Дронот бил забележан околу 19:30 часот, по што веднаш било наложено итно запирање на полетувањата и слетувањата, изјави портпаролот на полицијата. Сообраќајот бил повторно воспоставен во 20:22 часот. Сè уште не е познато кој го управувал дроном. Според локалниот весник Buten un Binnen, поради инцидентот летот од Лондон бил пренасочен кон Хамбург, додека летот за Лондон не успеал да полета навреме. Сè почести инциденти со дронови во Германија ...

Третa последователна ноќ, непознати дронови биле забележани над белгиската воена база Клајне-Брогел, пренесуваат локалните медиуми. Според извештаите, персоналот на базата забележал неколку дронови во неделата вечер, по што веднаш била испратена хеликоптерска единица. Сепак, дроновите исчезнале пред да бидат пресретнати и, според информациите на белгискиот јавен сервис VRT, се упатиле кон север – во правец на Холандија. Белгискиот министер за ...

Агенцијата Reuters објави дека САД започнале со обемна реконструкција и проширување на своето воено присуство низ Карибите, вклучувајќи модернизација на бази и аеродроми во Порторико — што претставува најголем регионален воен ангажман во последните неколку децении. Истовремено, американскиот претседател Доналд Трамп наредил војската да се подготви за можни дејства во Нигерија, обвинувајќи ја нигериската влада дека не успева да ги заштити ...

Израелските сили во Газа примиле ковчези со телата на тројцата заложници, посредуван од Црвен крст, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Посмртните останки ќе бидат пренесени во Израел за идентификација. Се верува дека се работи за останки од тројца од вкупно 11 починати заложници кои Израел согласно условите на примирјето сè уште ги бара од Газа. Израелските власти порачаа дека Хамас е преспор во нивната испорака, додека ...

Кога планираме патување со авион, цената на билетот често е најважниот фактор. Но, нови податоци покажуваат дека денот во кој ја купуваме картата може значително да влијае на конечната цена. Според студија заснована на анализи од Google Flights, најповолниот ден за купување е недела, кога просечната цена на билетите е пониска за 20 долари или повеќе во споредба со другите денови во неделата. На пример, авионски билет кој во понеделник чини ...

Влажен и поладен воздушен бран од северозапад преку Алпскиот регион се движи кон територијата на Република Македонија и ќе донесе промена на времето од понеделник попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември). Според метеоролошките прогнози, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни и ќе наврнат до 15 литри на метар квадратен. Особено во вторник ќе дува умерен до ...

Во интервју за CBS, емитувано во емисијата 60 минути, Трамп рече дека „Си знае што би се случило“ ако Кина нападне, додавајќи дека не сака однапред да открива детали: „Ќе дознаете ако тоа се случи. Тој го знае одговорот на тоа прашање.“ Кинеските власти тврдат дека Тајван е дел од нивната територија, додека Вашингтон останува најсилен поддржувач на неговата самостојност. Иако прашањето за Тајван е една од најспорните теми меѓу двете сили, Трамп ...

„Со длабока тага ги следам трагичните вести што пристигнуваат од Судан, особено од градот Ел-Фашер, во маченичкиот Северен Дарфур“, изјави папата во неделата за време на молитвата на Плоштадот Свети Петар во Ватикан. Тој предупреди дека во регионот се врши „несекирано насилство врз жени и деца“, а хуманитарната помош се соочува со бројни пречки. „Повторно упатувам официјален апел до сите вклучени страни да воспостават прекин на огнот и итно да ...

Таа од утрово штрајкува со глад, барајќи од властите правда и одговорност за трагедијата што го потресе целиот регион. На местото има и големо полициско присуство, вклучувајќи бригада за разбивање демонстрации, распоредена долж оградата околу плоштадот пред Парламентот. Според информациите на српските медиуми, полицијата попладнево дозволила групи граѓани да влезат во шаторското насeле познато како „Ќациленд“, каде што се собираат поддржувачите ...

„Мојата сопруга Камила и јас сме апсолутно ужаснати и шокирани од овој страшен напад. Нашите мисли се со сите погодени и нивните најблиски,“ напиша кралот во објава на социјалните мрежи. Британската полиција соопшти дека во оваа фаза се исклучува можноста за терористички мотив, додавајќи дека се уапсени двајца британски државјани – едниот 32-годишен, а другиот 35-годишен маж од карипско потекло – под сомнение за обид за убиство. Нападот се ...

