Со концертниот настап на македонскиот гитарист Мухамед Ибрахими во Завод и Музеј Битола вечерва во 20.30 часот ќе биде отворен 18. Балкански етно фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“. Ибрахими е мултиинструменталист на жичани инструменти од Скопје. Својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, ...

Од вкупно 46 пријавени проекти, „МСУ – Скопје ремек дела за сите” е единствен македонски проект, избран уште во првиот повик за грантови од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна Европа“ за 2024 година, преку „Балканската мрежа на музеи“ (BMN). Членовите на стручната евалуациона комисија едногласно заклучија дека МСУ – Скопје е еден од водечките музеи во државата и затоа е од суштинско значење музејот да започне со ...

Дебитантскиот игран филм на Ален Парони, „Бескрајна недела“ кој беше дел во програмата „Хoризонти“ на 80. Филмски фестивал во Венеција се прикажува во киносалите во земјава. Вечерва и утревечер во 20.30 часот филмот ќе се прикажува во малата сала на 3Д киното во Битола. Не ја пропуштајте можноста да го погледнете овој извонреден италијански филм чија приказна ја прикажува егзистенцијалната и социјалната слика на младите луѓе кои живеат во ...

„Нови светови – хартии на перцепцијата“ е насловот на изложбата од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски што ќе биде отворена вечерва во 21 часот во модерната галерија „Јово Ивановиќ“ во Будва. Изложбата ја организира Музеи и галерии од Будва, а ќе ја отвори Сандра Деспотовиќ, историчар на уметност, која е и куратор на оваа изложба. Петровски (1974, Куманово) е претставник на средната генерација визуелни и мултимедијални уметници. ...

Во Куќата на ДЛУМ во Скопје (ул. „Илинденска“ бр.63) вечерва во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Скопски урбани приказни 2024“. Со свои дела ќе се претстават уметниците Ана Ивановска, Доротеј Нешковски, Шќипе Мехмети, Сашо Блажес, Марина Лешкова, Давор Кешкец и Сокол Марковски. Куратор е Маја Чанкуловска-Михајловска. Таа идејата на годинешното издание на „Скопски урбани приказни“ ја базира врз поимот „дом“. – Почетните асоцијации ...

Ние важиме за училиште со добра инфраструктура. Дополнително и пазарот на труд си покажува побарувачка. Учениците добиваат можност по завршување на училиштето да почнат да работат веднаш, а и добро да заработуваат. Тоа е примамливо – вели Сибинoвски. Средното стручно училиште „Владо Тасевски“ од Скопје годинава бележи рекорден број на 254 вкупно запишани средношколци. 67 полуматуранти повеќе се запишаа во ова средно стручно училиште. Ова е ...

Фимот „Тага“ на Тина Величковиќ е во селекција за најдобар студентски краток филм кој од вчера до 17 јули се одржува Silver Frame Film Fest во Сребреница. Станува збор за студенстки филм во режија на Тина Величковиќ, на кој директор на фотографија е Димитар Атанасовски, а дел од екипата се: Филип Трајковиќ, Горјан Атанасов, Мaрко Рикалоски, Стефан Ѓорѓиев, Ивица Димитријевиќ, Стефан Николовски, Филип Христовски, Александар Микиќ и Ања Митиќ. ...

Стручното образование и обука и ЕПАЛЕ – образование за возрасни беа во фокусот на состанокот на Националните агенции за европски образовни програми и мобилност на Македонија, Турција и Грција што се одржа во Атина. Вработените во трите земји преку работилници го споделуваа спроведувањето на работните програми, добрите практики, искуствата и предизвиците, но и можноста за квалитетна идна регионална соработка и вмрежување. – Националната ...

Места за вкупно 4.303 студенти во студенстските домови ќе има во академската 2024/25 година, според конкурсот кој вчера го отвори Министерството за образование и наука. Повикот е отворен до 31 јули и се однесува на сите студенти запишани на јавните и приватните високообразовани институции во Македонија. – Од обезбедените места 1.034 се за студенти од прва година, а 3.269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста ...

Ние важиме за училиште со добра инфраструктура. Дополнително и пазарот на труд си покажува побарувачка. Учениците добиваат можност по завршување на училиштето да почнат да работат веднаш, а и добро да заработуваат. Тоа е примамливо – вели Сибинивски. Средното стручно училиште „Владо Тасевски“ од Скопје годинава бележи рекорден број на 254 вкупно запишани средношколци. 67 полуматуранти повеќе се запишаа во ова средно стручно училиште. Ова е ...

