Двете највисоки тела на судската власт во државата и Здружението на судии денеска преку писмено соопштение реагираа на критиките што премиерот Христијан Мицкоски вчера повторно ги упати до судиите велејќи дека нема да прави реформи во правосудниот систем, што, според него, предвидуваат само зголемување на нивните плати. Мицкоски ги доведе реформите во корелација со враќањето државни долгови од две милијарди евра, наведувајќи дека Владата не ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска одбележа 25 години од основањето. Директорот на Фондот Сашо Клековски во својата презентација истакна дека ФЗО има 1.840 000 осигуреници, од кои 1.200 000 се носители на здравственото осигурување. Буџетот на Фондот е 53 милијарди денари, а за здравствено осигурување се плаќа 3 000 денари месечно. Ваквото вложување, како што кажа, е доволно и е на ниво на средноразвиени земји. Во своето обраќање ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека неговата влада ќе ја тужи Европската Унија поради одлуката од минатиот месец за постепено суспендирање на увозот на руски гас, објавува британскиот весник „Гардијан“. „Не го прифаќаме ова очигледно нелегално решение кое е спротивно на европските вредности, кое Брисел го избра за да ја блокира владата на земја која не се согласува со него. Ова повеќе не се санкции, туку мерка на трговска политика. Ќе ...

Владата е стабилна. Убедливата победа на локалните избори покажа дека оваа Влада има јасна и недвосмислена поддршка и оти носечки столб во таа Влада е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи. Време за политика и политиканство заврши. Да ги засукаме ракавите и да работиме, не чека многу работа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Потврди дека има разговори за пополнување на исполнетите места во Владата по локалните избори и за ...

Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. Од доставените 25 случаи, комисијата утврди дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не е надлежна. ...

Сопственикот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, може повторно да патува, по судската одлука за укинување на неговиот надзор и забраната за напуштање на Франција, објави денеска Политико. Основачот на Телеграм беше уапсен во Франција во август 2024 година и обвинет за неколку кривични дела од организиран криминал. Обвинителите го обвинуваат Дуров и неговата мрежа Телеграм дека одбиваат да соработуваат со властите во борбата против ...

Познатата пејачка и актерка Аријана Гранде се најде во застрашувачка ситуација за време на премиерата на филмот „Wicked: For Good“, која се одржа денес, на 13 ноември, во Сингапур. Додека ѕвездата одеше по жолтиот тепих, среде настанот, непознат маж скокна преку бариерата и физички ја нападна. Инцидентот се случил на влезот во студиото. На видеата што се проширија на интернет, може да се види како мажот ненадејно се приближува кон Аријана ...

Скопје влегува во нова ера на урбан развој – главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница, која ќе се гради на потегот од под „Лимак“ до влезот во Кисела Вода. Проектот, кој го најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, има за цел да го растовари централното градско подрачје и да воведе современи сообраќајни решенија по европски стандарди. „По завршувањето на правната постапка веднаш започнуваме со работа. Ова е капитална ...

Четирите јавни претпријатија во град Скопје ќе добијат нови вршители на должноста директор. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ги соопшти нивните имиња. Во јавното претпријатие „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов кој ја извршувал оваа функција на почетокот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска, а во „Водовод и канализација“ Иван Митровски, досегашниот заменик-градоначалник на Кисела ...

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година запиша уште еден разочарувачки резултат во квалификациите за Европското првенство. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, младите надежи беа поразени од Шведска со убедливи 1-4. Тоа е четвртиот пораз во пет натпревари за младите македонски фудбалери. Натпреварот започна со оптимизам. Во 12. минута, Елези ја искористи првата вистинска шанса и со прецизен удар донесе водство од 1-0 за ...

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и иновации во „Дајнерс клуб Македонија“ Скопје. Тема на разговор во поткастот се образованието, создавањето поволна бизнис-клима, дигитализацијата на процесите и значењето на спортот. Своето професионално искуство Јанковски го започнал како практикант во Секторот за менаџмент на франшизи во „Discover financial ...

