Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска изнесува 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Според мерењата, езерото е 11 сантиметри над просечното ниво за август, кое изнесува 693,46 метри надморска височина. Во однос на дозволениот минимум од 693,10 метри, нивото на водата е повисоко за 47 сантиметри. Повисока од вообичаената е и температурата на езерската вода. Утринава во 7:30 ...
На подрачјето на Скопје во вторник, 18 август 2026 година, ќе започне терестична дезинсекција против ларви и возрасни комарци. Третирањето ќе се спроведува во текот на денот, како дел од активностите за намалување на популацијата на комарци на подрачјето на градот. Надлежните упатија известување до пчеларите навреме да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите и пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата. ...
Украина располага со само десеттина од потребните ракети за системот Патриот за одбрана од се почестите руски балистички напади, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервју за Си-ен-ен. Тој побара од Вашингтон да му продаде пет до десет проценти од сопствените резерви. Со пет отсто ќе ја преживееме зимата, а со десет отсто ќе ги уништиме сите нивни балистички проектили, порача Зеленски. Руските балистички удари интензивно се ...
Украинските сили извршија обемен ноќен напад со ракети и со дронови врз руското пристаниште Новоросијск, при што оштетија два големи терминали за извоз на жито и ја погодија последната главна поморска база на Москва во Црното Море. Во нападот загинаа три лица, а 24 се повредени. Киев потврди дека цел на операцијата биле четири руски воени бродови, додека руските власти веќе бараат алтернативни копнени и морски патишта за загрозениот извоз на ...
Американските воени операции во текот на 2025 година предизвикале смрт на 153 цивили, додека 243 лица биле ранети, покажаа официјалните проценки на Пентагон доставени до американскиот Конгрес. Според објавениот извештај, сите евидентирани цивилни жртви се последица на три одделни воздушни напади извршени во Јемен. Ова претставува драматично зголемување во споредба со 2024 година, кога американската војска регистрираше само два смртни случаи. ...
Украинските вооружени сили во текот на оваа година ослободија 745 квадратни километри окупирана територија и вратија под своја контрола 26 населени места на југоисточниот фронт, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Операцијата, која според него се одвива точно според планираното, е спроведена од страна на воздушно-десантните единици и дополнителни воени формации долж потег од 60 километри на спојот меѓу Дњепропетровската, ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 17 часот на територијата на Македонија има вкупно 21 пожар. Пожари има во општините Македонски Брод, Желино, Студеничани, Прилеп, Новаци, Битола, Штип… Во Скопје гори во општините Чаир, кај поликлиниката и во општина Ѓорче Петров кај железничката станица. „Денеска имаме рекорден број на пожари за ова лето. Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите, нивно ...
По топлото и претежно стабилно време, Македонија ја очекува промена на временската слика, со услови за појава на нестабилност и локални невремиња. Според прогнозата, во наредниот период ќе има развој на облачност која на повеќе места може да донесе пороен дожд и грмежи. Локално временските процеси може да бидат поинтензивни и проследени со засилен ветер. На одредени места постои можност за краткотраен пороен дожд со поголем интензитет, а при ...
Центарот за управување со кризи информира дека во моментов на терен се одвива интензивна интервенција за гаснење на шумскиот пожар во близина на селото Морани, во Општина Студеничани. Во гаснењетосе ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што, поради тешко пристапниот терен, интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична. Екипите на терен дејствуваат во постојана ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје. Ова го потврди и директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана на денешната прес-конференција во Министерство за здравство, како и одговорните лица од Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје, кои исто така, информираа дека ...
Повеќе од 16.000 украински цивили и понатаму се наоѓаат во руско заложништво, а Обединетите нации предупредуваат за систематско мачење и малтретирање. Помошничката на генералниот секретар на ОН за човекови права, Клаудија Фуентес Хулио, на состанок на Советот за безбедност истакна дека десетици илјади луѓе се држат во изолација спротивно на меѓународното право. Тимовите за човекови права на ОН досега разговарале со 910 ослободени украински ...
Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета од нејзиниот источен брег, која прелета околу 700 километри и падна во водите надвор од исклучителната економска зона на Јапонија. Воените власти во Сеул и Токио веднаш го осудија лансирањето, оценувајќи го како директно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Ова е втор ракетен инцидент на Пјонгјанг овој месец, изведен пред почетокот на големите заеднички маневри меѓу ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Киев им ги предал на американските преговарачи предлозите за план за завршување на војната со Русија. Во вечерното видеообраќање, тој посочи дека Вашингтон може да помогне во зајакнувањето на украинската одбрана и да изврши притисок врз Москва за прекин на судирите. Дополнително, Зеленски предупреди дека Русија планира да ги искористи претстојните септемвриски избори како повод за ...
Пет години по враќањето на Талибанците на власт, околу 2,4 милиони девојчиња во Авганистан и натаму немаат пристап до средно образование. Обединетите нации повторно повикаа на итно и безусловно укинување на забраната, а УНЕСКО предупредува дека Авганистан е единствената земја во светот каде што девојчињата и жените официјално се исклучени од средното и високото образование. „Пет години не се само привремен прекин на образованието. За едно ...
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Според УХМР, температурите во најтоплите делови од земјата ќе достигнат до 40 степени Целзиусови, додека во Скопје се очекуваат околу 39 степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринските температури ќе бидат високи, а најтопло ќе биде во централните и јужните делови од земјата. Во текот на ...
Топлотниот бран со високи температури што ја зафати Македонија продолжува и во текот на утрешниот ден, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје и низ земјава максималните дневни температури ќе достигнуваат до 39 Целзиусови степени. Сепак, синоптичарите најавуваат брза промена на временските прилики од четврток попладне, кога локално ќе има услови за невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Според ...