Во Мултимедијалниот простор „Котур кафе и филм“ вечерва во 20 часот ќе биде изведена театарската претстава „Пингвинот“ во продукција на Театарот „Златен Елец“. Станува збор за авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ, работен според текстови на Данкан Мекмилан, Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог. Претставата е во рамките на манифестацијата Скопско лето. Концептот и режијата се на Стојаноска, а игра Поповиќ. ...

Гитаристот Герхарт Рајхенбах од Германија ќе одржи концерт во охридската црква „Св. Софија“ вечерва во 21 часот. На програмата се дела од Јохан Каспар Мерц, Мауро Џулијани, Јохан Себастијан Бах, Исак Албениц, Федерико Морено-Тороба и од Жоакин Родриго. Рајхенбах е еден од водечките германски класични гитаристи. Дебитирал како солист во 1980 година во Дизелдорф, а на интернационалната сцена за прв пат настапува во 1990 година на Фестивалот за ...

Сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, и оваа година на 8. септември во Маврово ќе може да учествуваат и да се забавуваат на традиционалната вело трка на Халкбанк – Halk Velo Green. Пријавувањето за 5. издание на хронометар велосипедската трка со должина од 22 км е веќе започнато и ќе биде отворено најдоцна до 3. септември. Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе ...

Со традиционалните обичаи младенците Стефана Димитрова и Даријан Кочоски викендов стапија во брак во рамките на манифестацијата „Галичка свадба“. Свадбарските обичаи почнаа со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Националниот ансамбл „Танец“ го изведе „Тешкото“, препознатливото оро за печалбарскиот Галичник. Погледнете ги фотографиите од впечатливиот настан. Фото: Делегација на Европската Унија Сподели ...

Во „Љубовни маки“ се работи за младешката психолошка и ментална болест која често се прикажува на мрачен и стигматизирачки начин. Нашата надеж е да споделиме лично и позитивно искуство од внатрешноста на едно отворено психијатриско одделение. И едвај чекаме да го споделиме со сите на „Астерфест“ – вели продуцентката Прузан. Двократниот оскаровец – продуцентот Ким Магнусон и номинираните за златната статуетка, продуцентката Ребека Прузан и ...

Со пари од родителите и од неколкумина спонзори, петтемина талентирани ученици-олимпијци и нивните ментори вчера тргнаа во Кутаиси, Грузија, да ја претстават Македонија на 8. Европска олимпијада по физика. На претсижниот натпревар што ќе трае од 15 до 19 јули, македонската репрезентација ја сочинуваат: 1. Јан Стојановски – четврта година – ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, 2. Дамјан Стојанов – трета година – ПСУ “Јахја Кемал“ Скопје, 3. Емилија ...

На сцената на Долни Сарај во Охрид вечерва во 21 часот стенд ап шоу ќе одржи српскиот глумец Никола Ѓуричко. Три години по многу успешниот стенд ап „Сè што сакавте да знаете за Џони, но никогаш не смеевте да го прашате“, тој креира ново шоу со наслов: „Шоу биз“ кое како претходниот стенд-ап го пишува сам. – Овој перформанс доаѓа скоро по три години отсуство од сцената, како негова потреба повторно да биде со луѓе и пред публика. „Шоу биз“ на ...

Во скопската галерија „Грал“ утревечер во 21 часот ќе биде отворена изложба на дела од визуелната уметница Пандора Апостолоска-Саздовска и од скулпторот Сашо Саздовски. Апостолоска-Саздовска ќе се престави со проектот „Altum Silentium“, a Саздовски со проектот „Синергија“. Целта на „Altum Silentium“ њ да ги презентира актуелните и визуелни истражувања на авторката во сликарството паралелно со цртежот. Во нејзините дела таа ги истражува ...

Kнигата „Додека спиеш“ од поетесата Биљана Стојановска ќе биде промовирана вечерва во 19.30 часот во кафе-бар „Ликвид“ во Охрид. Ова е трета поетска збирка на авторката, а прва во издание на „Чудна шума“. Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. – Стојановска умее со природноста на ...

