
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Рафаел Леао многу лесно би можел да го напушти Милан на крајот на сезоната. Тоа го поткрепуваат и претходните разговори меѓу неговите менаџери со други клубови. Милан игра многу слабо оваа сезона. Тие се на деветтото место во Серија А и ништо не функционира како што треба во тимот од северна Италија. Менаџерите на португалскиот крилен напаѓач веќе разговарале со претставници на други клубови. Овде се споменуваат Челзи и Барселона. „Сините“ ...
Навивачите на Интер протестираа поради скапите билети пред и за време на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Феенорд. Натпреварот на „Џузепе Меаца“, започна во необична атмосфера, бидејќи домашните навивачи молчеа, што го искористија симпатизерите на холандскиот тим кои гласно ги пееја нивните песни, претворајќи го гостинскиот во домашен терен. Протестот започна пред натпреварот, кога навивачите истакнаа парола пред ...
„Победи ја Фиорентина или ќе добие отказ. Во таква атмосфера Тиаго Мота го подготвува Јувентус за неделниот дуел против Фиорентина на стадионот „Артемио Франки“. Раководството на „Старата дама“ го загуби трпението со поранешниот тренер на Болоња и реши да направи драстична промена доколку не го добие натпревар во недела, бидејќи тимот ќе го загуби четвртото место. Елиминацијата од ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите на УЕФА, но особено ...
Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и ПСЖ на „Енфилд“, францускиот шампион направи подвиг и по подоброто изведување пенали обезбеди пласман во четвртфиналето. Во регуларното време единствениот гол го постигна Усман Дембеле, а потоа пеналите за ПСЖ ги реализираа Витиња, Гонзало Рамос, Усман Дембеле и Дезире Дуе. Само Мохамед Салах постигна гол за Ливерпул. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике одржа прес-конференција по ...
Индијана Пејсерс во драматичен меч славеа победа над Милвоки Бакс 115:114. Пејсерси на три секунди до крајот на мечот губеа со три поени разлика, Халибартон погоди тројка под фаул, а потоа го реализираше слободното фрлање. Неверојатно е како Милвоки ја испуштија победата на теренот на Индијана Пејсерс. На три секунди Јанис Адетокумбо го фаулираше Халибартон, кој погоди тројка. Потоа ладнокрвно го реализира и слободното фрлање за триумф на ...
За 13 години, два месеци и 17 дена откако беше назначен за тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне никогаш не водел толку чести, важни и жестоки битки против никого како против Карло Анчелоти. Овие двајца некогаш големи играчи, а денес уште поголеми тренери,вечерва по 28. пат ќе се сретнат во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Ако го победи својот постар колега на „Метрополитано“, Чоло ќе го изедначи резултатот во ова ...
Ливерпул доживеа елиминација од ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите на пенали на „Енфилд“ пред своите гледачи. Во првиот меч парижаните целосно ги надиграа „црвените“, но на крајот загубија од вториот удар на гостите кон голот на Донарума. Овој пат среќата се сврте во корист на тимот од француската престолнина и може да се каже дека ПСЖ заслужено напредуваше. По натпреварот, Арне Слот го истакна фактот дека ова бил неверојатен дуел. ...
Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул испадна од Лигата на шампионите. На „Енфилд“, ПСЖ го елиминира Ливерпул по избедувањето пенали со 4:1, откако претходно го доби натпреварот по 90 и 120 минути игра со голот на Дермбеле во 12.минута. ПСЖ на „Енфилд“ имаа перфектна пенал серија. Четворица погодија: Витиња, Гонзало рамош, Дембеле и Дезире Дуе, но апсолутен херој е голманот Донарума кој ги одбрани ударите на Дарвин Нуњез во втората и Џонс во ...
Баерн Минхен и Интер, вечерва го потврдија своето учество во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. Баерн и во вториот меч го совлада актуелниот германски првак Баер, овојпат во Леверкузен, а Интер лесно излезе на крај и во реваншот против Феенорд. Баварците во првиот натпревар во Минхен остварија убедлива победа (3:0) и практично се обезбедија место меѓу најдобрите осум, кое само го потврдија во Леверкузен со победата 2:0. Хари Кејн имаше ...
Килијан Мбапе е под знак прашалник за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Атлетико и Реал. Реал Мадрид ќе го брани водството од 2-1 од првиот натпревар против градскиот ривал, но можно е тоа да биде без својот најдобар стрелец. Мбапе претрпе удар во зглобот на натпреварот против Рајо Ваљекано овој викенд и утре ќе биде подложен на тестови за да се утврди дали може да игра против Атлетико. Поради гореспоменатите проблеми ...