„Уништувањето на зградите нема да нè натера да се откажеме. Ќе ги обновуваме и повторно ќе ги изградиме со уште поголема сила,“ изјави Пежешкијан при посетата на седиштето на Организацијата за атомска енергија на Иран. Техеран и Вашингтон започнаа преговори за иранската нуклеарна програма уште во април, под посредништво на Оман. Разговорите, меѓутоа, беа прекинати по израелскиот напад на 13 јуни, кој предизвика дванаесетдневен вооружен конфликт ...

Министерот за одбрана Тео Франкен потврди дека инцидентите биле пријавени и дека вториот лет не бил случаен. „Во саботата тоа не беше обичен прелет, туку јасна мисија насочена кон базата Клајне-Брогел,“ напиша Франкен на социјалната мрежа Икс (X), додавајќи дека биле забележани три големи дрона кои летале на иста висина. Полицијата испратила хеликоптер и возила за да ги следи леталата, но контактот бил изгубен. „Летањето со дронови над воени ...

„Останувам до понатаму. Ако треба да умрам – ќе умрам чесно,“ порача таа, барајќи од државните институции да го завршат случајот со уривањето на настрешницата што однесе 16 животи. „Барам сите да бидат процесуирани, сите да бидат сослушани. Не сум терорист, не сум криминалец, јас сум мајка која бара правда. Три дена ме прогонуваа, денес ме бркаа по автопат, но нема да се откажам. Сакам сите студенти кои се уапсени да бидат ослободени,“ изјави ...

„Руските сили ги нападнаа регионите Дњепропетровск и Одеса. Шест лица загинаа, меѓу нив и две деца,“ се наведува во објавата на Телеграм. Украинските власти информираа и дека во јужната Запорошка област околу 58.000 домаќинства останале без електрична енергија поради нападот. Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Москва редовно ја таргетира украинската инфраструктура, оставајќи делови од земјата без струја и приморувајќи ја Украина ...

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска порача дека Израел ќе ги интензивира воздушните напади врз Хезболах во јужен Либан, доколку либанската влада не преземе мерки за разоружување на таа проиранска организација. „Обврската на либанската влада да го разоружа Хезболах и да го протера од јужен Либан мора целосно да се почитува,“ се наведува во соопштението на Каца. Тој ја обвини групата дека „се игра со оган“ и го критикуваше ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговото извинување до демонстрантите било искрено и дека не било израз на страв, туку на желба да се смири општествената атмосфера и да се врати дијалогот. „Моето извинување беше искрено, не затоа што сакам да се додворавам или затоа што се плашам, туку затоа што сакам да ја сменам климата во општеството“, изјави Вучиќ при обиколка на градилиштето на Националниот стадион во рамки на EXPO ...

Телата на тројца од нив биле пронајдени уште вчера, а утрово спасувачите ги откриле и двете лица што се водеа како исчезнати. Несреќата се случила во саботата околу 16 часот на планината Ортлер, највисокиот врв во Јужен Тирол, висок 3.905 метри. Според информациите, планинарите се движеле во три независни групи кога лавината ги зафатила. Двајца мажи преживеале и биле пренесени со хеликоптер во болница во Болцано. Јужен Тирол е една од ...

Инцидентот се случил во храмот Венкатешвара во градот Касибуги, во округот Срикакулам, каде што се собрале стотици верници за време на верскиот обред. Според првичните извештаи, метежот започнал кога дел од толпата се обидел да се пробие поблиску до олтарот, предизвикувајќи паника и турканица. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на загинатите и изјави дека се моли за брзо закрепнување на повредените. Ваквите трагедии ...

Денес е Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинари и потсетник дека оние што им наштетуваат на новинарите мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Кога оние што ја замолчуваат вистината одат неказнети, се шири страв, а вистината исчезнува. Стоиме зад новинарите и соработуваме со партнери ширум светот за вистината да може слободно да се кажува секогаш и секаде. Нека се слушне вистината. Нека биде ...

„Тоа беа поинакви времиња, кога лидерите сè уште преземаа одговорност со зборови и со дела. Одговорност – токму тоа е она по што Израел денес копнее,“ изјави поранешниот началник на Генералштабот Гади Ајзенкот, алудирајќи на критиките кон актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој одбива да преземе вина за безбедносните пропусти пред нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година. Рабин, кој во 1994 година ја доби Нобеловата награда за мир заедно со ...

