До 18 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, а пет се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Василево и Прилеп, каде гори ниска вегетација. Во Василево пожарот е на територија на село Нова Маала, додека во Прилеп зафатено е подрачјето на местото викано „Маркова Чешма“. Од ЦУК соопштуваат дека депонија горела во село ...

Поетската книга„Патешествие низ времиња“ од Ибраим Џемаил – Скарабеус е добитник на наградата „Стојан Христов“ за 2026 година, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и Агенцијата за иселеништво. Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Иван Шопов – претседател и Славе Ѓорѓо Димоски и Никола Ѓелинчески членови, по разгледување на пристигнатите седум поетски збирки од македонски иселеници. „Патешествие низ времиња е збирка што се ...

Властите на Крим и на градот Севастопол денеска донесоа одлука за прогласување регионална вонредна состојба со цел побрзо решавање на насобраните економски проблеми – соопшти гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, пренесува агенцијата ТАСС. „Заедно со гувернерот на Севастопол, Михаил Владимирович Развожаев, донесена е одлука за потпишување указ за прогласување регионална вонредна состојба во Република Крим и во градот Севастопол. Оваа одлука е ...

Авион со големина приближно на автомобил се урна во највисоката зграда во Пекинг, облакодерот CITIC Tower, по што полицијата ги блокираше пристапите до зградата и им забрани на минувачите да го снимаат местото на инцидентот, изјавија очевидци. Облакодерот CITIC Tower, познат и како China Zun, има 108 ката и се наоѓа во централната, деловна област на Пекинг, пренесуваат британските медиуми. Во него се наоѓа седиштето на државниот конгломерат ...

Во интерес на вистината и со цел правилно информирање на јавноста, најостро реагираме и ги отфрламе како неточни и тенденциозни наводи објавени во денешното соопштение на СКРМ. Најпрво, неточно е тврдењето дека Министерството повеќе од една година не седнало на преговарачка маса со претставниците на синдикатите. Потсетуваме дека пред точно една година со решение инициравме формирање работна група во која беа вклучени претставниции од двата ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во собраниската расправа за измените на законите за основно образование оцени дека Владата наместо вистинска образовна реформа спроведува нетранспарентен процес кој создава страв, неизвесност и сериозни последици за наставниците, учениците и руралните средини кои ќе значат отпуштања од работа. „Во вашата програма 1198 стоеше дека идната влада на ВМРО ќе креира национална образовна стратегија донесена со ...

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, денеска ја призна вината за незаконско задржување доверливи информации и се согласи да плати казна од 2,25 милиони долари, како и да одработи 100 часа општествено корисна работа, пренесува телевизиската мрежа Си-Би-Ес. Болтон, кој беше советник на Трамп за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, ја призна вината по една точка од ...

По информации добиени од јавноста, информираме денеска, Државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, излезе на терен и направи вонреден контролен инспекциски надзор над објект на КП -15972, КО Охрид 3, во Старото градско јадро во Охрид. При инспекцискиот надзор утвредено е дека и покрај претходно донесеното решение од страна на ДИГУ за отстранување на објектот, по истото не е постапено. Согласно наодот на Државниот ...

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на собраниската расправа за измените на законите за образование предупреди дека зад најавената „оптимизација” на министерката Весна Јаневска не се крие подобро образование, туку политика што ќе значи отпуштања на наставници, централизација на одлучувањето и дополнително празнење на руралните средини. „Министерката постојано зборува за оптимизација и дека токму таа оптимизација ќе го подобри квалитетот ...

Одлуката за воведување ограничувања за движење во шумите не значи целосна забрана за граѓаните да влегуваат во шумски предели, туку воведување задолжителна евиденција преку издавање дозволи, појасни директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, мерката има исклучиво превентивен карактер и е насочена кон намалување на ризикот од појава и ширење на шумски пожари во периодот кога високите температури и сувото ...

Околу 20 осудени лица, кои според наодите не боледуваат од психичко заболување, туку се здрави и пресметливи, биле затекнати во Форензичкото одделение на Психијатриската болница „Демир Хисар“ при контрола спроведена во декември 2025 година од Тимот на Националниот превентивен механизам при Народниот правобранител. Заменичката народен правобранител Соња Трифуновска денеска информираше дека постојат сериозни сомнежи оти дел од овие лица, преку ...

Со едногласна заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител, на македонскиот државјанин, кој ја уби 45-годишната жена на Крит и го призна убиството, денеска му беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина. Убиството беше извршено на денот кога исчезна жената, на 30 мај годинава, но беше расветлено минатата недела, кога 43-годишниот македонски државјанин, потстанар во нејзината куќа, беше главниот осомничен со ...

Либанското движење Хезболах денеска ги отфрли тековните преговори меѓу Либан и Израел што со посредство на САД се водат во Вашингтон, истакнувајќи дека Израел мора безусловно да се повлече од либанската територија. – Израел мора да си замине без услови и нема да помине ниту една обврска што го нарушува суверенитетот на Либан. Никој нема право да потпише такво нешто – изјави генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, во телевизиско ...

