
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Метео анализа на Славчо Попоски: Полека територијата на нашата Македонија, особено од утре вечер (петок кон сабота / 9 кон 10 мај) ќе навлегува во ладен период со потпросечно ниски температури на воздухот за мај. Ќе има нови врнежи од дожд, особено утре навечер и ноќта кон сабота (9 кон 10 мај). Врнежите повремено ќе бидат пообилни и локално ќе наврне позначително количество на дожд (над 20 литри). Сето ова ќе биде проследено со умерен, ...
Денес, Занаетчиската комора на Република Северна Македонија во обновените простории на месната заедница во општина Гази Баба ќе го претстави тренинг центарот, посветен на обука на занаетчиите. Според информациите од ЗКРСМ, тренинг центарот претставува стартна точка за зајакнување на занаетчискиот сектор, место каде што ќе се изведува практична обука наменета за млади луѓе и жени од локалната заедница. На церемонијата ќе има обраќања од ...
Во Варшава денеска ќе се одржи неформален состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ и на државите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата, на кој ќе присуствува и македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На средбата, што ќе се одржи во форма на работен ручек во рамки на неформалното заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАЦ), министрите ќе разговараат за ...
Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по локално време кога млад човек вооружен со секира нападнал луѓе на кампусот. Портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител изјави дека еден административен службеник на универзитетот бил убиен на местото на настанот. Обезбедувачот бил префрлен во болница во критична состојба. Варшавската полиција потврди дека ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ...
Арената „Тоше Проески“ во Скопје се најде на листата на топ 10 најдобри стадиони на Балканот, благодарение на својата модерна архитектура, капацитет и амбиентот кој го создаваат навивачите на домашните и меѓународните натпревари. Во оваа ексклузивна листа се најдоа и стадиони од Хрватска, Србија, Бугарија, Грција и други земји од регионот, но македонската национална арена успеа да се издвои поради својата функционалност, меѓународна репутација и ...
Голем број луѓе денеска со нетрпение го следеа оџакот на Систинската капела, чекајќи го белиот чад што ќе го одбележи изборот на нов папа. Сепак, вниманието на јавноста за момент не го украде чадот, туку галеб кој слета на местото во кое беа вперени сите погледи на светот. Птицата која се насели на покривот на Систинската капела стана главна атракција на социјалните мрежи, а корисниците веднаш ја претворија во ѕвезда на бројните мемиња. ...
Украина претстави еден од своите најнови и најмоќни ударни беспилотни летала, UAC FP-1, кој може да лета до 1.600 километри и да носи боева глава тешка дури 113 килограми. Ова го прави значително помоќен од претходниот модел PD-1, произведен пред неколку години, кој има домет до 1.000 километри и кој веројатно носи многу полесен товар, пишува Форбс. Компанијата UAC, заеднички украинско-чешки проект, вложи многу напор за подобрување на деталите ...
Од оџакот на Сикстинската капела вечерва излезе црн чад, што значи дека по првиот круг на гласање на конклавата не е избран нов Папа. Гласањето за наследник на папата Франциск продолжува утре и така ќе биде сè додека еден од кандидатите не добие двотретинско мнозинство за поглавар на Римокатоличката црква. Сто и 33 кардинали попладнево положија заклетва и затворија во Сикстинската капела, без комуникација со надворешниот свет до изборот на ...
Првата линија на „Градски воз” од Зелениково, преку Драчево, Аеродорм и Кисела Вода па се до железничка станица Скопје, очекувам да биде во функција до крај на годината. Се работи за голема инвестиција од педесетина милиони евра вкупно за трите градски линии. Но имаме сериозна агенда и брзо ќе ја реализираме, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во интервјуто за ТВ Сител. “Она што го зборувавме за проектот ...
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофални резултати, имаат катастрофален начин на владеење. Имаме Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ којашто работи спротивно на државните и на националните интереси и не прави ништо добро за државата, изјави Филипче на денешната средба со општинската организација на СДСМ во Неготино. Филипче на средбата посочи дека евидентен е пад на поддршката за владејачката партија. „Нашите анкети покажуваат дека во ...
Министерот за здравство и лидер на крилото на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на новинарско прашање околу можноста за предвремени избори рече дека како партија не се заинтересирани тие да бидат наесен, но, ќе се подготват ако бидат распишани. – Дали ќе се оди на парламентарни избори тоа ексклузивно зависи од ВМРО-ДПМНЕ. Ако тие одлучат така, тогаш мора да се оди. Начелно сметам дека прво треба да има локални, па идната година да се оди со ...
Во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма, Беким Сали од “Вреди” рече “Директно го прашавме господинот Таравари дали има комуникација со господинот Ахмети на што тој потврдно ни одговори”. „Јавноста беше шокирана од канали на комуникација кои што постоеле меѓу Таравари и Ахмети, а сето тоа било скришум, односно на перфиден начин изведено, за другите коалициони партнери од „Вреди“ да не знаат од оригиналниот извор, од господинот Таравари, ...
Не знам како е тоа пласирано во јавноста, но делот дека толку ќе се задолжи државата е погрешно пренесен, рече вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во врска со информацијата дека Владата планира да земе шест милијарди евра кредит од европска држава. Во гостување на ТВ Сител, Николоски потенцира дека за кредитот работите треба појасно да се прикажат. Државата, рече, работи на голем инвестициски циклус што треба да ...
Долината на смртта во Калифорнија, позната како најжешкото место на светот, се издвојува по екстремно високите температури и специфичните географски карактеристики. Сместена во источна Калифорнија, во близина на границата со Невада, Долината на смртта е дел од Националниот парк „Долината на смртта“, кој опфаќа приближно 13.500 квадратни километри сушен и негостопримлив пејзаж. Овде, на 10 јули 1913 година, беше забележана највисоката официјално ...
