Иран во неделата изврши ракетни и напади со дронови врз американски воени локации во Кувајт и Бахреин, како одговор на претходните американски воздушни удари врз повеќе ирански цели во близина на Ормускиот Теснец. Иранската Револуционерна гарда соопшти дека биле нападнати американската воздухопловна база „Али Ал Салем“ во Кувајт и објекти поврзани со Петтата флота на САД во пристаништето Салман во Бахреин. Според Техеран, нападите ...

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 1.430, додека спасувачките екипи продолжуваат со интензивна потрага по преживеани. Катастрофата следува по два силни потреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени, кои предизвикаа масовни уривања и големи материјални штети низ земјата. Според првичните информации, повредени се речиси 4.000 лица, а десетици илјади се водат како исчезнати, што дополнително ја отежнува ...

Единаесетгодишно момче е извлечено живо од урнатините во Карабаледа, на северот од Венецуела, три дена по двата разорни земјотреси што ја погодија земјата, соопшти привремената претседателка Делси Родригез. Таа на социјалната мрежа X објави дека секој спасен живот во овие критични моменти претставува „извор на надеж за Венецуела“, споделувајќи и видео од спасувачката акција. Спасувањето доаѓа во услови на масовна трагедија во која, според ...

рпскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во следните неколку недели ќе се повлече од функцијата, една година пред истекот на неговиот мандат, и најави одржување на предвремени претседателски и парламентарни избори. „Ќе бидам претседател уште само неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка“, изјави Вучиќ пред своите поддржувачи на провладин собир во Белград. Неговиот втор и последен мандат истекува во средината на 2027 година. ...

Конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран повторно ескалираше, откако американските сили втор ден по ред извршија напади врз воени цели на иранска територија, а Техеран возврати со напади врз американски воени бази во Кувајт и Бахреин. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека американските авиони погодиле складишта за ракети и беспилотни летала, како и крајбрежни радарски станици во Иран, наведувајќи дека нападот е ...

Додека Венецуела влегува во третиот ден од една од најтешките природни катастрофи во својата понова историја, нови земјотреси дополнително ја отежнуваат потрагата по преживеани. Во текот на ноќта северниот дел од земјата го погодија најмалку два посилни афтершока со јачина меѓу 4,7 и 4,9 степени според Рихтеровата скала, кои повторно беа почувствувани и во главниот град Каракас и во градот Маракај. Според досегашните информации, бројот на ...

Тензиите на Блискиот Исток повторно ескалираа откако Иран изврши напад со беспилотни летала врз американски воени позиции во Бахреин, само неколку часа по американските воздушни напади врз ирански воени цели. Истовремено, танкер беше погоден во Ормутскиот Теснец, дополнително зголемувајќи ја загриженоста за безбедноста на еден од најважните светски поморски коридори. Иранската Револуционерна гарда соопшти дека цел на нападите биле „позиции ...

Утрово, маневрирачка локомотива на товарен воз излета од шините во областа Гајниче во Загреб, но во несреќата нема повредени, потврди за Хина во саботата полициската управа во Загреб. Полицијата добила пријава за инцидентот околу 9:30 часот, а несреќата се случила во близина на подвозникот Дубравица. Според очевидци, возот се движел со голема брзина во моментот на несреќата и можел да заврши во подвозникот што го користат секојдневно ...

120.000 сообраќајни прекршоци регистрирал системот „Безбеден град“ во првите пет месеци од воспоставувањето, информираше министерот за внатрепни работи Панче Тошковски. „Од 1 февруари, кога стартуваше примената на ‘Безбеден град‘, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за истиот период лани. До 22 јуни 2026, преку камерите се регистрирани 120.000 прекршоци, од кои 95 ...

Утрово се забележуваат огромни колони за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“. Информациите од терен покажуваат дека возилата речиси целосно го исполнуваат меѓуграничниот простор на преминот. Нема информации дали се спроведува ЕЕС системот за влез во ЕУ, но викендот и топлото време како и почетокот на летната сезона измамија илјадници граѓани на Македонија и соседните земји да заминат кон Грција. Утрово за влез кај нашиот јужен сосед ...

