Сребрен медал освои Петар Мирчевски од прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а бронзен – Марио Ванчоски од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип на 56. Меѓународна олимпијада по хемија од која утре завршува во Ријад, Саудиска Арабија. Успешно се претставија и средношколците Иван Костевски од „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје. Ова е прво сребро за Македонија на светскиот натпревар. Ментори на ...

Амбасадори на културата од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и од Србија, учествуваат на Филмскиот фестивал „Духовен викенд Маглај“ (Maglaj Spirit Weekend), што се одржува во босанскиот град Маглај. Фестивалот е дел од кампањата „Културата поврзува“, како дел од проект на WeBalkans, поддржан од Европската Унија. На настанот од Македонија учествуваше Гоце Наневски, визуелен уметник, познат по својата работа во областите на ...

Сликовницата „Тино – бездомното полжавче“ ќе биде промовирана утревечер во 21 часот во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип. Текстот на сликовницата е на Сузана Мицева, а илустрациите – на Сара Каурин. Сликовницата зборува за растењето, созревањето, домот, детството, другарството. Рецензент е Трајче Кацаров, а промотор – Ана Витанова-Рингачева. Станува збор за двојазична сликовница – на македонски и на хрватски јазик. Сликовницата ...

Уметницата Маја Кировска ја прими наградата A Design Award што и’ беше врачена во Комо, Италија. Оваа награда Кировска ја доби за делото Skin, во конкуренција на категоријата Fine Arts and Art Installation Design за периодот 2023-2024. Оваа престижна награда ја добија уште двајца уметници од Македонија – Гордана Вренцоска, која ја доби наградата „A’ Design Award“ во категоријата „Graphic Design“ и Никола Евтимов, кој ја освои наградата „A’ ...

Јан Стојановски, за прв пат на Македонија ù донесе сребрен медал од оваа олимпијада, само една недела по освојувањето на златниот медал на 8. Европска oлимпијада по физика Сребрен медал и два бронзени медали и една пофалница освоија нашите средношколци што ја претставуваа Македонија на престижната 54. Меѓународна олимпијада по физика, што денеска завршува во Исфахан, Иран. Јан Стојановски, ученик во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје ...

„Крал Лир“, од Вилијам Шекспир, според адаптација на текст и режија на Џон Блондел е светска премиерна изведба направена специјално за фестивалот „Охридско лето“, во продукција на Македонија, Ерменија, Финска и САД. Претставата е режирана по импресии од сцената на предворјето на црквата Света Софија, а премиерата е вечерва во 21 часот Претставата испреплетува приказни за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки ...

Во чест на 50-годишната од уметничката кариера на Тим Бартон, визуелниот раскажувач на приказни, во Прага е отворена изложба на цртежи, скици, сторибордс од неговите култни филмови. Бартон е режисер, продуцент, писател, поет, уметник, илустратор, кој секогаш успева да ги осветли своите темни приказни со своите претерувања и хумор, што му се заштитен знак. Ви споделуваме фотографии од наша читателка од изложбата, која по 10 години се враќа во ...

Ждребето имало кожа, непроменета ДНК и крв во течна состојба, што е речиси невидено кај ниту еден толку стар примерок Ловци на мамути што во 2018 година го ископувале кратерот Батагаика во Сибир, Русија, наишле на револуционерно откритие – под 30 метри вечен мраз пронашле совршено сочувано тело на ждребе. Иако приказната не е ново откритие, поради уникатноста заслужува да ја пренесеме на Умно.мк. Кратерот Батагајка, кој често се нарекува ...

Во Центарот за култура во Крива Паланка отворена е изложбата „Кога ќе се разбуди заспиеното“ на уметницата Верче Цветановска. Таа се претставува со 34 дела, работени во акрил, во хиперреалистичен правец. Тие се резултат на долгогодишната творечка работа на Цветановска преку која ја канализира енергијата од секојдневната рутина. Изложбата ја организира Центарот за култура во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива ...

Со дефиле по Широк Сокак и со традиционалната изведба на Комитското на КУД „Илинден“, по 54. пат вчера светскиот фолклор се славеше на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ во Битола. Повеќе од пет децении овој фестивал е културна екстраваганција на народите и обичаите која ја прикажува убавината и богатството на народните традиции од целиот свет. Над 1.300 гости од Македонија, Романија, Боливија, Јужна Кореја, Северен Кипар, ...

