
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Фудбалерите на Астон Вила го победија Манчестер Сити со 2:1 во натпреварот од 17. коло на Премиер лигата. Агонијата на Манчестер Сити не престанува. Само една победа во последните 12 натпревари и тоа против Нотингем Форест, а во Бирмингем го претрпеа вториот последователен пораз. Очигледно е дека се во голема неволја, а сега Астон Вила без поголеми проблеми ги казни и ги прескокна на табелата, со што Манчестер Сити беше исфрлен од Топ 5, а ...
Францускиот центар Матијас Лесор ќе отсуствува четири месеци поради скршеница на ногата, но тоа нема да го спречи Панатинаикос да го продолжи договорот. Лесор се повреди на натпреварот против Басконија во четвртокот, кога плачејќи и со големи болки го напушти теренот, а подоцна беше утврдено дека настанала скршеница на фибулата. Како што пренесува грчки Спортдог, сопственикот на Панатианикос, Димитрис Јанакопулос подготвил нова понуда за Лесор ...
Најдобрите светски боксери во тешка категорија, Олександр Усик (37) и Тајсон Фјури (36) ќе се борат околу 22 часот во Ријад во реваншот за три од четирите главни светски шампионски појаси. Украинецот во првиот меч со одлука на судиите го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, па победникот од оваа борба нема да го освои тој појас. Усик во борбата ...
Хаким Зијеш (31) сака да го напушти Галатасарај. Мароканскиот крилен напаѓач пристигна на позајмица во турскиот клуб во летото 2023. Минатата сезона забележа 23 настапи на кои постигна осум и пет асистенции, а ги освои и Суперкупот и шампионатот на Турција. Потоа го напушти Челзи како слободен играч и потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Но, во последните месеци тој падна во втор план. На 11 натпревари ...
Иднината на КТМ во Мото ГП шампионатот е неизвесна поради финансиската криза низ која поминува компанијата. Информациите од состанокот на доверителите одржан во петокот во врска со стечајната постапка на КТМ, наведуваат дека проектот Мото ГП на брендот е во план да биде прекинат со цел да се намалат трошоците. На австриската франшиза засега и е дозволено да продолжи да работи во сегашната форма, а инвеститорите изразија желба да помогнат да се ...
Фудбалерите на Милан славеа како гости во Верона со минимален резултат (1:0), во првиот натпревар од 17. коло на Серија А. Победничкиот гол го постигна Тијани Рејндерс во 56. минута од натпреварот. Холанѓанецот го искористи одличното додавање на Јусуф Фофана, а потоа ја затресе мрежата на Лоренцо Монтипо. Голем проблем за „Росонерите“ е повредата на Рафаел Леао, кој се повреди по 30 минути игра. Милан беше поконкретен во остатокот од ...
Баерн Минхен убедливо го победи Лајпциг со 5:1 во првиот натпревар од 15.коло во Бундес лигата. Баварците на своите навивачи, за крај на годината им приредија вистински спектакл. Со „петарда“ го испратија Лајпциг. Тимот на Венсант Компани е лидер во шампионатот со 33 бода, шест повеќе од „биковите“ кои се на четвртото место. Почетокот на натпреварот беше невообичаен, бидејќи во воведните две минути беа постигнати два гола, по еден на секоја ...
За многумина беше изненадување што Клаудио Раниери се повлече од фудбалот во средината на ноември и по трет пат во кариерата ја презеде Рома, но со оглед на тоа што веќе е во осмата деценија од животот, јасно е дека неговиот престој на „Олимпик„ нема да трае вечно. Затоа тој веќе има план кој би можел да го наследи следното лето, а прва мета без сомнение е неговиот сонародник Карло Анчелоти, кој според се, на крајот од сезоната ќе го заврши ...
Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид се активира на пазарот, бара засилување во бековската линија. „Кралскиот клуб“ е во потрага по плејмејкер, бидејќи играчите кои дојдоа изминатато лето, Фелиз и Рејтан-Мејс, не ги оправдаа очекувањата. Планот на клупските ченици беше Тео Маледон, но играчот кој блеска сезонава во дресот на Асвел, нема да го напушти клубот среде сезоната. Реал засилување бара во НБА лигата. Пред нешто повеќе од еден месец клубот ...
Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, јасно стави до знаење дека сака што поскоро да се ослободи од Маркус Рашфорд (27). Според последните информации кои доаѓаат од Островот, Рашфорд би можел покрај Манчестер да ја напушти Англија и кариерата да ја продолжи во милански Интер. Италијанскиот гигант, предводен од еден од најдобрите тренери на денешницата, Симеоне Инзаги, бил сериозно заинтересирани за „отпишаниот“ напаѓач. Клубот ...
