Феникс Санс остварија еден од најголемите камбекови во историјата на франшизата. Санс славеа во дуелот со Лос Анџелес Клиперс со 119:117, и покрај тоа што на минута до крајот на третиот период имаа минус од 23 поени. Најзаслужен играч за оваа победа е 36-годишниот Кевин Дурант, кој со 19 поени (6/9 од поле) во последната четвртина од натпреварот го врати домашниот тим во живот. Искусниот ас постигна вкупно 34 поени (10/22 од поле, 4/11 од ...

Лос Анџелес Лејкерс ја оправда улогата на фаворити со убедлив триумф над Њу Орлеанс Пеликанс. „Езерџиите“ го декласираа противникот во „Крипто арената“ со 136:115. Лука Дончиќ и Леброн Џејмс го обележаа овој натпревар. Словенецот постигна 30 поени, забележа 15 асистенции и осум скока. Дончиќ е стана четвртиот играч во историјата на Лејкерси со 30+ поени и 15+асистенции на еден натпревар. Пред Лука, Џери Вест го направи тоа девет пати, Меџик ...

Реал ја доби прввта осминафинална епизода против Атлетико на „Бернабеу“ со 2:1 „Мадрилењо“ го обележаа головите, особено оној на Хулијан Алварез. Вечерва Арсенал избори место во четвртфиналето откако со 7:1 во Ајндховен го победи ПСВ, додека без победник заврши дуелот во Дортмунд меѓу Борусија и Лил (1:1). Актуелниот европски првак понеди со голвите на Родриго во четвртата и Брахим Дијаз во 55.минута. Голот за Атлетико е дело на Алварез во ...

Елиф Елмас, во јануари од Лајпциг се пресели на позајмица во Торино, одигра три натпревари постигна два глола со што ги натера првиот човек на клубот, Урбано Каиро да му наложи на спортскиот сектор да ги започне преговрите со Германците за откуп на договорот на македонскиот репрезентативец. Елмас, во јануари 2024 година од Наполи се пресели во Лајпциг, за 24 милиони евра, но не успеа да ја стекне довербата на тренерот Марко Росе. Во есенскиот ...

Астон Вила го совлада Клуб Бриж со 3:1 на гостински терен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Белгискиот тим беше подобар на теренот, но откако не ги искористи своите шанси, се самоуништи во финишот со две грешки и практично им ја подари победата на гостите од Англија. Мечот идеално започна за Астон Вила, во третата минута Бејли го отвори резултатот. Домаќинот експресно реагираше и девет минути подоцна де Кајпер го ...

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) објави извештај за истрага во која се вклучени тренерот на Ливерпул Арне Слот и судијата Мајкл Оливер. Оливер судеше на натпреварот Евертон-Ливерпул (2:2) на „Гудисон Парк“ на 12. февруари кога му покажа црвен картон на Арне Слот по натпреварот поради протест. Слот беше суспендиран на два натпревари и казнет со 70.000 фунти. Истата казна ја заработи и неговиот прв помошник, кој доби парична казна од 7.000 ...

Кошаркарот на Далас Кајри Ирвинг ја заврши сезоната поради повреда. Ирвинг ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, изјавија извори за ЕСПН. Кајри Ирвинг, кој има 32 години, се повреди во првата четвртина во поразот на Маверикс од Сакраменто Кингс изминатата ноќ. Одигра само 9 минути и имаше седум поени во првата четвртина и по еден скок и асистенција, а кога се повреди беше јасно дека нема да може да продолжи, па со еден потег ...

Челниците на Ливерпул не се премногу загрижени од можното заминување на Трент Александер-Арнолд (ТАА). Десниот бек изминатите месеци се поврзува со Реал Мадрид, каде би се прселил како слободен играч. Ливерпул има вистинска замена за ТАА, во 21-годишниот репрезентативец на Северна Ирска, Конор Бредли. Клубот веќе му понудил нов, финансики подобра договор. Минатата сезона кај Јирген Клоп, Бредли одигра 23 натпревари, а оваа кај Арне Слот ...

Мексиканската фудбалерка Лизбет Овале постигна гол каков што ретко се гледа дури и во машка конкуренција. Овале ја погоди мрежата со „превртена скорпија“ во победата на нејзиниот Тигре од 2-0 над Гвадалахара. Мексиканката одлично се снајде по нафрлената топка на Шпанката Џенифер Хермосо и ја погоди далечната статива. Хермосо, која е во центарот на вниманието од 2023 година поради скандалозниот бакнеж со поранешниот претседател на шпанската ФА, ...

Формула 1 тимот Ферари го доби судскиот спор со штого спречи неговиот поранешен технички директор Енрико Кардило да започне со работа во Астон Мартин до 18 јули. Кардило го напушти Ферари за да стане технички директор во Астон Мартин, а двата тима оттогаш водат спор кога тој треба да ја започне својата нова работа. Ферари во соопштението наведе дека Кардило „веќе ја прекршил антиконкурентската клаузула со Ферари“ и дека пресудата ја донел ...

