Ветивме – исполнивме. И продолжуваме. На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување на пензиите: 1.000 денари во септември 2025 (исплата на 1 октомври); 1.000 денари во март 2026 (исплата на 1 април), информира премиерот Христијан Мицкоски. -Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа влада. Вкупно 7.000 денари ...

Објавено е најновото рангирање на најмоќните пасоши во светот за 2025 година, а резултатите покажуваат континуирана доминација на европските земји. Според индексот на пасоши „Хенли“, кој ги рангира пасошите врз основа на бројот на дестинации достапни без виза, една азиска земја е на врвот втора година по ред. Податоците, собрани од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), потврдуваат дека Сингапур сè уште го држи првото место, ...

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен ...

Иницијативата „Шанса за Центар“ алармира за хаотична и контроверзна градба што се изведува во срцето на Дебар Маало, во непосредна близина на детска градинка. Во објава на социјалните мрежи тие остро реагираат дека проектот се спроведува без почитување на соседското право, безбедносните стандарди, но и мирот на жителите и децата. „Вака се гради во Дебар Маало! Без усул ни за соседското право, или безбедноста, спокојот на жителите или на децата ...

Ливерпул започна директни разговори со претставници на бразилскиот напаѓач Родриго, кој би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето, пишува новинарот Санти Ауна. Иако во моментов нема официјални преговори меѓу клубовите, „Скај Германија“ објави дека Реал Мадрид е отворен за продажба на 23-годишниот Бразилец, а самиот Родриго е свесен за таа можност. Флоријан Плетенберг додава дека Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата и го гледа Родриго како ...

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија. Вечерта на 22 јули 2025 година, борбениот авион Мираж-2000 доживеа технички дефект за време на мисија за обука“, се вели во соопштението на социјалната мрежа Телеграм. A Ukrainian Air Force Mirage 2000 crashed due to equipment failure shortly after taking off from Dubno Air Base in Rivne. The pilot ...

Веста за смртта на Ози Озборн ја потресе музичката индустрија, а социјалните медиуми беа преплавени со пораки на сочувство и сеќавања на големиот музичар. Меѓу првите што проговорија беа неговите долгогодишни пријатели и колеги, рок легенди. Рони Вуд од Ролинг Стоунс со тага се присети на нивната последна средба: „Многу сум тажен поради смртта на Ози Озборн… Каков прекрасен проштален концерт имаше во Бирмингем“. Елтон Џон сподели фотографија од ...

Заштитата од сонце треба да е задолжителна во дневната рутина на пациентите, особено во услови на високи температури и зголемен УВ-индекс, повикаа денеска надлежните од Кумановската општа болница. Заштитата е неопходна за здравјето на најголемиот орган-кожата советува доктор Лилјана Пандиловска, дерматовенеролог од Општа болница Куманово, началник на одделот за дерматовенерологија. Изгореници, алергиски реакции, инфекции, но и сериозни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека е постигнат трговски договор со Токио, според кој Јапонија ќе плаќа реципрочни царини од 15 проценти за стоки извезени во САД, се вели во објавата на неговата социјална мрежа Truth Social. Трамп, исто така, рече дека Јапонија се согласила да инвестира 550 милијарди долари во САД, при што Вашингтон ќе добие „90 проценти од профитот“. Американскиот претседател не даде дополнителни детали за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави бизарно видео со вештачка интелигенција на кое се гледа како поранешниот претседател Барак Обама е уапсен од полицијата и однесен во затвор. Трамп, кој останува во центарот на контроверзиите околу начинот на кој неговата администрација ги обработи документите за Џефри Епштајн, го постави видеото на TikTok, кое потоа го објави на својата платформа Truth Social во неделата. На видеото, се гледа Обама ...

Со донација од околу 800 илјади евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека се работи за донација од општествено одговорна компанија која, рече, донирала објект во оваа сума и во општина Теарце за реализација на канализациски проект што треба да заврши со пречистителна станица. -Ова е чин на голема возбуда и задоволство затоа што од таа гимназија се излезени ...

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграции Бујар Османи ќе биде кандидат за градоначалник во скопската општина Чаир на Европскиот фронт, додека Бајрам Реџепи ќе биде кандидат на коалицијата за градоначалник на Тетово. Ова беше соопштено денеска по 21. седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција што се одржа во Тетово. Европски фронт ќе ги подели градоначалничките ...

СДС и Венко Филипче немаат намера со програма да се наметнат, ниту со проекти да ја добијат поддршката на граѓаните. СДС и Венко Филипче имаат намера со ветување за распродавање на националните интереси да дојдат на власт. Силната брана за нивните намери е ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Микцоски, и затоа се сите напади во изминатиов период, но и нападите со лаги и фабрикации кои ќе следат, намерата е да се ослабне ВМРО-ДПМНЕ и Христијан ...

Веста дека Србија би можела да издаде до 100.000 работни дозволи за граѓаните на Гана предизвика остри реакции во српскиот јавен и политички живот. Додека владата негира постоење на каков било формален договор, опозицијата предупредува дека државата, наместо да ги задржува младите, го гледа решението во масовниот увоз на работна сила. Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, изјави дека тврдењата за договорот со Гана се „целосна ...

Дијабетесот може да предизвика низа компликации ако не се открие навреме. Многу е важно да го препознаете што е можно побрзо, а ова се првите симптоми: Постојано чувство на замор: За разлика од здравите луѓе, кај кои шеќерот продира во клетките и се претвора во енергија, кај дијабетичарите тој се задржува во крвта. Последица е недостаток на енергија и покрај консумирањето храна. Еден од типичните симптоми на недијагностициран дијабетес е токму ...

