Фудбалскиот клуб Јувентус очигледно бара замена за Тиаго Мота. Мота ја нема најдобрата сезона откако пристигна од Болоња, а тешкиот пораз во Торино од Аталанта (4:0) дополнително „под лупа“ ја стави неговата позиција како шеф на стручниот штаб. Покрај тоа, Јуве беше елиминиран од Лигата на шампионите од ПСВ, а потоа и од Купот на Италија од Емполи. Италијанските медиуми веќе наголемо шпекулираат со името на можниот наследник. Најновите ...

Мајк Тајсон беше познат во текот на неговата кариера по својата бестрашност и бескомпромисна борба. Но, тој имаше и боксер од кој се плашеше и со кој не сакаше да влезе во рингот. Тајсон се плашел од Џорџ Форман. Нивните менаџери преговарале за борба во 1990 година, но не успеале да се договорат. После тоа, Тајсон беше осуден за силување и мораше да оди во затвор, додека Форман го осови светскиот шампионски појас во 1994 година. Боби Гудман, ...

Нејмар повторно ќе мора да паузира. Искусниот и прославен бразилски напаѓач на претходниот меч не беше во составот на Сантос, поради нова повреда. Нејмар не се чувствувал подготвен и не се најде ниту на клупата за резерви. Бразилецот се пожали на болки кои ги чувствува веќе неколку недели, но овојпат тоа го спречи претходната вечер да настапи за Сантос. „За жал, чувствував болка во последните неколку недели… Навистина сакав да му помогнам на ...

Лос Анџелес Клиперс го совлада Сакраменто со 111:110 по продолжение на домашен терен во Инглвуд. Клиперси го забележаа третиот последователен триумф во НБА лигата. Најефикасен во тимот на Клиперс беше Џејмс Харден со 29 поени, 11 асистенции и девет скока. Хрватскиот центар Ивица Зубац додаде 22 поени и 14 скока, додека Дерик Џонс Јуниор постигна 17 поени, исто како и Каваи Ленард, кој го постигна победничкиот кош во последната секунда од ...

Фудбалерите на Аталанта на Јувентус му одржаа фудбалска лекција во Торино, кој изгледаше како тим кој се бори за опстанок, а не како да се наоѓа на четвртото место на табелата. Конечниот резултат беше 4:0 за Ла Деа. По 28. рунди во Серија, Аталанта е трета на табелата со два бода помалку од Наполи и три од лидерот Интер. Многу работи ќе бидат појасни во борбата за титулата веќе во следното коло кога Аталанта ќе го пречека Интер. По првиот дел ...

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа би можел да биде строго казнет откако беше исклучен на натпреварот од шпанското првенство против Хетафе (2:1). Аргентинецот го навредил судијата Квадра Фернандез. Како што пренесува „Марка“, според правилата на Ла Лига, навреда или употреба на навредлив јазик кон судијата, помошните судии, четвртиот судија, управните или спортските власти, освен ако не се работи за посериозен прекршок, се казнува со ...

Аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес изјави дека откако во една прилика го навредил фудбалскиот клуб Барселона, неговиот сонародник Лионел Меси не сакал да разговара со него цели три месеци. Меси играше за Барселона 23 години, каде што се прослави, освојувајќи 10 титули во шпанската лига, четири трофеи во Лигата на шампионите и седум трофеи во Копа дел Реј. Постигна 672 гола, со што стана рекордер за каталонскиот клуб. Тој го напушти клубот ...

Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа 1:1 во 29.коло во Премиер лигата. Резултатот во дербито веројатно ги реши сите дилеми околу шампионската титула. Ливерпул на првото место со натпревар повеќе има 15 поени повеќе од Арсенал. Многумина ги отпишаа „црвените ѓаволи“ во пресрет на овој натпревар, но избраниците на Рубен Аморим изгледаа навистина добро и имаа повеќе можности за гол од своите ривали. Давид Раја и покрај тоа што прими гол од ...