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, денеска уште еднаш ги „олади“ синдикатите со барањето за зголемување на минималната плата велејќи дека нема да има вонредно зголемување на „минималецот“, туку дека ќе се чека редовното усогласување во март идната година. Дурмиши потсети дека минималната плата годинава се зголеми за околу 2.000 денари Според Законот за минимална плата, усогласувањето, кое се врши еднаш годишно, се прави врз основа на ...

Надоместоците за членовите на Избирачките одбори, Општинските изборни комисии за спроведување на Локалните избори 2025 година нема да се намалат, туку ќе се движат на ниво на претходните избори, односно Претседателските и Парламентарните избори, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко на јавната седница, на која едногласно беше усвоен Правилникот за определување на критериуми за надоместоци за членови ...

Најголемата ѕвезда на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо зборуваше за очекувањата пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Република Ирска. Натпреварот ќе се игра вечер во Даблин со почеток во 20:45 часот. – Многу сум среќен. Имам одличен однос со селекторот Роберто Мартинез и сакам да продолжам во овој дух. Целта ни е добро да ги завршиме квалификациите и сме многу позитивни. ...

Макроекономската слика за домашната економија укажува на отпорност и солиден економски раст, надолно приспособување на инфлацијата и претежно стабилна платнобилансна позиција, којашто обезбедува адекватно ниво на девизни резерви, посочи гувернерот д-р Трајко Славески, кој ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2025 ‒ 2028 година пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На ...

Доктор Ненад Цоневски, Македонецот кој работи во Софија, е обвинет за „екстремна суровост кон животно“, откако со автомобил прегази маалско куче во бугарскиот главен град, пишува „24часа.бг“ Од Обвинителството во Софија велат дека Цоневски ќе одговара за „намерна суровост кон животно што резултирало со сериозни повреди“, но не и за убиство, бидејќи кучето било евтаназирано подоцна. Ветеринарната експертиза покажала дека кучето имало сериозни ...

Витраж со Тоше Проески и мотиви од неговата песна „Полско цвеќе“ се поставени на спомен обележјето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на Гумење во Крушево. Дар е на српскиот витражист Драго Гањиќ. Иницијативата од пред 14 години има симболика. Негова пријателка од Сомбор го сонувала Тоше токму на денот на неговото загинување, 16 октомври. Нешто слично му се случило и на витражистот, само што Тоше ја пеел песната „Полско ...

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче истакна дека економијата на државата е во драматичен пад и дека Македонија денес се наоѓа на дното во регионот според сите клучни економски показатели. „Ние сме со најмала минимална и просечна плата во регионот, а платите немаат изгледи да растат, највисока инфлација во регионот 4,5%, најнизок проектиран економски раст од страна на светска банка од сите земји во кој патем е ...

Основниот кривичен суд – Скопје го одложи денешното судско рочиште за предметот што се однесува на злоупотребата на државните спортски ваучери, во кој се обвинети вкупно 12 лица, меѓу кои и двајцата поранешни директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски. Како што информираа од Основниот кривичен суд, судската постапка ќе продолжи во редовна процедура, а следното судско рочиште ќе се одржи според претходно ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека ќе го предложи д-р Александар Трајановски за нов потпретседател на партијата. Предлогот ќе биде презентиран на седницата на Извршниот одбор, закажана за 18 часот. За назначувањето да стане официјално, потребно е да го одобри и Централниот комитет, но засега седница на највисокото партиско тело не е закажана. Филипче истакна дека процесот на кадровски промени се одвива внимателно и побара ...