Браселона е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите. Каталонците во реваншот ја победија бенфка со 3.1 и со вкупен резултат 4:1 се пласираа меѓу најдобрите осум екипи во Европа. Натпреварот на „Монжуик“ во Барселона беше решен во првото полувреме. Барселона излезе со јасна намера најбргу што може да ги ршеи дилемите околу пласманот во четвртфиналето. Рафиња ја отвори серијата во 11.минута, меѓутоа Бенфика експресно изедначи, преку ...
Два дена пред реваншот со Атлетик Билбао, во Лига Европа, аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес потпиша нов договор со Рома. „Рома со задоволство објавува дека Паредес го обнови договорот со клубот до 30 јуни 2026 година. Фудбалерот од средниот ред, светски шампион со Аргентина во 2022 година, мина значаен дел од својата кариера во нашиот клуб. Откако пристигна во Рим во Бока Јуниорс, тој го носеше дресот на Рома во сезоната 2014/2015 година, ...
Дали е врема Столе Димитиревски да застане на голот на Валенсија? Ова прашање го постави „Марка“, потсетувајќи дека првиот голман Ѓеорѓи Мамардашвили се наоѓа во лоша форма. Грузиецот Мамардашвили во изминтите две сезони беше најдобар играч на Валенсија, изминатото лето за около 30 милиони евра Валенсија го продаде во Ливерпул. Сепак Ливерпул реши да го остави на позајмица во Валенсија. Најмногу од оваа одлука настрада Столе Димитиревски, кој ...
Борусија Дортмунд не воодушевува со своите настапи и резултати во последно време, а дополнителен проблем ќе има Нико Ковач во пресрет на реваншот со Лил. На тренингот пред патот за Лил се случи инцидент. Имено, како што пренесува германски „Билд“, Џулијан Брант и Џејми Бајно Гитенс имале вербална, а потоа и физичка пресметка на тренингот. Не е познато што го предизвикало инцидентот, но истиот започнал вербално, а завршил со физичка пресметка. ...
Прославениот тренер Фабио Капело смета дека поради ароганцијата Гвардиола не освоил повеќе трофеи во кариерата. Гвардиола и Капело работеа заедно во Рома во сезоната 2002/03, кога Италијанецот беше тренер, а Шпанецот играч. „Не разговаравме за ништо додека бевме заедно во Рома. Тој дојде кај мене да ми каже како да си ја работам работата, а јас му реков прво да оди да трча, за подоцна да може даразговара со мене“, изјави Капело за „Ел Мундо ...
Митко Стојковски, стрелецот на решавачкиот гол во триумфот на Црвена звезда над Партизан во 100. вечно дерби, денес претседателот на битолски Пелистер, ги повика навивачите да го прослават 80-тиот роденден на клубот в недела против Спартак. „Среќен роденден на Црвена звезда. Клубот отсекогаш остана во моето срце. Црвено-белите не заслужуваат ништо помалку од полна „Маракана“ на 16 март. Очекувам навивачите да дојдат во што поголем број, изјави ...
Крилниот фудбалер на Баер Леверкузен, Жереми Фримпонг планира да го напушти клубот на крајот од сезоната, дознава „Скај Спортс Германија“. Фримпонг беше еден од клучните играчи минатата сезона, која Баер ја заврши непоразен во домашните натпреварувања и ги освои трофеите во Бундеслигата и Купот на ДФБ. Единствената титула што не ја освои тимот предводен од Чаби Алонсо е онаа наменета за победникот во Лига Европа, клубот од Леверкузен беше ...
Челниците на Манчестер јунајтед потврдија дека англискиот клуб ќе го напушти сегашниот стадион „Олд Трафорд“ и ќе го изгради нов дом, кој ќе може да прими 100.000 гледачи. Јунајтед ги помина изминатите 115 години на „Олд Трафорд“, култен стадион со капацитет од речиси 74.000 седишта. Новиот стадион треба да биде изграден на земјиште во сопственост на клубот во непосредна близина на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми. Планот е новиот ...
Светската спортска јавност со голем интерес ги следи случувањата во случајот Манчестер сити. Клубот е обвинет за кршење на финансиските прописи. Неодамна дојде до значителен напредок во истрагата за 115-те обвинувања против клубот, а Премиер лигата е предупредена да се подготви за сите можни сценарија. Сити беше обвинет за прекршување на финансискиот фер-плеј од страна на управното тело на Премиер лигата, но клубот силно ги отфрла сите ...
Првотимецот на Интер, Пјотр Зјелински ќе отсуствува неколку недели поради повреда на листот на десната нога, соопшти италијанскиот клуб. Зјелински се повреди во саботата, при победата од 3:2 против Монца во Серија А. Тој влезе во игра во 70. минута, но мораше да го напушти теренот само три минути подоцна. „Состојбата на полскиот играч за врска ќе биде проценета за неколку недели“, се вели во соопштението. Зјелински сигурно ќе го пропушти ...