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Рајо Ваљекано во 27. коло од Ла Лига. „Врие“ во борбата за трофејот во шпанското првенство, моментално Реал Мадрид и Барселона имаат по 57 бода, Атлетико бод помалку. Ова се случи по победата на Реал над Рајо Ваљекано (2:1) во 27.коло, а Барселона има меч помалку откако им беше одложен дуелот со Осасуна. Реал уште во првото полувреме го трасираше патот до триумфот. Првиот гол го постигна Килијан Мбапе во ...

Вистинска драма се случи на женската трка на 3.000 метри на Европското првенство во сала во Апелдорн, Холандија. Домашната натпреварувачка Морин Костер (32) изгубила свест, откако доживеа незгоден пад, па со главата удри во подлогата. Еден од натпреварувачите ја турна одзади. Трката продолжи, додека таа беше изнесена од патеката. Според првичните информации, Костер се чувствува добро и покрај тоа што на носилки ја напупти патеката. Maureen ...

Челси со тешка мака го победи Лестер (1:0), а Тотенхем успеа да се спаси од пораз против Борнмут (2:2), во 28.коло, во Премиер лигата на Англија. Челси мака мачеше во дуелот со еден од најлошите тимови во Англија. „Сините“ не искористија пенал во 22.минута, Кол Палмер не успеа да погоди. Отпорот на гостите го скрши Марк Кукуреља по еден час игра. Челси со овој триумф скона на четвртото место на табелата со 49 бода, два повеќе од Манчестер ...

Атлетико Мадрид направи голем кикс во трката за шампионската титула во Шпанија, откако загуби кај Хетафе со 2:1. Денешната победа е прва за Хетафе во дуелите со Атлетико уште од ноември 2011 година. Атлетико се мачеше да го пробие бедемот на Хетафе се до 76.минута, кога по асистенцијата од ВАР собата, гостите добија пенал. Сих=гурен реализатор беше Сорлот. Потопот на Атлетико започна во 88.минута кога Анхел Кореа доби црвен картон. ...

Алехандро Гарначо е една од „жртвите“ на новиот менаџер на Манчестер јунајтед, убен Аморим. Аргентинецот, кој беше стандарден во првиот тим кај Луј ван Гал, кај Аморим се почесто се наоѓа на клупата за резерви. Гарначо не е задоволен од статусот што го има, се шпекулираше дека во зимскиот преоден рок ќе го напушти клубот. Во јануари Наполи сериозно беше заинтересиран за него, но тој сепак остана на „Олд Трафорд“. Според англиските медиуми, ...

Новак Ѓоковиќ се сопна на првата пречка на Мастерсот во Индијан Велс. Сосема е јасно дека 37-годишниот Србин е во резултатска криза по поразот од Ботик ван де Зандшулп, но голем проблем е фактот што овој пораз не е изолиран. Последен пат Ѓоковиќ загубил три меча по ред пред речиси седум години, поточно пред шест години, 11 месеци и 16 дена. Интересно, и во 2018 година Новак поминуваше низ проблем во истиот период од годината. Шокантно загуби ...

Серијата од осум победи во низа, во која беа кошаркарите на ЛА Лејкерс, заврши во Бостон. Селтикс славеа со 111:101, предводени од Џејсон Тејтум и Џејлен Браун кои постигнаа 40 односно 31 поен. Повеќе од поразот Лејкерси ги загрижи повредата на Леброн Џејмс, кој пред време го заврши натпреварот. Џејмс заработи повреда на препоните на левата нога. Првично се очекуваше Леброн да биде надвор од терените неколку дена, но новинарот на ЕСПН Дејвид ...

