
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Многу труд се вложи за подобрување на WhatsApp статусите во изминатите неколку месеци. Во последниот обид да се подобри оваа функција, апликацијата сега го подобрува начинот на рангирање на статусите. Според WABetaInfo, ажурирањата на статусот наскоро ќе биде подредена врз основа на популарноста и важноста на контактите. Поточно, поголема е веројатноста да видите нови Статуси од луѓе со кои разговарате често и неодамна, оние кои се онлајн и ...
Ретка конзола Xbox донирана во добротворна организација може да собере илјадници фунти на аукција. Станува збор за зелен уред за игри, направен за да го одбележи филмот Hulk од 2003 година, а она што го прави скапоцен е тоа што има само 36 примероци. Уредот е „великодушно дониран“ на добротворната организација „British Heart“ во Оксфорд, а се очекува да достигне цена од околу 9.000 фунти на хуманитарната аукција. Конзолата е во добра состојба и ...
Американската министерка за финансии Џенет Јелен ги предупредува банкарите и технолошките директори дека употребата на вештачката интелигенција (AI) во областа на финансиите, покрај неспорните придобивки, носи и значителни ризици. Според „Си-ен-ен“, кој имал пристап до овие белешки, Јелен истакнува дека инвеститорите веќе користат вештачка интелигенција за управување со портфолиото и како алатка за да помогнат во предвидувањето на идните движења ...
ЈК Травел и СОС Детско село, потпишаа договор за продолжување на кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира на СОС Детско Село“. И оваа година, ЈК Травел, како општествено одговорна компанија, и лидер на пазарот во туризмот, се обврза да донира средства за СОС Детско Село, со секој уплатен аранжман, а воедно со тоа да даде и директна поддршка на сите деца и згрижувачки семејства од оваа институција. „Благодарност до нашиот партнер ЈК Травел што ...
X на Илон Маск, поранешен „Twitter“, ја ажурираше својата политика за да дозволи, како што ја нарекува, „консензуално произведена и дистрибуирана“ содржина за возрасни на платформата, потег што предизвика критики на социјалните мрежи дека ќе му наштети на корисничкото искуство, пишуваат американските медиуми. На X платформата стои „ние веруваме дека корисниците треба да можат да создаваат, дистрибуираат и консумираат материјал поврзан со ...
Кинеската лунарна сонда Chang’e-6 успешно полета од површината на Месечината и собра примероци за кои научниците очекуваат дека ќе помогнат да се одговори на клучните прашања за раната еволуција на Сончевиот систем, соопшти кинеската вселенска агенција. Тоа е нова фаза во амбициозната вселенска програма на Кина, која сака да испрати човечки екипаж на Месечината до 2030 година. Сондата Chang’e-6, именувана по митската кинеска божица на ...
Google ги советува корисниците да пушат за време на бременоста, да готват со лепак и да јадат камења. Имено, некогаш најдоверливата алатка за пребарување неодамна претрпе значителна промена, ставајќи го „AI Overview“, односно одговорите базирани на вештачка интелигенција, над другите резултати од пребарувањето за многу прашања. Иако ова не е добро за издавачите кои заработуваат од луѓето што кликнуваат на нивните сајтови, тоа е уште полоша вест ...
Не само што доаѓа филм за Minecraft следната година, туку сега е објавено дека се планира и анимирана серија базирана на видео играта. Minecraft беше објавен пред 15 години, а стриминг сервисот реши да направи анимирана серија која ќе биде адаптација на оваа ултра популарна игра. „Ова ќе биде оригинална приказна со нови ликови и ќе го прикаже светот на Minecraft во ново светло“, соопшти Нетфликс. Не се објавени повеќе детали, а познато е и дека ...
Шпанија и забрани на Мета да воведува функции фокусирани на избори, на Фејсбук и Инстаграм. Агенцијата за заштита на податоци AEPD ги искористи овластувањата за итни случаи според Општата регулатива за заштита на податоците на Европската унија (GDPR) за да ги забрани овие карактеристики на три месеци како мерка на претпазливост. Мета планираше да ги спроведе овие алатки пред изборите за Европскиот парламент. Компанијата изјави за TechCrunch дека ...
Инстаграм ја проширува функцијата Limits, особено за тинејџерите кои сакаат да ги намалат несаканите интеракции со други луѓе. Кога ќе ја вклучат функцијата, тинејџерите ќе можат да гледаат само коментари, пораки, одговори на приказни, ознаки и спомнувања од групата Close Friends, а интеракциите од другите сметки ќе бидат исклучени, известува Tech Crunch. Сметките што не се дел од „Close Friends“ сè уште можат да комуницираат со нив, но нивната ...
