Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствуваше на настан организиран по повод почетокот на 16 дена активизам против родово базирано насилство насловен „Од пријавување на насилство до спречување на фемицид – системски одговор“ од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во земјава. Во своето обраќање Велковски се осврна на важноста на темата на која и покрај напредокот, сè ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“. Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на Актот за ...
Основното јавно обвинителство во Скопје отвори постапка против 5 лица, меѓу кои и поранешниот заменик-министер за земјоделство Трајан Димковски. Тие се сомничат дека со лажни извештаи ја оштетиле државата за 780.000 евра. Како што велат од обвинителството, тие како соизвршители сториле кривично дело „Злоупотреба на службена должност и овластувања“. „Осомничените ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, се обрати на 11. турски медицински конгрес, кој се одржува во Анкара на покана на Министерството за здравство на Република Турција. Во своето обраќање истакна дека нашата земја се соочува со истите предизвици, како и другите здравствени системи, а тоа е ограничен број специјалисти во клучни области, застарена инфраструктура, дигитални системи што функционираат, но не секогаш меѓусебно поврзано, ...
Владата на денешната 131 седница постапи по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори 2025 година за избор за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје. Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветна ...
„Ова е областа каде што во текот на синоќешните часови беше пронајден починатиот 42-годишен А.Б. од Тетово. Се сомнева дека бил застрелан, а и денес продолжуваат истрагите во потрага по дополнителни траги“, пренесува репортерот на ТВ21, Сенат Зилбехари. Телото на 42-годишниот маж било пронајдено од жители на селото во близина, кои забележале паркирано возило со починато лице во него. Веднаш на местото излегле надлежните служби, а според ...
Второ рочиште од најголемиот судски процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица. На ова рочиште беше предвидено обвинетите да се произнесат за тоа дали чувствуваат вина, но нивните адвокати реагираа поради тоа што дојде до спојување на првичното обвинение со она на сопственикот на фирмата за обезбедување на дискотеката. Тие посочија дека со самото спојување дошло до промена на обвинението и дека обвинетите треба ...
Адвокатот Петре Шилегов, еден од бранителите во постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 63 лица, повторно упати критики до Обвинителството, оценувајќи дека пропустите во текот на постапката можат да влијаат врз фер-судењето. По завршувањето на денешното рочиште, Шилегов изјави дека судот треба прецизно да се произнесе по приговорите на одбраната, бидејќи, како што рече, станува збор за суштински, а не за ...
Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на еден од обвинетите за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остро реагираше на начинот на кој е доставена изменетата верзија на обвинението. Тој посочи дека Обвинителството направило сериозни пропусти со кои, наместо да ја забрза, ја одолговлекува постапката. „Во јавноста често се повторува дека адвокатите се тие што сакаат да развлекуваат. Денеска се покажа спротивното — Обвинителството е ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет лица поради основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничените ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба и иако биле должни да ја известат Владата на РСМ за фактичката состојба во Јавно ...
Мерката за самовработување постигна рекорд со 6.045 поднесени апликации, што е доказ дека граѓаните имаат желба, знаење и доверба да изградат сопствен бизнис – изјави премиерот Христијан Мицкоски. Поради големиот интерес, Министерството за економија и труд, заедно со Агенцијата за вработување, ѝ предложија на Владата ревизија на Планот, со што беа обезбедени дополнителни 300 милиони денари, од кои 161 милион преку ребалансот, за ниту еден ...
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во синоќешната емисија Click Plus соопшти дека сè уште нема добиено покана од премиерот за да биде дел од Владата. Тој испрати јасна порака дека е подготвен да стане дел од Владата само ако се стави на дневен ред деблокирањето на интегративниот процес, а за другите теми нагласи дека е подготвен да преговара. „Јас сум подготвен да седнам со премиерот, да го поддржам премиерот, да ја поддржам Владата, да го ...
Во кривичниот суд во рамките на КПУ „Идризово“ денеска се одржа второто рочиште од судењето за пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, при што одбраната повторно реагираше на ревидираната и интегрирана верзија на обвинението. На самиот почеток, адвокатите на дел од обвинетите истакнаа дека интегрираното обвинение не претставува само формално спојување на две постапки, туку, како што рекоа, дејствува како „целосно ново обвинение“. Тие укажаа на ...
Државата пак ќе се задолжува кај граѓаните. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска најави дека најдоцна до средината на декември ќе биде објавена новата емисија Граѓански обврзници. За сега нема детали, ќе се знаат откако ќе се објави проспектот. Граѓанската обврзница, како нов инструмент на домашниот пазар, се воведе во 2023 година. Досега се издадени 2 емисии во вкупен износ од 41,1 милион евра. Месецов на сметките на ...
САД им презентираа на завојуваната суданска армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) сеопфатен мировен план, но ниту една страна сè уште официјално не го прифатила, изјави денес американскиот пратеник и советник на претседателот Доналд Трамп за африкански и арапски прашања, Масад Булос. Булос рече дека обете страни го „поздравиле“ американскиот предлог, но дека ниту едната не поднела формална согласност, објави Ројтерс. Началникот на ...
