Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Б.К.(46) од кичевското село Аранѓел поради постоењер основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Д.С.(41) од кичевското село Длапкин Дол за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, ...
Партиска делегација на СДСМ, заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, членовите на Извршниот одбор, Рената Младеновска и Александар Наумоски, денеска оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, во Алејата на великаните во Скопје. „Трајковски беше проевропски претседател, државник кој посветено работеше за мир, соживот, за напредок и европска перспектива на нашата држава. ...
Министерството за дигитална трансформација успешно ја заокружи првата етапа од соработката со Академијата за е-управување (e-Governance Academy – EGA), во рамки на иницијативата „EU Support to Western Balkans Cybersecurity Capacity Building“, финансирана од Европската Унија. Министерот за дигитална трансформација, Андоновски, во своето обраќање истакна дека проектот претставува силен пример за тоа како партнерството со ЕУ носи конкретни ...
Два борбени авиони Ф-16 беа полетаа од воената база Фетешти во Романија синоќа откако дрон накратко влезе во воздушниот простор на земјата, соопшти романското Министерство за национална одбрана. Министерството објави дека дронот бил забележан во областа Сфанту Георге во централна Романија , а потоа брзо се движел северно од градот Сулин. Преку системот RO-ALERT, до населението во северниот романски округ Тулчеа беше испратена предупредувачка ...
ВМРО-ДПМНЕ оддаде почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на неговиот кабинет и екипажот кои трагично ги загубија животите во авионската несреќа. „Борис Трајковски останува запаметен како претседател во време на тешки државни предизвици, човек кој со смиреност и одговорност ја водеше Македонија низ период на сериозни искушенија. Неговото делување беше насочено кон зачувување на мирот, стабилноста и меѓународниот углед на ...
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вчера беше хоспитализиран поради пневмонија и неговата состојба се оценува како многу сериозна. Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија и е на вентилатор. Помошникот-директор за пулмологија, Спасоје Попевиќ, денес изјави дека неговата здравствена состојба е сè уште тешка, но дека ситуацијата е постабилна отколку во среда ...
Американскиот претседател Доналд Трамп не разбира зошто Украина и Русија не можат да постигнат договор за прекин на војната, изјави американскиот дипломат Марко Рубио како одговор на прашања од новинарите. Рубио објасни дека фрустрацијата на Трамп е од општа природа и се одразува во неговите претходни изјави, пишува „Европска правда“. Новинарите го прашаа Рубио зошто фрустрацијата на американскиот претседател се чини дека е подеднакво ...
Катастрофални поплави и разорни одрони на земјиштето ја погодија бразилската сојузна држава Минас Жераис, при што бројот на загинати се искачи на 46. Спасувачките екипи и во средата продолжија со драматичната потрага по 21 исчезнато лице. Повеќе од 3.600 жители беа принудени да ги напуштат своите домови откако рекордните врнежи ги претворија улиците во порои од кал и предизвикаа смртоносни лизгања на земјиштето. Катастрофални поплави и ...
На 26 февруари 2004 година во близина на аердоромот во Мостар, во авионска несреќа загина вториот претседател на независна Република Македонија, Борис Трајковски. Трајковски патуваше на економска конференција во Мостар, а при слетувањето авионот со делегацијата во која беше и Трајковски, загуби контакт со контролната кула на аеродромот. Осум други лица исто така беа во авионот, и никој не го преживеа падот. Леталото се спуштило во област која ...
Следната недела започнуваме со прва реконструкција на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба. За овие година и половина поминавме тежок процес, но успеавме да го легализираме аеродромот. Во меѓувреме работиме на Договор со Саудиска Арабија во делот на ависоообраќајот и очекувам да воспоставиме директна линија меѓу двете земји, вели во поткастот на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. “ Веќе поминавме ...
Во денешното динамично и дигитално време, кога брзината, флексибилноста и едноставноста се клучни за успехот на секој бизнис, Халкбанк АД Скопје континуирано инвестира во иновативни решенија што ги следат потребите на современите трговци. Во таа насока, Банката ја воведува новата услуга Халк Моби ПОС (Halk Mobi POS), која што претставува напредно решение што овозможува прифаќање плаќања со картички директно преку мобилен телефон или таблет. ...
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (26.02.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. „Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на ...
Утрово најстудено беше во Берово каде се измерени -4 степени Целзиусови, -3 степени на Попова Шапка, а -2 во Маврови Анови, Битола и Струмица. Минимална температура од -1 степен е регистрирана во Скопје-Петровец, Охрид, Тетово, Крива Паланка и Крушево, додека нула степени се измерени во Демир Капија, Претор, Прилеп, Велес и Пожаране. Потопло утрово беше во Ѓуриште, Виница, Кавадарци и Гевгелија со 2 степени, како и во Куманово, Штип и ...
Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на Камчатка. Сеизмичкиот настан можел да се почувствува во регионалниот главен град, објави огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките на својот Телеграм канал, пренесува ТАСС. Земјотресот се случил на 236 километри од Петропавловск-Камчатски. Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран ...
Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа што имате моќ да им дозволите нешто, дури и материјално. Одговорот на оваа дилема треба да го барате во дното на душата која го знае одговорот. Бик Неискреноста во вашата околина станува неподнослива. Не ја префрлајте вината на другите луѓе бидејќи тие ве лажат само онолку колку што сакате да ве лажат вие. Размислете, можеби сте ...
Ивица Дачиќ, потпретседател на Владата на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија, денеска е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија поради тешка воспаление на белите дробови. Помошник-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вечерва за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу сериозна и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија, нагласувајќи дека наредните 72 часа ќе бидат клучни. ...
