стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство спровела вонреден инспекциски надзор во стационар – прифатилиште за бездомни кучиња во Струмичко и утврдиле низа ...
Со тага и искрено сочувство, медицинската заедница и граѓаните се простуваат од примариус специјалист д-р Славица Трајкова, инфектолог, која почина на 64-годишна возраст, дел од велешката болница. И покрај тоа што беше дел од локална болница, македонската јавноста ја памети како еден од најхрабрите лекари кои застанаа на првата линија во борбата со коронавирусот за време на пандемијата. Како специјалист по инфективни болести, се одзва на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на неформалната група на млади „Support Kocani“. Навраќајќи се на страотниот пожар на 16 март, тие манифестираа решеност заедно да направат сé што можат за да им помогнат на семејствата на починатитите, на повредените и нивните блиски, но и на градот Кочани за да се надминат тешките проблеми и да се тргне напред! Младите од Кочани презентираа бројни идеи, планови и проекти за враќање ...
Заклучно со 2024, досега преку извршители се наплатени фантастични 2,1 милијарда евра. Годишниот извештај на Комората на извршители покажува дека лани од должниците, фирми, граѓани и држава, биле наплатени 160,6 милиони евра со 44,15 отсто реализација на извршните решенија, што претставува највисоко ниво од 2020 година. Во најава се нови законски измени кои треба да водат кон намалување на трошоците за извршување што ги плаќаат граѓаните, пишува ...
Владата донесе одлука за помош на млади и младински организации, одобрени се измените на ЗЛС со што значително ќе се подобри функционирањето на општините. Владата денеска ја одржа 77-та седница на која се донесија неколку значајни одлуки во интерес на граѓаните. На седницата беше разгледана информацијата за носење на Предлог-програма за финансиска поддршка на проекти од областа на младите на младинските организации, организациите за млади и ...
Фридрих Мерц, е избран за нов германски канцелар во Бундестагот, пренесуваат светските медиуми. На второто гласање, кое се одржа попладнево, Мерц е избран со 325 гласа „за“. „Против“ биле 289 члена на Долниот дом на парламентот, еден бил „воздржан“, а три гласа биле неважечки, пишува „Гардијан“. Претходно, во првиот круг, германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц не успеа да го освои потребното мнозинство за да стане канцелар во првиот круг ...
Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и осомничена во случајот „Адитив“ за одавање службени тајни, отфрлила и пријави поврзани со истиот случај, дознава Телма. Додека, според Основното јавно обвинителство, одавала информации на осомничениот во „Адитив“, поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, претседателката на ДКСК отфрлила пријава поврзана со тендерот за набавка на адитив – ...
Најмалку 48 лица загинаа, а 142 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа. Во соопштението се вели дека голем број жртви се заробени во урнатините во области до кои спасувачите не можеле да стигнат, објави Ал Џезира. Според министерството, најмалку 52.615 Палестинци се убиени, а 118.752 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година. ...
Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважи жалбата на осомничениот А.Ј од Скопје, информираат од Судот. Решението на Основниот кривичен суд Скопје, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема осомничениот А.Ј. од С. со прифаќање гаранција во износ од 986.540,00 евра, во денарска ...
Прерано загинатиот македонски пејач Андреј Ѓорѓиески кој беше дел од музичката група ДНК; доби свој мурал во скопската населба аеродром. На муралот, покрај сликата на Андреј, се запишани и стихови од хитот на ДНК, темата со наслов „Круг“. Андреја Ѓорѓиески загина во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани откако наместо да излезе спасувал деца од публиката. Од бендот ДНК загинаа уште неколку членови, а еден од пејачите, Панчо, се уште е на ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамките на 10-тиот Годишен форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), денеска во Грција, учествуваше на Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет и на Панелот на министри за ЕУ фондови, каде имаше свое обраќање. На Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет, министерот Муртезани ја истакна важноста од засилување на регионалната соработка во услови на сè ...
Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 0,1 процент во однос на претходниот месец, а за 4,4 проценти споредено со април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Анализирано по групи, цените во угостителството, во април 2025 година во однос на март 2025 година се зголемени за 0,2 проценти кај Храна, за 0,1 процент кај Алкохолни пијалаци и за 0,1 процент кај Безалкохолни пијалаци. Во групата Ноќевања не е ...
