Никола Јокиќ, кошаркар на Денвер Нагетс, уште еднаш ја повтори својата желба да ја помине целата своја НБА кариера во франшизата од Колорадо. Српскиот центар и трикратен МВП се обрати на прес-конференцијата на денот посветен на медиумите пред почетокот на новата сезона. Темата беше и продолжувањето на неговиот договор, што тој одби да го направи пред да оди на Европското првенство. „Не размислувам за тоа. Тоа доаѓа природно. Мојот план е да ...

По една година пауза од фудбалот и напорна епизода во Барселона, Чави Ернандез повторно е во центарот на вниманието. Иако беше поврзуван со бројни клубови во претходните месеци, тој ги одби сите до неодамна. Сепак, сега ситуацијата се менува. Според информациите на инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, Чави наводно е подготвен веднаш да го преземе Манчестер јунајтед. Шпанецот детално ја анализирал Премиер лигата и верува дека е зрел да ...

Пред доделувањето на медалите на Светското првенство во Манила, публиката ги поздрави членовите на идеалниот состав. Најдобрите примачи на сервис се Алесандро Микелето (Италија) и Александар Николов (Бугарија) – двајца играчи кои долго време ќе водат големи битки и на клупско и на репрезентативно ниво. Коректор кој дефинитивно најмногу се издвои е Јури Романо (Италија). Со него во дијагоналата е како и обично репрезентативниот колега, ...

Натпреварувањето во Евролигата ќе започне со натпреварите од првото коло во вторник, но се повеќе се зборува за проблеми надвор од теренот. Проблемите се поврзани со израелските клубови, на кои им се заканува исклучување од одредени, можеби дури и од сите спортови на подолг период, поради ситуацијата во Газа. Во некои земји, првенствено во Шпанија и Италија, а исто така и во Франција, беа забележани големи протести насочени кон политиката ...

Членот на Надзорниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, ги нарече шефовите на Њукасл идиоти откако се согласија да платат 85 милиони евра за да го доведат Ник Валтемаде од Штутгарт. Баерн се обиде да го доведе Волтемаде неколку пати ова лето и испрати неколку понуди, последната од околу 60.000.000 евра, но Штутгарт одби да го продаде својот играч за помалку од 75.000.000 евра. Кога се чинеше дека 23-годишниот фудбалер ќе остане во ...

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар денес ја освои титулата светски шампион на првенството во Кигали, Руанда. На првото првенство одржано во Африка, Словенецот ја освои својата втора последователна титула светски шампион. Погачар ја помина делницата од 267 километри за шест часа, 21 минута и 20 секунди. Погачар возеше сам последните 66 километри и на крајот победи со предност од една минута и 28 секунди пред Белгиецот Ремко Евенепул. ...

Од моментот кога го освои својот прв голем трофеј, Лигата на шампионите во 2004 година како тренер на Порто, па сè до денес, Жозе Мурињо секогаш е во центарот на вниманието. Фудбалската јавност ширум светот го познава под прекарот „Специјалниот“, најмногу поради неговиот цврст став и филозофија што ја променија фудбалската игра во еден момент. По неколку години во „егзил“ од најголемата фудбалска сцена во Европа, Португалецот се враќа во ...

Актуелниот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим ќе остане на таа позиција дури и по шокантниот пораз на неговиот тим од Бретфорд во последното коло од Премиер лигата. По тој неуспех, се шпекулираше за наводно отпуштање, но како што објавија островските медиуми, челниците на клубот од „Олд Трафорд“, предводени од од еден од сосптвениците Џим Ратклиф, го поддржаа португалскиот стручњак и покрај навистина лошите резултати. Очигледно, ...

Шпанскиот фудбалер Родри не игра континуирано околу една година откако имаше повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото. На почетокот на минатата сезона, Родри се повреди на натпреварот против Арсенал, поради што ја пропушти речиси целата натпреварувачка година, се појави на последните неколку натпревари. Тој беше дел од тимот на Светското клупско првенство и се чинеше дека во последно време добива континуитет. Пред осум дена ги ...

Генералниот менаџер на НБА Европа за Блискиот Исток, Јоргос Аваизоглу, навести кои тимови би можеле да се приклучат на проектот, кој се очекува наскоро да заживее и да биде легитимен конкурент на Евролигата. Грчкиот функционер разговараше со „Њујорк тајмс“, споменувајќи ги веќе етаблираните кошаркарски клубови, но и фудбалските клубови кои се заинтересирани за формирање кошаркарски секции, како и сосема нови тимови. „Постојните кошаркарски ...

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Патрик Шик, се повреди на натпреварот против Сент Паули и ќе биде надвор од теренот до средината на октомври, објави клубот. „Баер Леверкузен ќе мора да игра без напаѓачот Патрик Шик во следните натпревари“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот, во кое се прецизира дека чешкиот репрезентативец има повреда на мускулот на задниот дел од левата нога. 29-годишниот стрелец на голови треба да се врати ...

