Фудбалерите на Мајорка го совладаа Еспањол со 2:1 (0:0) во 28. коло од шпанската Ла Лига. Еспањол поведе како гостин во 53. минута. Ведат Муриќи со автогол му донесе предност на Еспањол. Само 10 минути подоцна Муриќ можеше да ја исправи грешката, но во 63. минута промаши пенал за израмнување. Само 120 секунди подоцна, Такума Асано сепак успеа да го изедначи резултатот. Се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат се до судиското ...

Манчестер сити по ремито со Брајтон (2.2), полека го губи чекорот во борбата за четвртото место. Сити остана на петтото место со 48 бода, еден повеќе од „Њукасл (натпревар помалку) и Брајтон. Првиот гол на натпреварот одигран на „Етихад“, во Манчестер во 11. минута го постигна Ерлинг Халанд. Норвежанецот успешно го реализира пеналот и на тој начин му донесе водство на својот тим. Набргу по тој гол, Еступинан погоди од слободен удар на другата ...

Се уште траат дебатите од неверојатната ситуација за време на пенал рулетот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. Во втората серија беше поништен голот на Хулијан Алварез. Според ВАР собата, Аргентинецот двапати ја допрел топката. Реал Мадрид на крајот победи, од Атлетико не ја прифаќаат одлуката, сметаат дека се оштетени. Многумина од фудбалскиот свет се на нивна страна. Во саботата се огласи ...

Фудбалерите на Баерн Минхен ремизираа 1:1 со Унион во Берлин во 26. коло од Бундес лигата. Баерн имаше предност, но тимот од Берлин успеа да израмни и да дојде до бод во последните минути од натпреварот. Првото полувреме помина без голови. Баерн имаше шанса во втората минута од судиското надополнување да поведе, но голманот на Унион успеа одбрани. Баерн продолжи со офанзивата и ја презеде контролата во второто полувреме. Хари Кејн и Џамал ...

Силекс ја оправда фаворитската улога против АП Брера и со победата во Струмица ја намали предноста на лидерот Шкендија на два бода. За разлика од Силекс, Работнички и Гостивар кикснаа против екипите од долниот дел на табелата. Силекс со два гола во последните20 минути ја победи Брера со 2:0. Марко Ѓорѓиевски во 69.минута го отвори резултатот, а победата на екипата од Кратово ја потврди Алиќ во 80.минута. Работнички во Охрид, кај Воска спорт ...

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата пред ГН на Аргентина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП. Осумкратниот светски првак уште од почетокот на акцијата ги поместуваше границите на патеката „Термас де Рио Ондо“, а на пат до втората пол-позиција сезонава, постави нов рекорд, 1:36.917 минути. Исто како и пред две недели во Тајланд, најблиску до него беше неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати, кој ...

Душан Тадиќ потпиша договор со Ајакс и ќе се врати во Холандија, пренесуваат турските медиуми. Поранешниот српски репрезентативец по две години се враќа во Амстердам, тврдат овие извори. По елиминацијата на Фенербахче од Лига Европа и промашениот пенал на Тадиќ, навивачите го критикуваа исто како и целиот тим. Српскиот играч за врска по се изгледа одлучи дека најдобар потег е враќањето во Ајакс. Тадиќ имаше понуда од Фенербахче да го продолжи ...

Енцо Фернандез пристигна во Челзи на крајот на претходната година за 121 милион евра од Бенфика. Англиските медиуми пишуваат дека тој би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок, во размена на фудбалери меѓу Челзи и Реал Мадрид. Шпекулациите говорат дека Реал го нуди Орелиен Чуамени и пари за аргентинскиот репрезентативец, кој со националниот тим стана светски и јужноамерикански шампион. Наводно, Реал Мадрид веќе извесно време е ...

Извор ffm.mk Масар Омерагиќ беше единствен кандидат и едногласно и со акламација беше избран од највисокото тело на ФФМ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Во продолжение, говорот на првиот човек на македонскиот фудбал откако ја доби довербата од делегатите на Изборното Собрание на ФФМ. Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ: „Не сме овде само да зборуваме за проблемите од минатото – туку да погледнеме напред, кон новата ...

Формула 1 последните години години се наоѓа во подем. Речиси сите трки се распродадени, а интересот е неверојатен. Сепак, има една патека во најбрзиот караван што чинеше многу, а сега е празна и пропаѓа. Изградбата Кореја интернешенал чинеше „скромни“ 350 милиони евра. На оваа патека се одржаа четири трки од шампионатот во Формула 1 Последниот пат се возеше во 2013 година. Во 2010 година победи Фернандо Алонсо, а потоа три побреди забележа ...

Нејмар сепак нема да настапи за Бразил во претстојните два натпревари во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство. Нејмар доби повик од селекторот Доривал Жуниор, но поради повреда ќе мора да ги пропушти овие квалификациски натпревари. „Последниве денови, по повикот на 6 март, медицинскиот сектор на бразилската репрезентација на чело со д-р Родриго Ласмар, не информираше за состојбата на сите фудбалери, особено Данило, ...

