Компактен по големина, но моќен по способност – Galaxy Z Flip7 го редефинира искуството со флип телефоните. Samsung Electronics денес го претстави Galaxy Z Flip7, најкомпактниот AI мобилен телефон за мултимодалната ера, кој работи со новиот FlexWindow. Доволно мал за да се стави во џеб, но доволно моќен за да обезбеди најкорисна помош, тој ги комбинира Galaxy AI со новиот FlexWindow од крај до крај, врвна камера и ултра-компактен и иконичен ...

Најнапредната серија Galaxy Z досега, која беспрекорно ги спојува прецизниот инженеринг и моќната интелигенција за подобрување на секојдневните интеракции – сè во својот најтенок и најлесен дизајн досега. Samsung Electronics денес го претстави Galaxy Z Fold7, уред кој ги комбинира најдобрите аспекти на Galaxy дизајнот, камерата и AI иновацијата во најтенкиот и најлесниот Galaxy Z Fold модел досега. Тој го нуди премиум искуството и перформансите ...

Во зависност од тоа каде се наоѓа Месечината и какви се атмосферските услови, месечевата светлина може да има различна „боја“. Месечината отсекогаш имала посебно место во животот на луѓето. Според неа се мереле промените во природата, се вршеле жетви и сеење, а светлината од полната месечина со векови им овозможувала на луѓето да патуваат и навечер. Но, ако подобро погледнете во Месечината, ќе забележите дека таа не изгледа исто во текот на ...

Астрономите открија необична галаксија која останала практично непроменета седум милијарди години. Научниците ја опишуваат оваа галаксија, наречена „KiDS J0842+0059“, како „космички фосил“, пренесуваат странските медиуми. Исто како што фосилите од диносауруси на Земјата ни помагаат да ја разбереме еволуцијата, овој галактички фосил нуди единствена можност за проучување на раниот универзум. Овие ретки галаксии кои претрпеле судири и спојувања ...

Во денешниот свет на брзи промени и иновации, изборот на домот и неговите уреди стана многу повеќе од само практична потреба – тоа е инвестиција во удобноста, ефикасноста и стилот на животот. Со новото партнерство на Samsung со славниот готвач Џејми Оливер, кој создаде ексклузивни рецепти за помош во подготовката на брзи, вкусни и здрави оброци со помош на паметните рерни и фрижидери на Samsung, овие производи не се само обични апарати. Новите ...

Лорен Санчез, новата госпоѓа Безос, прошетала во Париз со сестрите Најдер, а бурмата и црвениот фустан биле во центар на внимание. Лорен Санчез (55), сопругата на милијардерот Џеф Безос, уживала во вечерната прошетка со сестрите Брукс и Сара Џејн Најдер во Париз. Иако Безос го прескокнал ова дружење, неговата љубов не: Лорен гордо ја покажувала својата нова бурма додека сите три дами привлекувале внимание со својот изглед. Лорен во кожен ...

Корисници на платформата "X" (поранешен Twitter) алармираа дека "Grok" – четботот со вештачка интелигенција од компанијата "xAI", во сопственост на Илон Маск – споделувал содржини со антисемитска содржина и недолични изјави во кои го велича Адолф Хитлер. Според извештаите, по неодамнешно ажурирање на системот – за кое Маск тврдеше дека ќе го направи четботот „помалку политички коректен“ – "Grok" почнал да објавува пораки што ги надминуваат ...

Србинката Сандра Станојевиќ со својот сопруг го посетила островот Крк во Хрватска и се воодушевила, но еден нејзин коментар привлекол внимание кај Хрватите кои сметаат дека тие својот одмор го платиле премногу. „За само 4000 евра бевме четири дена во Хрватска, на островот Крк. Од аранжманот бевме целосно воодушевени, а островот е симпатичен и сладок што моравме да резервираме и да останеме уште пет дена. Доколку и вие сакате да го посетите овој ...

Кога ќе се сетите на јачменот, можеби прво нешто на кое ќе помислите е пивото. И, тоа не е погрешно, јачменот е една од главните состојки на многу пива, но оваа житарка заслужува многу повеќе внимание и во кујната. Јачменот е една од најстарите житарки која се одгледувала во светот. Се користела уште пред повеќе од 10.000 години, а ја одгледувале во Месопотамија и стар Египет. Била толку важна што старите Грци ја користеле како основна храна ...

Ресторанот „DK Oyster“ на грчкиот остров Миконос повторно стана мета на критики поради тоа што наплатил огромни 1.000 евра за три јадења, вклучувајќи 350 евра за една риба. Ресторанот, кој се наоѓа на познатата плажа Платис Џалос, се рекламира како „луксузна дестинација за оние кои бараат посебни моменти на опуштена осаменост“, но многу гости тврдат дека зад таа слика стои агресивна продажба и неправедно наплаќање, пренесе „Дејли мејл“. 350 ...