Ал Хорфорд, 39-годишен кошаркар со 18 сезони во НБА зад себе, кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт Вориорс. Според изјавата на агентот на Хорфорд, Џејсон Глушон, Вориорс чекаат одлука од Џонатан Куминга, кој е ограничен слободен агент, за да ги финализираат деталите од договорот на Хорфорд. Самиот играч се збогува со Бостон Селтикс, каде што помина седум од последните девет сезони и ја освои титулата во 2024 година. Ал Хорфорд е само ...

Милан славеше во дербито на „Сан Сиро“ против Наполи со 2-1, нанесувајќи му го првиот пораз оваа сезона во Серија А на актуелниот шампион. Елиф Елмас влезе во игра за последните 30 минути за тимот на Антонио Конте, но Наполи не успеа да израмни. Милан започна силно и поведе уште во третата минута со голот на Салемакерс, а предноста ја удвои Кристијан Пулишиќ во 31. минута. Домаќинот остана со играч помалку од 57. минута поради исклучувањето ...

Ливерпул и Манчестер Јунајтед би можеле да влезат во ново големо ривалство – овојпат на трансфер-пазарот. Според информациите на англискиот медиум „Мирор“, актуелниот шампион на Англија се приклучил во трката за дефанзивецот на Евертон, Џерeд Братвајт. 23-годишниот стопер сезонава е еден од најстабилните играчи на „карамелите“ и веќе подолго време е на радарот на големите клубови. Претходно беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, но ...

МЗТ Скопје повторно го крена пехарот во мак-баскетот, овојпат во Суперкупот на Македонија, совладувајќи го Кожув со 71-64. Иако важеше за аутсајдер, тимот од Гевгелија одигра храбро и му зададе многу проблеми на фаворитот, па исходот се решаваше во последните минути. За „штрковите“ ова е осмо трофејно одличје во натпреварувањето што ја отвора новата сезона. Кожув одлично влезе во мечот и првата четвртина ја заврши со водство 11-18, а и на ...

Сè повеќе се зборува за исклучување на Израел од сите фудбалски натпреварувања поради геноцидот што оваа држава го извршува во Газа, а УЕФА добива сè поголем притисок по тоа прашање. Се очекуваше минатиот вторник УЕФА да донесе одлука за забрана за Израел, но тоа не се случи. Сепак, исклучувањето на Израел е возможно во наредниот период бидејќи притисоците доаѓаат од сите страни. Сега и фудбалерите го преземаат прашањето во свои раце. Меѓу ...

Барселона со пресврт успеа да стигне до триумф против Реал Сосиедад, славејќи со 2-1 и преземајќи го врвот во Ла Лига со 19 бодови. Гостите први се радуваа на овој дуел. Алваро Одриозола во 31. минута ја погоди мрежата на Барса и донесе предност за Реал Сосиедад. Каталонците возвратија пред паузата. Жул Кунде по изведен корнер од левата страна со прецизен удар со глава израмни на 1-1. Во продолжението, тренерот Ханси Флик го внесе Ламин ...

Се чини дека крајот на Евробаскетот не значи и крај на расправиите – барем не меѓу селекторот на Турција, Ергин Атаман, и МВП на турнирот, германскиот плејмејкер Денис Шрудер. Сè започна кога Атаман изјави дека е „најдобриот тренер во последните десет години“. На тоа реагираше Шрудер, а турскиот стратег возврати со коментар дека Германецот е „проблематична личност“. „Германија победи во натпревар кој мислеше дека ќе го изгуби, па играчите ...

Арсенал приреди вистинска драма на „Сент Џејмс Парк“ и со гол во судиското продолжение успеа да слави против Њукасл со 1-2. Херој на „топчиите“ беше Габриел, кој во 96. минута со прецизен удар со глава по корнер од десната страна ја затресе мрежата на Ник Поуп и го искачи својот тим на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Ливерпул, со само два бода негатива. Домашниот тим прв стигна до предност благодарение на Ник Волтемаде, кој ...

Манчестер Јунајтед доживеа уште еден тежок удар на социјалните мрежи, и тоа од човек кој минатата сезона важеше за голем проблем на „Олд Трафорд“ – Андре Онана. Камерунскиот голман, кој летово си замина од клубот, по поразот на Црвените ѓаволи од Брентфорд (3:1) саркастично објави на Instagram: „И јас бев проблемот, нели?“ – придружено со емотикони за смеа. Лош настап и во Турција Само неколку часа подоцна Онана беше повторно на терен, но ...