Бесплатна храна и активности ќе добијат туристите во Копенхаген ако учествуваат во еколошките задачи при посетата на градот. Пилот-проектот почнува на 15 јули. Туристите ќе може да собираат отпадоци, да патуваат со јавен превоз или да возат велосипед низ градот и слично. За награда, ќе можат да изберат бесплатен оброк, кафе, чаша вино или изнајмување кајак. – Проектот ‘CopenPay‘ е дизајнирана да го надомести еколошкиот товар на туризмот. Кога ...

Најмладиот олимписки медалист по математика во Европа доби финансиска поддршка од Cosmic Development, што ќе му овозможи да ги оствари своите амбициозни планови. Тој викендов патува за Бат, Велика Британија, каде што ќе биде дел од тимот што ќе ја претставува Македонија на Меѓународната олимпијада по математика. Оваа поддршка ќе му овозможи на Дамјан да додаде повеќе медали во неговата импресивна колекција. На прашањето што му значи ...

Стопанската комора се одзвала на барањето на министерката за образование и наука Весна Јаневска за спонзорирање на дел од учениците од Македонија кои годинава учествуваа на меѓународни научни олимпијади, во услови кога ресорното министерство сè уште нема законска основа да исплаќа средства за оваа намена на средношколци. Јаневска вчера му се заблагодари на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, на кусиот состанок кој обајцата го ...

Прв добитник на наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот е актерскиот маг Владо Јовановски. Наградата ја доделува Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ што ќе се одржи во Дојран од 7 до 11 август. Фестивалот се одржува во соработка со Кинотеката. Во чест на Мето Јовановски, вчера беше промовиран мурал на Кинотеката, што го изработија уметниците Евгенија Трајковска и ...

Поетски портрет на Елизабета Баковска, гости од шест земји се дел од програмата на 36. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ кога ќе се одржи од 16 до 18 август на локации во Велестово и Охрид. Ќе гостуваат поети од Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и од Македонија. ‒ Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени. Наместо преку беседа, творештвото не поетот во фокус ќе биде ...

На плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка, Културно-уметничкото здружение „Фолклористи“ ќе одржи целовечерен концерт На концертот ќе настапат бројните фолкорни играчи и инструменталисти од ансамблот, кои се достојни репрезенти на кривопаланечката и македонска традиција и народно творештво во земјава и во светот. Концертот на КУЗ „Фолклористи“ е поддржан од Општина Крива Паланка во рамките на Кривопаланечко културно лето и ...

Од печат книгата „Патот накај дома“ од Ацо Гогов, во издание на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица. Книгата содржи 25 есеи и записи на книжевни и театарски теми и тоа првенствено за творци од Струмица и Струмичко: Антон Панов, Видое Подгорец, Митко Маџунков, Бранко Ставрев, Мите Грозданов, Киро Донев и др. Но и за творци кои, во одреден момент, патот ги донел накај Струмица: Коле Чашуле, Луан Старова и др. Книгата е еден вид мала ...

„Уметност и музика“ е насловот на мултимедијалниот настан што ќе се одржи вечерва во 20 часот во уметничката галерија на Градскиот музеј во Крива Паланка. Настанот опфаќа изложба на дела од млади уметници создадени на уметничките работилници за графика, сликарство и скулптура, реализирани под менторство на академските автори и творци Нела Јанковска, Анета Стојчевска, Роберт Цветковски и Стефан Младеновски. Сите создадени дела ќе останат во ...

Бронза освоија Јована Трифуноска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид, а достоен резултат постигнаа и Сара Стефановска од Крива Паланка и Антонела Владева од Свети Николе. Медал освои и Софија Велковска, која 2 години по ред освојуваше медали за Македонија, а годинава како ученичка во Хрватска, медалот го освои за таа земја Два бронзени медала за Македонија освоија средношколките-информатичарки на 4. Европска олимпијада по информатика за ...

Златен медал освои Aна Котевска на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024“ што се одржа минатата недела во Гетинген, Германија. Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“ е апсолутна победничка во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Првото место (јазични нива Б2,А2 и Б3) таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан. На ...