Руската сензација Мира Андреева избори пласман во финалето на Мастрсот во Индијан Велс. Во полуфиналето 17-годишната Андреева ја надигра Ига Шјонтек со 7:6, 1:6, 6:3. Ова е втор последовно финале за Андреева на турнирите од Мастерс серијата, откако пред три недели играше во финалето во Дубаи. Интересно и во Дубаи во полуфиналето ја победи Швјонтек. „Голема победа во тешки услови. Не успеав да ја искористам мојата шанса во првиот сет, но кога ...

Денвер Нагетс славеа во дербито против ЛА Лејкерс со 131:126. Нагетс се зацврстија на втората позиција во Западната конференција, го добија дуелот со директниот ривал кој на овој натпревар играше без цела една петорка. Изминатата ноќ најдобриот тим во лигата Кливленд Кавалирс ја продолжи победничата серија. 16.победа во низа Кавалирс ја забележаа во Мемфис. Џамал Мареј со тројка на пет секунди до крајот стави точка на победата на Денвер против ...

Доминик Ливаковиќ е закован на клупа за резерви кај Фенербахче, а за се е виновна повредата која ја заработи на почетокот на годината. Како што тврдат медиумите хрватскиот репрезентативец ќе го напушти клубот во летниот преоден рок. Ливаковиќ последен пат бранеше за Фенербахче на 13 јануари, по што се повреди, кратко беше на рехабилитација, но Хрватот го загуби местото меѓу стативите од Ирфан Џан Егрибајат. Турските медиуми пренесуваат дека ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Австралија, со која започнува овогодинешниот шампионат во Формула 1. Норис стигна до 10.пол-позиција на патеката Алберт Парк, со круг од 1:15.096, две десетинки пред тимскиот колега Оскар Пјастрi. Најблиску до двоецот на Мекларен беше актуелниот шампион Макс Ферстапен, кој за речиси половина секунда имаше послаб резултат. Одлични квалификации се возеа ...

Фото/ facebook.com/fcshkendija Вардар и Шкендија одиграа 1:1 (1:1), во првиот натпревар од 24 коло во Првата македонска фудбалска лига. Вардар и по повеќе од седум ипол години не успеа да ја победи Шкендија. Дербито кое се одигра во комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, беше решено во интервал од само четири минути. Рамадани постигна феноменален гол за Шкендија во 21.минута, кога од 20-тина метри, со десна го погоди спротивниот ...

Учесниците во масовна тепачка што се случи по натпреварот од Премиер лигата меѓу Саутемптон и Тотенхем во 2023 година беа осудени во петокот. Како што соопшти Кралскиот суд, 17 мажи беа осудени во петокот за нивната вмешаност во тепачка што се случи по натпреварот од Премиер лигата меѓу Саутемптон и Тотенхем на 18 март 2023 година. Сите 24 осомничени ја признаа вината на првите рочишта, кои се одржаа во текот на 2024 година. Сите обвинети се ...

Двократната светска шампионка Словенката Ника Превц постави светски рекорд во ски скокови. Во Викерсунд, Ника леташе 236 метри, 45,5 метри подолго од нејзиниот личен рекорд. Оваа 19-годишна Словенка двапати постави нов светски рекорд на тренингот во петокот. Ника потекнува од многу успешно спортско семејство. Има тројца браќа: Петер, Цене и Домен, исто така ски-скокачи. Петер Превц е поранешен светски шампион и има четири медали на Зимските ...

Џек Грилиш, извесно е ќе го напушти Манчестер сити во летниот преоден рок. „Граѓаните“ во наредниот период ќе слушаат понуди за англискиот интернационалец. Пеп Гвардиола не е задоволен од неговите настапи, а ниту Гралиш од неговата минутажа. Имено, крилниот напаѓач на Сити го изрази своето незадоволство поради тоа што пред него е новото засилување Омар Мармуш. Грилиш не е на посакуваното ниво од почетокот на сезоната. Лошите игри прво го ...

Реал Мадрид успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите по подоброто изведување на пенали против Атлетико Мадрид, но остана без уште еден дефанзивец. Во 83. минута од натпреварот Ферланд Менди се здоби со повреда на тетивата. Веднаш беше јасно дека ќе мора да ја напушти играта, бидејќи падна на тревата и веднаш побара лекарска помош. Лекарски прегледи утврдија дека Менди ќе мора на принудна пауза. Според прогнозите ќе ...