Бремените жени и натаму се казнуваат со бркање од работа штом работодавачите ја дознаат информацијата за мајчинството. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол, род и мајчинство во областа на работата и работните односи, и тоа врз вработена во приватна фирма, која на 17 јуни 2024 година кажала дека е бремена, а веќе следниот ден добила отказ, објави Сакам да кажам. ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов информираше дека врз пожарот до Преспанското езеро во повеќе наврати дејствувал еден Ер трактор на Дирекцијата, додека вториот Ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино. Како што соопшти Ангелов, во пожарот кај прилепските села Штавица, Чумово, Волково и Прилепец во моментов дејствува еден полициски хеликоптер, а во моментов се упатува и еден армиски хеликоптер. -Еден ер ...

До 18:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, четири се под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на територија на општините Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, кај Готен планина и Малешевски Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Македонски Брод, кај селото ...

Пратеничката група на Левица попладнево соопшти дека преку пратеникот Борислав Крмов како член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. Од Левица посочуваат дека недозволиво е Собранието да биде пасивно и да чека самата претседателка да поднесе оставка од морални причини, кога против Димитровска се водат две кривични истраги и истата повеќе од ...

Највисока температура од 41 степен денеска се иземерени во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија, додека 40 степени се измерени на Зајчев Рид во Скопје и во Гевгелија. Како што информираат од УХМР, 39 степени се измерени во Битола, Штип и Струмица, 38 во Тетово и во Виница, 37 во Прилеп, 36 во Крива Паланка, 35 во Охрид и Претор, 34 во Берово, 31 во Крушево и во Маврови Анови, 30 во Лазарополе и 26 на Попова Шапка. До крајот на денот ...

Со српските и руските партнери продолжуваме со изградбата на нов нафтовод меѓу Унгарија и Србија. Додека Брисел ја забранува руската енергија, ги прекинува врските и ги блокира патиштата, нам ни требаат повеќе извори, повеќе патишта. Унгарија нема да стане жртва на овие катастрофални одлуки, напиша на Твитер унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. We’re moving forward with Serbian and Russian partners to build a new oil pipeline ...

Ве молам болката е преголема, се уште сите ја чувствуваме. Ве молам таа тема да ја оставиме на политичките глодари и лешинари, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во Тетово и посочи дека сочувствува со болката на родителите и семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека. Јас сочувствувам со родителите. Ве молам да ја оставиме таа тема на тие луѓе што навистина чувствуваат голема болка, а не што сакаат ситни политички ...

Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори за вработување на неопределено време, најави на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Азир Алиу. Со ова, како што кажа ќе заврши агонијата на 155 лица од кои некои од нив со години работат во институцијата без решен статус. Тој ја обвини опозициската ДУИ дека со децении, иако биле на власт не го решиле проблемот на овие лица. – ...

Вардар го дозна името на противникот во третото квалификациско коло, во Конференциската лига. Доколку, во втората рунда, Вардар ја елиминира Лозана, во третото коло ќе се сретне со победникот од двомечот меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан). Првиот меч од втората рунда, против Лозана,Вардар ќе го одигра в четврток во Скопје. Реваншот во Швајцарија на програмата е на 31 јули. Во третата рунда, Вардар исто така би бил домаќин на првиот ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат. Потренцира дека собраниската Комисија за прашања на ...

Ќе имаме пет потрошувачки кошници, една за самец, за млад брачен пар, за тричлено, за четричлено семејство и за пензионери. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски кој рече потребите на сите се различни и рече дека за ова се консултирал со академската фела. Интензивно работиме со професори и со министерот за економија, Бесар Дурмиши на оваа тема. Како што сум информиран процесот на утврдување на репрезентативност на синдикатите е завршен и ...

За 10 евра или за 630 денари е зголемена синдикалната кошница во јули во однос на јуни. На 4 члено семејство месечни би биле потребни над 65 илјади денари за да го истурка месецот. Најголем дел од парите , над 23,600 денари им биле потребни само за храна и пијалоци . Од Синдикатот велат дека по завршување на владините мерки, вредноста на кошницата за 3 месеци е згоемена за 2,637 денари, а во делот на храната и пијалоците има зголемување за ...

Бугарија има шанса да докаже дека внесувањето на Бугарите во Уставот е единственото барање, ова е одговорот на на темата којашто ја отвори бугарскиот претседател Румен Радев, рече одговарајќи на новинарско прашање претседателот на владата, Христијан Мицкоски. -Затоа јас реков добро, ако е само тој услов, еве пред да дојдеме до тој услов да го исполниме, заеднички, преку бугарскиоте европратеници да предложиме резолуција со којашто заедно како ...

Дејвид Бекам повторно го привлече вниманието – овојпат поради „несреќен случај“ при стрижење што се случи во неговата бања. Имено, додека се обидуваше сам да си ја потшиша косата со машинка, поранешниот англиски фудбалер случајно остана делумно ќелав… Бекам, кој неодамна наполни 50 години, реши да му се врати на стилот на ниско истрижена глава, по што беше препознатлив на почетокот на ова илјадалетие. Но, при потшишувањето, му паднал додатокот ...

Македонија 2024 година ја завршила со рекордни 1,25 милијарди евра странски директни инвестиции – највисоко ниво досега, изјави Гоце Димовски, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), во интервју за бизнис магазинот „Капитал“. Според него, ваквото темпо на привлекување инвестиции ќе продолжи и во наредниот период, со уште посилна динамика. Димовски нагласува дека веќе постои сериозен интерес од странски компании ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1028
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
75%
1026
weather icon

Загреб

18ᴼ / 13ᴼ
0.0
80%
1026
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1029
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.0
55%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.33
99%
1026
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.92
48%
1023
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1024
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
68%
1025
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
67%
1027
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.79
82%
1026
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
49%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941