УЕФА во седиштето во Нион ги одреди плеј-оф двојките во Конференциската лига. Пласман во осминафиналето изборија најдобрите осум екипи: Челси, Виторија Гимараеш, Фиорентина, Рапид Виена, Ѓургарден, Лугано, Легија Варшава и Серкл Бриж. Двојки за 1/16 финалето во Конференциската лига: Зелен пат: ТСЦ – Јагелонија Целје – АПОЕЛ Борац Бања Лука – Олимпија Љубљана Копенхаген – Хајденхајм Сребрен пат Викингур – Панатинаикос Гент – Бетис Молде – ...
Сестринскиот тим на Ред Бул, кој во новата сезона ќе се натпреварува под името Виза Кеш Ап Рејсинг Бул, во петокот објави дека Лијам Лосон ќе биде заменет со Исак Хаџар. Хаџир тргна по стапките на Макс Ферстапен, Себастијан Фетел и Даниел Рикиардо. Тој е 19. возач кој се приклучил на Формула 1 преку јуниорската програма на Ред Бул. „Многу сум возбуден што ќе преземам нова улога во тимот. Ова е голема работа за мене, но и за моето семејство и ...
Неодамна оджаната ждрека за квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година ги спои Србија и Албанија. Топ фаворит во групата е Англија, а аутсајдери се Летонија и Андора. Јасно е дека натпреварите меѓу Србија и Албанија ќе привлечат огромно внимание. Последен пат Србија и Албанија се сретнаа во квалификациите за ЕП 2016 година. Натпреварот во Белград потоа беше прекинат по голема тепачка откако на стадионот со дрон беше ...
Молдавскиот фудбалер Петру Ојог (34) до минатата година ја вршеше функцијата претседател на сега веќе згаснатиот локален клуб ФК Сфинтул Георге. Неговата кариера во фудбалот во целост заврши деновиве. Молдавската фудбалска федерација (ФНФ), преку својата Етичка комисија, одлучи да го суспендира Ојога од фудбалот на дури 15 години. Причината е местење натпревари. Заедно со него беше казнет и фудбалерот Игор Бондаренко, но за значително пократок ...
Челниците на Манчестер сити, во зимскиот и летниот преоден рок подготвуваат радикални чекори. Се чини дека ова ќе биде одговорот на кризата која го стресе клубот. „Граѓаните“, на последните 11 натпревари во сите натпреварувања, доживеаја осум порази, забележаа само една победа. Притисокот врз Пеп Гвардиола расте од ден на ден, но како што сега стојат работите неговата позиција е стабилна. Тренерот неодамна го продолжи договор со клубот до 2026 ...
Шест лица, меѓу кои и братот на поранешниот француски репрезентативец Пол Погба (31), Матијас Погба, се осудени на затворски казни од три до осум години. Судот ги прогласи за виновни за обид за изнуда. Во 2022 година, Пол Погба откри дека бил цел на обид за изнуда и закани од страна на организирана банда. Погба тогаш изјави дека во бандата која го уценувала, бил неговиот брат Матијае и пријатели од детството. Погба тогаш пред обвинителството ...
Хрватскиот тренер Иван Јуриќ (49) ќе го преземе Саутемптон. Новинарот, Фабрицио Романо, објави дека договорот треба да биде потпишан во текот на денот, откако Јуриќ целосно ќе го раскине договорот со Рома. Јуриќ ќе го наследи досегашниот тренер Расел Мартин, кој пред пет дена доби отказ по поразот од Тотенхем со 5:0. Саутемптон оваа сезона се врати во Премиер лигата, но моментално е на последното место со пет бода и е главен кандидат за ...
Заврши првиот дел од натпреварувањето во Конференциската лига. За разлика од Лигата на шампионите и Лига Европа, во која секој тим игра осум натпревари, во Конференциската лига секој тим одигра по шест натпревари. Конечниот пласман е познат, пласман во осминафиналето изборија најдобрите осум екипи: Челси, Вирорија Гимараеш, Фиорентина, Рапид Виена, Ѓургарден, Лугано, Легија Варшава и Серкл Бриж. 16 клубови, ќе играат плеј оф за пласман во ...
Манчестер јунајтед загуби во четвртфиналето во Лига купот од Тотенхем со 4:3. Тренерот на Јунајтед, Португалецот Рубен Аморим, втор натпревар по ред го остави надвор од тимот Маркус Рашфорд, 27-годишниот англиски напаѓач и поранешен репрезентативец. Рашфорд во вторникот изјави дека сака да го напушти клубот. Неговиот тренер по натпреварот изјави дека не му е жал. „Чувствувам дека ја направив вистинската работа за тимот. Мислам дека ова не беше ...
Директорот на Ферари, Фредерик Васер откри дека преговорите со Луис Хамилтон за трансфер во Скудерија минале сосема без проблеми. Хамилтон по 12 години го напушти Мерцедес на крајот од сезоната во Формула 1, со кој освои шест од седумте шампионски титули, од следната година ќе вози за Ферари. „Победивме повеќе трки во 2023 година од Мерцедес, почетокот на сезоната исто така беше добар, па не беше толку тешко да го убедиме дека Ферари ќе биде ...