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен мораше да плати речиси еден милион евра за да се натпреварува во овогодинешниот шампионат. Главен услов за сите возачи да учествуваат во Формула 1 е да имаат супер лиценца, која мора да ја платат. За да се натпреварува ваа сезона возачот на Ред Бул го чини 835.681 фунти или 994.210 евра. Холанѓанецот плаќа речиси двојно повеќе за лиценцата од најуспешниот Формула 1 возач Луис Хамилтон и дури 90 ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, го објави списокот на играчи за првите натпревари во квалификациите за СП 2026 година. Англија на стартот од квалификациите, во групата К, ќе одигра два натпревари на домашен терен, на 21. март против Албанија и три дена подоцна 24 против Летонија. Англија на 9. септември ќе гостува во Србија, додека на 13. ноември ќе им биде домаќин на „орлите“. Победникот од групата ќе обезбеди директен пласман на ...

Жозе Мурињо е огорчен по драматичната елиминација од Лига Европа. Во првиот осминафинален натпревар неговиот Фенербахче загуби со 1:3 од Ренџерс во Истанбул, синоќа во реваншот победи со 2:0 во реваншот во Глазгов. Конечниот победник беше решен по изведувањето пенали, во кои поуспешни беа домаќините кои победија со 3:2. Откако со неговиот тим доживеа елиминација Мурињо изјави: „Се надевам дека се што ми се случува во европските натпреварувања ...

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо проговори за времето поминато во Динамо, како и за можноста што ја имал да добие хрватско државјанство. Фудбалскиот сојуз на Хрватска му понуди шанса на Олмо да игра за националниот тим во 2017 година. Олмо на крајот одби и играше за Динамо пет и пол сезони, до 2020 година кога беше продаден во Лајпциг за 34 милиони евра. „Играв за Динамо и во 2017 година ме повикаа во Хрватскиот фудбалски сојуз. Ми понудија ...

Бекот на Сан Антонио Спарс, Диерон Фокс нема да игра до крајот на сезоната бидејќи ќе мора да оди на операција. Според инсајдерот Шамс Чаранија, поентата на операцијата ќе биде да се отстрани оштетувањето на тетивите на малиот прст. Оваа вест сигурно ќе ги разочара навивачите на „Мамузите“, кои до крајот на сезоната ќе мора да играат без центарот и прва ѕвезда Виктор Вембањама. На младиот Французин му беше дијагностицирана длабока венска ...

Со слободните тренинзи во Мелбурн парк започна новата сезона во Формула 1. Најбрзи беа Ландо Норис на првиот и Шарл Леклер на вториот тренинг. Стартот на сезоната го обележа инцидентот на новиот возач на Хас, Оливер Берман. Тој направи почетничка грешка во десеттиот свиок и го искрши својот болид. За среќа возачот мина без повреди. Првиот тренинг му припадна на Норис со 1:17.252 минути. Одлични беа возачите на Вилијамс, Саинц заврши втор, а ...

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Мартин, кој веќе се повлече од првите две трки сезонава поради повреда, потврди дека ќе ја пропушти и Големата награда на САД. „Имам проблеми, рехабилитацијата не оди толку брзо колку што би сакал. Би сакал да бидам во Остин, но нема да можам да се тркам. Не знам дали ќе бидам и во Катар (13 април). Се уште е рано”, изјави тој на прес-конференција во Мадрид. Мартин се повреди за време на ...

Челзи „преку ноќ“ го договори првото засилување за претстојниот преоден рок, пренесува Фабрицио Романо. Џовани Куенда, 17-годишниот португалски талент кој игра за Спортинг, се согласи да премине во лондонскиот клуб. За неговите услуги наводно биле заинтересирани Манчестер јунајтед и други англиски клубови, за сума од околу 50 милиони евра. Куенда ќе игра уште една сезона во Спортинг, а потоа ќе му се приклучи на Челси. Не е познато колку Челзи ...

Уште една ноќ во долгата и успешна кариера на Стеф Кари, еден од најдобрите бекови на сите времиња, кој синоќа забележа значаен јубилеј. Во победата на Голден Стејт над Сакраменто од 130:104, Кари стигна до бројката од 4.000 тројки во НБА, а мечот го заврши со 11 поени (4-9 од поле за 30 минути) и 5 асистенции. „Тоа е бројка за која никогаш не размислував, сметав дека не е реално дури и кога стигнав до 2.974, што е бројка што ми значи ...

Глазгов Ренџерс последни изборија место во четвртфиналето во Лига Европа. „Полицајците“ во пенал рулетот го елиминираа Фенербахче. Фенербахче успеа да ја надомести негативата од два гола про првиот меч во Истанбул. На „Ајброкс“, двата гола за Фенер ги постигна Шимански во 45. и 73.минута. Со резултат 2:0 заврши регуларниот дел, а не се менуваше ниту по продолженијата. Играчите на Фенербахче беа поодбри на теренот, но не можеа да го постигнат ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1023
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
2.06
41%
1024
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
2.06
42%
1021
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
34%
1025
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.54
30%
1024
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
62%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
8.23
39%
1020
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
31%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1022
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
39%
1024
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
42%
1024
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
38%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941