Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат да ги зголемат трошоците за одбрана во следната деценија на пет проценти од БДП. Рубио ги даде овие забелешки во интервју за „Фокс њуз“ по учеството на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Анталија, Турција. Неговиот шеф, американскиот претседател Доналд Трамп, во својот прв мандат од 2017 до 2021 ...
Висок политички лидер на Хамас повтори дека се подготвени „веднаш да ги предадат сите затвореници“ доколку таков потег доведе до крај на војната, објави Анадолија. Басем Наим рече дека мисли оти американскиот претседател Доналд Трамп „може да го стори тоа ако изврши доволен притисок врз Израелците веднаш да ја прекинат оваа војна“, додавајќи дека Трамп „има способност и волја да ја постигне оваа мирна ситуација“. „Подготвени сме да ...
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вели дека граѓаните немаат причина за вознемиреност по хавријата во Пинтија, бидејќи од нивна страна биле преземени сите мерки за заштита. Инспекторите од Кисела Вода на терен констатирале протекување на хемикалии од вентил при дефект, во објект за производството на стиропор во Пинтија. Ѓоргиевски вели дека елаборатот за заштита на животната средина бил издаден и одобрен од страна на Градот ...
Бугарските учесници на меѓународната Менделеева олимпијада по хемија во Бело Оризонте, Бразил, освоија еден сребрен и три бронзени медали, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН) на Бугарија. Тие се натпреваруваа со 188 натпреварувачи од 40 земји. Сите четворица медалисти се ученици од Софиската математичка гимназија „Паисиј Хилендарски“. Менделеевата олимпијада е еден од најпрестижните натпревари по хемија во светот и се ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, 16 мај, ќе биде домаќин на министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, информира МНР. Ова е прва посета на министерката Беате Мајнл-Рајсингер на нашата земја по стапувањето на функцијата министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија на 3 март 2025 година. „Во фокус на разговорите ќе биде унапредувањето на ...
Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, попладнево официјално поднесе оставка од министерската функција. Во писмената оставка што ја доставил до премиерот, Христијан Мицкоски, наведува дека одлуката ја донел по внимателна лична и професионална проценка. „Со ова писмо, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. ...
Во врска со прашањата за промените во составот на пратеничките групи, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес бил официјално известен за промените во составот и раководната структура на пратеничката група на „Вреди“. „Во согласност со известувањето: пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на ВЛЕН. Заменици-координатори се пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи“, соопштија од Собранието. Сегашниот ...
По излегувањето на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари од Владата и од коалицијата „Вреди“ сите места отстапени на албанскиот владин партнер остануваат за коалицијата „Вреди“. Министерот за животна средина Изет Меџити вели веќе се подготвуваат за кадровските измени. „Првин треба да ја констатираме оставката на Таравари. Она што е битно, сите позиции што ги има Алијанса за Албанците ќе останат во рамките на ‘Вреди’. Ќе направиме анализа, ...
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнување на градежните работи за реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска, општина Чаир, во вредност од 88 милиони денари владин грант. Меџити пред присутните жители истакна дека со реализацијата на овој, како што рече, мега-проект вреден ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека непријателствата меѓу Пакистан и Индија се решени, откако ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната. Во обраќањето пред американските трупи во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, за време на турнејата на Блискиот Исток, Трамп рече дека Пакистан и Индија се задоволни од тоа, објави Ројтерс. Соседните нуклеарни земји го завршија конфликтот, кој траеше од ...
Министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев учествува во неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Анталија. Состанокот се одржува во подготовка за Самитот на НАТО во Хаг (24-25 јуни оваа година), во врска со претстојните важни одлуки што Алијансата ќе треба да ги донесе, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија, пренесува БГНЕС. Во својот говор, министерот Георгиев ја истакна ...
Во периодот од 2020 до 2023 година на државните патишта се случиле 31.176 сообраќајни несреќи во кои загинале 457 лица, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија. Оценето е дека мерките и активностите кои ги преземаат надлежните иако придонесуваат за подобрување на безбедноста, сепак, не се ефикасни за намалување на бројот на жртвите до посакуваната состојба на национално и на европско ниво. Исто така, во извештајот се ...
Откако неколку денови го прашуваме директно на прес-конференции Филипче, за потеклото на неговата виза, тој сиве овие денови не бил тука, туку во Дубаи? Венко Филипче вчера далеку од тука, најверојатно уживајќи на грчките плажи или пак на увид на градежни активности на 50катница во Дубаи, заедно со својот партнер и ментор Заев пишуваше фејсбук статуси за памфлетот од Закон за настраданите од Кочани, за кои што морам да потенцирам дека Владата ...
Општина Ѓорче Петров објави јавен оглас за распределба на финансиски средства за поддршка на спортски клубови, здруженија, спортисти и спортски манифестации за 2025 година. Право на учество имаат сите спортски субјекти и организатори на спортски настани со седиште или активност на територија на Општина Ѓорче Петров, како и оние чии проекти ќе се реализираат на нејзиното подрачје. Краен рок за аплицирање е 29 мај 2025 година, а пријавите се ...
