
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Средбата меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи во воената база Елмендорф-Ричардсон во Eнкориџ, на Алјаска. Безбедноста на Путин во Алјаска заеднички ќе ја обезбедуваат руските специјални служби и американската тајна служба“, изјави поранешниот службеник на американската тајна служба, Роберт Мекдоналд. Тој нагласи дека политичките разлики не влијаат на безбедносниот протокол за време на посетите на ...
Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат на дијалог, на компромис и заедништво, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на свечената седница по повод одбележувањето на 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. „Летото 2001 беше едно од најтешките во нашата понова историја. Нашата татковина беше разнишана од конфликт, од страв, од неизвесност. Имаше мигови кога ...
На една од фејсбук групите која тематски обединува „стари скопјани“ беше споделена фотографија од главниот град на Македонија, на која што може да се забележи како до некоја од локалните пекари или продавнички, гајбите за леб ги оставил среде улица – каде што секојдневно поминуваат огромен број на возила, каде се фрлаат пикавци, каде што луѓето газат и плукаат… Дали сте од оние граѓани кои ќе кажат, „ајде не е важно толку, така се челичиме“ или ...
По повод Светски ден на органодонорство – 13 август, Министерството за здравство информира дека на 9. август беше извршена уште една трансплантација на органи од починат дарител. Голема благодарност кон семејството кое во најтешките моменти одлучи да ги донира органите. Во процесот на трансплантација беа вклучени повеќе екипи од хируршки и интерни клиники од клинички блок „Мајка Тереза“. Им благодариме за посветеноста. Трансплантираните пациенти ...
На 11 август 2014 година, светот го загуби еден од своите најомилени актери и комичари – Робин Вилијамс. Неговата смрт во семејниот дом во Калифорнија беше шок за милиони обожаватели низ целиот свет. Официјалните извештаи потврдија дека тој извршил самоубиство, но вистинaта за причините за неговото страдање стана позната дури по обдукцијата. Првично се претпоставуваше дека Вилијамс страдал од тешка депресија, а некои медиуми дури тврдеа дека се ...
Познатиот доктор епидемиологот и професор Драган Даниловски нотира дека и ова лето комарците се во офанзива и потсетува дека станува збор за едни од најсмртоносните суштества. Преку фејсбук објава алармира за проблемот со заразните болести кои може да ги пренесет со убод. – Најсмртоносните суштества на светот – комарците – и ова лето упорно ни пијат крв – континуирано 24 часа! Најагресивниот вид, „азискиот тигрест комарец“ галопира со „чекори од ...
Професорката на Одделот за балкански, славистички и ориентални студии на солунскиот Универзитет „Македонија“, Александра Јоаниду, е нетипичен претставник на односот на грчките академски кругови во однос на Македонија и Македонците. Таа својата кариера, меѓу другото, ја има посветено на проучувањето на македонските говори во северозападна Грција, но и на доследното разбивање на табуата и предрасудите во грчкото општество околу „македонското“ ...
„Тесла“ регистрираше голем пад на продажбата на автомобили во Велика Британија и Германија минатиот месец, додека, пак, кинескиот BYD регистрираше историски раст на продажбата во двете земји. Во Велика Британија, „Тесла“ продаде само 987 возила минатиот месец, што е пад од 59,9 проценти во споредба со јули 2024 година, според податоците од здружението SMMT. Дополнително, во Германија, продажбата на возила на „Тесла“ во јули се намали за 55,1 ...
Американскиот спортски портал „ESPN“ ги избра најдобрите тренери во Европа. Во изборот влегоа само тренерите кои се на чело на клуб најмалку една година. Оние кои водат национални тимови и оние кои се невработени повеќе од една сезона беа исклучени од изборот. Најдобар тренер според ЕСПН е предводникот на ПСЖ, Луис Енрике. Арне Слот (Ливерпул) и Пеп Гвардиола (Манчестер сити) се најдоа меѓу првите 3. Во Топ 10 влегоа и: Пеп Гвардиола (Манчестер ...
