Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Иако репрезентацијата на Босна и Херцеговина постигна забележителни резултати на Светското првенство, не беше само фудбалот тој што го привлече вниманието на јавноста. Неочекувано, Фатима Демировиќ, мајката на репрезентативецот Ермедин Демировиќ, исто така се најде во центарот на интересот. Има 52 години. Фатима е во Соединетите Американски Држави за да го поддржи својот син од трибините, заедно со неговата сопруга Сандра и ќерката Леана. ...
Здружението за заштита на животните Анима Мунди остро реагираше по информациите за бегството на белите волци од Зоолошката градина во Скопје, оценувајќи дека состојбата укажува на сериозни пропусти во безбедноста и условите за чување на дивите животни. Од организацијата посочуваат дека оградата на живеалиштето, која може да се види на снимките, не остава впечаток дека ги исполнува неопходните безбедносни стандарди. „Оградата што се гледа на ...
Владата најави дека над 120 македонски уметници ќе бидат дел од централниот проект за одбележување на 35 години независност на Македонија, кој, според портпаролката Марија Митева, претставува еден од најзначајните културни проекти во изминатите три и пол децении. На денешната прес-конференција, Митева истакна дека, иако интернационалните ѕвезди заслужуваат почит, токму македонските уметници и националната култура го носат духот и идентитетот ...
– Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, нема да ја смени клупската средина во летниот преоден рок, објави денеска „токСпорт“. Според истиот извор, 31-годишниот Португалец сака да остане барем уште една сезона на „Олд Трафорд“, и покрај интересот од клубови од Саудиска Арабија. Фернандеш нема почнато формални разговори со раководството на Јунјатед за неговата иднина пред Светското првенство во 2026 година, но веќе ...
Репрезентацијата на Еквадор направи сензација совладувајќи ја Германија во последното коло од група Е со 2:1, додека на вториот дуел Брегот на Слоновата коска (БСК) го победи Курасао со 2:0. На дуелот во Њујорк, Германија поведе веќе во 2.минута со голот на Лирој Сане. Но, дека се подготвени за изненадување фудбалерите на Еквадор покажаа со изедначувањето во 9.минута преку Нилсон Ангуло. Голот за победа и трето место и можност за пласман во ...
Репрезентацијата на Турција постигна победа од 3:2 против домаќинот на Мундијалот САД во третото коло, но ова е пирова победа бидејќи го заврши шампионатот. На вториот дуел во Д групата, Парагвај и Австралија одиграа без голови 0:0. Американците поведоа во дуелот со Турција во 3.минута со голот на Остон Трусти, а во 10.минута изедначи Арда Ѓулер. Турција со голот на Бариш Јилмаз поведе во 31.минута, а на стартот од вториот дел (49 минута) ...
Ракометарите на македонскиот првак Вардар по неколку сезони повторно ќе бидат дел од најквалитетното натпреварување Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се сместени во четвртиот „шешир“ заедно со екипите на Архус, Цеље, Партизан, Криенс и Кристијанштад. Тоа значи дека ниту една од овие екипи не може да им биде ривал во групната фаза. Според новиот формат 24-те екипи ќе бидат поделени во шест групи по четири екипи. Во првиот „шешир“ се ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека неговата главна мотивација за политичкиот ангажман е создавање подобри услови за живот за граѓаните и унапредување на државата. Во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на Телма телевизија, Филипче истакна дека неговата страст за политиката произлегува од уверувањето дека преку политичкото дејствување може да се влијае врз општеството и да се обезбедат позитивни промени што ќе ги почувствуваат голем ...
Според веб-страницата формирана по разорните земјотреси, каде што граѓаните можат да пријават исчезнати најблиски, моменталниот број на исчезнати лица е 26.086. Овие бројки не се официјални, но го одразуваат моменталниот хаос на терен додека семејствата се обидуваат да стапат во контакт со своите најблиски. Multiple large apartment buildings collapsed in Playa Grande, La Guaira after yesterdays earthquake in Venezuela Video is taken from ...