Со шесте натпревари што се играат вечерва и по полноќ ќе биде позната разврската во уште три групи од првата фаза, кои репрезентации (две од група) ќе продолжта во нок аут фазата, а кои три (третопласирани) ќе чекаат завршување на првата фаза. Во групата И двете првопласирани репрезентации се познати, а тоа се Франција и Норвешка, кои во меѓусебниот дуел ќе решат за првото место во групата. Во вториот дуел играат Сенегал и Ирак, а победникот ...

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа го прогласи денешниот ден за национален празник откако фудбалската репрезентација на оваа јужноамериканска држава ја победи Германија со 2-1 во четвртокот и се пласираше во нокаут фазата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. „Благодарност до играчите и селекторот, кои, и покрај критиките, навредите и тешките моменти, успеаја да се опорават и да се пласираат понатаму. Ова донесе радост за ...

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование. Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема да се намали квалитетот на наставата. Според Сања Лукаревска од СДСМ, со реформата ќе се ...

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) соопшти дека поднел претставка до Меѓународната организација на трудот (МОТ), откако, како што наведува, биле исцрпени сите механизми за мирно решавање на спорот околу Колективниот договор за култура. „Денес со жалење објавуваме дека СКРМ поведе постапка пред Меѓународната организација на трудот (МОТ). Претставката е поднесена откако сите механизми и инструменти за мирно решавање беа ...

Во рамки на учеството на Дубровник форумот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тоне Кајзер, прва по неговото назначување на оваа функција. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји. Соговорниците се согласија дека во периодот што следи ќе се работи на ...

Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) денеска упати итен апел за обезбедување помош за Венецуела по двата силни земјотреси што во средата погодија делови од земјата. Со апелот се бараат 50 милиони швајцарски франци (околу 61,8 милиони американски долари) за помош на 300.000 луѓе, при што првичните активности ќе бидат насочени кон најтешко погодените подрачја Ла Гваира и Голем Каракас. Според ...

Ракометарите на македонскиот првак Вардар по неколку сезони повторно ќе бидат дел од најквалитетното натпреварување Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се сместени во четвртиот „шешир“ заедно со екипите на Архус, Цеље, Партизан, Криенс и Кристијанштад. Тоа значи дека ниту една од овие екипи не може да им биде ривал во групната фаза. Според новиот формат 24-те екипи ќе бидат поделени во шест групи по четири екипи. Во првиот „шешир“ се ...

Собранието денеска во рамки на 108. седница ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба. Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи според нив двете законски решенија не се реформски и со нив само декларативно се следат целите од Реформската агенда. Пратениците од владеачкото мнозинство, пак посочија дека законските решенија, се донесени низ демократска процедура и во нив се инкорпорирани и двете крупни барања ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми” и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од ...

Денеска (26.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, организиран во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје”, што се одржа во Кампот за обука во Лазарополе. Во своето обраќање, министерот ...

На 25.06.2026 полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.И.(51), Ф.И.(25), Б.И.(21), Ш.И.(38) и Ш.И.(42), сите од Тетово, членови на две семејства кои живеат во иста куќа, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Имено, според пријавеното, околу 21:30 часот настанала вербална, а потоа и физичка пресметка помеѓу нив, при што Ш.И.(42) со метален предмет ги нападнал роднините Ф.И., Б.И. и А.И. и им ...

Два активни и еден изгаснат пожар се регистрирани на територија на државава до 14 часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во населбата Свети Недела во општина Штип и во селото Матејче во општина Липково каде гори ниска вегетација. Според ЦУК, изгаснат е пожарот на депонијата во селото Банско во општина Струмица. Два активни и еден изгаснат пожар се регистрирани на територија на државава до 14 часот, соопшти ...

Во Штип започна одржувањето на најголемиот опен-ер музички фестивал во Македонија – Д ФЕСТИВАЛ! Со тридневна програма која деноноќно ќе се одржува од 26 до 28 јуни, градот Штип е домаќин на илјадници посетители од земјава и регионот, како и стотици артисти кои ќе приредат над 80 музички концерти на 5 сцени. Годинава во полн сјај се враќаат фестивалскиот камп и неверојатното шаренило од дополнителните културно-уметнички, спортски и забавни ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) не даде поддршка на предложениот Закон за високата раководна служба, затоа што наместо вистинска реформа, тој нуди само привидна професионализација, велат од партијата. Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, смета дека со негласањето на овој, закон Владата ја пропушти можноста да покаже дека навистина државата е пред партијата, а професионалноста пред политичката определба. ...

Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово, една од најголемите и најсовремени инвестиции од ваков тип во земјата и регионот, во вредност од 115 милиони евра. За време на посетата, амбасадорката се запозна со капацитетите на објектот, одржливите стандарди и практики применети во неговата изградба, како и со софистицираните логистички процеси и ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување, односно без потпишан договор овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината, на катастарска парцела во селото ...

Бугарската стратегија сè повеќе се префрла од билатералниот спор кон европските институции кога е во прашање евроинтегративниот пат на земјава. Тоа е јавното мислење на политиколозите кои ги следат анализи и јавни настапи на бугарските политичари. Тие оценуваат дека, во Бугарија гласно се нагласува потребата Софија максимално да ги користи механизмите во Европската Унија за да спречи отворање на веќе договорените прашања. Посебно внимание се ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
0.0
100%
1027
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
69%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1031
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -2ᴼ
2.57
93%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Бакар

12.58