„Русија ја доби војната со Украина“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред состанокот меѓу претседателите на САД и Русија во Алјаска во петокот. Унгарскиот премиер, кој одржува блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин и покрај руската агресија врз Украина, е единствениот лидер на ЕУ кој не ја поддржа заедничката изјава во понеделникот во која се нагласува дека Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина. Сега ...
Фудбалерите на Шкендија претрпеа убедлив пораз со 5:1 на гостувањето кај Карабах и со вкупни 6:1 се елиминирани од првакот на Азербејџан. Ова беше реванш натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот првак поведе во 10.минута со голот на Фабрис Тамба, но домашните брзо дојдоа во водство. Прво Клисман Цаке постигна автогол во 16.минута за 1:1, а Кади две минути подцна погоди за водство од 2:1. Карабах ја зголеми ...
Белата куќа потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп планира денеска да одржи онлајн состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските сојузници, објави синоќа Би-Би-Си. Разговорот ќе се одржи пред средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин в петок во Алјаска. Путин разговараше за претстојната средба со Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Руските медиуми, повикувајќи се на Кремљ, пишуваа дека ...
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, плати пари за да ја замени едногодишната затворска казна на која беше осуден по конечната пресуда на Судот на БиХ за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. „Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, го усвои горенаведениот предлог на одбраната, по ...
Ешли Бајден, ќерка на поранешниот американски претседател Џо Бајден и поранешната прва дама Џил Бајден, наводно поднела барање за развод од својот сопруг, д-р Хауард Крајн, по 13 години брак, објави списанието „Пипл“. Во понеделник, 11 август, 44-годишната Ешли, која се омажи за 58-годишниот Крајн на 2 јуни 2012 година, поднесе документи во Општинскиот суд во Филаделфија, објави „Филаделфија Инквајрер“. Истиот ден, Ешли објави фотографија од ...
Кинеската влада соопшти дека ги прекинува сите врски со чешкиот претседател Петр Павел бидејќи неодамна се сретнал со Далај Лама. На 27 јули, за време на приватно патување во Индија, Павел се сретнал со Далај Лама за да му го честита 90-тиот роденден. Далај Лама живее во егзил во индискиот град Дарамшала откако избега од репресијата на кинеските власти во Тибет во 1959 година. „Овој состанок сериозно го крши политичкиот ангажман што чешката ...
Македонската одбојкарска репрезентација од попладнево е во Атина, а утре го игра квалификацискиот дуел за Европското првенство против Грција. „Црвено-жолтите“ на последните два дуела со Грција во Атина и со Грузија во Скопје ќе бркаат резултати за ново учество на Европско првенство. На утрешниот натпревар нашиот противник е фаворит, според квалитетот, но и од причина дека имаат три победи на последните три натпревари. – Дуелот со Грција е еден ...
13-годишниот пејач и актер не само што одби да прифати два милиони долари од Дизни за култен филм, туку на крајот заработи неколку пати повеќе од тоа. На почетокот на 1990-тите, хонорар од еден милион долари беше голема работа за секој актер. Најголемите ѕвезди од тоа време наплаќаа 6-8 милиони долари по филм. Тоа значи дека, освен Брус Вилис и Арнолд Шварценегер, хонорар од 2 милиони долари за еден филм беше огромна бројка во 1993 година. ...
Се појавуваат нови детали за злосторството што го потресе Мелбурн. Бремена жена е пронајдена мртва во својот дом, а нејзиниот партнер е обезглавен, објавува news.com.au. Телото на 39-годишната Атена Георгопулос , по потекло од Грција е откриено вчера вечерта околу 21:55 часот, во стан во Адриен Кресент во Маунт Вејверли. Нејзиниот 50-годишен партнер, Ендру Ган, е пронајден до неа. Двојката била во врска околу три години и очекувала девојче. ...
Црногорски војник (41) загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во реонот на Кучи, на југот на земјата, кога се преврте воена цистерна со вода, јави порталот „Вијести“. Повредениот е пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора. Министерството за одбрана потврди дека, во координација со надлежните органи, се спроведува истрага за причините и околностите на несреќата. Инаку, пожари сè уште се активни на повеќе локации – Подгорица, Бар, ...
