
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите. Тој демантираше дека МВР не постапило по денешниот инцидент. Не е точно дека МВР не презема дејствија и оти не постапува. За денешниот инцидент факт број ...
Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со остро соопштение откако бугарскиот амбасадор во Македонија, Жељазко Радуков, беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. Причината за повикот беше употребата на придавката „северномакедонски“ од страна на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, во обраќањето кон премиерот Христијан Мицкоски. Запрашан за реакција, ...
Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија! Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на градоначалничката на град Скоп, г-ѓа Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита, пишува Андреј Ковачев на социјалните мрежи. 2Ова е уште еден случај на насилство, ...
На социјалните мрежи е објавено видео од случувањата од инцидентот во Чаир во кој учествувала градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, додека била на увид на терен. На видеото се гледа Арсовска во вербална расправија со едно лице. Кога тој, потоа и се приближува на Арсовска, на лице место доаѓаат припадници на полицијата, коишто веднаш реагираат и го одведуваат човекот. Во реакцијата на полицијата се приведени две лица, кои се ...
Шефот на Одделот на ФИФА за глобален развој на фудбалот Арсен Венгер ги отфрли критиките дека Светското клупско првенство е „најлошата идеја имплементирана во фудбалот“ и најави дека турнирот во иднина ќе се одржува на секои четири години. Венгер оцени дека Светското клупско првенство, кое во нов формат со учество на 32 клубови се одржува во ова лето во САД за прв пат во историјата, е успешно, со висококвалитетни натпревари и поголема ...
Кога станува збор за романтичните врски, психолозите истакнуваат дека трпението е една од важните ставки. По неколку неуспешни врски и познанства, многумина дури и во своите 20-ти или 30-ти години помислуваат да се откажат од потрагата по сродна душа, бидејќи, како што велат, доживеале премногу разочарувања. Иако многумина се исплашени од помислата да започнат одново нова романса, психолозите тврдат дека никогаш не е доцна, па дури и дека некои ...
Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. На комеморацијата ќе бидат погребани посмртните останки на седум жртви од Сребреница, пронајдени на различни локации, меѓу кои и две 19-годишни момчиња, најмладите меѓу денешните погребани. На настанот се очекува присуство на лидери од повеќе земји, а според медиумите од Сараево, ...
Клиничка болница – Штип склучи договори за вработување со 18 приватни специјализанти кои во наредниот период треба да помагаат во работните единци согласно својата специјалност. Како што информира директорот на Болницата, Владко Захариев, на неопределено време ќе се вработат уште 18 лица. -Заврши тој процес на прием на специјализанти, во моментот е склучен договор со 18 специјализанти од кои поголем дел се во втора половина на специјализација и ...
Бугарскиот тенисер Григор Димитров по повредата се огласи од болница. Понекогаш срцето сака да продолжи… но универзумот има поинаков план за нас. Морав да се повлечам од тој натпревар на Вимблдон и тоа беше еден од најболните моменти во мојата кариера. Ви благодарам за огромната количина љубов – од семејството, пријателите, фановите, колегите, до целата тениска заедница… вашите пораки навистина ме кренаа во овие тешки времиња. Ви благодарам на ...
По околу две недели под контрола е ставен пожарот кај Бешиште, Мариово до грчката граница. Заменик-командирот во прилепската противпожарна единица, Виктор Стојчески истакна дека овие денови гори мешана шума и оти се правеле пристапни патишта за да се локализира пожарот. На теренот се екипи од ЈП „Национални шуми“ од Прилеп, Кавадарци и Битола. -Пожарот кај месноста Железна Врата, близу до границата со Грција во Мариово е ставен под контрола, ...
Мистериозно меѓуѕвездено летечко тело е откриено од научниците од Универзитетот Оксфорд минатата недела, и веројатно се работи за комета што е три милијарди години постара од нашиот Сончев Систем. Ова би можело да биде најстарата комета некогаш забележана, проценуваат астрономите. Кометата, научно именувана „3-И / Атлас“ (3I/Atlas), првпат е забележана на 1 јули од телескопот „Атлас“ во Чиле, кога беше оддалечена околу 670 милиони километри од ...
Мишко за Voria.gr, раскажа дека нивниот одмор бил уништен поради еден прекршок. „Сè започна пред супермаркет во Пефкохори, во областа каде што престојував со мојот брат и нашите семејства. Најдовме парче хартија на шофершајбната на автомобилот и на почетокот претпоставивме дека е едноставна казна, бидејќи не бевме свесни дека сме паркирале непрописно“, објасни тој. Прекршокот што го направиле бил тоа што паркирале на место каде што паркирањето ...
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани, соопштија оттаму по денешниот напад на градончалничката Данела Арсовска во Чаир. -Било кое такво однесување е неприфатливо и надвор од здравиот разум. Воедно бараме институциите да го расветлат случајот, се до конечно дознавање на вистината и утрдување на фактите на случајот кој ја разбранува јавноста, се вели во соопштението на советничката ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), дел од проектот за интерконекција Македонија–Албанија. Проектот опфаќа две целини – LOT 1: далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2: изградба на трансформаторската станица Охрид во близина на селото Мешеишта. Божиновска се запозна со текот на ...
Два случаи на антракс и еден на маларија се потврдени во Романија. Националниот институт за воено-медицински истражувања и развој „Кантакузино“ синоќа ја потврди дијагнозата на антракс кај две лица примени во Националниот институт за заразни болести „Д-р Матеи Балс“ во Букурешт. Министерството за здравство информираше дека двајцата пациенти се во стабилна состојба и под медицински надзор. Едниот пациент има лесна форма на болеста, а неговиот ...
