Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Арбен Таравари, поранешниот министер за здравство, ја објасни својата оставка во интервју за албанската телевизија МЦН. Како причина за напуштањето на Владата ја наведе игнорацијата кон Вреди и недостигот на координација меѓу албанските партии во владејачката коалиција. „Ние како Алијанса за Албанците не сме навикнати да бидеме само декорација. Затоа решивме да одиме во опозиција и да се вратиме кај граѓаните. За нас е важно да се ...
Со пораката „Системот убива – институциите молчат“, денес во Кочани се одржа шестиот протестен „Марш за ангелите“, во чест на младите кои трагично го загубија животот во пожарот во клубот „Пулс“. Иако боли молкот на институциите, денешниот марш беше исполнет со тишина – ниту еден родител не се обрати јавно. Тоа беше нивниот тивок, но јасен одговор на игнорантниот однос на надлежните, кои сè уште немаат понудено одговорност за трагедијата. Во ...
Поранешниот министер за информатичко општество, Азир Алиу, соопшти дека останува дел од коалицијата Вреди, нагласувајќи дека борбата против корупцијата и потребата од промени во општеството не смеат да престанат на првата препрека. „Останувам во Вреди. Излегување од Владата без јасен план може да доведе до рехабилитација на старите структури од ДУИ“, изјавил Алиу, пренесе ТВ Телма. Во исто време, вицепремиерот Арбен Фетаи објави фотографии од ...
Попладнево во Кочани се одржува нов шести по ред протест во знак на поддршка за семејствата на загинатите и повредените во пожарoт во дискотеката „Пулс“ што однесе 62 животи. Учесниците во протестот бараат неселективна правда и транспарентна истрага за причините и одговорностите за трагедијата. Протестот е поддржан и од движењето „Кој е следен“, кои побараа системски промени и одговорност за сите институции вклучени во надзорот и безбедноста ...
Извор: Библиотека Струмски Брой 82 от михайловисткото течение на нелегалния орган на ВМРО – “Свобода или смърт”. Съдържа: 1. “На къде?” – статия за хърватското движение и крал Александър Караджорджевич; 2. “ВМРО в преценката на чужденците”; 3. “Конгресът на македонките в България”; 4. “Македонци и хървати в Америка на общ фронт против тираничния Белград”; 5. “В съгласуваната борба на поробените лежи техното спасение”; 6. “Това, което видех…” ...
ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на судската пресуда за трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која во септември 2021 година животите ги загубија 14 лица. Од партијата ја оценија пресудата како срамна и донесена под политички притисок од страна на СДСМ и ДУИ. Во партиското соопштение се посочува дека казната затвор од една година и шест месеци за поранешните директори на тетовската болница, како и паричната казна од околу 16 илјади евра ...
Коалицијата Вреди жестоко го нападна ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, обвинувајќи ги за политички манипулации, корупција и обид за спас преку нови задкулисни зделки. Според Вреди, „времето на Ахмети е завршено, а Албанците веќе не се подготвени да се залажуваат со празни ветувања и темни сценарија“. Во нивното денешно соопштение, Вреди посочува дека ДУИ се обидува да се одржи на власт по секоја цена, дури и користејќи ги како алатка поединци ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес во Тирана изјави дека Европската Унија е посветена на создавање просперитет, вклучително и преку план за раст за Западен Балкан. „Поврзаноста мора да биде високо на нашата агенда. Ние веќе создаваме такви можности преку нашата програма за Украина и нашите планови за раст за Западен Балкан и Молдавија“, рече таа на Самитот на Европската политичка заедница. Фон дер Лајен рече ...
Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека тој и лидерите на Франција, Германија и Полска, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се согласиле дека позицијата на Русија во мировните преговори е „неприфатлива“ и дека за тоа разговарале со американскиот претседател Доналд Трамп. Зборувајќи заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск на самитот на ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска се сретна со албанскиот премиер, Еди Рама, во Тирана. „Секогаш е посебно задоволство кога со нашите соседи градиме разбирање и заедничка визија. Денеска со премиерот Рама во Тирана имавме исклучително конструктивен и пријателски разговор, исполнет со заемна почит и желба за напредок. Заедно, цврсто чекориме по патот кон Европската Унија, посветени на иднината што ја градиме со партнерство, дијалог и ...
Со отворање на изложбата „Мисија бугарски дизајн“, музички настапи и забави, Регионалниот историски музеј во Благоевград ќе ја одбележи иницијативата Европска ноќ на музеите за деветнаесетти пат по ред, јавува Пиринско. Настаните ќе започнат утре, а влезот за сите посетители ќе биде слободен. Во програмата се вклучени настапи на фолклорната група „Бисери“ од Центарот за личен и креативен развој – Благоевград, како и претстава на Куклен театар ...
Иницијативата „Кој е следен“ со герила акција побара правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Пред зградата на Обвинителството беше поставено платно со имињата на жртвите од пожарот, но и имињата на луѓе кои го загубија животот во големи трагедии. „Поминаа 2 месеци од најголемата трагедија во нашата историјата. Најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Денес го потсетуваме Основното јавно ...
Во Истанбул денеска се одржуваат првите директни преговори меѓу руската и украинската делегација по повеќе од три години. Извори од турското Министерство за надворешни работи и Украина потврдиле дека состанокот за завршен по нешто повеќе од еден час, а информацијата беше цитирана од повеќе светски медиуми. Сепак, руската државна агенција „РИА Новости“ објави дека преговорите не се завршени, туку страните во моментов прават пауза, повикувајќи ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот треба да воведе нови санкции кон Русија доколку се покаже дека нејзиното учество во директните мировни преговори со Украина е театрално. Зборувајќи на конференција во Тирана, во време кога во Истанбул се водат првите директни преговори меѓу Украина и Русија по три години, Зеленски повика на поостра меѓународна реакција. „Светот мора да одговори. Потребна е силна реакција, ...