Во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела загинаа повеќе од 900 луѓе, а повредени се 3.360, покажуваат владини бројки. Спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани, додека семејствата очајно чекаат вести за своите најблиски, јавува Би-Би-Си . Два силни земјотреси ја погодија Венецуела во среда, во рок од неколку секунди. Вториот земјотрес, со магнитуда од 7,5 степени, беше еден од најсилните што ја погодиле земјата во ...

На денешен ден во 1991 година, тогаш сојузните држави на СФРЈ, Словенија и Хрватска, прогласија отцепување и своја независност. Собранијата на Словенија и Хрватска прогласија еднострана независност на 25 јуни 1991 година. Истиот ден тогашната сојузна влада, тогаш официјално Федералниот совет на Собранието, ги прогласи одлуките за отцепување за нелегални. Словенија денес го слави Денот на државноста и 35-годишнината од прогласувањето на ...

Американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC) го подигнаа нивото на одговор на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго на највисокото можно ниво, поради забрзаното ширење на болеста. И покрај тоа, американските здравствени власти нагласуваат дека ризикот од ширење на вирусот во САД засега останува низок. Според последните податоци, епидемијата на сојот Bundibugyo заразила повеќе од 1.200 лица во Конго, а 321 ...

Нов земјотрес со магнитуда од 4,9 степени ја погоди северната обала на Венецуела, само неколку дена по двата разорни потреси што предизвикаа огромни разурнувања и однесоа речиси 1.000 животи. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот бил почувствуван во Каракас и Маракај. Засега нема информации за нови жртви или материјална штета. Спасувачките операции продолжуваат Во меѓувреме, спасувачките тимови и натаму работат ...

Две лица загинаа, а уште 12 се повредени, меѓу кои и две деца, во руски напад со дрон врз минибус во градот Никопол, во украинската Дњепропетровска област, соопшти регионалниот гувернер Олександр Ханжа. Според објавата на гувернерот на Телеграм, дронот го погодил минибусот во петокот, при што животот го загубиле двајца патници. Повредените се пренесени во болница, а меѓу нив има и две деца. Никопол се наоѓа на спротивниот брег на реката ...

Американската војска изврши воздушни напади врз ирански складишта за дронови, ракети и радарски позиции, како одговор на неодамнешниот напад врз трговскиот брод Ever Lovely во Ормускиот Теснец. Нападите претставуваат прва директна воена ескалација меѓу САД и Иран по потпишувањето на привремениот меморандум за разбирање на 17 јуни. Американската Централна команда (CENTCOM) објави снимка од ноќните операции. На видеото, кое е означено како ...

Разорните земјотреси што ја погодија Венецуела во текот на ноќта меѓу среда и четврток продолжуваат да земаат човечки жртви, а меѓу загинатите има и голем број странски државјани. Според официјалните информации од повеќе амбасади и министерства за надворешни работи, најмногу жртви има од Португалија, Шпанија, Италија и Кина. Португалското Министерство за надворешни работи соопшти дека во катастрофалните земјотреси загинале девет португалски ...

До 18:00 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, информираа од Центарот за упрвавување со кризи. Од регистрираните пожари два се уште се активни, додека пет пожари се изгаснати, додаваат од ЦУК. Активни пожари има во Општина Прилеп – место викано Маркова Чешма (ниска вегетација) и во Општина Василево – с. Нова Мала каде гори ниска вегетација). Изгаснати пожари: Општина Струмица – с. Банско ...

Украинската Служба за безбедност (SBU) денес објави дека нејзини беспилотни летала нападнале руски воени бродови за поддршка кои се во изградба и систем за воздушна одбрана С-400 во окупираниот Керч, како дел од новата 40-дневна операција на Крим. Операцијата, која има за цел да ја намали способноста на Русија да го користи Крим како воен и логистички центар, беше одобрена од претседателот Володимир Зеленски. Според СБУ, нападот бил насочен ...

Македонскиот ракометен првак Вардар ги дозна противниците за новата сезона во Лигата на шампионите, по ждрепката што се одржа во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена. Вардар ќе игра во групата Б, заедно со Нант, Мелсунген и Висла Плок. Во оваа фаза македонскиот претставник ќе одигра шест натпревари, а новиот систем на натпреварување носи јасна цел — пласман меѓу првите два тима во групата. Екипите што ќе завршат на првото и ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја дозна противничката во првото коло од главниот турнир на гренд слем турнирот Вимблдон. Во главната фаза, Ѓорчевска ќе игра против Американката Анисимова. Анисимова е шеста на ВТА листата и тенисерка која минатата сезона играше во финалето на Вимблдон. Инаку, претходно, Ѓорчевска испиша историја откако победи во сите три квалификациски дуели од неофицијалното светско тениско првенство. Лина ги ...

