Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Норвешката репрезентација ја победи Бразилска фудбалска репрезентација со 2:1 и се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, а херој на натпреварот беше Ерлинг Халанд, кој постигна два гола во завршницата. По натпреварот, Халанд се огласи на Instagram со порака: „Вредело да се чека 28 години“, алудирајќи на долгоочекуваниот настап на Норвешка на Мундијалот. Вирален момент на социјалните мрежи Неговата објава за само пет часа собра ...
Во најголемото изненадување на мундијалот, Норвешка славеше со 2:1 против петкратниот светски шампион Бразил. Херој на натпреварот беше Ерлинг Халанд, кој со головите во 80. и 90. минута ја запечати сензацијата. Нејмар во десеттата минута од судиското продолжение само го ублажи поразот од пенал. Натпреварот започна динамично. Норвежаните уште во третата минута ја затресоа мрежата преку Берг, но погодокот беше поништен поради офсајд. Бразил ...
Борбата за место во четвртфиналето на Светското првенство продолжува, а изминатата ноќ донесе едно од најголемите изненадувања на турнирот. Норвешка го елиминираше петкратниот светски шампион Бразил со победа од 2:1, благодарение на двата гола на Ерлинг Халанд, и се пласираше меѓу осумте најдобри селекции на шампионатот. Во вториот осминафинален натпревар, Англија по вистинска драма го совлада домаќинот Мексико со 3:2 и исто така избори ...
Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако во осминафиналето во Мексико Сити го совлада домаќинот Мексико со 3:2. Херој на англискиот состав беше Џуд Белингам, кој погоди во 36. и 38. минута, додека Хари Кејн во 60. минута реализираше пенал за третиот гол. За Мексико стрелаа Хулијан Кињонес во 42. и Раул Хименес од пенал во 69. минута. Во четвртфиналето Англија ќе се соочи со Норвешка, ...
Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако во осминафиналето го совлада Роман Сафјулин со 3:1 во сетови (7:6, 6:3, 3:6, 6:3). Иако важеше за голем фаворит, српскиот тенисер до победата стигна потешко од очекуваното. По освоените први два сета, Сафјулин успеа да го добие третиот, но Ѓоковиќ не дозволи изненадување и со сигурна игра во четвртиот сет го завери местото меѓу најдобрите осум. Со пласманот во четвртфиналето, ...
Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, откако по три часа и 24 минути игра го совлада Роман Сафиулин со 7:6 (8:6), 6:3, 3:6, 6:3. Седумкратниот шампион на Вимблдон го совлада 132. тенисер во светот и ја продолжи максималната успешност во меѓусебните дуели, забележувајќи четврта победа во исто толку натпревари. Со овој триумф, Ѓоковиќ испиша нова страница во историјата на турнирот, оставајќи го зад себе Роџер Федерер на ...
Фудбалската репрезентација на Бразил вечерва од 22 часот ќе игра против Норвешка во осминафиналето на Светското првенство. Тимот предводен од селекторот Карло Анчелоти влегува во натпреварот како голем фаворит, но истовремено се соочува со негативна традиција која трае веќе 24 години. Имено, Бразил последен пат победил европска репрезентација во нокаут-фаза на Светско првенство во 2002 година, кога во финалето во Токио ја совлада Германија. ...
Еден од најтрофејните европски тренери, Јирген Клоп, ќе стане нов селектор на Германија, објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо. Романо ја објави својата препознатлива порака „Here we go“, што вообичаено значи дека договорот е постигнат и останува само официјалната потврда. Според него, Клоп веќе се согласил да ја преземе германската репрезентација, а во моментов се договараат деталите од долгорочниот договор и неговото ...
Ерве Ренар ја напушти селекторската функција на Тунис по само 18 дена, по неуспешниот настап на Светското првенство. Францускиот стратег одлуката ја објави преку социјалните мрежи. „Мојата авантура овде завршува. Ми беше чест да го водам Тунис на Светското првенство и ова искуство засекогаш ќе го паметам“, порача 57-годишниот тренер. Не успеа да ја разбуди репрезентацијата Ренар го наследи Сабри Ламуши среде турнирот, но промената на клупата ...
Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, испрати силна порака по победата од 1:0 над Парагвај во осминафиналето на Светското првенство. Франција до триумфот стигна со голот на Мбапе од пенал во 70. минута, а по натпреварот напаѓачот изјави дека неговиот тим бил подготвен и за цврстата, физичка игра што ја наметнал противникот. „Знаевме каков натпревар нè очекува. Ако треба да ги извалкаме рацете, знаеме како да го направиме тоа. Знаеме да ...
