
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до нивната цел да развијат „универзална вакцина“ за „будење“ на имунолошкиот систем во справувањето со канцерогените клетки. Според студијата на истражувачкиот тим од Универзитетот во Флорида објавена Nature Biomedical Engineering, тестирањето на новата вакцина во комбинација со вообичаените лекови ...
Во справувањето на пожарите од воздух на располагање се ставени двата „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување и два полициски и два армиски хеликоптери. Третиот „ер трактор“ кој е на сервис, се очекува да биде вратен во земјава на почетокот на август. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска информираше дека кај овој „ер трактор“ дополнително се откриени дефекти. – Во моментов имаме два „ер ...
Весникот „Волстрит журнал“ коментира дека официјален Киев ризикува да ја изгуби западната поддршка поради притисок врз антикорупциските агенции во Украина. Според публикацијата, агенцијата „NABU“ е формирана на барање на западните партнери за борба против корупцијата во земјата. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој ги потчини агенциите „NABU“ и „SAPO“ под Канцеларијата на генералниот обвинител, кој е под негова ...
ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, единствено што прави е креирање конфликти, поларизирање и правење поделби во општеството, а не прави ништо за подобар живот на граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија. -Гледаме како она што го прави, односно не го прави ВМРО-ДПМНЕ се одразува на животниот стандард на граѓаните, тој е за 20% намален во однос на ...
Како што најавуваат од УЈП, контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците. -Даночните обврзници кои вршат авто-такси превоз се должни да користат мобилни фискални апарати со интегриран ГПРС уред, да го регистрираат остварениот промет во фискалниот апарат, да ...
Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот договор. Ова го истакна шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, на заедничката прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој престојува во прва официјална посета на Атина. „Дозволете ми да ја подвлечам важноста на целосната и bona ...
Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и во справувањето со пожарите, истекува денеска. Пријавените ќе бидат контактирани по што ќе треба да поминат дводневна обука во рамки на која ќе биде направена селекција. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција информираше дека се пријавени помалку од 500 кандидати, а во Скопје околу 50, иако, ...
Инспектори од Дирекцијата за санитарни, ветеринарни и безбедносни прашања за храна во романскиот град Бузеу изземаа 1,2 тона месо од продажба, за кое постои сомнеж дека е заразено со вирусот на африканска свинска чума, јави телевизијата Диџи24. Во текот на јуни биле извршени над 300 инспекции кај економски оператори долж целиот синџир – од производството до продажбата. Контролите биле насочени кон почитување на општите хигиенски услови, ...
Пожар попладнево избувна на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ), Благој Ренџов изјави дека на терен се веќе 12 пожарникари со четири противпожарни возила. -Гори висока сува трева, ниско стеблести растенија, даб и смрека. Теренот е непристапен, а огнот има зафатено голема површина. Штотуку побараме помош од Дирекцијата за заштита и спасување да помогнат со гаснење на ...
Со отворањето на две нови ленти за гранична контрола пред 2 месеци, овозможуваме побрз и поефикасен влез и излез за над 35.000 патници неделно, од кои повеќе од 21.000 се странски државјани, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, кој денеска беше во работна посета на Граничниот премин Стар Дојран. Брзината е зголемена, а времето на чекање намалено за половина. Ова не е само логистика – ова е безбедност, ...
Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. -Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот и веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево, информираат од МЗ. Задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор. -Во моментот е на ...
Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица, на македонско-косовската граница, во петок, на 25 јули, ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји. – Граничниот премин помеѓу Република Косово и Република Македонија е означен како „Стразимир“. Овој премин е од категорија Ц“, соопшти косовската полиција. Се додава дека преминот е отворен за културни, научни, професионални, спортски или туристички активности и настани. – ...
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ) најави формирање на политичка партија, бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин независните да учествуваат на претстојните локални избори. Велат дека чекорот којшто го преземаат е бидејќи големите партии од власта и од опозицијата минатата година здружено донесоа измени на Изборниот законик, со кој се зголемува прагот на потребни потписи за нивно учество на изборите. Уставниот суд во ...
Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани, Миле Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека, наводно, повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши. -Во изминатите денови, откако алармирав за сериозна хибридна закана која доаѓа од Бугарија, сведоци сме токму на она за што предупредував – координирани напади, клевети и обиди за лична дискредитација преку лажни вести, изјави за МИА Лефков. Според него, дел од ...
Поранешен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата е обвинет дека за една година , од 2021 до 2022 , потрошил близу 40 000 евра за приватни луксузи. Обвинет е за злоупотреба на службената должност бидејќи од државниот буџет за лична корист трошел на кафани, хотели, такси, рент а кар,туристички ангажмани, а плаќал и костуми кои никогаш не биле сошиени. За курс за менаџери, обвинетиот В.Ц платил 4800 евра, иако немало потреба ...
По успешното прво издание на „Мис Македонија“ во 2024 година, кога земјата за првпат доби своја претставничка на изборот за Miss Universe во Мексико, годинава следува ново, уште поголемо издание на оваа манифестација која полека прераснува во традиција. Финалната вечер на „Мис Македонија 2025“ ќе се одржи на 25 септември во Националната Опера и Балет во Скопје, а за првпат, наместо една, ќе бидат избрани пет победнички, кои ќе ја претставуваат ...
Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, во рамки на работната посета на Грција, оствари средба со шефот на грчката дипломатија, министерот Јоргос Герапетритис. Министрите Муцунски и Герапетритис изразија задоволство од денешната средба, во период кога двете страни посветено работат на унапредување на односите помеѓу двете земји. Притоа имаа отворен разговор и размена на мислења за повеќе прашања од ...
Управата за јавни приходи ги информира сите вршители на авто- такси превоз на патници дека во наредниот период ќе се спроведуваат засилени контроли со посебен акцент на издавањето фискални сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања. Контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена ...
Министрот за дигитална трансформација Стефан Андоновски потпиша трет налог за забрана на онлине игри на среќа. -Вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа затворивме досега! И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените, објави Андоновски. Тој потенцира дека повторно ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свечено отворање на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – амбуланта Илинден, во населеното место Илинден. -Со особен чест и големо задоволство денес сме тука заедно за да ја отовриме новата амбуланта на Здравствениот дом – Скопје во општина Илинден. Проект кој не е само уште една зграда, туку доказ дека кога институциите соработуваат, кога има визија и посветеност кон граѓаните тогаш ...
ACT Local ја избра Хелена Роза – сопственичка на мал бизнис, волонтерка во заедницата и медиумски професионалец – за свој кандидат за округот Норт Шор на овогодишните избори за совет во Окленд, објави таа на својот Фејсбук профил. Хелена страсно се грижи за Норт Шор. Мајка и претприемачка со искуство во новинарството и телевизиското презентирање, таа е ко-основач на успешен локален бизнис со својот сопруг. Таа волонтира во Meals on Wheels и ...
Украина вчера ја ограничи автономијата на своите две антикорупциски агенции кои се од централна важност за спроведување на реформите, потег што Брисел го опиша како „сериозен чекор назад“ и изрази „длабока загриженост“. Справувањето со ендемската корупција е услов за Киев да се приклучи на Европската унија, како и обезбедување милијарди долари западна помош. Независните истражители во последните месеци ги посрамотија високите функционери со ...
Еден од најомилените спортски парови во светот, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, одлучија да го прекинат својот брак по девет години заедно. Веста ја потврди адвокатот на познатата српска тенисерка, со напомена дека нема да има понатамошни изјави, бидејќи, како што е наведено, „во целиот процес, најважно за Ана е да се грижи за децата“. Ана и Бастијан се венчаа во јули 2016 година на романтична церемонија во Венеција, која беше внимателно ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има преплет на цревата и е задржан на болничко лекување на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Информацијата ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, кој за медиумите изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија. – Пациентот е примен поради преплет на цревата. Ја следиме ...
Млада спортистка од Шпанија, која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал во нашата земја со својата репрезентација, на „ТикТок“ сподели снимка од бањата во сместувањето, каде паднал поголемиот дел од една плоча од спуштениот плафон, отворајќи голема дупка на таванот. „Не поминаа ни 72 часа, а веќе падна покривот во бањата“, пишува Шпанката во објавата, која е проследена и со коментарот: „Уникатно искуство“. @anaestrellaa_ JAJAJAJA ...
Џенифер Лопез (55) повторно предизвика бура од реакции со својот настап, овој пат на Кук музичкиот фестивал во Тенерифе. Во оскуден костим кој едвај ги покриваше основните работи, таа изведе исклучително провокативно шоу, со елементи кои, како што велат многу корисници на социјалните мрежи, повеќе личеа на еротски настап отколку на концерт. Облечена во проѕирен боди со длабоки прорези, Џенифер изведе заводлива кореографија за време на настапот ...
Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена го поминуваат летото во Млет. На Инстаграм профилот на Aloha Mljet Rent A Bike – e-Bike – Kayak, беше објавено видео од српски тенисер кој се мачи додека оди без летни обувки. Од „Алоха“ потоа се пошегуваа: „Треба да започнеме со собирање средства за да му ги купиме на Новак вистинските сандали за плажа – човекот се лизга низ Млет како да е на трева од Вимблдон!“ View this post on Instagram A post shared ...
Хеви метал ѕвездата Ози Озборн почина на 76-годишна возраст. Тој почина „опкружен со љубов“, изјави неговото семејство во изјава за The Sun во вторник. „Со поголема тага отколку што можат да пренесат само зборови, мораме да пријавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше со своето семејство и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитувате приватноста на нашето семејство во овој момент. Шерон, Џек, Кели, Ејми и Луис.“ Веста за ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, во Тетово, оствари средба со 155 лица – медицински персонал и со раководството на Клиничката болница – Тетово, при што инфирмира дека, конечно, се става крај на долгогодишната неправда и ќе ги добијат договорите. „Една институција, за да биде компатибилна и да нуди услуги, кои се квалитетни, има три неопходни столба – едниот е инфраструктурен, вториот е организациски и третиот е човечкиот фактор, за ...