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди североисточната јапонска префектура Чиба, во близина на Токио. Нема издадена закана од цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.Потресот на земјата се почувствувал и во главниот град Токио, предизвикувајќи вознемиреност кај населението. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 50 километри, според податоците на метеоролошката служба, пренесува Japan ...

Украинската противвоздушна одбрана вечерва одби нов руски ракетен напад врз Киев, а остатоци од пресретнатите ракети паднале во најмалку една градска населба. Според првичните информации од локалните власти, нема пријавени повредени, јавува „Ројтерс“. Остатоци од ракета предизвикале пожар Сведок на „Ројтерс“ изјавил дека видел како украинската ПВО пресретнала најмалку една руска ракета.Началникот на воената администрација на Киев, Тимур ...

Иран ги отфрли плановите, поддржани од Обединетите нации, за масовна евакуација и организирано движење на бродови низ Ормутскиот Теснец, што повторно ги зголеми стравувањата за безбедноста на една од најважните светски поморски рути, објави „Гардијан“. Предлогот, зад кој застана и Оман, требаше да биде првата фаза од поширока иницијатива за нов модел на управување со Ормутскиот Теснец. Планот предвидуваше доброволни надоместоци за користење ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека одобрил 40-дневна операција чија цел е да се зголеми притисокот врз Русија и да се поттикне Москва кон прекин на војната. Според неговата објава на Телеграм, одлуката е донесена по консултации со шефот на државната безбедност, а операцијата ќе биде насочена кон влијание врз руската држава како „агресор“. Украина веќе подолг период спроведува напади со среден и долг дострел врз цели во ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис откако за првпат во кариерата обезбеди пласман во главната фаза на најпрестижниот тениски турнир во светот – Вимблдон. Со овој успех, Ѓорческа стана првата македонска тенисерка која преку квалификациите успеала да се избори за место во главниот жреб на Вимблдон, остварувајќи еден од најголемите резултати во својата кариера. Патот до главниот турнир ...

Дел од корисниците во општина Карпош утре и во сабота ќе бидат без вода за пиење, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради санација на два затворачи со профил Ф-400 и Ф-500 милиметри. Доколку постојат технички услови, интервенцијата ќе започне утре, во петок, од 18 часот и ќе трае до завршување на работите. Без вода ќе останат корисниците од ...

Морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) предупреди дека безбедното минување низ Ормутскиот теснец е можно само преку патиштата одредени од иранските власти, наведувајќи дека секое движење надвор од официјално назначените коридори е „забрането и опасно“. Во соопштението на Гардата се наведува дека алтернативните транзитни правци се „неприфатливи и целосно опасни“ и дека секој сообраќај надвор од одобрените правци ќе биде предмет ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање изјави дека Украина продолжува жестоко да одговара на руските напади и дека Москва трпи огромни загуби на окупираните територии. Руската воена логистика и самото присуство на окупаторите се сериозно загрозени, што, според него, е јасен сигнал дека Русија нема да се извлече со кражба на украинска земја. Зеленски нагласи дека акциите на Украина, вклучително и оние на Крим, ...

Градот Скопје ги информира граѓаните дека претстојниот викенд, на 27 и 28 јуни 2026 година (сабота и недела), во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на територијата на градот. Доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, прскањето ќе биде одложено за првиот следен ден со поволни услови, во истиот временски термин. Од надлежните апелираат пчеларите навреме да ги ...

Мвр билтен

37 минути - МИА
weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.37
65%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
0.55
62%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.83
62%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.97
52%
1017
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.63
80%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.44
98%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
1.34
45%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.17
41%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.83
59%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
63%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.79
54%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.41
95%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Бакар

13.23

Калај

56.36

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Сребро

2044.16

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Злато

139576.04

Платина

56038.75

Паладиум

43628.56

Алуминиум

3.28