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ повторно е во фокусот на шпекулациите за трансфер, а овојпат како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува англискиот гигант Манчестер Јунајтед. Влаховиќ во текот на летото беше практично отпишан од Јувентус. Одби да го продолжи договорот под услови на пониска плата, одби понуди од Турција и од Саудиска Арабија, по што односот со раководството се влоши. Според важечкиот договор, 25-годишниот ...

Шкендија го совлада Силекс со 2-0 и им го нанесе третиот пораз по ред на кратовци. Во 50. минута, Бесарт Ибраими со прекрасен удар ја погоди мрежата и донесе водство за домаќините, кои подоцна го потврдија триумфот со уште еден погодок во судиското продолжение. Во друг меч, на арената во Скопје, Работнички и Брера приредија вистински фудбалски спектакл, кој заврши со тесна победа на гостите од Струмица со 3-4. Брера поведе уште во петтата ...

Руди Фелер ќе ја напушти функцијата спортски директор на германската фудбалска репрезентација по истекот на сегашниот договор, кој трае до крајот на ЕВРО 2028. Тој ја презеде функцијата по елиминацијата на тимот во групната фаза на Светското првенство во Катар. „Двапати го продолжував договорот, но по летото 2028 ќе се повлечам“, изјави Руди Фелер за списанието „Штерн“, цитирано од ДПА. Фелер го освои Светското првенство како играч во 1990 ...

Лидерот во Формула 1, Оскар Пjастри, изјави дека е „подготвен“ за притисокот што го носат последните седум трки од сезоната и финалната битка за светската титула. Пjастри води со 25 поени пред својот тимски колега во Мекларен, Ландо Норис, кој во Баку освои само шест поени, додека Оскар отпадна. Третопласиран е Макс Ферстапен, на 69 поени зад лидерот. Пјастри истакна дека искуството што го стекнал со освоените титули во Формула 3 и Формула ...

Нема повеќе дилеми – Италија е земја на одбојката. По големиот успех на женската репрезентација, денеска и машкиот национален тим стигна до титула светски првак, освојувајќи го златото на Светското првенство кое се одржуваше на Филипините. Во финалето, Италијанците ја совладаа Бугарија со 3:1 во сетови и на тој начин ја одбранија титулата од претходното Светско првенство. Ова е нивна вкупно петта светска круна, со што уште еднаш ја ...

Новата македонска кошаркарска сезона официјално почнува денеска со возбудливите дуели за трофејот во Суперкупот „Драган Василов – Цевка“, и тоа во машка и женска конкуренција. Првата пресметка ќе биде во женска конкуренција, каде што од 17 часот на паркетот на СРЦ „Кале“ ќе излезат екипите на Баскет Кам од Македонска Каменица и Вардар од Скопје. Победникот ќе го освои првиот трофеј во новата сезона. Кулминацијата следува вечерта во 19:30 ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше многу задоволен од настапот на својот тим во победата од 5-2 над градскиот ривал Реал. Тој истакна дека сезоната започнала со предизвици, но работата во тимот сега се одвива одлично. „Реал Мадрид несомнено е еден од најдобрите клубови во светот. Од самиот почеток на мечот знаевме како можеме да им создадеме проблеми. Нико Гонзалес, Џулијано Симеоне, Пабло Бариос и Хулијан Алварес се движеа по ...

Карло Анчелоти откри како Роман Абрамович му го отежнал животот во Челси и зошто на крајот го остави без тренерската позиција. Карло Анчелоти е еден од најуспешните фудбалски менаџери во историјата, но признава дека неговото време во Челси било поинакво од сите други ангажмани. Славниот италијански тренер открива во својата нова автобиографија дека животот под рускиот олигарх Роман Абрамович бил постојана борба, која имала малку врска со ...

Кристијан Киву призна дека Франческо Пио Еспозито го изненадил со својот прв гол во Серија А за Интер, но изрази загриженост за силата на Калјари при статичните ситуации. „Нероаѕурите“ најдоа баланс помеѓу ротација во составот и концентрација за да го совладаат домашниот тим со 0-2 во натпреварот од петтото коло на шампионатот на Италија. „Калјари нѐ изненадија малку со промена на тактиката, но нашите принципи останаа исти и резултатот го ...

Фудбалерите на АП Брера забележаа две победи на последните три натпревари и забележаа скок на табелата, но сега сакаат да продолжат во ист стил и на гостувањето во Скопје, на дуелот со Работнички. Се чини дека гостувањата засега се „слабата точка“ на струмичани и сакаат тоа да се подобри уште на овој меч со „романтичарите“. Младиот стратег Мартин Алаѓозовски вели дека тимот е подготвен за надигрување. „Го респектираме Работнички, мислам ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.86
66%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
51%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
56%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
8.75
72%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
63%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52

Калај

50.03

Паладиум

48883.97

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Алуминиум

3.57

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84