На денешното рочиште за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска беше прикажана необјавена снимка од 24 ноември 2023 година, која, како што беше презентирано потекнува од дента кога се случил првиот неуспешен обид за грабнувањето на Вања. Обвинителката Ана Димитриевска, рече дека видеоматеријалот е од безбедносниот систем на Манев, од кој веќе некои снимки се изведуваа пред судот. „Оваа снимка што дополнително ќе ја покажеме, не беше ...
Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денес од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во ...
Една недела, СДС и Филипче молчат и се кријат, за потеклото на златната виза на чиракот на Заев, Венко Филипче. Откако на Венко му се испушти дека поседува златна виза, за која не го наведе потеклото, го снема од јавноста, а според нашите информации, тој пред 6 дена на граничниот премин Богородица, ја напуштил државата, истакна на прс-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Праша, дали Филипче, кога ја напуштил државата, ...
Ексдиректорите на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор за пожарот во модуларната болница. Болницата ќе треба да плати 1 милион денари. Ова е втора пресуда за случајот, откако во првата беше досудена условна казна за директорите Бесими и Етеми која беше поништена од Апелациониот суд во Гостивар. Обвинителството повторно побара затвор, нагласувајќи ја одговорноста на директорите за ...
Времето денес, облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Кон крајот на денот на повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен слаб снег. Попладне и во текот на ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h). Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Облачно и свежо со повремени врнежи од ...
По два месеца лекување во Солун од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се огласи познатиот музичар и член на групата ДНК, Горан Тонев. „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ‘Папаниколау’ во Солун за неизмерната грижа и за негата што ми ги дадоа. Исто така, сакам да му се заблагодарам и на персоналот во Кочани и во Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели што ...
Средбата меѓу украинската и руската делегација започна во Истанбул. Средбата се одржува веднаш по кусиот состанок меѓу американските претставници и руската делегација, а во услови на обвинувања дека Москва се обидува да ги саботира долгоочекуваните мировни преговори со ненадејно барање за исклучување на други земји од преговорите. Претходно беше соопштено дека шефот на руската делегација во Истанбул, Владимир Медински, пристигнал на разговори ...
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, исто така, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина. „Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп. Тој додаде дека сака што поскоро да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин – штом успеат да ја договорат. Трамп вчера изјави дека значителен напредок во разговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице. Да ...
Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити како еден од лидерите на „Вреди“ денес кажа дека предлогот за нов министер за здравство ќе го дадат откога ќе завршат преговорите кои во моментов ги водат со членови на албанските партии кои сега се опозиција. Тој е убеден дека многумина членови на Алијанса за Албанците кои не ја поддржале одлуката на лидерот Арбен Таравари за излегување од „Вреди“ и од Владата, ќе преминат кај нив, но ...
Градоначалникот Горан Герасимовски, директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски и вработени од општина Центар, вчера се сретнаа со жители на Центар кај плочникот кај Агромеханика кадешто заеднички дискутираа за проектите што се имплементираат за развој на Центар и се отворија сите важни прашања – од собирањето на млади на игралиштата и нарушувањето на јавниот ред, сѐ до проблемот со паркирањето, зеленила и оштетени површини. ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин направил грешка што не испратил делегација на повисоко ниво на мировните преговори во Истанбул. „Путин направи грешка испраќајќи делегација на пониско ниво. Всушност, топката е во негов двор, во смисла дека тој мора да игра, во смисла дека тој мора сериозно да се справи со наоѓање мир, а целиот притисок е врз него“, изјави Руте за новинарите пред ...
90-дневното примирје меѓу САД и Кина во трговската војна е прекратко, напиша кинескиот државен медиум „Глобал тајмс“, додека претставниците на двете најголеми економии во светот се прегрупираат во Кореја. На самитот во Женева минатиот викенд, САД се согласија да ги намалат дополнителните тарифи што ги наметнаа на кинескиот увоз минатиот месец од 145 проценти на 30 проценти во текот на следните три месеци, додека Кина вети дека ќе ги намали ...
Очигледно е дека кога ќе се соочи со критика, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад. Формалната игра со титули не ја менува реалната слика на терен, улиците се преполни со ѓубре, а јавните претпријатија се нефункционални, реагира в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. 2Ако Арсовска не е одговорна за состојбата во ЈП „Комунална хигиена“, тогаш кој е? Дали ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија ќе го зголеми притисокот врз Русија и дека работи на нов пакет санкции, вклучувајќи санкции против „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“. „Тој (рускиот претседател Владимир Путин) повика на прекин на огнот за време на годишнината од 9 мај, што самиот тој никогаш не го почитуваше. Потоа Украина повика на прекин на огнот, што беше поддржано од ...
Албанија би можела да стане членка на Европската унија пред крајот на деценијата, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Ако Албанија продолжи со истото темпо, сосема е можно да се приклучи на Европската унија пред 2030 година“, рече Кошта на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рам во Тирана. Се зависи од тоа дали ќе продолжите по истиот пат или не“, рече претседателот на Европскиот совет. Рама ...
Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија и Украина во турскиот мегалополис, изјави синоќа извор од турското Министерство за надворешни работи. „Трилатерални преговори меѓу САД, Украина и Турција“ од една страна и меѓу „Руската Федерација, Украина и Турција“ од друга страна се на дневен ред, рече изворот. Затоа, се чини дека директни преговори ...