Баерн Минхен објави дека дресот на легендарниот играч на клубот Франц Бекенбауер во иднина ќе виси под покривот на стадионот „Алијанц Арена“. Дресот со број пет ќе биде изложен во огромна големина, за да може да го видат сите присутни на стадионот, а премиерно ќе биде прикажан на претстојниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баер Леверкузен во среда. Баерн додаде дека ова е начин да му се оддаде почит на Бекенбауер по ...

Жозе Мурињо веќе 25 години има значајна позиција на големата тренерска сцена, со големо искуство зад себе, па може добро да го процени квалитетот на секој играч. За многу љубители на фудбалот, тренерите и играчите, Кристијано Роналдо и Лионел Меси се синоним за најдобрите играчи во историјата. Кога ќе се земат предвид нивните успеси, долги кариери, популарност и исклучителен квалитет, Португалецот и Аргентинецот секако имаат силни аргументи на ...

Напаѓачот на Лајпциг, 21-годишниот Бенјамин Шешко, летово би можел да го напушти клубот и да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија во вторникот британските медиуми. Репрезентативецот на Словенија сезонава игра во одлична форма. На 34 натпревари во сите натпреварувања постигна 17 гола и даде пет асистенции. Неговиот договор со бундеслигашот е до крајот на јуни 2029 година, но летово би можел да направи трансфер, бидејќи може да биде ...

Спортската управа на Бенфика, според португалскиот весник „Рекорд“, сака да го врати Нелсон Семедо во клубот. Португалскиот репрезентативец, пред речиси осум години го напушти клубот кога се пресели во Барселона. Семедо сега е фудбалер на Вулверхемптон, но неговиот договор, кој како што стојат работите нема да го продолжи, истекува на крајот од сезонат. Александер Бах е повреден и Семедо би бил најадекватно решение на позицијата десен бек, ...

Фудбалерот на Наполи, Матијас Оливера денеска го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2030 година. Оливера одигра вкупно 90 натпревари за Наполи, за првиот тим дебитираше на 15 август 2022 година. Уругвајскиот дефанзивец ги пропушти сите натпревари на Наполи во февруари поради повреда, а на теренот се врати на натпреварот против Интер, влегувајќи како замена за Леонардо Спинацола во 82. минута. Оливера дојде во Наполи од Хетафе, а за ...

Британските медиуми се занимаваат со потенцијалниот отказ на Иван Јуриќ во Саутемптон, а „TalkSport“ тврди дека причината е лошиот однос што го има тренерот со неколку играчи. Саутемптон со секое коло е се поблиску до Чемпионшип, има само девет бода и е последен на табелата во Премиер лигата. Иван Јуриќ го презеде клубот откако Расел Мартин доби отказ во декември и потпиша 18-месечен договор. На десет одиграни натпревари, Саутемптон забележа ...

Куќата на Енди Бара, хрватски фудбалски менаџер, била цел на напад на непознат сторител. Според „Јутарњи лист“, околу 00:50 часот непознато лице фрлило експлозивна направа во дворот на домот на поранешениот фудбалер, сега фудбалски менаџер на улицата Херцеговачка во Загреб. Нема повредени, но е причинета материјална штета, додаде споменатиот извор. Полициската истрага е во тек. „Да бидам искрен, ништо не слушнавме. Сите спиевме, дури и децата. ...

Првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена, а дерби натпреварот ќе се одигра вечерва помеѓу мадридските клубови, Реал и Атлетико. Реал Мадрид групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на 11. место на табелата со 15 бодови, поради што мораше да игра бараж за пласман во осминафиналето. Тимот на Карло Анчелоти го победи Манчестер сити во два меча во баражот за осминафиналето на Лигата на ...

Арда Гулер, во 2023 година во трансфер вреден 20 милиони евра од Фенербахче се пресели во Реал Мадрид. Клубот тогаш го најави како наследник на Лука Модриќ. Факт е дека талентираниот 19-годишник не добива шанса во тимот кој ја освои Лигата на шампионите и шпанското првенство. Тренерот Карло Анчелоти тоа го објасни со силната конкуренција во составот. Германски „Билд“ пишува за Гулер во текст со наслов „Беше главна тема во Реал Мадрид – сега ...

Кајри Ирвинг се здоби со повреда на левото колено за време на натпреварот Далас Маверикс-Сакраменто Кингс и прашање е колку долго ќе отсуствува. Пред да го напушти паркетот, тој направи потег кој беше поздравен од навивачите кои го скандираа неговото име, а Далас Маверикс го опишаа како „дефиниција на силата“. Во турбулентната сезона на Маверикс, во која тимот од Тексас остана без лидерот Лука Дончиќ, сега играч на ЛА Лејкерс, Ирвинг требаше ...