Членот на АББА, Јан Клинг (85), почина, потврди неговиот син Матијас Клинг за „Афтонбладет“. Јан Клинг свиреше саксофон и флејта на албумите на АББА „Супер Троупер“ и „Визитерот“. Тој е исто така одговорен за познатиот интро со флејта во песната на АББА од 1976 година „Фернандо“, објавува „Експресен“. Покрај соработката со АББА, Јан Клинг свирел и со уметници како Бјорн Скифс, Џери Вилијамс, Тед Гердестад и Моника Зетерлунд. Неговиот син ...
Под влијание на циклонска активност од утре (26.11.2015г) до сабота (29.11.2025г) ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните. Стабилизирање на ...
Денеска, премиерот Христијан Мицкоски ја истакна важноста на мерката за самовработување, која им овозможува на граѓаните да станат самостојни, да ја преземат иднината во свои раце и да започнат сопствен бизнис. „Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи, затоа мерката за самовработување, како дел од Оперативниот план, е една од најатрактивните и ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во третиот квартал од 2025 година достигна рекордни 384.166.062,00 денари. Ова претставува зголемување за повеќе од два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 147.703.963,00 денари денари. Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија сè уште не го добила ажурираниот американски план за решавање на конфликтот во Украина, кој е намален од 28 на 19 точки. Песков нагласи дека претходно до Москва е доставен нацрт-верзија на американскиот план, кој во голема мера го следи духот на самитот во Анкориџ, но дека сега Русија чека официјално соопштение од Вашингтон пред планот сериозно да се разгледа, објави РИА Новости. Тој ја ...
Јуроп Хаус денес го лансира новото издание на „НАВИГАТОР“, едукативна онлајн игра создадена со цел да ја подигне свеста за човековите права. Новата верзија на играта е отворена за играње од денес, 25 ноември, до полноќ на 14 декември, овозможувајќи им на учесниците три недели да играат, да учат и да се натпреваруваат за главната награда – ИТ ваучер во вредност од 60.000 денари. И оваа година, во рамки на иницијативата #TeamEurope, во играта ...
Утрово во земјава се измерени ниски минимални температури, кои се движат од -2 до 7 степени. Најстудено беше во Берово со -2°C, додека во Струмица и Крива Паланка утринските температури достигнаа 1°C. На пунктовите Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола се измерени 2°C, а 3°C во Скопје–Зајчев Рид, Охрид и Прилеп. Во Гевгелија, Штип, Кавадарци и Маврови Анови минималната температура утрово изнесуваше 4°C, во Демир Капија 5°C, додека највисоки ...
Бројот на жртви во рускиот воздушен напад врз Киев се искачи на шест, откако шефот на Воената администрација, Тимур Ткаченко, објави дека има повеќе жртви во Свјатошинскиот округ во украинскиот главен град. „Има четворица мртви и најмалку тројца повредени во Свјатошинскиот округ“, напиша Ткаченко на Телеграм. Претходно беше објавено дека две лица се убиени, а седум се повредени за време на воздушен напад на руските сили врз Киев, пренесува ...
Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска продолжува во судницата во Казнено-поправниот дом Идризово. Според најавите, рочиштето треба да продолжи со изнесување вина и воведни говори на одбраната, откако обвинителството на претходното рочиште ги претстави своите воведни излагања. Обвинителот Борче Јанев во воведниот говор нагласи дека истрагата и доказите имаат за ...
Овен Вториот работен ден бара преиспитување на финансиските приоритети. Венера во зоната на споделени ресурси охрабрува отворен разговор со вашиот партнер за парите и вредностите. Ретроградниот Меркур може да врати стар долг или заборавена сметка. Не брзајте со одлуките – анализирајте внимателно. Интуицијата е силна, следете ја. Бик Почетокот на неделата ве става во центарот на важен разговор за врските. Конјункцијата Меркур-Венера во вашата ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе ...
МЕЛАНИЈА Трамп ја пречека овогодишната елка пред претседателската резиденција, официјално започнувајќи ја празничната сезона во Белата куќа – сезона за која таа често изразуваше фрустрација за време на првиот мандат на нејзиниот сопруг, пишува People. Традиција која трае речиси 60 години First Lady Melania Trump receives the 2025 White House Christmas Tree 🌲 pic.twitter.com/exxZAN5Qf6 — Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) November ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нареди широк преглед на статусот на сите бегалци кои влегле во земјата под претседателот Џо Бајден, според владин документ што го виде Ројтерс. Наредбата се однесува на околу 200.000 бегалци кои дојдоа во Соединетите Држави помеѓу 20 јануари 2021 година и 20 февруари 2025 година, според документот потпишан од Џо Едлоу, директорот на Службата за имиграција и натурализација. Исто така, ...
Лесно е да се каже кога е сезоната на смог во Њу Делхи – воздухот станува потемни, погусти и почнува да ги гребе грлата и да ги тестира белите дробови на 34-те милиони жители на градот. Загадувањето е проблем во индиската престолнина толку долго што познатата Црвена тврдина станува црна, надворешен знак на растечка здравствена и политичка криза што сега ги носи лутите граѓани на улиците, според CNN. „Само сакам повторно да можам да дишам. Се ...
Во попладневните часови, околу 16 часот, тетовската полиција пронајде безживно тело на 42-годишен жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга. Тој последен пат бил виден вчера околу 18 часот кога излегол од дома со патничко возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблички и не одговарал на телефонските повици. Според информациите од СВР Тетово, возилото „Ауди Q5“ било забележано паркирано во атарот на селото Нераште од ...