Според метеоролозите во државата, врнежите на повеќе места ќе бидат поинтензивни, особено во западните и северните делови од земјата. Температурите ќе се спуштат за неколку степени, а ветерот ќе биде северозападен и повремено засилен. Во планинските предели и на повисоките места се очекува формирање на прв снег, додека во котлините времето ќе остане облачно и свежо со повремен дожд. Од среда се предвидува постепено стабилизирање на времето и ...

Тешка трагедија го потресе северозападна Мексико, откако во продавница во градот Ермосиљо избувна пожар во кој, според локалните медиуми, загинале повеќе од дваесет лица. Претседателката Клаудија Шеинбаум изрази длабоко сочувство до семејствата и најблиските на настраданите, додавајќи дека министерот за внатрешни работи испратил тимови за помош на погодените семејства и повредените лица. Градоначалникот на Ермосиљо, град со околу 855.000 ...

Според снимките и фотографиите објавени на социјалните мрежи, пламенот зафати делови од терминалот во Туапсе, пристанишен град на брегот на Црното Море, каде што е сместен терминалот на руската државна компанија „Росњефт“. Регионалните власти потврдија дека нападот предизвикал оштетувања на пристанишната инфраструктура, но според првичните информации нема човечки жртви. Овој напад е дел од континуираната кампања на Украина за таргетирање на ...

„Ќе се гледаме утре и секој друг ден додека нема правда,“ порачаа студентите од Нови Сад со кои заврши комеморативниот собир што ги обедини илјадници граѓани од цела Србија. Настанот кулминираше со собирот на кејот, каде присутните одржаа 16-минутна тишина во чест на жртвите од падот на надстрешницата, трагедија што остави длабока рана во колективната свест. По минутите тишина, во небото полетаа лампи, симболично потсетувајќи на надежта и ...

Уделот на даноците и нето социјалните придонеси во вкупниот бруто домашниот производ (БДП) во ЕУ лани изнесуваше 40,4 отсто, што претставува зголемување во однос на 39,9-те проценти во 2023 година, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат. Во исто време, тој удел во Еврозоната бил 40,9 проценти, што исто така претставува зголемување во однос на претходната година, кога изнесуваше 40,5 отсто. Во апсолутни бројки, во 2024 година ...

Како што објави OzonPress и N1, група маскирани напаѓачи во текот на ноќта ги нападнала и уништила три автобуси на приватен превозник во местото Коњевиќи кај Чачак. Автобусите биле паркирани и требало утредента да тргнат за Нови Сад, каде моментално се одржува најголемиот комеморативен собир во Србија по повод годишнината од трагедијата во која загинаа 16 лица. Според информациите, искршени се шофершајбните и страничните стакла, а напаѓачите ...

По поминувањето на ураганот Мелиса, жителите на пристанишниот град Блек Ривер во Јамајка одат по калливите улици барајќи храна меѓу урнатините. Други се обидуваат да пронајдат шишиња вода или било какви залихи во разрушените продавници. Додека бројот на загинати постојано расте, преживеаните сè уште ги бараат своите најблиски, соочувајќи се со денови без електрична енергија и без вода за пиење. Според извештаите на BBC, оваа заедница веќе три ...

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека Техеран не сака директни преговори со САД за неговата нуклеарна или ракетна програма и повтори дека Иран нема да се откаже од збогатувањето на ураниум. „Никогаш нема да преговараме за нашата ракетна програма и ниедна рационална личност не би се разоружала. Не можеме да го запреме збогатувањето ураниум, а тоа што не може да се постигне со војна, може да се постигне со политика“, ...

Мајка на 16-годишно момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица лани во Нови Сад објави дека почнува штрајк со глад. Дијана Хрка, во обраќањето до собраните на комеморативниот собир во Нови Сад, објави дека ќе штрајкува со глад. „Тргнувам во оваа борба сама. Морам да знам кој го уби моето дете, кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова. Ќе штрајкувам со глад пред Собранието, спроти Ќациленд“, рече таа. ...

Членови на Надзорниот комитет на американскиот Конгрес што го истражува случајот на Џефри Епштајн ги интензивираа своите повици фо поранешниот британски принц Ендру да ги открие своите врски со сега починатиот и осуден сексуален престапник. Британскиот крал Чарлс во четвртокот му ја одзеде титулата „принц“ на својот брат по повеќе месеци притисок околу врската на Ендру со Епштајн, иако Ендру Маунтбатен Виндзор отсекогаш негираше какво било ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
82%
1024
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
65%
1026
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
51%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
76%
1023
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
5.32
65%
1024
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
61%
1028
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
63%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
36%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1023
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1025
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
9.26
77%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225