Стоковата размена со странство во првиот квартал годинава изнесува 4 701 140 евра. Извозот на стоки од државава е во вредност од 1 928.6 милиони евра, за 0.04 проценти помалку во однос на истиот период од претходната година, а вредноста на увезената стока 2 772.6 милиони евра за 1,28 проценти повеќе споредено со периодот јануари-март лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Варшава, Полска, ќе учествува на неформален работен ручек во т.н. GYMNICH формат – состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство. Учеството на министерот Муцунски се остварува на покана од министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски, во рамки на ...
Сто триесет и три кардинални електори влегоа во Систинската капела и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе го почнат тајниот избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква. Од овој момент кардиналите повеќе не смеат да имаат никаква комуникација со надворешниот свет додека не изберат нов папа. Попладнево ќе има само еден круг гласање, но доколку не се донесе одлука, кардиналите ќе гласаат до четири пати на ден во ...
Рускиот дрон „Шахед“ од иранско производство, кој чини околу 80.000 евра, според првичните проценки и мислењето на меѓународните инженерски експерти, предизвика штета во вредност од десетици милиони евра во областа на украинската нуклеарна централа Чернобил. Се очекува трошоците за целосна реставрација да ги сносат западноевропските влади, бидејќи се проценува дека целата поправка ќе ги надмине 25-те милиони евра достапни во специјалниот ...
СДСМ во соопштение вели дека ЗНАМ го признале историски корупциски скандал во кој е вмешан лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Партијата обвинува дека зад сомнителна купопродажба на земјиште се крие незаконска заработка од 350.000 евра. „Фатени во корупција, ЗНАМ и Максим негираат со очајна реакција полна со лаги и празни обвинувања. Но, наместо да одговорат на јасно поставените прашања, се кријат зад флоскули. Сѐ што требаше да кажат е: како ...
Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ ѝ даде совет на Македонија да биде себична колку што може на патот кон Европската унија (ЕУ), односно да не дозволи да биде жртва на уцени и изнуди кога е во прашање членството во ЕУ, при што нагласи дека не мисли директно на Бугарија. Милановиќ, кој престојуваше во службена посета на земјава, не смета дека сите совети што ги добива Македонија од Брисел, соседите и меѓународната заедница се паметни и ...
Индија се огласи во врска со тврдењата на Пакистан дека во текот на ноќта биле соборени пет индиски борбени авиони, нарекувајќи го извештајот „дезинформација“. Индиската амбасада во Кина објави изјава на социјалните мрежи како одговор на написот на кинескиот државен медиум „Глобал тајмс“, во кој се тврдеше дека пакистанското воено воздухопловство соборило индиски авиони како одмазда за ракетните напади. „Драги @globaltimesnews, ви препорачуваме ...
СДСМ е во паника. Ова не е политика, ова е дефокус од вашите корупциски афери. Нема ништо скриено, се е јавно, нема ништо незаконско, се може да се провери. Куманово е пример дека може поинаку. Ние ќе продолжиме да работиме чесно и одговорно, рече попладнево портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов по повод обвинувањата на СДСМ дека лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски е поврзан со „најголемиот урбанистички корупциски скандал во Куманово“. Мемов на ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе одлука со која во целост го одобрува обвинителниот акт за случајот „Адитив“, еден од најобемните процеси во последните години поврзани со организиран криминал и злоупотреба на јавни набавки. Со ова решение, судот оформил кривично-правен предмет кој преку автоматизираниот систем за управување со предмети (АКМИС) ќе биде распределен на судија за понатамошно постапување Во официјалното соопштение на ...
Денеска (07.05.2024) во Центарот за обука на МВР во Идризово се одржа централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која присуствуваа претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев, раководството на министерството, министри и членови на дипломатскиот кор. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски го ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека во најкраток рок ќе биде надминат проблемот на студентите на кои овој месец им било прекинато правото на субвенциониран студентски оброк зашто примаат семејна пензија поради починат родител. По реакции од студенти, Јаневска изјави дека ја добила информацијата и оти се работи за 181 студент кои „по овој основ овој месец не добиле студентски оброк“. Министерката вели дека проблемот ...
Македонија се крена на нозе за неправдата која и се слулува на Невена Спасеска, мајка од Скопје, на која по разводот со нејзиниот сопруг од Охрид, Основниот суд во Охрид, а потоа и Апелациониот суд во Битола и пресудија четиригодишното дете да и биде одземено и да му припадне на таткото – без валидна правна и човечка основа, вели таа. „Целиот процес беше како инквизиција. Поминав низ институционално насилство. Пресудите се базираа на апсурди – ...
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во моментов во Тетово е на средба со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Во изјава за Алсат, Села истакнува дека станува збор за тековна средба меѓу тесното раководство на АА и ДУИ. – Тоа е редовен состанок на Фронтот, тесното раководство на АА со раководството на ДУИ и ќе дискутираме за политичката ситуација, рече Села. Прашан дали лидерот на едното крило на ...
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во просториите на Министерството на 54 здруженија додели договори во вкупен износ од 10.094.050 денари за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Македонија за организирање на локални манифестации и саеми. „Нашата цел како Министерство е да ги поттикнеме здруженијата да организираат повеќе локални манифестации, саеми, фестивали ...
Стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работен ручек со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој е во официјална посета на Македонија. Како што се посочува Мицкоски во објава на Фејсбук, со хрватскиот претседател разговарале за можностите за продлабочување на соработката, како и за важноста на заедничките напори во справувањето ...