Мароко продолжува да испишува историја на Светските првенства. По убедливата победа од 3:0 над Канада, Мароканците се пласираа во четвртфиналето и станаа првата африканска репрезентација што двапати стигнала меѓу осумте најдобри на Мундијалите. Херој на победата беше Азедин Унахи, кој постигна два гола, во 50. и 82. минута, додека конечните 3:0 ги постави Суфијан Рахими во судиското продолжение. Нова страница во историјата Пред Мароко, само ...
Александар Ѕверев продолжува со сигурни настапи на Вимблдон, откако во третото коло без поголеми проблеми го совлада Маркос Гирон со 6:2, 7:6, 6:4. Вториот носител и актуелен шампион на Ролан Гарос го искористи отворањето на ждрепката по повлекувањето на Карлос Алкараз и сега важи за еден од главните фаворити за пласман во финалето. Во осминафиналето Ѕверев ќе се сретне со Јиржи Лехечка, кој со 3:1 во сетови го елиминира Хауме Мунар. Коболи ...
Мароко е првата репрезентација што обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, откако во Хјустон убедливо ја совлада Канада со 3:0. Херој на победата беше Азедин Оунахи, кој двапати се запиша во листата на стрелците, во 50. и 82. минута, додека конечните 3:0 ги постави Суфијан Рахими во осмата минута од судиското продолжение. Македонската публика имаше дополнителна причина да го следи натпреварот, бидејќи фудбалерот на Хајдук, ...
Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако во осминафиналето во Филаделфија го совлада Парагвај со минимални 1:0. Човек на одлука беше Килијан Мбапе, кој во 70. минута сигурно реализираше пенал и го постигна победничкиот гол. Во четвртфиналето Франција ќе игра против Мароко, кој претходно убедливо ја елиминира Канада со 3:0. Пеналот ја реши средбата Првото полувреме, одиграно во тешки временски услови и високи ...
Големи изненадувања го одбележаа вчерашниот ден на Вимблдон, каде од турнирот испаднаа две од најголемите фаворитки за титулата. Бранителката на трофејот, Ига Швјонтек, беше елиминирана во третото коло од Александра Еала, која славеше со 7:6, 6:2. Филипинката, која е 32. носителка на турнирот, во осминафиналето ќе игра против Јасмин Паолини. Со овој пораз, Швјонтек нема да ја одбрани титулата освоена минатата година, а по завршувањето на ...
Франција вечерва ќе игра без Орелиен Чуамени во осминафиналето на Светското првенство против Парагвај. Играчот за врска на Реал Мадрид е надвор од составот поради повреда на бутниот мускул, објави францускиот весник „Л’Екип“. Натпреварот се игра во Филаделфија, а селекторот Дидие Дешан се очекува да го замени Чуамени со Ману Коне. Чуамени, кој има 26 години, беше стартер на три од четирите натпревари на Франција на ова Светско првенство. ...
Дел од корисниците во Општина Центар денеска, 4 јули, ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа. Според информациите од ЕВН Македонија, прекинот ќе трае од 10:00 до 13:00 часот. Без напојување ќе бидат корисниците на булевар „Кочо Рацин“ бр. 28/1 во Општина Центар. Од ЕВН апелираат до граѓаните да ги имаат предвид најавените прекини и навреме да ги планираат своите активности Дел од ...
Денеска започнува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал, а на програмата се првите два натпревари од елиминациската рунда. Според најавите, фаворити за пласман во четвртфиналето се репрезентациите на Мароко и Франција. Денешна програма Канада – Мароко Парагвај – Франција Познати се сите двојки од осминафиналето Канада – Мароко Парагвај – Франција Бразил – Норвешка Мексико – Англија Португалија – Шпанија САД – Белгија ...
Фудбалската репрезентација на Аргентина со многу мака обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако дури по продолженија со 3:2 ги совлада Зеленортските Острови. Избраниците на Лионел Скалони беа големи фаворити, но мораа да вложат огромен напор за да избегнат сензационална елиминација. Во осминафиналето Аргентина ќе се соочи со Египет. Аргентина доминираше во поседот на топката уште од почетокот, а првата сериозна шанса ...
Фудбалската репрезентација на Колумбија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако во Канзас Сити со минимални 1:0 ја совлада Гана во последниот натпревар од шеснаесетфиналето. Со победата на Колумбија се комплетираа сите двојки за осминафиналната фаза, каде што јужноамериканската селекција ќе се соочи со Швајцарија. Колумбија уште од самиот почеток го контролираше натпреварот и поведе во 14. минута. По прецизен центаршут ...