Јутјуберот Маркез Браунли ја посети лабораторијата на компанијата Apple, а во таа прилика виде како се тестира издржливоста на телефонот. Тој објави видеа на социјалните мрежи на кои се прикажани ригорозните тестови на кои мора да помине секој iPhone. Прво, треба да се заработи IP сертификатот, односно да се оцени отпорноста на вода и прашина, што вклучува неколку симулации на прскање и на крајот потопување во резервоар полн со вода. I recently ...
Star Citizen, контроверзната MMO симулација на вселенско возење, престрелка и трговија, беше најавена уште во 2012 година. Но, не само што е сè уште во Alpha фаза, туку според најавите, треба да остане таму уште некое време, бидејќи Alpha 4.0 сепак треба да го видиме во третиот квартал од оваа година. Ова, сепак, не ја спречува да собере пари – според инвеститорот, Cloud Imperium Games, Star Citizen досега има собрано нешто повеќе од 700 ...
Со спектакуларен настап на една од најголемите музички ѕвезди Џибони и исклучителните Влатко Стефановски трио, Fashion Group го прослави 20 годишниот јубилеј. Во неверојатниот амбиент на винаријата Камник, најпознатата македонска retail компанија прославуваше за изминатите години успех, посветеност, тимска работа и неверојатните клиенти без кои немаше да биде она што е денеска. Настанот дополнително го збогатија перформансите на уметникот ...
Јапонците планираат да испратат робот во нуклеарната централа во Фукушима, а негова задача ќе биде да земе примерок од нуклеарно гориво. Станува збор за робот со далечинско управување, а целата операција е планирана за октомври – досега се направени тестови и собрани се околу три грама примерок. Ова беше само тест, а во мисијата што го чека наесен, роботот мора да влезе во озрачениот реактор, да го извади нуклеарниот материјал и да го врати ...
Проблемите со драјверите може да бидат сериозна кочница за работата на оперативниот систем Windows, што влијае на неговата стабилност. Затоа е важно да знаете како да управувате со драјверите, односно да видите дали се е во ред со нив. Има многу начини да се идентификуваат и поправат проблематичните драјвери на Windows, но Microsoft смета дека „verifiergui.exe“ треба да се отстрани од сите идни системи на нивниот оперативен систем. Најавено е ...
Ако случајно избришете важна порака од апликацијата iMessage на вашиот iPhone, не грижете се, постои начин да ја вратите назад. Пред да пристигне iOS 16, моравте да користите резервна копија за да ја вратите оваа порака. За среќа, ова веќе не е случај, а тоа можете да го направите директно од апликацијата – иако има „финта“. Сите ваши избришани пораки може да се најдат во апликацијата iMessage. Доволно е да ја отворите самата апликација, потоа ...
Илјадници корисници пријавија проблем со услугите на Google. На веб-страницата DownDetector, околу 14:30 часот, илјадници луѓе пријавиле дека имаат проблеми со пребарувањата на Google и читањето вести преку оваа платформа. Услугите на Google не функционираа за корисниците ширум светот – во Австралија, САД и Европа. Како што е напишано на DownDetector, 63% од корисниците пријавиле проблеми со страницата Google News, 33% со опцијата Search и мал ...
Јужна Кореја планира да слета на Марс до 2045 година, а дотогаш за оваа намена ќе потроши околу 67 милијарди евра, најави претседателот Јун Сук Јеол по повод лансирањето на првата вселенска агенција на оваа азиска земја. Агенцијата КАСА ќе ја води „вселенската економија“ на земјата, а стотици компании ќе работат на „катапултот“ на Јужна Кореја меѓу светските лидери во вселенските патувања, тврди Јун. „КАСА ќе воведе нова вселенска ера со ...
Компанијата xAI на Илон Маск ќе добие 6 милијарди долари (5,5 милијарди евра) од инвеститори за финансирање на развојот на производи за вештачка интелигенција (АИ), објави компанијата. Новите средства ќе бидат искористени за да се донесат првите производи на компанијата на пазарот, да се изгради инфраструктура и да се забрза истражувањето на идните технологии. „xAI ќе продолжи со оваа стрмна траекторија на напредок во наредните месеци, со бројни ...
Северна Кореја вчера се обиде да лансира нов воен извидувачки сателит, но обидот не успеа, а потегот беше осуден од Јужна Кореја, Јапонија и САД. Јужна Кореја објави снимка за која нејзината војска тврди дека го покажува неуспешниот обид за лансирање. Едноминутно црно-бело видео објавено од воениот штаб на Јужна Кореја покажува нешто што изгледа како експлозија на небото проследено со блесоци на светлина. Видеото е снимено со уред за надзор на ...