Бразилецот Рафиња е еден од најдобрите играчи на Барселона оваа сезона, а доказ за тоа е тоа што постигна 24 гола, од кои ниту еден од пенал, што го прави најдобар играч во Ла Лига. Сето ова влијаеше на челниците на каталонскиот гигант да му понудат нов договор на јужноамериканецот и покрај тоа што неговата преселба во Саудиска Арабија изгледаше многу извесно. Светските медиуми пишуваа дека Барселона има понуда за Рафиња од 100 милиони евра, ...

Килијан Мбапе, минатото лето се пресели од ПСЖ во Реал. Првиот човек на Реал, Флорентино Перез долго време го убедуваше фудбалерот дека Мадрид е вистинскиот град за него. На крајот успеа не само да го добие потписот на Мбббапе, туки и да не плати обесштетување. Реал не му плати ништо на ПСЖ бидејќи договорот на Мбапе беше истечен, но издвои значителна сума за потписот на напаѓачот. Нвинарот на „Ел Чирингито“, Маркал Љоренте тврди дека ...

Новак Ѓоковиќ е поразен во второто коло на Индијан Велс. Ботик ван де Зандшулп беше подобар од него во три сета 6:2, 3:6, 6:1. Новак Ѓоковиќ за прв пат по 2018 година загуби во првиот меч на првиот Мастерс во сезоната. Но, она што загрижува е што втора година по ред губи во Индијан Велс од „лаки лузер“. Ѓоковиќ е далеку од вистинската форма, претходно го загуби и првиот меч на турнирот во Доха од Матео Беретини. . Ван де Зандшулп целосно ја ...

Фудбалерите на Интер со многу мака ја совладаа последнопласираната Монца со 3:2, по пресврт, откако гостите неочекувано гостите водеа со 2:0 до 45. минута. Стрелци на головите по хируршки прецизни напади беа Самуеле Бириндели и Кеита Балде, чии гол е навистина спектакуларен. Прашање е како ќе завршеше натпреварот доколку ветеранот Марко Арнаутовиќ во првата минута од судиското не го препоплови водството на гостите. Во вториот дел Чалханоглу ...

Јеспер Мадсен, еден од најпознатите судии во ракометот, колабирал на натпреварот помеѓу Алборг и Холстебро. Oва е втор пат за нешто повеќе од две недели Мадсен да губи свест за време на натпревар. Пред нешто повеќе од две недели Мадсен колабираше на натпреварот Веспрем-Спортинг во Лигата на шампионите. Са разлика од овој натпревар, кога брзата помош на носилки го однесе во болница, Мадсен неколку моменти подоцна се освести. Сето ова предизвика ...

Во дербито на дното во рамките на 27. коло на Ла Лига, Валенсија на „Местаља“ го совлада Ваљадолид со 2:1. Доколку Валенсија опстане во елитните редови на шпанскиот фудбал, херој ќе биде позајмениот фудбалер на реал Сосиедад, Умар Садик. Тој го постигна голот за победа, негов четврти во последните четири натпревари. Се започна одлично за домаќините бидејќи Диего Лопез донесе водство за Валенсија во седмата минута. Сепак, до полувремето ...

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц го освои златниот медал на големата скокалница на Светското првенство во Трондхајм. Завршната дисциплина во скијачки скокови на годинашното Светско првенство во нордиско скијање во Трондхајм донесе нова радост за Словенците, нов успех и потврда за доминацијата на натпреварувачите од оваа земја во скијачките спортови. Домен Превц ги надмина конкурентите на големата скокалница, кога забележа скок од 140,5 ...

Натпреварот меѓу Барселона и Осасуна кој требаше да се одигра вечерва од 21 часот ќе се одигра во некој друг термин. Натпреварот беше одложен на само половина час пред закажаниот почеток. Според шпанските медиуми, натпреварот ќе биде одложен поради смртта на еден член на првиот тим на Барселона, бидејќи фудбалерите на каталонскиот клуб изјавија дека не можат да излезат на терен вечерва. Како што потврдија од клубот, неколку часа пред ...