Во изминатите десет години, над 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан во потрага по подобар живот, покажуваат податоците на Светската банка. Евростат, пак, предупредува дека до 2050 година населението на Западниот Балкан може да се намали за повеќе од 15 отсто — тренд што сериозно ја загрозува долгорочната економска развојна перспектива и продуктивноста на земјите како Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. ...
Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека станува збор за 80-годишен маж кој го загубил животот во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал. „Денеска околу 11 часот, лице на возраст од околу 80 години предизвикало пожар во градината на својата куќа, во селото Кулолас, пожар кој излегол од контрола и масовно се проширил во неколку села во ...
Трет протест поради неисплатени две плати. Вработените од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на Јавното Претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје, два часа го блокираа булеварот „Илинден“. Не им е исплатена јунската плата, а за три дена треба да се исплати и платата за јули, за која, како што рекоа немаат сигнали од раководството дека ќе се исплати. „Работниците кои што се позади мене и го блокираат булеварот ...
Министерството за финансии согласно одредбите од Изборниот законик од денеска на својата веб-страница ќе ги објавува буџетските исплати во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Имено, согласно Изборниот законик Министерството за финансии од денот на донесување на Одлуката за распишување на изборите до нивното завршување има обврска во посебна база да ги објавува податоците за сите буџетски исплати, освен редовните за плати, пензии ...
Објект изграден без дозвола во заштитеното градско јадро на Старата охридска чаршија, кој претходно беше предмет на вонредна контрола од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, во меѓувреме добил нова фасада, реагираат од граѓанската иницијатива СОС Охрид. Инспекцискиот надзор утврдил дека објектот се наоѓа во заштитена зона и дека инвеститорот изведувал градежни активности без одобрение, со што се прекршени одредби од Законот за ...
Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и унапредување на здравствените услуги, условите за работа и достојни услови за пациентите. Целосно е реновирано болничкото одделение со вкупна инвестиција од 300.000 евра. Од оваа сума, 100.000 евра се обезбедени од фондовската сметка, 100.000 преку донации, ...
Управата за јавни приходи (УЈП), во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025 година, започна со спроведување на засилени активности насочени кон даночните обврзници од градежниот сектор. Според направените анализи, овој сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, особено во контекст на актуелните пазарни трендови, зголемената побарувачка за недвижности и ...
По повод 24-годишнина на Охридскиот договор лидерот на ДУИ Али Ахмети се обрати до „сограѓаните Македонци, на македонски јазик“, преку колумна објавена на порталот 360 степени, и препратена до сите медиуми. Тој вели дека друга држава нема и дека тој и Албанците се залагаат за унитарна, заедничка и еднаква Македонија. „Наспроти тоа што ова го знаат и Црвенковски и Груевски, и Заев и Мицкоски, а го знаеја и нивните претходници, во нашите млади ...
Мадона го повика папата Лав да ја посети Газа во хуманитарна мисија за да им помогне на гладните палестински деца, велејќи дека „нема време“. Американската суперѕвезда, која е воспитана како римокатолик, го замоли новиот папа да ја посети енклавата во објава на Инстаграм во понеделник, велејќи: „Свети оче. Ве молам одете во Газа и донесете им ја вашата светлина на децата пред да биде предоцна. Како мајка, не можам да поднесам да го гледам ...
„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја враќа вмровската партиска мафија во Националната агенција за европски образовни програми? Која патем управува со милионски фондови од Европската унија преку Еразмус +. Пред десетина дена, поточно на 1 август, на местото в.д. директор на Агенцијата, без транспарентност и без консултација со Европската унија, е ...
-Дел од тие, каде што се констатирани големи криминали, во минатото што подигруваа во канцелариите фудбалчиња, баскети итн, за жал се во бегство и не можат да одговараат пред соодветните органи но се надевам дека ќе дојде и тој ден кога тие ќе одговараат. Но, има и голем дел од тие функционери за кои во минатото постои основано сомнение дека сториле голем криминал, купувале трговски центри, го збогатувале својот возен парк со Мајбах автомобили, ...