Битката за МВП на НБА лигата се вжештува, а дилемата не ја реши ниту двата дуели меѓу Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер во рок од 24 часа. Најпрвин Шеј доминираше со 40 поени во победата на Оклахома во неделата, а ден подоцна „Џокер“ одговори со 35+18+8 во триумфот на Денвер. Јокиќ во коментар за МВП дуелот по неговиот настап рече дека „мисли дека ја игра најдобрата кошарка во животот“. Неговиот тренер Мајкл Мелоун објасни зошто Јокиќ мора ...
Косопственикот на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф, изјави дека некои играчи „не се доволно добри“ за клубот и дека некои од нив се „преплатени“. Ретклиф, спомна играчите како Касемиро, Расмус Хојлунд, голманот Андре Онана, Антони и Џејдон Санчо, кои се на позајмица во други клубови, како фудбалери кои неговото раководство ги наследи. Навивачите ги критикуваа овие играчи додека беа на „Олд Трафорд“. „Потребно е време да се оддалечиме од ...
Новата патека на Формула 1 во Мадрид ќе се вика Мадринг, соопштија денеска организаторите. Нова патека во шпанската престолнина ќе биде домаќин на Формула 1 трка од следната година. Организаторите потпишаа 10-годишен договор со Формула 1, до 2035 година. „Изборот на името Мадринг потсетува на патеката Ред Бул Ринг во Австрија и познатата патека Хунгароринг во Унгарија. Името има за цел да „воспостави концизен и незаборавен идентитет кој ...
Според англиските медиуми, на тренингот на Ливерпул во понеделникот дошло до судир меѓу Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд. Двајцата фудбалери во еден момент енергично се упатиле еден кон друг, додека Салах цело време имал насмевка на лицето, што предизвикало смеа кај повеќето соиграчи. Од друга страна, Александар-Арнолд остана сериозен, што додаде доза на неизвесност на ситуацијата. Со брзата реакција на Ибрахима Конате и Харви Елиот, ...
Кшиштоф Пјатек, напаѓачот на Башакшехир, откри дека во минатото Реал Мадрид покажал сериозен интерес за него, на крајот трансферот му го расипал Лука Јовиќ. Во сезоната 2018/19 Јовиќ и Пјатек блескаа на „стариот континет“. Јовиќ за Ајнтрахт, постигна 27 гола на 47 натпревари, Пјатек беше на насловните страници во Италија. Играјќи за Џенова и Милан постигна 30 гола на 42 натпревари. „Сега можам да ги откријам деталите. Реал Мадрид избираше меѓу ...
Таткото на еден од најдобрите светски кошаркари Лука Дончиќ и спортскиот директор на словенечката кошаркарска репрезентација Саша Дончиќ беше гостин на Хрватската телевизија, а особено се осврна на прашањето дали Лука Дончиќ може да се споредува со Дражен Петровиќ. „Дражен е сеуште Дражен. Тој е легенда. Лука е уште далеку од тоа, но мислам дека е на вистинскиот пат. Не би ги споредувал, секој беше меѓу најдобрите во своето време. Мило ми е ...
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген е во центарот на вниманието на медиумите во Шпанија, но овојпат причината не се неговите голмански квалитети. Германскиот интернационалец остро реагираше на социјалните мрежи на шпекулациите дека разводот е резултат на неверството на неговата сопруга Даниела. „Почитувани, Шокиран сум и разочаран од лошото водење и недостатокот на контрола во „Catalunya Ràdio&Grupo 3Cat“, кои шират лажни вести и ...
Лидерот на табелата во Премиер лигата и веројатно новиот англиски шампион, Ливерпул ја прекина соработката со компанијата „Најки“. По 13 години гермскиот гигант „Адидас“ се враќа на „Енфилд“. Финансиските детали од договорот не се обелоденети, но локалните медиуми успеаја да „ископаат“ дел од договорот. Ливерпул на социјалните мрежи објави дека потпишал долгорочен договор со спортскиот бренд „Адидас“ кој ќе стане официјален партнер на клубот. ...
Се ближи почетокот на новата сезона во Формула 1, првата трка е в недела во Австралија. Титулата ја брани Макс Ферстапен кај возачите, односно Мекларен во конуренција на конструктори. Календарот на Формула 1 за 2025 година содржи 24 трки, а последната трка во Абу Даби на 7. декември. Поради муслиманскиот празник Рамазан, трките во Бахреин и Саудиска Арабија ќе се одржи во април. Формула 1 календар за 2025 година: 14 – 16 март Австралија, ...
Во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Баерн, најдобриот играч на Баер, Флоријан Вирц, заработи повреда на колкот што ќе го оддалечи од терените неколку недели, потврдија од клубот од Леверкузен. Изминатиот викенд беше ноќна мора за тимот на Чаби Алонсо. Загубија на домашен терен од Вердер Бремен (0:2) и останаа без најдобриот играч, кој теренот го напушти со патерици. Баер потврди дека нема да може да смета на ...