Кампањата веќе има собрано повеќе од 40% од потребните средства и како што се зголемува бројот на поддржувачи, така продукцијата на филмот во режија на Меглен Анжиќ Трпков прераснува во доказ за моќта на раскажувањето да ги премости културите и да го осветли се’ она што е човечко во нашите индивидуални потраги за припадност. Инспириран од безвременската народна приказна „Силјан Штркот“ на Марко Цепенков, новиот македонско-холандски филм на ...

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамките на официјалната конкуренција за наградите „Златна арена“ на 71. издание на Филмскиот фестивал во Пула. Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од „Фокус Покус Филмс“, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција „4Филм“ и Хрватскиот национален ...

Бројот на цркви сведочи не само за големината и богатството на градот на Големо Градиште кај Коњух, туку и за неговото значење како важен црковен центар во регионот, кој најверојатно бил и седиште на епископ, велат од Археолошкиот музеј Базилика од 6 век открија археолозите во централното градско подрачје на локалитетот Големо Градиште кај кратовското село Коњух. Тоа е уште една потврда дека на локалитетот имало голем урбан и црковен центар ...

Петнаесетмина дипломци, најуспешни студенти на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини, го примија признанието „Инженерски прстен“ во четвртокот на церемонија што се одржа на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид. Признанијата им ги врачи претседателката Гордана Сиљановска Давкова. „Инженерски прстен“ се доделува по 21. пат, а годинашни добитници се 15 најуспешни дипломирани студенти од ...

Саранда Мехмеди и Иван Антоновски се првите добитници на стипендијата „Ацо Шопов“, што фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ одлучи да ја доделува на студенти од втор и трет циклус, по минатогодишното одбележување на 100 години од раѓањето на македонскиот класик. Кандидатите се избрани едногласно од страна на стручното жири на фондацијата, чии членови се: проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска (УКИМ), проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска (УГД ...

Големa е придобивката од едносменското работење. Првото е за децата наутро да учат, а второ, се покажало во поразвиените земји дека подолгиот престој на децата во училиште дава подобри резултати во образованието. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, при посетата на Општина Охрид. – Кога велиме едносменски, тоа значи учениците да бидат на училиште осум часа, но, тоа не значи дека тие ќе учат постојано ...

Пред полното гледалиште во паркот на Младинскиит културен центар, со македонската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во режија на Андреас Јонсен и во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket и концертот на „Ефтеркланг: Македониум“ синоќа беше отворен 23. Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата „Ефтеркланг“ во ...

На неколку локации во Преспа викендов започнува уште едно издание на “Мeet Prespa“ („Запознајте ја Преспа“), фестивал кој настана од иницијативата да ги поврзе луѓето од сите три страни на езерото, со добра музика, локална храна и дружење. Фестивалот ќе започне вечерва во 20 часот во селото Брајчино со музичка програма на која ќе настапат Марија Каева, Виолета Качакова, Александар Гавровски и Добрила и Дориан Дуо. Оваа музичка вечер е ...

23. издание на Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“ беше отворено синоќа со македонската премиера на филмот „Ефтеркланк Македониум“ и со концерт во чест на филмот. Полн беше паркот на МКЦ со филмофили и почитувачи на овој фестивал. Фестивалот за прогласен го отвори министерот за култура Зоран Љутков. На програмата на вториот ден денеска се дури шест филма. Независниот македонски краток филм „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахими, ќе ја ...

Светскиот виолинист Џулијан Рахлин ќе го отвори најголемиот фестивал во земјава, „Охридско лето“ вечерва во 21 часот на Античкиот театар. Тој ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија. За маестро Рахлин критиката вели дека е еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти, уметник кој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација. ...

Некои семејства размислуваат да подигнат кредит, сė уште бараат начин за учеството на нивното дете на олимпијадата во Иран – вели Ружица Андроникова, мајка на олимпиецот Јан Стојановски, едно од златните деца на Македонија што со години наназад освојува медали на светски натпревари Вкупно 138.400 денари ќе плати овој месец семејство на Јан Стојановски, еден од најталентираните македонски ученици, за да ја претстави Македонија на двете ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
95%
1009
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
0.0
93%
1009
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
81%
1007
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.41
77%
1007
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.84
92%
1009
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
6.71
57%
1007
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1009
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
95%
1006
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
83%
1009
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Злато

159436.20

Алуминиум

3.07

Рутениум

45750.51

Бакар

11.83

Кобалт

64.04

Калај

46.06

Паладиум

54077.56

Платина

67484.42

Родиум

336779.07

Иридиум

215504.98

Сребро

2497.79