Коментирајќи за реформите во судството и обвинителството, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека не може да направи зголемување на плати на лицата за кои, како што кажа, „немаат никаков рејтинг“. Реформите во судството се за зголемување на платите. Промената на шесте закони, главната реформа е да се зголемат платите. Следната година ние треба да вратиме 2 милијарди евра, некој што го направил претходно, и што не задолжил сите нас и нашите ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска информира дека д-р Александар Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром, ќе го номинира за нов потпретседател на партијата. Трајановски моментално е член на ИО на СДСМ. Филипче оценува дека „Трајановски ќе биде значајно кадровско зајакнување за раководството на партијата“. Лидерот на СДСМ ги отфрла тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека му понудил функција на некој поранешен градоначалник во ...

Министерството за финансии утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница. Средствата во износ од 17,6 милиони евра и камата во износ од 880 илјади евра ќе бидат исплатени на сметките на граѓаните кои запишаа обврзници од втората Граѓанска обврзница. Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и ...

Премиерот Христијан Мицкоски при извршениот увид на изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром одговараше на новинарски прашања. Следната година треба да вратиме повеќе од 2 милијарди евра, поради задолжувања од минатото, не од оваа Влада, во буџет од повеќе од 6 милијарди евра. Тука треба да имаме пензии, социјални трансфери плати, комунални трошоци, и треба да вратиме повеќе од 2 милијарди евра. Некој којшто душмански ...

Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во градежништвото од 9 отсто, а растот на услуги по транспорт е 6,1 отсто и тоа е далеку над растот кој го има државата. Тоа покажува дека овие два сектори растат, вели вицепремиерот Александар Николоски. Тој во интервјуто на „Топ Тема” истакна дека крупните капитални проекти се реализираат со ...

Најдобрата фудбалска репрезентација денеска од 18 часот игра пријателски натпревар против Летонија во Скопје. Избраниците на селекторот Благоја Милевски се слободни односно не играат квалификациски дуел за СП 2026. Дуелот со Летонија е убава можност за воигрување, во пресрет на дуелот со Велс на 18.ноември во вторник. Среќни сме што повторно сме заедно, за нас секој натпревар е важен и сигурно дека ќе дадеме се од себе да ги оствариме нашите ...

Во вчерашната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој во фокусот го стави Буџетот за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра, при што нагласи дека се обезбедени повеќе средства за плати и пензии како и реална сума за капитални инвестиции, со кои државата ќе продолжи да се развива. -Тоа е документ којшто е реален и нуди решенија за проблемите на ...

Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди визија за државата. Со освоени само 120 илјади гласа и 6 општини партијата е во длабока политичка и организациска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Дека во СДС под водство на Филипче постојат длабоки поделби и несогласувања меѓу највисоките структури во раководството говори и фактот на одлив на кадри каде искусни партиски ...

Потписот на претседателот Доналд Трамп го заврши најдолгото затворање на владата на САД во историјата. Трамп го потпиша клучниот буџетски закон неколку часа откако тој беше усвоен од Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот. Претходно, законот, кој овозможува финансирање на државните услуги, беше усвоен и во Сенатот. При усвојувањето на законот во двата дома, на Републиканците, кои имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, им се ...

Денес, 13 ноември, Скопје одбележува 81 година од своето ослободување – еден од најзначајните датуми во историјата на македонската престолнина. На овој ден во 1944 година, единиците на Народноослободителната војска на Македонија, со поддршка од граѓаните, го ослободија Скопје од фашистичката окупација. Тоа беше симболичен момент на победа, слобода и нов почеток за градот кој подоцна ќе стане срцето на независна и современа држава. Во чест на ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
95%
1009
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
0.0
92%
1009
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
4.12
80%
1007
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.41
77%
1007
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.84
88%
1009
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
6.17
57%
1007
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1009
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1009
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
86%
1006
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
81%
1009
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.83

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Паладиум

54077.56

Злато

159436.20

Сребро

2497.79

Рутениум

45750.51

Иридиум

215504.98

Платина

67484.42

Калај

46.06

Алуминиум

3.07

Цинк

3.29