Властите на шпанската автономна заедница Каталонија ја зголемија туристичката такса во Барселона на 15 евра за гостите во хотели, односно 12,5 евра по ноќ за приватно сместување, со цел да се ограничи бројот на посетители и да се помогне во финансирањето на достапно домување, соопштија денеска локалните власти, истакнувајќи дека четвртина од собраните средства ќе биде наменета за решавање на станбената криза во градот. Регионалниот парламент ...
83-годишен жител на Битола бил измамен за 10.000 евра, откако непознато лице телефонски се претставило како лекар и го довело во заблуда дека неговата внука е тешко повредена и итно ѝ е потребна операција. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 24 февруари 2026 година во 13:30 часот во СВР Битола. Измамникот му се јавил на повозрасниот маж и му кажал дека неговата внука паднала по скали и се здобила со сериозни повреди, ...
Апелација ја потврди пресудата на првостепениот суд дека ИРЛ изнеле невистини со цел неточно да претстават дека Кочо Анѓушев има врска и е одговорен за увозот на токсичен мазут во земјата во времето кога бил Вицепремиер во Владата, а исто така не се обратиле до него да ја добијат втората страна како основно новинарско правило. Од прес службата на компаниите на Анѓушев, во негово име и во име на неговата фирма БРАКО како тужители, изјавија: ...
Швајцарските власти најавија финансиска поддршка за повредените и за семејствата на загинатите во трагичниот пожар што изби на новогодишната ноќ во бар во ски-центарот Кранс-Монтана. Во несреќата животот го загубија 41 лице, а 115 беа повредени. Владата соопшти дека ќе исплати по 56.000 долари за секое лице што починало или било хоспитализирано, наведувајќи дека станува збор за гест на солидарност и поддршка кон погодените семејства. ...
Предлог-измените на Законот за високо образование се неприфатливи за Сенатот на Тетовскиот универзитет, па затоа побараа законот да се повлече и да се преразгледа, земајќи ја предвид реалната состојба во универзитетите. – Најголемиот број забелешки се однесуваат на нарушувањето на универзитетската автономија, бидејќи се предвидува формирање универзитетски совет кој ги намалува надлежностите на универзитетот и токму тука мнозинството професори ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, ги одбра финалните 12. кошаркари во ростерот на кои ќе смета за мечот од третото коло од групата „А“ од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029, против репрезентацијата на Луксембург. Новиот предводник на нашиот сениорски тим, по денешниот тренинг, ги тргна дилемите, и го одбра финалниот состав кој ќе влезе во официјалниот протокол за средбата против ...
Пратениците не изгласаа минимална плата од 600 евра. Не поминаа на пленарна седница во Собранието законските измени кои ги предложи СДСМ,со кои минималната плата од март требаше да порасне на 36.960 денари. Гласаа вкупно 82 пратеници, 63 беа „за“ да се прифати заклучокот на матичната комисија дека предлогот не е прифатлив, 19 беа против, немаше воздржани. Расправата помина во жестоки меѓусебни обвинувања. Од аргументи и бројки, до фалење кој ...
Студентите Албанци кои студираат право се во магла – еднаш им се ветува дека правосудниот испит може да се полага на албански јазик, а другпат не. По различните изјави и ветувања од претставници на ВЛЕН дека прашањето ќе се реши, вчера министерот за правда, Игор Филков, кусо порача – прашањето е затворено. – Мислам дека ова прашање е исцрпено, правосудниот испит е стручен испит, не е административно прашање, немам што повеќе да коментирам за ...
Пред да започне расправата во Собранието за законските измени со кои се спречува понатамошното зголемување на платите на функционерите, Здружението на јавни обвинители побара од пратениците точката да се повлече од дневниот ред и предлогот подетално да се разгледа. Тие посочуваат дека интервенцијата е спротивна на законот и претставува ризик за независноста на функцијата преку економски притисок. Обвинителите нагласуваат дека се свесни за ...
Адвокатот Петре Шилегов побара судот да ја прекине постапката за пожарот во Кочани бидејќи како што истакна нарушена е рамноправноста на обвинетите на оние од Јавното обвинителство и на полицајците обвинети од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тој обвини дека со ова постојат двојни аршини притоа правејќи паралела и со куќниот притвор на Артан Груби. Тој во судницата рече дека ова заедно со за нас непознатата ...
2026-та ќе биде година на културата за Кичево, откако општината го доби проектот да биде Град на културата за оваа година. На свечена церемонија, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека Кичево ја доби оваа титула како мултиетнички и мултикултурен град. За разлика од претходните години, кога градовите прогласени за Град на културата добиваа средства од 1, 2 или 3 милиони денари, оваа година Министерството му додели на ...
Во центарот на италијанскиот главен град Рим избувна голем скандал, кој ја разниша довербата во дел од безбедносниот систем. 21 полицаец, заедно со голем број други, се под истрага за нивна наводна вмешаност во кражбата на луксузна стока од стоковната куќа „Коин“ во близина на станицата Термини. Сè започнало кога раководството на продавницата забележа недостиг од 184.000 евра во залихи на почетокот на 2024 година. Оваа сума претставуваше ...
Видеолотарија Касинос Австрија и годинава продолжува со поддршката на македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, одбележувајќи пет години успешна соработка. Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува соработката со Бузалковски. Овој мал јубилеј претставува потврда за долгорочната посветеност во развојот на македонскиот спорт и поддршката на млади и талентирани спортисти. Во изминатите пет години, ова спонзорство придонесе ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Б. поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „попречување ...