На собраниската седница, на која на дневен ред беше поставување пратенички прашања, Филипче го обвини премиерот затоа што по две години власт нема исполнето ниту едно од ветувањата дадено пред граѓаните. Според него, по половина од мандатот, владејачкото мнозинство нема исполнето ниту 10 отсто од ветувањата содржани во изборната програма „1198“. Филипче потсети на ветениот повисок животен стандард, ниската инфлација, растот на платите и ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција. Ѓорческа попладнево во третото коло од квалификациите ја победи Лусија Бронцети од Италија со 2:0 во сетови (6-1, 6-2) за 73 минути игра. До својот историски прв настап на грен слем турнир Ѓорческа дојде со три победи во квалификациите, откако претходно беше поуспешна од Шпанката Анхела ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска од собраниска говорница истакна дека прашањето за исплатата на средства во вториот пензински фонд треба да биде упатено до директорот на ПИОМ, а не до Министерството за финансии. Таа на прашање на пратеникот Јован Митрески објасни како се вршат плаќањата од трезорот. – Трезорот има улога на шалтерски работник во банка, ако има пари институцијата и ликвидност тоа значи дека може да ...
Граѓаните кои викендов ќе патуваат кон грчките туристички места, особено кон Халкидики, треба да бидат подготвени за изменет режим на сообраќај и можни подолги задржувања во близина на Солун. Грчките власти информираа дека поради градежни зафати за изградба на нов надвозник, дел од обиколницата околу Солун привремено ќе биде затворен за сообраќај во двата правци. Според најавите, коловозот во западниот правец, односно кон центарот на Солун, ...
На Универзитетската клиника за урологија во Скопје е презентирана нова современа метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК), која овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта, дури и кога дијагностичките методи како компјутеризирана томографија и магнетна резонанца не покажуваат промени, соопштија од Клиниката преку објава на социјалните мрежи. Методата се заснова на анализа на ctDNA, која претставува современ пристап во ...
Нови лекови ќе бидат ставени на позитивната листа во текот на претстојниот месец, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, за време на одржаниот брифинг со новинарите. Проширувањето на листата главно се однесува на терапија со антикоагуланси, односно лекови против згрутчување на крвта. Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин, и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп во средата упати пофалби за Володимир Зеленски, нарекувајќи го својот украински колега „храбар“ и изјавувајќи дека тој „се снаоѓа прилично добро“ во војната против Русија. Говорејќи пред новинарите од Белата куќа заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп рече: „Тој се снаоѓа прилично добро, без разлика како гледате на тоа“. „Барем се држи. Многу луѓе умираат на двете страни, но мислам дека се ...
Прво палењето на автомобилите на бугарската амбасада во Скопје, а потоа објавувањето на дипломатската нота од јануари годинава за патувањето на сопругата на премиерот Христијан Мицкоски во зимскиот центар Пампорово во Бугарија од една опскурна Фејсбук група дополнително ги влошија односите меѓу Скопје и Софија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков и побарал објаснување на инцидентот. ...
Во Венецуела е прогласена вонредна состојба откако два силни земјотреси го потресоа главниот град Каракас во рок од неколку секунди. Според официјалните бројки, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Бројот на жртвите од двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела драматично се зголеми. Според најновите информации, најмалку 164 лица загинаа, а ...
На светските берзи е забележан остар пресврт каде цената на златото доживеа пад под психолошката граница од 4.000 долари за унца, додека еврото продолжува стабилно да ја губи својата вредност во однос на американскиот долар. Финансиските пазари се наоѓаат под силен притисок поради најновите макроекономски показатели од САД и очекувањата за понатамошните потези на Федералните резерви (ФЕД). Инвеститорите масовно се свртуваат кон американската ...