Лос Анџелес Лејкерс го совлада Сакраменто со 113:100, натпреварот го обележа Леброн Џејмс. Леброн стана рекордер во лигата по бројот на одиграни минути во регуларниот дел од сезоната. На теренот мина 34 минути, вкупно 57.471 минути во кариерата и го надмина Карим Абдул-Џабар, кој го држеше рекордот со 57.446 минути. LEBRON JAMES. pic.twitter.com/NtY52mQsl6 — Hoop Central (@TheHoopCentral) December 20, 2024 Џејмс натпреварот го заврши со 19 ...
Портланд во последните секунди го шокира Денвер, забележа победа 126:124. Анфрени Симонс ги постигна последните поени на натпреварот со што ја прекина серијата од шест порази на Портланд. Најефикасен кај Денвер беше српскиот центар Никола Јокиќ со 34 поени, осум асистенции и шест скока. Џамал Мареј додаде 24 поени, 10 асистенции, три скока и три украдени топки, Расел Вестбрук 19 поени и седум скока, а Мајкл Портер 16 поени и 6 скока. Хројот на ...
Кошаркарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, доживеа тешка повреда, во текот на натпреварот меѓу Панатинаикос и Басконија, во Евролигата. Девет навивачи на Панатинаикос наводно доживеале срцев удар или се онесвестиле поради повредата на Матијас Лесор. Лесор заработи тешка повреда против Басконија, а сите што видоа што се случи останаа рамнодушни. Драмтично повредата на колеката ја доживеаја и неговите колеги на теренот. Неколкумина со солзи во ...
По одигрувањето на последниот четвртфинален натпревар во Лига купот на Англија, кој навистина беше спектакуларен (Тотенхем го победи Манчестер јунајтед со 4:3), беа извлечени полуфибналните двојки. Пред Тотенхем, пласман во полуфинбалето изборија Ливерпул, Арсенал и Њукасл јунајтед. Двојките ги извлече легендарниот играч на Ливерпул Џејми Карагер, а ќе се сретнат Арсенал – Њукасл и Тотенхем – Ливерпул. За разлика од претходниот дел од Лига ...
Центарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, заработи тешка повреда на натпреварот од 17. коло од Евролигата против Басконија. Францускиот репрезентативец се повреди на почетокот на третата четвртина при водство на неговиот тим 56:35. Лесор фати дефанзивен скок, не приземји добро и започна да вреска од болки. Следуваше долга пауза, а некои од играчите дури и заплакаа кога Лесор. На крајот тој на „една нога“ замина во соблекувалната. Дополнително ...
Валтери Ботас по три години се врати во Формула 1 тимот на Мерцедес. Финецот ќе биде резервен возач на тимот следната сезона, а планира да се врати на патеката во 2026 година. Ботас ќе им биде резерва на Џорџ Расел и дебитантот Кими Антонели. Во неговиот прв ангажман во Мерцедес од 2017 до 2021 година, Ботас беше тимски колега на Луис Хамилтон. Забележа десет победи. „Враќањето во семејството на Мерцедес е најдоброто нешто што можеше да ми се ...
Евролигата го одложи натпреварот помеѓу Париз и Фенербахче кој требаше да се одигра вечерва во француската престолнина. Повеќето играчи од лидерот во Евролигата се разболеле, па францускиот клуб нема доволно играчи за да состави ростер за натпреварот. Првиот знак на неволја за Париз се појави на стартот од актуелната двојна недела, кога најдобриот играч на тимот, Ти Џеј Шортс, мораше да го пропушти натпреварот против Реал Мадрид. „Многу играчи ...
Фото/ macedoniahandball.com.mk Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи, на кои смета за Светското првенство, кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Германија. Голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски доби повик, додека неговиот колега од Подстам, Мартин Томовски е меѓу резервите. На спискот воопшто го нема Филип Талевски од Бенфика. Македонија на Светското првенство, своите ...
Марио Мамиќ, син на Здравко Мамиќ, е осуден на една година и четири месеци затвор поради соучесништво во изнуда на пари од ГНК Динамо Загреб. Пресудата е донесена врз основа на договор со обвинителството, во кој Мамиќ се изјасни за виновен за учество во злосторничко здружување. Покрај затворската казна, Жупанискиот суд Осиек му изрече и дополнителна парична казна од 750 илјади евра. Исто така, ГНК Динамо Загреб како оштетен ќе добие отштета во ...
Неизвесна е иднината на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми. Претходните денови беа доста турбулентни меѓу Влаховиќ и навивачите на Јувентус. Српскиот напаѓач претрпе навреди од трибините, па дури и влезе во вербална пресметка со дел од приврзаниците на „старата дама“, но работите бргу се вратија во нормала, а тој на критиките одговори на најдобар можен начин, со гол против Каљари во Купот. Има ...