Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица, откако по завршениот претрес 77 пратеници гласаа, од кои 58 беа против, а 19 за. Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, сумирајќи ја интерпелацијата оцени дека „Република Северна Македонија е небезбедна држава поради нејзиното Министерство за внатрешни работи“ и дека „апаратот за обезбедување на граѓаните не функционира ...
Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит, а која на 30 мај исчезна, додека пак нејзиното тело утрово беше пронајдено, јави дописничката на МИА од Атина. За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија, 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во ...
Казнено-поправната установа (КПУ) Затвор Скопје значително ги унапредува своите безбедносни капацитети. По подолг временски период, установата доби четири службени кучиња од расата белгиски овчар (Малиноа), наменети за потребите и секојдневните задачи на чуварската служба. Кучињата се доделени како донација и поддршка од страна на Единицата за службени кучиња при Министерството за внатрешни работи (МВР) – Биро за јавна безбедност. „Оваа ...
Пакистанската полиција уапсила маж осомничен дека повеќе од десет години ја држел во заробеништво својата сопруга, француска државјанка, заедно со нивните пет деца. Според наводите што ги пренесува Би-би-си, жената тврдела дека семејството било изложено на секојдневно физичко и психичко насилство. Случајот бил откриен откако еден од синовите успеал да побегне и да побара помош од полицијата. По неговата пријава, полицајците извршиле рација во ...
По објавување на ревизорскиот извештај за Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ПИОМ), се огласи директорот на, Никола Мемов. Тој соопшти дека конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на институцијата во 2024 година се однесува на период во кој најголемиот дел од годината Фондот бил управуван од претходното раководство. Според него станува збор за редовна годишна ревизија која ги опфаќа ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година согласно Законот за минимален глобален данок на добивка и Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка. Како што соопшти УЈП, Законот предвидува мерки со кои се обезбедува минимално ефективно оданочување на добивката на ...
Пратениците од владејачкото мнозинство повторно не ги поддржаа измените и дополнувањата на Законот за платежни услуги и платни системи, со кои ќе се намалеа непотребните банкарски провизии и ќе се заштитеа граѓаните од плаќање дополнителни средства, во време на секојдневни економски предизвици и раст на цени. „Денес не одлучуваме за интересите на банките. Денес одлучуваме дали сме на страната на граѓаните или на страната на банкарските ...
Франција го потврди првиот случај на ебола на своја територија, откако лекар кој неодамна се вратил од хуманитарна мисија во Демократска Република Конго бил позитивен на вирусот. Пациентот веднаш бил сместен во специјализирана здравствена установа и се наоѓа во стабилна состојба, соопшти француското Министерство за здравство. Во Демократска Република Конго минатиот месец беше прогласена епидемија на ебола, но експертите сметаат дека вирусот ...
Според информациите, 51-годишниот Милан Драча, познат како Лало, починал во болница во Задар како последица од тешките повреди што ги здобил во тепачката, што се случила доцна синоќа во населбата Бокањац. Како што пренесуваат хрватските медиуми Милан Драча бил поранешен градски советник на ХДЗ, ветеран од Татковинската војна, фотограф и познат претставник на српското национално малцинство. Полициската управа во Задар синоќа во 23:44 часот ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа во процесот на оптимизација на училишната мрежа, иако, како што истакна, во последните седум години бројот на ученици е намален за 17 илјади. „Свесна сум дека има реакции за оптимизацијата, но да повторам – никој нема да биде отпуштен од работа“, рече Јаневска на прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за ...
Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник. Од установата објавија на нивната Фејсбук страна дека малата срна ја спасиле раководителот на помошно-техничкото одделение Зоран Пројчевски и ренџерот Неџип Сефедини. Подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ изјави директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски. Вработените во ЈУ Национален парк ...
Американскиот конгресен комитет вчера го објави официјалниот транскрипт од сослушувањето на милијардерот Бил Гејтс, кој призна дека постои реална можност да бил во директно друштво со некои од жртвите на озлогласениот Џефри Епстин. Contents Коосновачот на технолошкиот гигант „Мајкрософт“ се појави пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом во рамките на обемната истрага за моќната мрежа на покојниот финансиер. Иако Гејтс категорично ...
Бугарски активисти и националисти деновиве поставиле спомен-плоча посветена на македонскиот револуционер Гоце Делчев во селото Баница, денешно Кариес, во близина на Сер, Грција, а на обележјето го претставиле како бугарски револуционер, објави Плусинфо. Грчките власти не биле известени ниту дале дозвола за поставување на спомен-плочата, а бугарските медиуми пишуваат дека поради тоа има реакции во Грција. На мермерната плоча, поставена на ...
Колумбија рано утрово ја победи Демократска Република Конго со 1:0 во второто коло од групната фаза на Светското првенство во фудбал 2026. Натпреварот се одигра на стадионот „Акрон“ во Запопан, Мексико. Даниел Муњоз го постигна единствениот гол, по додавање од Хуан Кинтеро, во 76. минута. Колумбија има шест бода и е лидер во групата К. Тие обезбедија место во плејофот. ДР Конго е на третото место со еден бод. Во третото коло, Колумбија ќе се ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска изјави дека македонско-бугарската историска комисија ќе даде резултати како што бара Европскиот парлемент само ако работи врз основа на факти, докази и аргументи и се тргне од стегите на политичкиот притисок кој го прави Бугарија. „Ако се бара да кажеме дека Гоце Делчев е Бугарин нема да постигне резултати истириската комисија. Да се бара да кажеме дека Јане Сандански не бил Македонец бил ...