Регулаторната комисија за енергетика анализира проширување на евтината тарифа за струја од сегашните два на четири часа во текот на денот, како и нејзино воведување во сабота, најави претседателот на РКЕ, Ацо Ристов. Според предлогот, дневната евтина тарифа би можела да важи од 11 до 15 часот, кога производството од фотоволтаичните централи е највисоко, а на берзите често се појавува вишок електрична енергија со многу ниски, па дури и нулти ...
Сакам граѓаните да знаат дека политичарите многу често манипулираат и лажат со многу наши одлуки и тоа безобзирно. Оваа одлука, како и многу други што сме ги донеле како за Балансерот, Кривичниот законик, солидарниот данок…отвораат круцијално прашање каква држава сакаме да изградиме“, рече првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски откако Уставниот суд ја укина Одлуката на Совет на Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година, за ...
Дино Мерлин се присети на болните моменти, кога дури и помислил да се откаже од музиката и кога животот апсолутно ништо не му значел. Со поддршка од сопругата Амела, со која има ќерка, Наида, и син, Хамза, тој успеал да ги надмине тие тешки моменти, а денес е целосно посветен на семејството и работата, пишува Блиц. Откако се разболе во 2024 година, поради што заврши во болница, продолжи со концертните активности и издаде нов албум. Во еден ...
Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за земјава, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив. Ова го соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниска говорница врз основа на сознанија од ...
Томислав Ивковиќ е легендарен голман кого засекогаш ќе го паметиме како на Диего Марадона успеа да му одбрани пенал во четвртфиналето на Светското првенство во 1990 година. Сепак, неговите сеќавања на голманскиот дрес на Југославија не се толку позитивни, бидејќи очекувал да постигне повеќе, за што ги обвинува селекторите, додека ја напуштил репрезентацијата кога започнале воените конфликти на територијата на некогаш големата земја. Томислав ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостаток на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на ...
Некои ситници чинат малку, а и лете, разликата меѓу „имав сѐ под контрола“ и „се заглавив на патот“ честопати зависи токму од нив. Асфалтот деновиве станува сѐ потопол, но повеќето возачи едноставно го вклучуваат клима уредот и продолжуваат да возат. Сепак, забораваме дека нашиот автомобил не е фрижидер што само се вклучува во напојувањето – тоа е машина направена од метал, гума и електроника што навистина ги чувствува овие топлински бранови, ...
„Кога државата гледа дека постојано растат провизиите и дека банките ги ‘шурат’ граѓаните со непотребни трошоци, нека се направи една анализа, ќе видите како и во други европски земји сето тоа се регулира. Притоа и гувернерот апелира дека можеби ќе треба значи законски да се заузда таквото работење на банките кои што остваруваат енормни профити, а вие имате закон пред вас кој што во неколку наврати го одбивате. Ова не е само за сега. Во ...
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за време на својот говор на изборното собрание на партијата во Бутел, зборуваше и за протестите во Албанија. Ахмети рече дека непријателите на нацијата се обидуваат да создадат несигурност. Исто така, нагласи дека овие протести ја погодуваат најголемата индустрија во Албанија, туризмот. „Главната индустрија на Албанија е туризмот. Туризмот е погоден. Од каде дојде првата кампања? Од Грција, бидејќи туризмот е ...
Бразил ноќеска ја победи Шкотска со 3:0 во Мајами, САД, во натпревар од третото коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026. Винисиус Жуниор, го отвори резултатот во 7. минута. Истиот играч зголеми на 2:0 во 45+3.минута. Во 60. минута Матеус Куња го постави конечниот резултат. Со две асистенции се истакна и Бруно Гимареш, имаше две асистенции. За одбележување е и појавувањето во игра на Нејмар. Тој влезе како замена во 76. ...
Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот триумф над Катар со 3:1 во третото коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026. – Сакавме да направиме историја, но не знаевме дека ќе стигнеме толку далеку. Се подразбира дека секогаш се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе и сме горди на она што веќе го постигнавме. Добив толку многу пораки од луѓе во Босна – прекрасно е. Ќе ...