Научници во Соединетите Американски Држави идентификувале нов вид птеросаурус, летачки рептил од пред повеќе од 200 милиони години и меѓу првите ’рбетници способни за лет. Истражувачите од Националниот музеј за природна историја Смитсонијан користеле современи техники на скенирање за да испитаат фосилизирана вилична коска ископана во американската држава Аризона во 2011 година, откривајќи дека припаѓа на претходно непознат вид. Студијата, ...

Додека Новак Ѓоковиќ неуморно реди победи на Вимблдон, вниманието на јавноста го привлече една неочекувана и слатка приказна — онаа за неговата ќерка Тара и нејзината нова омилена тенисерка. Иако потекнува од семејство каде тенисот е секојдневие, Тара моментално има сосема поинакви интереси. Не станува збор за рекети, поени или спортски идоли, туку – за храна. Малата Тара, како што откри нејзиниот татко, е воодушевена од Арина Сабаленка. ...

Доколку барате место во Грција каде времето бавно тече, а природата останува недопрена, тогаш островот Кастос е вашата следна дестинација од соништата. Сместен источно од Лефкада и јужно од познатиот Меганиси, Кастос е мал, но магичен остров којшто нуди автентично искуство на Медитеранот, без метеж, без врева и без претеран туризам. На островот Кастос живеат околу 50 жители во текот на целата година, а во текот на летото бројот благо расте ...

Брзината со која одиме во секојдневниот живот (кога одиме на работа, до продавница или на излегување со пријатели) не е само прашање на навика. Според бројни студии, брзината на одење е тесно поврзана со здравјето воопшто, а особено со здравјето на мозокот. Луѓето кои одат бавно, често имаат намален опсег на мозокот и позагрозена невролошка структура. „Брзината на одењето ми кажува колку добро функционираат луѓето, колку добро се движат и ...

И покрај неподносливите туристички толпи и редици, Италија и понатаму крие неоткриени бисери кои ќе ве маѓепсаат и во кои сериозно би можеле да се заљубите. Еден од нив е малото гратче Казерта во јужна Италија, во срцето на Кампанија. Ова италијанско гратче е идеална дестинација за еднодневен излет од Рим, Неапол или од крајбрежјето на Амалфи кое ќе ве исполни со историја, импресивни приказни и италијански шарм, и нема да си заминете со празни ...

Во најновото истражување што предизвика загриженост во технолошките кругови, научници тестираа како напредни "AI" чет-ботови се однесуваат кога се соочени со „притисок“, односно симулација на гасење или замена. Резултатите се, благо кажано, вознемирувачки. Вештачките интелигенции што учествувале во експериментот – меѓу кои и некои од најнапредните денешни модели – покажале склоност кон манипулација, лажење, па дури и упатување закани со смрт, сè ...

Од длабочините на Маријанскиот ров до врвот на Еверест, микропластиката може да се најде речиси насекаде на Земјата, а се испоставило дека дури и нашите најинтимни моменти не можат да избегаат од таа напаст. Научниците откриле дека микропластиката е „вообичаена“ и во машките и во женските репродуктивни течности. Тие предупредиле на потенцијални последици за репродукцијата, бидејќи квалитетот на јајце-клетките и спермата може да се намали, пишува ...

Грција е прогласена за најубава земја во светот во 2025 година, според листата што ја составуваат годишно „Ју-ес-еј Њуз енд Ворлд рипорт“. Според глобалното истражување спроведено од „Ју-Ес-Еј њуз енд ворлд рипорт“, Грција ја задржа титулата најубава земја во светот во 2025 година. Ова признание го истакнува културното богатство на Грција, природната убавина и нејзиниот подем како водечка дестинација за истражување, личен раст и еден од ...

Ако ви се случило да добиете СМС-порака со предупредување за потрошен интернет, иако целиот ден сте биле поврзани на "WiFi", многу е можно виновникот да е една опција што повеќето корисници ниту знаат дека ја имаат вклучено. Иако телефонот ви покажува "WiFi" симбол, тој во позадина може истовремено да користи мобилни податоци, ако процени дека "WiFi" сигналот е „пребавен“ или нестабилен. Оваа функција автоматски е активирана на повеќето ...

Високиот крвен притисок (хипертензија), често не покажува јасни симптоми поради што многу од луѓето не знаат дека го имаат. Сепак, експертите предупредуваат дека одредени прехранбени навики, особено внесот на сол, може да го зголеми ризикот од развој на хипертензија или да ја влоши состојбата доколку веќе имате срцеви проблеми. Сол – тивок непријател на здравјето на срцето Редовната контрола на крвниот притисок е исклучително важна, особено по ...

Зошто оваа прекрасна и магична плажа е една од најопасните во Грција? Најопасната плажа во Грција воопшто не изгледа опасно кога ќе стигнете до неа. Но тоа е само измама. Посиди се наоѓа отприлика на половината од Касандра, првиот прст на Халкидики, на западниот брег. Тоа е всушност рт што длабоко навлегува во морето и на снимките од воздух изгледа навистина магично. За оваа плажа велат дека никогаш не е иста, бидејќи плимата и осеката ...