Фудбалската репрезентација на Швајцарија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако во натпревар од шеснаестина финале во Ванкувер ја победи селекцијата на Алжир со 2:0. Швајцарија поведе уште во 10. минута преку Брел Емболо, а конечниот резултат го постави Дан Ндоје на почетокот од второто полувреме. Швајцарија рано дојде до водство кога Жоан Манзамби со одличен продор го пронајде Емболо во шеснаесетникот, кој само ја ...
Фудбалскиот сојуз на Германија одлучи да го смени селекторот Јулијан Нагелсман по неуспехот на репрезентацијата на Светското првенство 2026. Одлуката ја потврдиле германските медиуми, меѓу кои и „Bild“, а информацијата ја пренесе и фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо Според извештаите, федерацијата одлучила да ја прекине соработката со Нагелсман по завршувањето на турнирот, каде што Германија не ги исполнила очекувањата. Во меѓувреме, како ...
На Светското првенство во фудбал продолжува нокаут-фазата, а денеска се играат последните натпревари од осминафиналната (1/16) рунда. Во првиот термин од 20:00 часот ќе се сретнат Австралија и Египет. Од полноќ на терен излегуваат Аргентина и Зеленоортски Острови. Последниот натпревар од оваа фаза ќе го одиграат Колумбија и Гана, со почеток во 03:30 часот по полноќ. Со овие дуели ќе биде комплетирана шеснаестина финалната фаза од турнирот, ...
Шпанија со убедлива победа од 3:0 над Австрија обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство, каде ќе се соочи со Португалија. Шпанците одиграа сигурен натпревар и без поголеми проблеми ја совладаа Австрија, потврдувајќи ја улогата на еден од главните фаворити за титулата. По натпреварот, селекторот Луис де ла Фуенте изјави дека неговата репрезентација е подготвена за секој противник и дека не му било важно дали ќе игра против ...
Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени во новите руски напади врз Украина, соопштија украинските власти. Во областа Суми, на истокот од земјата, руски беспилотни летала погодиле семејна куќа, при што загинале две лица, а едно било повредено. Во Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, седум лица се повредени откако руски проектил погодил густо населена населба. Во меѓувреме, во Киев денеска е прогласен ...
Хрватската фудбалска репрезентација го заврши настапот на Светското првенство откако загуби од Португалија со 2:1 во осминафиналето. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а Хрватска остана без шанса за продолженија откако голот за 2:2 беше поништен по интервенција на ВАР поради офсајд. Според објаснувањето на судиската одлука, сензорот во топката покажал дека напаѓачот допрел до неа пред одбивањето од португалскиот дефанзивец, поради ...
Швајцарија има убедлива предност од 2:0 против Алжир во осминафиналниот натпревар на Светското првенство, откако погоди веднаш по стартот на второто полувреме. Само неколку секунди по продолжението, Швајцарците извршија силен пресинг, ја освоија топката во опасната зона, а по нафрлувањето на Рубин Варгас, одбиената топка стигна до Дан Ндоје, кој со прецизен удар ја испрати во мрежата за 2:0. Швајцарија во нокаут-фазата влезе како ...
Светското првенство во фудбал носи уште еден историски дуел, каде што Лука Модриќ и Кристијано Роналдо повторно ќе се сретнат на големата сцена во натпреварот меѓу Хрватска и Португалија. Ова соочување на поранешните соиграчи од Реал Мадрид претставува веројатно последен мундијалски танц за двајцата ветерани кои со децении доминираат во европскиот фудбал. Навивачите ширум светот со голем интерес ја очекуваат оваа пресметка, која покрај ...
Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, порача дека репрезентацијата има причина да биде горда и покрај елиминацијата од Светското првенство, откако неговата селекција загуби со 2:0 од САД во шеснаесетфиналето. Четириесетгодишниот напаѓач, кој го напушти теренот во 51. минута поради повреда, истакна дека неговиот тим дал сè од себе. „Немам некој посебен коментар. Дадовме сè од себе. За жал, одиме дома, но без разлика на сè, треба да ...
Белгија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство по драматична победа од 3:2 над Сенегал по продолженија, во натпревар што ќе остане запаметен по најдоцниот гол во историјата на Мундијалите. Белгијците беа на работ на елиминација, бидејќи до 86. минута губеа со 2:0, но успеаја да направат неверојатен пресврт. Ромелу Лукаку во 86. минута го намали резултатот, а Јури Тилеманс само три минути подоцна израмни на 2:2 и го однесе ...