Граѓанската иницијатива „Здрава Котлина“ остро реагираше на одлуката на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката за престанок на важноста на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица, оценувајќи дека пресудата е донесена без соодветно образложение. Во соопштение со наслов „Баравте војна – си добивте војна“, од иницијативата тврдат дека судот донел одлука „со никакво штуро образложение“ и посочуваат дека во пресудата, според ...
На денешната собраниска седница посветена на интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пратеникот на СДСМ Миле Талески упати остри критики за работењето на Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека по бројните скандали, безбедносни пропусти и трагедии во изминатите две години, министерот одамна требало да ја напушти функцијата. „Да имаше право и правна држава, да имаше Закон кој што важи за ВМРО, Панче ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал вчера бугарскиот амбасадор во Македонија, Желаско Радуков, за да му изрази сериозна загриженост по објавувањето на дипломатската нота околу посетата на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски на Бугарија, со окривање и на лични податоци. „ Јас да бев, мене да ми се случеше ова, ќе се извинев“, порача Муцунски денес на прес конференција давајќи отчет за двегодишното работење ...
Демонстрантите во Албанија бараат оставка од Еди Рама и техничка влада. Ви звучи ова познато? Онесувањето на албанските демонстранти е идентитчно како во моментов во Србија како и во Македонија за време на Шарената револуција!. Во Македонија повод беа прислушуваните разговори, во Србија владеењето на Вучиќ.Во Албанија протестите се поради екологија а сега се бара и преодна влада, уставни измени но и оставка од премиерот Рама. Меѓу клучните ...
Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, објави дека напаѓачот Нејмар е подготвен да ги одигра сите 90 минути во второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 против Шкотска. Триесет и четиригодишниот Бразилец ги пропушти првите два натпревари на Бразил на овој Мундијал. – Нејмар е во форма, добро тренираше оваа недела и е добро подготвен за натпреварот. Сите сме многу задоволни. Неговите квалитети можат ...
Ставрос Цимас, познат грчки новинар во книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ открива низа малку познати детали поврзани со Зоран Заев. Па така Цимас пишува дека во летото 2019 година, кога тогашниот македонски премиер Зоран Заев, кој летувал на Халкидики, се сретнал со претставници на новата грчка власт на вечера во Фурка. Според Цимас, покрај политичките разговори, вечерта ја обележале добро вино, морски плодови и песни од ...
– Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека интерпелацијата што Левица ја поднесе за него, а е на дневен ред на денешната собраниска седница, е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата. Со неа, вели тој, Левица уште еднаш покажала дека, свесно или несвесно, станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ. -Левица ја најави третата интерпелација против мене за помалку од две години. ...
Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава, во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на Сонцето. Имено, се верува дека на овој ден Сонцето се врти кон ...
Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница синоќа се соочи со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи. Според последните информации објавени на српските медиуми, агрегатите во моментов не успеваат да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на преминот. Дополнителни тешкотии се појавија поради ...
Собранието денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од ПП „Левица“. Поднесувачите на интерпалицијата пратениците: Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран ...
Везилка – Националната фабрика за вештачка интелигенција денеска ќе биде официјално претставена од Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, кој го координира овој проект во соработка со Министерството за дигитална трансформација. „Везилка“ е воспоставена во рамките на Европската заедница за пресметување со високи перформанси (EuroHPC JU – European High Performance Computing Joint Undertaking) и кофинансирана од ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска изјави дека на Детската клиника во Скопје биле ангажирани лица без претходно обезбедена законска согласност за нивно работно ангажирање. Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, таа посочи дека барањето од Детската клиника било доставено на 22 јануари, по што праша како вработените биле повикувани на работа во првите 22 дена од годината во јавната ...
Четириесет лица се удавија во Франција во последните денови обидувајќи се да се разладат и да избегаат од рекордната топлина, рече премиерот, додека топлотен бран го зафаќа поголемиот дел од Европа. Велика Британија, Италија и Шпанија исто така страдаат од екстремна топлина, а рекордните температури во некои региони ги нарушуваат училиштата и транспортните мрежи. Европа се затоплува повеќе од двојно повеќе од глобалниот просек, според ...
Судот за човекови права во Стразбур се чини стави точка на сите дилеми во јавноста во Македонија во врска со помилувањата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Судот донесе одлука дека помилувањата од 12 април 2016 година со повеќе 107 решенија за 56 лица, со кои тогашниот претседател се обиде да ги спаси сопартијците, функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а кои се најдоа под кривичен прогон на СЈО – биле незаконски. Заклучокот од одлуката што ...
Две години лажни ветувања, економски дебакл, влошување на животниот стандард – нула резултати има ВМРО, нагласи потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Топ тема“, на телевизија Телма. Тренчевска посочи дека Владата на ВМРО за овие две години не направи ништо освен што ги донесе во ситуација на уште поголема сиромаштија работниците, младите, пензионерите, социјално ранливите граѓани. „Нула во реформи, немаме ...