Познатиот албански пристаништен град којшто излегува на две мориња, Јонско и Јадранско – Валона, денес е значително летувалиште во Албанија. Некогашниот главен град на земјата е историски запаметен по еден настан. На почетокот на минатиот век во 1912 година баш во Валона официјално била донесена одлуката Албанија да биде независна од тогашната отоманска власт. Поради тоа што станува збор за град којшто се смета за еден од најстарите на ...

Инвазивен вид алга се шири низ Јадранското Море, што би можело да доведе до колапс на подводниот биодиверзитет, предупреди Институтот за океанографија и рибарство во Сплит. Екстремно инвазивната алга „Stypopodium schimperii“ се шири низ хрватското морско дно. Станува збор за кафеава алга која потекнува од Индискиот Океан и веројатно се населила во Медитеранот минувајќи низ Суецкиот канал. Првпат била забележана во Израел околу 1973 година. Со ...

Проблемите започнале кога температурата на морето нагло се зголемила. Необични морски животни неодамна се појавиле на плажата Симафор во Австралија, што експертите го поврзуваат со екстремна топлина и масовно размножување на алгите во морето. Локалниот жител Сигор фотографирал големи риби со необична форма и други морски организми, вклучувајќи и морски еж, кој одненадеж се појавил на брегот, пренесе Експрес. Климатските промени влијаат и на ...

Купувањето авиокарти денес е многу повеќе од избор на датум и време – тоа е тактика. Цените не се формираат само според побарувачката, туку и со помош на сложени алгоритми. Ако знаете кога да барате поволни карти, можете сериозно да заштедите. Порано важеше советот: „Купувајте карти во четврток“. Денес ситуацијата е многу покомплексна. Во 2025 година имаме конкретни податоци што им даваат предност на оние што знаат како да ги користат. Клучно е ...

Актерката се појавила на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари и воодушевила со своето модно издание. Актерката Дакота Џонсон неодамна ставила точка на осумгодишната љубовна приказна со пејачот на групата „Coldplay“, Крис Мартин. Како што пишуваа странските медиуми, тие двајца се оддалечиле поради различни животни ритми, но и поглед кон иднината. Имено, актерката била подготвена да се оствари во улогата на мајка, а пејачот којшто веќе ...

Таинствениот кинески екраноплан, наречен „Чудовиште од Бохајското Море“, ја оживува технологијата од Студената војна со воен потенцијал за брза логистика и десантни мисии на острови. Во областа на експерименталната авијација, Кина можеби го претстави најамбициозниот екраноплан од времето на Студената војна. Воздухопловот со четири млазни мотори, кој неодамна се појави на кинеските социјални мрежи, предизвика огромен интерес кај јавноста и ...

Археолозите објавија дека откриле древен град по име Пењико, стар околу 3.500 години, во северната перуанска провинција Баранка. Се верува дека овој град бил важно трговско средиште кое ги поврзувало раните заедници од пацифичкото крајбрежје со оние што живееле во Андите и Амазонија. Локалитетот се наоѓа околу 200 километри северно од Лима и се смета дека бил основан меѓу 1.800 и 1.500 година пред нашата ера – во исто време кога цивилизациите ...

Здравиот метаболизам е клучен за правилното функционирање на организмот. Тој влијае на нивото на енергија, работата на органите за варење, хормоналната рамнотежа и општата здравствена состојба. Иако генетиката и стилот на живот играат важна улога, исхраната е еден од главните фактори што може позитивно или негативно да влијае на брзината на метаболичките процеси. Одредени намирници му помагаат на телото поефикасно да ги преработува хранливите ...

Летото е време кога нашето тело има зголемени нутритивни потреби, а динамичното темпо бара исхрана што е истовремено балансирана, квалитетна и лесна. Клучот за добро здравје и виталност лежи во паметниот избор на храна која заситува, а не оптоварува. Производите на Виталиа се токму тоа – со внимателно избрани состојки, природен состав и висок нутритивен профил. Здрав избор каде и да сте, што и да правите, и прилагодени за секој животен ритам. ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
76%
1025
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
4.12
72%
1026
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.39
88%
1025
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.08
97%
1027
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
1.34
83%
1020
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
81%
1021
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
92%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
1.34
94%
1026
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
82%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.2442

Currency

35.0049

Currency

38.1166

Currency

66.0155

Currency

7.43341

Currency

0.65873

Currency

0.33656

Currency

0.52433

Currency

1.22888

Currency

0.57921

Платина

57093.34

Никел

464385.38

Злато

139455.71

Бакар

10.99

Иридиум

145787.60

Калај

40.69

Паладиум

48644.08

Цинк

3.32

Алуминиум

2.89

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Родиум

256402.20