Мајка и нејзиното шестмесечно бебе се спасени живи од урнатините по силниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија, во момент кога спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по луѓе заробени под урнатите објекти. Земјотресот со јачина од 7,4 степени ја погоди Колумбија на 10 август, а епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар, во областа Чоко. Земјотресот предизвика сериозни оштетувања во повеќе делови од земјата, а потресите ...
По изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ за можноста Србија да го промени текот на реката Ибар, со реакција се јави премиерот на Албанија, Еди Рама. Тој порача дека Белград не може да ги третира Косово и неговите природни ресурси како дел од српската територија. Рама, реагирајќи на социјалната мрежа „Икс“, ги отфрли тврдењата за албански територијални амбиции и оцени дека секогаш кога Тирана зборува за Косово, од Белград повторно ...
Во руските напади во текот на ноќта загинале најмалку 12 лица, а повеќе од 30 се ранети во неколку украински региони. Во Запорожје загинале шест лица, а 20 биле ранети. Уште шест жртви и 16 повредени се регистрирани во нападите врз регионите Днипропетровск и Доњецк. Зеленски: Нападот бил брутален и намерно планиран Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Запорожје било нападнато со севернокорејски балистички проектили, ...
Најмалку пет лица загинаа, а 20 се повредени во рускиот напад врз Запорожје, додека ракетни удари и експлозии се регистрирани и во Киев и во други украински градови. Русија во текот на ноќта изведе нов бран ракетни напади врз Украина, при што повторно беа употребени балистички ракети. Најтешко е погоден Запорожје, каде што, според локалните власти, загинале најмалку пет лица, а 20 се повредени. Шефот на регионалната воена управа Иван Федоров ...
Македонија денеска ја очекува уште еден жежок летен ден. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер. Температурите повторно ќе бидат високи, а максималната дневна температура на места ќе достигне до 39 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...
Повеќе од 1,1 милион патници од јуни досега влегле во Грција преку граничниот премин Евзони, покажуваат податоците објавени од грчката државна телевизија ЕРТ. Во истиот период, земјата преку овој премин ја напуштиле околу 940.000 лица. Големиот број туристи во текот на летната сезона предизвикува сериозни сообраќајни метежи, а грчките медиуми во повеќе наврати известуваат за повеќечасовни чекања и километарски колони. Само во периодот од 7 ...
Засилен сообраќај и зголемена фреквенција на возила и натаму се бележат на граничниот премин Богородица, каде голем број граѓани се упатуваат кон Грција на летување. Зголемениот број патници создава гужви на преминот и подолги задржувања за оние кои патуваат кон грчките туристички места. Во екот на летната сезона, ГП Богородица традиционално е еден од најфреквентните гранични премини, особено во периодите кога голем број туристи тргнуваат ...
Израелската армија изведе нови воздушни и артилериски напади врз повеќе локации во јужниот дел на Либан, прекршувајќи го важечкото примирје. Гранатирањата се случија само неколку дена по одржувањето на новата рунда мировни преговори. Според официјалните извештаи, воените дејствија биле насочени кон подрачјето Вади ал-Салуки, како и кон градовите Мансури, Кфар Тебнит и околината на Набатиех ал-Фавка. Според извештаите на либанската државна ...
Руските власти ја отфрлија можноста за замрзнување на војната во Украина, порачувајќи дека дипломатско решение е можно само доколку Киев ги исполни барањата на Москва. Руското Министерство за надворешни работи потврди дека позицијата на Кремљ останува непроменета и дека Москва не прифаќа компромиси кои би го прекинале конфликтот без исполнување на нејзините услови. Руските дипломати повторија дека сите преговори за прекин на огнот се ...
Најмалку 13 лица загинаа, а 39 се повредени во масовен украински напад со дронови врз градот Нижњекамск во руската република Татарстан, соопштија локалните власти. Меѓу жртвите има и дете, а нападот предизвика големи штети врз индустриските капацитети, вклучувајќи ја и големата рафинерија за нафта ТАНЕКО. Градоначалникот Радмир Бељаев потврди дека се погодени повеќе локации, додека руските власти прогласија ден на жалост во регионот. Цел на ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот нема активни пожари на територијата на целата држава. Од регистрираните 26 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие, противпожарните екипи успеале целосно да изгаснат 25, додека огнот што изби кај депонијата на излезот од Крива Паланка е локализиран и под контрола. По интензивната интервенција на терен, пожарот на излезот од Крива Паланка, во непосредна близина на градската ...
По топлиот викенд, Македонија утре повторно ја очекува сончево и многу топло време. Во утринските часови температурите ќе бидат попријатни, но во текот на денот живата во термометрите ќе се искачи до околу 35 степени Целзиусови. Според прогнозата, времето во поголем дел од земјата ќе биде стабилно и сончево, со слаб до умерен ветер. Утринските температури ќе се движат околу 17 до 19 степени, а дневните максимални ќе достигнат до 35 степени. ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одби најновиот мировен план за Газа поддржан од САД, барајќи целосно разворужување на Хамас пред какво било повлекување на израелските сили. Оваа изјава доаѓа само една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е постигнат значаен напредок во преговорите и го представи планот во 15 точки подготвен од неговиот Одбор за мир. Во своето прво директно обраќање за предложениот ...
Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени во новите жестоки воздушни напади во Украина и Русија. Руските сили ноќеска извршија масовен комбиниран напад со повеќе од 200 дронови и ракети врз повеќе украински региони, при што најтешко беа погодени Харков и Одеса. Во исто време, украински беспилотни летала извршија удари врз пограничната руска област Белгород. Во североисточниот град Харков, руски дрон погоди станбена зграда, ...