Изгледа како нешто од филм, но ова е најновата адаптација на роботиката за модерното бојно поле. За време на неодамнешните воени вежби со Камбоџа, кинеската војска покажа куче-робот со автоматска пушка на грбот. „Може да послужи како нов член во нашите урбани борбени операции, заменувајќи ги нашите човечки членови за да вршат извидување и да го идентификуваат непријателот и да ја ангажираат целта“, рече војник идентификуван како Чен Веи во ...
„На вештачката интелигенција ќе и требаат најмалку 10 години за да ја надмине човечката интелигенција“. Ова го изјави извршниот директор на кинеската технолошка компанија Baidu Робин Ли на конференцијата Vivateh во Париз. „За вештачка општа интелигенција (AGI) која би била попаметна од човекот, ќе бидат потребни уште многу години. Многу луѓе велат дека тоа е можно за две или пет години, верувам дека е можно само за повеќе од 10 години“, рече Ли. ...
YouTube повторно одлучи да го тестира редизајнот на својата апликација, нудејќи изглед кој во минатото предизвикуваше големи контроверзии. Редизајнираниот интерфејс на YouTube ги преместува насловот на видеото, описот и коментарите на страничната лента. Ова отвора огромна количина на слободен простор под видеото за препорачаната содржина, директно под видеото што се репродуцира. Овој потег предизвика огромно јавно негодување кога за прв пат беше ...
Кога станува збор за уреди со екрани што се виткаат, Apple не брза. Иако имаат планови околу овој тип на уреди, нивното претставување не треба да се очекува неколку години, а дури и кога ќе се појават, прашање е за кој уред ќе се работи. Претходно се споменуваше дека Apple планира iPad или дури и Mac со флексибилен екран, но допрва ќе се види какви се нивните планови, бидејќи, се разбира, нема официјални информации. Сепак, неодамна се појавија ...
Едноставна лозинка од осум знаци може да се пробие за само 37 секунди, додека за лозинка од 16 знаци потребни се повеќе од сто години. Ажурирањето на вашата лозинка за да биде подолга и да содржи мешавина од букви, бројки и симболи може да го направи животот на хакерот доста комплициран, пишува Hive Systems. Компанијата ја објави својата табела со лозинки за 2024 година и покажува колку време е потребно за да се пробијат користејќи го најдобриот ...
Google покажа како функционира нивната нова функција за пребарување со вештачка интелигенција (AI) и тие навистина не ја воодушевија јавноста бидејќи имаше неколку гафови. Нивната експериментална алатка „AI Overviews“ им кажа на некои корисници кои прашуваа како подобро да го залепат сирењето на храната дека најдобро е да користат „нетоксичен лепак“. Одговорите на пребарувачот генерирани со вештачка интелигенција, исто така, велат дека ...
Apple потпиша договор со OpenAI за интегрирање на ChatGPT во iOS 18. Компанијата наводно преговарала и со Google и со OpenAI за интегрирање на chatbot во iOS 18, но на крајот постигнала договор со OpenAI. Оваа информација доаѓа од неделниот билтен PowerOn на Марк Гурман на Bloomberg. Ова партнерство се очекува да биде дел од најавите на годишната светска конференција за програмери на Apple (WWDC), која ќе се одржи од 10 до 14 јуни оваа година. ...
Google објави дека планира да изгради оптички кабел кој ќе оди од Африка до Австралија. Овој кабел ќе се вика Умоја (свахили збор за „единство“) и ќе започнува во Кенија, ќе поминува низ Уганда, Руанда, Демократска Република Конго, Замбија, Зимбабве и Јужна Африка, па сè до Индискиот Океан. Google вели дека проектот е дизајниран да ја „зголеми дигиталната поврзаност, да го забрза економскиот раст и да ја продлабочи отпорноста низ Африка“. Покрај ...
Шведскиот конгломерат Embracer Group брзо стана омразен во индустријата за видео игри. Во претходните години, тие купија куп франшизи и студија, објавија многу просечни игри, а потоа продолжија со затворање на тимовите што ги презедоа. Saints Row, BioMutant, Evil Dead: The Game, South Park: Snow Day и Alone in the Dark се само неколку од игрите што издавачите на Embracer ги објавија со просечни до разочарувачки резултати. Имаше и успешни, како ...
За паметниот прстен на Samsung, Galaxy Ring, се зборуваше откако беше најавен, а последната во низата информации се однесува на цената на овој уред. Како што објави на Твитер Јогеш Брар, кој често објавува инсајдерски информации од светот на технологијата, Samsung Galaxy Ring ќе чини помеѓу 300 и 350 долари во САД. Брар рече дека ова е „прилично скапо парче технологија“, а претходно се шпекулираше дека цената може да биде пониска од неговиот ...