Новата инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ е уште еден темел на економската доверба и јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот неминовно доаѓа. Денешниот ден е уште една потврда дека се движиме напред, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното поставување камен-темелник на новата фабрика на оваа компанија во Технолошко-индустриската развојна зона во Скопје. – Ова се показатели што го говорат најважното дека ...
Од денеска попладне до недела во Галичник ќе се одржува традиционалната Галичка свадба на која годинава младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, ќе биде в недела, 13 јули, што е и централен настан на манифестацијата. Организаторот на Галичката свадба – Месната заедница Галичник, најави богата тридневна програма, ...
Ова лето, градот Охрид ќе биде домаќин на музички настан од светски ранг. На 3 август, на стадионот „Билјанини Извори“, како дел од серијалот Intermezzo Music Rituals, настап ќе одржи францускиот диџеј и продуцент HUGEL, еден од најголемите имиња на светската електронска сцена. Познат по хитовите “I adore you”, “Morenita”, “Marianela”, “Tra Tra”, како и “Es un secreto”, HUGEL има над 1 милијарда стримови на дигиталните платформи и настапува на ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, најверојатно ќе го напушти германскиот Лајпциг во летниот преоден рок, пренесува угледниот германски спортски магазин „Кикер“. Според информациите, Елмас не е подготвен да прифати нова позајмица по минатата полусезона помината во редовите на Торино, по што не сака да се задоволи со споредната улога во Лајпциг. „Елмас, чиј престој во Лајпциг не донесе посакуван спортски успех, се очекува да ...
На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните семејства. Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот, човековите права и достоинството на секоја личност, соопшти Владата. „Во овие моменти на сеќавање, со пиетет се присетуваме и на сите други народи кои во различни времиња биле погодени од страдања, прогони и неправди- меѓу кои и ...
Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи дури во 2027 година, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Според неа, повеќе од 110 милиони денари ќе платат ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на новата фабрика на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје. Денес го одбележуваме почетокот на нова инвестиција, но повеќе од тоа денес вградуваме уште еден темел на економка доверба. Јасен сигнал дека кога институциите се посветени успехот неминовно доаѓам – рече премиерот Мицкоски. Компанијата „Чагатај Кабло“ започнува со изградба на нова фабрика во ...
Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Христо Саракинов реагираше на повторниот инцидент со падната фасада во населбата Козле, потенцирајќи ја потребата од системска контрола и одговорност. „Станува збор за сериозен настан кој, за среќа, помина без повредени, но со јасна порака – безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет“, истакна Саракинов, додавајќи дека ова не е прв ваков случај, потсетувајќи дека пред неколку ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит на жртвите и истакна дека ова злосторство засекогаш ќе остане опомена за светот. „Денеска се навршуваат 30 години од ужасното злосторство во Сребреница, кога во јули 1995 година, над 8.000 невини луѓе беа убиени во еден од најголемите геноциди во историјата на Европа по Втората светска војна,“ порача Филипче. Тој ...
Актерката, Весна Петрушевска, реагира на коментарите со кои се соочи, откако во поткаст обелодени дека пред години имала афера со тогашниот премиер, Бранко Црвенковски. Петрушевска воглавно наиде на морализирање, но и навредливи коментари на социјалните мрежи. Имаше и такви кои во нејзина одбрана, но и за волја на вистината, искоментираа дека ако на пример, актер изјавеше дека имал афера со македонска политичарка, ќе беше најголем фраер, ...
На Конференцијата за обнова на Украина што се одржа во Рим, албанскиот премиер Еди Рама клекна по втор пат пред италијанската премиерка Џорџо Мелони. Како домаќинка, Мелони ги поздрави лидерите и претставниците на сите земји поединечно, но средбата со Рама повторно беше причина за непријатноста на која е навикната италијанската премиерка. He did it again: Albanian PM Edi Rama kneels before Italy's Meloni. pic.twitter.com/TBKheVsTnV — Clash ...
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е нов играч на ФК Сараево, потврди клубот на социјалните мрежи. Ристовски кој до неодамна беше играч на Динамо Загреб потпиша договор до летото 2027 година, а во БиХ ќе го води хрватскиот стратег Зоран Зекиќ. Тој има опција да го продолжи договорот за уште една сезона. Ристовски ќе се приклучи на новиот клуб на подготовки во Словенија, а со Сараево ќе се соочи со европски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-Би-Си Њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да даде детали за тоа каква ќе биде таа. Во последните денови, Трамп изрази разочарување од својот руски колега Владимир Путин во врска со војната во Украина. -Мислам дека ќе дадам голема изјава в понеделник за Русија, изјави американскиот претседател. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ...
Никола Тесла, еден од највлијателните пронаоѓачи и визионери на 20. век, водел исклучително дисциплиниран живот, вклучително и во однос на исхраната. Според бројни биографски извори, Тесла поголемиот дел од животот бил приврзаник на растителната исхрана, уверувајќи дека токму таа му ја зголемува енергијата, го подобрува менталниот фокус и ја одржува неговата виталност. Познат по својата скромност и самодисциплина, Тесла секојдневно консумирал ...
Пожарникарот Васе од скопската противпожарна бригада сподели на социјалните мрежи дека по напорниот ден, ги чекало вистинско изненадување во базата. Гест на четири мали девојчиња кои како што вели Васе, им го вратиле здивот во моменти кога останале без сила. Малите девојчиња продавале сокчиња и бонбони за да соберат донација за пожарникарите кои деновиве водат долги и исцрпувачки битки со пожарите ширум Македонија. -Кога веќе немаш ни здив, ни ...