Оклахома сити Тандер славеа победа во дуелот со Хјустон со резултат 137:128. Шеј Гилџес-Александер уште еднаш покажа дека е неверојатен кошаркар и зошто е кандидат за МВП. Канѓанецот ја предводеше Оклахома до победата над Хјустон со 51 поен (20 постигна во првата четвртина), пет скока и седум асистенции. Гилџес-Алкесандер четврти пат во сезоната постигна 50+ поени, а Оклахома ја забележа 50. победа. Вилијамс постигна 24 поени, Кејсон Валас ...

Холандскиот фудбалер Тижани Рејндерс го продолжи договорот со Милан, соопшти италијанскиот клуб. Рејндерс се обврза да остане во Милан до 30 јуни 2030 година. Неговата моментална пазарна вредност е околу 50 милиони евра. Рејндерс пристигна во Милано во летото 2023 година од холандскиот АЗ Алкмар и постигна 16 гола на 90 одиграни натпревари за Милан. Тој оваа сезона веќе одигра 40 натпревари, постигна 12 гола и забележа три асистенции. За ...

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор ги откри причините за неговото отсуство на церемонијата кога беше доделена Златната топка за 2024 година. Винисиус, еден месец пред закажаната церемонија фигурираше како главен фаворит, а една недела пред доделувањето на наградата сите го прогласија за најдобар играч во светот. Студен туш го стигна на денод на доделувањето на наградата, кога Реал добил информации дека најпрестижната индивидуалната награда ...

Објавени се номинациите за наградата Лауреус, која традиционално се доделува на најдобрите светски спортисти од претходната година. Во потесниот круг се најдоа Тадеј Погачар, словенечки велосипедист, Карлос Алкараз, шпански тенисер, Арман Дуплантис, шведски атлетичар, Леон Маршанд, француски пливач и Макс Ферстапен, холандски Формула 1 возач. Кандидати за престижната награда кај дамите се: гимнастичарката Симон Бајлс, фудбалерката Ајтана ...

Градското дерби, наречено „Мадрилењо“, сигурно е најпривлечниот двомеч во осминафиналето, во Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се одигра утре на „Бернабеу“, домот на Реал Мадрид. Во пресрет на натпреварот, тренерите Диего Чоло Симеоне и Карло Анчелоти, си поделија комплименти на прес конференциите. „Ќе биде спектакл за Мадрид, за градот, го имаме овој натпревар каде Реал Мадрид игра против Атлетико Мадрид. Спектакл и за Шпанија, ...

Одредени се шеширите за ждрепката за 42. издание на ФИБА Евробаскетот, на кој ќе учествуваат 24. репрезентации поделени во четири групи. Прв шешир: Србија, Германија, Франција, Шпанија Втор шешир: Летонија, Литванија, Словенија, Грција Трет шешир: Италија, Црна Гора, Полска, Чешка Четврти шешир: Финска, Грузија, Турција, Израел Петти шешир: Белгија, Босна и Херцеговина, Естонија, Велика Британија Шести шешир: Шведска, Исланд, Португалија, ...

Доаѓањето на Клаудио Раниери на клупата на Рома го прероди тимот од италијанската престолнина. Од доаѓањето на искусниот 73-годишен стручњак, Волчица освои 30 бода и сериозно се доближи до лидерската позиција во Европа во Серија А. Рома е и во осминафиналето на Лига Европа и не е изненадување што навивачите се воодушевени од настапите на тимот под водство на Раниери. Договорот со челниците на клубот беше Клаудио да биде само на клупата до ...

Играчот на Интер, Федерико Димарко ќе го пропушти претстојниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Феенорд поради повреда на бутниот мускул. Димарко се повреди во саботата на натпреварот против Наполи (1:1) и го напушти теренот на почетокот на вториот дел. Тј го постигна голот за Интер за водство во 22. минута со слободен удар. Димарко оваа сезона во Серија А постигна четири гола и имаше пет асистенции. Италијанските медиуми ...

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, во февруари минатата година ја објави својата одлука да го напушти Мерцедес по 12 години соработка и да ја продолжи кариерата во Ферари. 40-годишниот Британец, кој со Мерцедес освои шест светски шампионати по првата титула со Мекларен, се натпреварува во Формула 1 од 2007 година. Хамилтон возењето за Ферари во Формула 1 го опиша како остварување на детскиот сон, а со славниот тим ...

Нејмар (33) во последните денови се почесто се поврзува со Барселона, клубот за кој настапуваше по доаѓањето од Сантос во 2013 година и каде остана до заминувањето во ПСЖ во 2017 година. Каталонски „Спорт“, пишува дека тоа би можело да се случи доколку бразилскиот напаѓач ги исполни условите на шпанскиот клуб. Веќе подолго време се пишуваше дека Барселона бара идеалното решение за позицијата лево крило, а во тој контекст се споменуваа и ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1021
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
42%
1022
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
42%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 24ᴼ
4.63
37%
1025
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.18
32%
1023
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
1.54
59%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
7.6
41%
1020
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
44%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1021
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
40%
1024
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
2.57
38%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
50%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941