Фудбалерите на Милан, со пресврт во последните 20 минути го совладаа Лече на гости со 3:2 во натпреварот од 28. коло на Серија А. Неверојатен натпревар одиграа Лече и Милан на стадионот „Виа дел Маре“, домаќините до 69.минута водеа со 2:0, на крјот Милан успеа да победи, а тренерот Серж Консеисао со ја спаси работата. Најмногу благодарение на Никола Крстовиќ, кој ја имаше веројатно најдобрата партија во кариерата Лече стекна предност од два ...

Фудбалерите на Ливерпул направија уште еден чекор кон титулата во англиската Премиер лига со победата од 3:1 над Саутемптон на „Енфилд“ во 29. коло од Премиер лигата. Во дуелот меѓу лидерот и „фенерџијата“, кои сега ги делат 61 бод, немаше ни трошка неизвесност за исходот на натпреварот и покрај тоа што гостите поведоа во финишот на полувремето со голот на Смоулбоун. Двоен стрелец за „црвените“ беше Мохамед Салах. Египќанецот двата гола ги ...

Бохум и Вердер приредија вистински сензации во 25.коло во Бундес лигата. Овое екипи славеа победи кај водечките две екипи во лигата, Баерн Минхен и Баер Леверкузен. Победата на Бохум во Минхен, кај лидерот Баерн, веројатно е најголемата сензација оваа сезона во Бундес лигата. Зошто: Бохум е еден од најлошите тимови во Бундес лигата, имаше негатива од два гола по само 28 минути игра, а можеше да биде и 3:0 доколку Гнабри реализираше пенал. ...

Парма и Торино одиграа 2:2 во 28. коло во Серија А на стадионот „Енио Тардини“. Гостите поведоа преку македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, на кого му асистираше Чезаре Касадеј. Емас го постигна третиот гол во четвртиот натпревар за Торино. Terzo gol di Elmas in quattro gare, tre reti in tre presenze da titolare. Impatto devastante per Eljif nel mondo granata, contentissimo per lui pic.twitter.com/tuSG8cXNjY — Guido Olivares🇮🇹 ...

Фудбалерите на Нотингем Форест го совладаа Манчестер сити (1:0) во дерби натпреварот од 28. коло на Премиер лигата. Херој на „шумарите“ беше Калум Хадсон-Одои, кој го постигна единствениот гол во 83. минута. Хадсон-Одои ја прифати топката што му ја испрати Морган Гибс-Вајт, влезе во шеснаесетникот и покрај статичниот Јошко Гвардиол, благодарение на лошата реакција на голманот Едерсон, гаѓаше и го погоди поблискиот агол. „Граѓаните“ беа ...

Никола Јокиќ, изминатата ноќ против Феникс, одигра историски натпревар. Денвер, надополни негатива од 21 поен и по едно продолжение го победи Феникс со 149:141. Јокиќ стана првиот играч со најмалку 30 поени, 20 скока и 20 асистенции на еден натпревар. Актуелниот МВП во НБА лигата, натпреварот го заврши со 31 поен, 21 скок и 22 асистенции. Јокиќ успеа да оствари трипл-дабл во двете полувремиња, нешто што никому досега не му успеало во НБА. Во ...

Милан е во очајна форма. Тие се без победа на четири меча во Серија А (три порази и едно реми), а тренерот Серж Консеисао се соочува со отказ. Милан поради лошите резултати му врачи отказ на Паоло Фонсека. На неговото место дојде Серж Консеисао, но неговиот ангажман на клубот му донсе само инстант успех. Неколку добри резултати по неговото доаѓање, меѓу кои е и освоениот Суперкупо на Италија. Кога помина почетниот период, тимот повтоно влезе ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
29%
1022
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
41%
1023
weather icon

Загреб

32ᴼ / 28ᴼ
1.54
40%
1021
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
2.57
35%
1024
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.56
29%
1023
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
59%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
8.75
39%
1020
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
29%
1021
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1024
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
3.09
40%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
41%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941