Под падините на Беласица во амбиент на камениот амфитеатар на ресторанот „Атлантис“ во близина на Смоларски водопад денеска во 17 часот ќе почне 17. издание на „Роднокрајни поетски средби“. Ќе бидат промовирани две нови поетски збирки: „Смоларе во срце те носам“ од Марјан Христов Смоларски и „Размена меѓу световите“ од Елизабета Дончевка-Лушин. Ќе присуствуваат и дваесетина роднокрајни поети од Струмица и околината. Промотор на „Смоларе во ...

„Огледало“ е насловена изложбата на мултимедијалниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ отворена во Македонскиот културен центар (Галерија МЦ) во Њујорк. Проектот поаѓа од познатата теза на канадскиот теоретичар Маршал Меклуан, отсликувајќи ја сеприсутната дилема за вистинитоста на медиумската содржина. „Сите медиуми целосно нè обработуваат. Тие се толку распространети со нивните лични, политички, економски, естетски, психолошки, морални, етички и ...

Под отворено небо во Музјеот на современата уметност во Скопје вечерва во 21 часот ќе се одржи проекција на експерименталниот документарен филм „Екран за Скопје“ (1988, 31′) на полската филмска режисерка, актерка и продуцентка Малгоржата Потоцка. Проекцијата е сеќавање на катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година. Филмот следи уметници активни во 80-те години додека создаваат претстави, акции и јавни интервенции. Дел од нив, Кристо, ...

Во Античкиот театар во Охрид вечерва во 21 часот концерт ќе одржи Влатко Стефановски, еден од најпознатитет македонски рок, поп и џез музичари, основач на „Влатко Стефановски трио“, еден од основачите на групата „Леб и сол“ во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и автор на текстови. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила 12 албуми, една двојна компилација, и музика за различни намени: филмски и ...

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечерва во 20 часот ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Сунил Ман во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. ...

Изложбата „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културниот центар „Магаза“ во Битола. Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата ковид 19, кој неизбежно се рефлектираше во нивните дела. Тие ја преиспитуваат релацијата на видливиот свет со невидливите опасности. Се однесува на ...

Во книгата „Селото и селанството во Битолскиот Санџак 1878-1912“ историчарот Васко Гичевски објаснува во какви околности живее населението во овој исклучително сензитивен период, какво било образованието, зошто е важно да се објавуваат книги работени според научна методологија, но пишувани за поширока популација Во 19 век преовладува принципот на историското право за создавање на една држава и нејзино проширување. Но, за да докажете дека ...

Македонија годинава нема да има филм-кандодат за наградата „Оскар“ зашто ниеден филм не ги исполнува стандардите, соопшти вчера Друштвото на филмските работници на Македонија. – Не се сервисираат проектите кои се во развој, во продукција или се завршени. Нема нови проекти, прекинати се или се загрозени речиси сите регионални и меѓународни соработки. Нема филм кој ги исполнува прилично едноставните услови пропишани од Американската Академија ...

Дуодрамата „Кенди“ од Лук Дејвис, во продукција на „Златен Елец“, а во адаптација режија на Тамара Стојаноска во Центарот за култура во Крива Паланка вечерва во 21 часот ќе почне Мултимедијалниот алтернативен фестивал „ГИГА Фест“. Фестивалот е посветен на прерано починатиот режисер Глигор Цветковски, основач и раководител на Драмското студио и драмската дејност при Центарот за култура во Крива Паланка. Улогите во „Кенди“ ги играат Лео Поповиќ ...

На затворањето на фестивалот на 21 јули во познатата концертна сала на Виенската филхармонија прозвучија македонски хорски композиции, што ја одушевија публиката. Во годината кога одбележува 75 години постоење, академскиот хор „Мирче Ацев“ од Скопје, под раководство на маестра Јасмина Каро, ја освои златната награда на 13. Светски мировен хорски фестивал (World Peace Choral Festival), што се одржа во Виена. Ова е прв македонски хор што ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
95%
1009
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
0.0
93%
1009
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
81%
1007
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.41
77%
1007
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.84
92%
1009
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
6.71
57%
1007
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1009
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
95%
1006
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
83%
1009
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Злато

159436.20

Платина

67484.42

Паладиум

54077.56

Иридиум

215504.98

Кобалт

64.04

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Сребро

2497.79

Бакар

11.83

Калај

46.06