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп штотуку изјави дека може да отпатува за Истанбул утре, доколку денешните мировни преговори за Украина постигнат напредок. Зборувајќи од Катар, за време на четиридневната турнеја на Блискиот Исток, Трамп рече дека се надева оти Русија и Украина ќе можат да постигнат договор бидејќи војната мора да престане. „Би сакале да видиме крај на војната и мислам дека имаме шанса тоа да се случи“, додаде ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додека се очекува руските и украинските претставници да започнат мировни преговори одделно во Истанбул. По пристигнувањето, Зеленски им рече на новинарите дека Украина ќе одлучи за следните чекори во преговорите со Русија по средбата со турскиот претседател, пренесува Ројтерс. Во таа прилика, тој го ...
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес беше одложена по шеснаесетти пат, откако повторно не беше прифатен предлогот на движењето Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на Собранието. 55 од присутните 111 пратеници гласаа за формирање на комисија која ќе го надгледува тајното гласање. Седницата е закажана да продолжи во сабота, 17 мај, во 10:30 часот. Самоопределување, исто така, побара тајно гласање ...
Општина Кисела Вода спроведува голема акција за косење на нараснатата трева на јавните површини. Во акцијата се вклучени сите сезонски работници, кои со тримери темелно ја уредуваат зелената површина низ целата територија на општината. Од Општината информираат дека денес се работи на трим патеката, која поради убавото време интензивно се користи од граѓаните за рекреација и прошетки, како и на поголемите паркови и детски игралишта. Паралелно ...
Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе, матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот, информираат од МВР. Одговорноста, како што напоменуваат, за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека е претпазливо оптимист во врска со можниот напредок во преговорите за Украина. „Останувам претпазливо оптимист и мислам дека ако Русите се подготвени да ја играат играта, а не само Украинците, може да се постигне напредок во следните две недели“, рече тој по пристигнувањето во Анталија, за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, пренесува Бета-АФП. Но, за вистински да ...
Велика Британија и Германија заеднички ќе развијат ново оружје за „длабок прецизен ефект“, со дострел од повеќе од 2.000 километри, објави денес британската влада. Проектот се потпира на обврската преземена минатата година за развој на ново оружје, кога двете земји потпишаа билатерален одбранбен договор и ја нагласија потребата, Европа да може да се одбрани од каква било ескалација на војната во Украина, пренесува Танјуг. Како што е најавено, ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува длабоко разочарување од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не дозволат законот за финансиска поддршка на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани да се најде на дневен ред во Собранието. Како што велат, станува збор за закон без политичка позадина. „Со една единствена цел, да им помогнеме на семејствата што изгубија најмногу, што изгубија сѐ, да им ...
Воените соперници Украина и Русија се подготвени да ги започнат своите први директни преговори по повеќе од три години, но рускиот претседател Владимир Путин не е на списокот на учесници. Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски се надеваше дека ќе се сретне лично со Путин во Истанбул, руската делегација ја сочинуваат само пониски функционери. Отсуството на Путин, пишува АФП, ќе ја намали важноста на првите директни преговори по ...
Финска размислува за зголемување на старосната граница за резервистите во вооружените сили на 65 години, според локалните медиуми, пренесува Анадолија. Потсетувајќи дека моменталната старосна граница е 50 години за обични војници и 60 години за подофицери и офицери, јавниот радиодифузен сервис објави дека реформата има за цел да го зголеми бројот на резервисти за 125.000. Како таков, се очекува бројот на резервисти во Финска да достигне ...
Латвиската министерка за надворешни работи Баиба Браже денес изјави дека не гледа никакви индикации дека Русија сака мир во Украина, нагласувајќи дека е важно да се ослабат руските воени капацитети. „Ослабувањето на руските воени капацитети е најдиректниот и најевтиниот начин да се постигне мир во Украина“, изјави Браже пред новинарите пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Турција, објави Ројтерс. За денес во ...
Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но меѓу нив не се споменува претседателот Владимир Путин. Руската делегација ќе ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински, а ќе бидат и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галужин и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин, според списокот објавен од Кремљ. Преговорите за евентуален крај ...
Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја даде изјавата откако Кремљ објави список на руската делегација на преговорите, на кој не е вклучен претседателот Владимир Путин. Трамп претходно изјави дека е можно да отпатува во Истанбул доколку Путин е таму. Американската страна објави дека во нивната делегација ќе бидат државниот секретар ...
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека неуспехот да се постигне праведен мир кој го почитува територијалниот интегритет на Украина може да го поткопа меѓународното право и да предизвика хаос низ целиот свет. „Во вакво време, исклучително е важно меѓународното право да преовладува“, рече Гутереш на конференцијата во Берлин, додавајќи: „Во спротивно, ја отвораме вратата за хаос низ целата планета“. Германскиот ...
Познатиот бугарски бизнисмен и филантроп д-р Милен Врабевски беше специјален гостин на свеченото предавање и осветување на бојното знаме на првиот студентски гардиски одред во Бугарија, јавува Фондација Бугарска памет. Одредот е составен од студенти на Државниот универзитет во Бургас „Проф. д-р Асен Златаров“, каде што д-р Врабевски е член на Управниот одбор. На свеченоста присуствуваа и учениците од Четвртиот ученички гардиски одред од ПГЕЕ ...
Извор: БГНЕС На конник без глава се натъкнаха археолозите от екипа на проф. д-р Людмил Вагалински (НАИМ-БАН) при разкриването на гроб с нарушено покритие от керемиди в Западния некропол на Хераклея Синтика. Според ръководителя на спасителните разкопки става дума за играчка на колела, тоест погребано е дете. Вероятно главата е отчупена при преравянето на гроба от иманяри през Античността, които не са оставили нищо друго вътре, съобщиха от ...