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска информира дека повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени, а нашата земја е единствена во регионот што има пристап до овие средства. Меџити ја повика домашната академска заедница, локалните самоуправи, научните и образовни институции, приватниот сектор и здруженијата на граѓани, да ја искористат оваа прилика и да аплицираат ...
Холивуд е во неверување по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини од 100 проценти на филмови снимени надвор од САД, што експертите и вработените во американската аудиовизуелна индустрија го сметаат за бесмислено и несоодветно. – Ова нема никаква смисла, изјави за АФП адвокатот специјализиран за забавната индустрија, Џонатан Хандел, и потсетува дека многу американски филмови, од Џејмс Бонд до „Невозможна мисија“, ...
Прес-конференција на Лолита Рисотва од СДСМ: Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за замрзнати маржи. Храната и производите кои и со замрзнатите маржи не беа достапни за граѓаните – денес се уште поскапи. Маслото за јадење е покачено од 89 на 92 денари, млекото над 72 денари, покачени се цените на јајцата, месото, сирењето, соковите. Средствата за хигиена ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли загриженоста дека фотографијата за него како следен папа, генерирана од вештачка интелигенција, е навредлива за католиците. Контроверзната фотографија беше објавена на профилот на Трамп на социјалната мрежа Трут сошл во петокот. Не е познато дали ја објавил тој или некој од неговите соработници. Фотографијата предизвика поделени реакции. Поранешниот италијански премиер Матео Ренци рече дека тоа е ...
Кардиналите кои учествуваат на конклавата што почнува утре, 7 мај, според правилата, не треба да водат „предизборна кампања“, но неколку групи кардинали беа видени на вечери и собири, пренесува италијанскиот весник „Ла Република“. Правилата наведуваат дека кардиналите мора да се воздржат од каква било форма на преговори, договор или ветување, но правилата не ја спречуваат „размената на идеи за избори“. „Ла Република“ пишува дека африканските ...
Десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за следен канцелар на земјата во првиот круг гласање во парламентот. Ко-лидерката на АфД, Алис Вајдел, рече дека резултатот, според кој на Мерц му недостигаа шест гласа од потребното апсолутно мнозинство, ја покажал „слабата основа“ врз која е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со Социјалдемократите. Мерц ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во време на власт и во време на опозиција секојдневно со скандали за криминал, дрога, корупција. Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци. Партиските функционери на СДС блиски до Заев и Филипче повторно во скандал со користење на дрога. Што има заедничко Филипче со уживатели на дрга и криминалци и зошто постојано настојуваат да се опкружени со нив и на приватни настани и ...
Анкета по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа покажува дека многу Американци и Западноевропејци веруваат дека Трета светска војна е веројатна во следните пет до десет години, а тензиите со Русија се сметаат за најверојатна причина. Според резултатите од анкетата на ЈуГов (YouGov) спроведена во пет европски земји: Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија, помеѓу 41 и 55 проценти од испитаниците веруваат дека ...
Израелскиот министер за наследство Амихај Елијаху изјави дека палестинските цивили во Појасот Газа треба да бидат изгладнети до смрт, јави Анадолија. Во разговор за телевизијата Канал 7 во Израел Елијаху рекол дека е потребно бомбардирање на складиштата за гориво и храна во Појасот Газа. Според него, треба да продолжи ембаргото за хуманитарна помош за Газа, а доколку влезе хуманитарна помош, „таа ќе им наштети на израелските заробеници и војници ...
Фридрих Мерц денеска не беше избран за следен канцелар на Германија во првиот круг гласање во парламентот, бидејќи не освои апсолутно мнозинство. Конзервативниот лидер доби 310 гласа во 630-члениот Бундестаг, шест помалку од потребното мнозинство. Како што јави ДПА, шокантниот резултат е голема непријатност за Мерц, чија идна коалиција – составена од Христијанските демократи (ЦДУ), баварската Христијанска социјална унија (ЦСУ) и ...