Индексот на трошоците на животот во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи зголемување од 2.2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.0 %. -покажува извештајот на државната статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август во однос на јули годинава изнесува 0,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Цените на мало во август во однос на јули годинава се ...

Летото е на својот крај, парите ги потрошувме за по плажите, се разбира оние кои тоа можеа да си го дозволат. Септември е месец кога ни е потребен подлабок паричник, заради почетокот на школската година ( тука нема оние кои можат да си го дозволат тоа, имале немале, мора да се снаоѓаат за децата), а каде владата интервенираше за намалување на цените откако почна школската година и второ почетокот на сезоната за подготовка на зимници. Денешна ...

Битолчанката Марија Димовска која освои златен медал на светското јуниорско WAKO првенство во Унгарија, денес заедно со својот тренер Александар Димовски, беа примени од страна на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој испрати искрени честитки за постигнатиот успех, соопштија од Општина Битола. Марија Димовска е првиот јуниорски (помлад јуниор) Светски првак од Македонија, а воедно и првата девојка која станала Светски првак по ...

Генералниот директор Лазо Узунчев, заедно со членовите на Управниот одбор и дел од членовите на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, денес остварија прва работна посета во РЕК „Битола“, соопштија од ЕСМ. Новоназначениот в.д. директор на подружницата РЕК „Битола“ Иле Костадиновски, заедно со помошниците-директори, ја презентираа моменталната состојба со производството на електрична енергија во комбинатот, предизвиците со коишто се соочуваат, како и ...

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,79%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит. ...

Од утре, Општина Битола, започнува со реализација на проектот за реконструкција на улицата „Никола Тесла”, соопштија денеска од општината. Работните активности ќе се одвиваат на потегот од спојот со улица „Влатко Миленковски” до Ленски мост. Согласно изготвената проектна документација и спроведените постапки, проектот вклучува целосна реконструкција на водоводна, канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. Додека траат градежните ...

Австралија планира да воведе нови закони до крајот на годината кои ќе ги спречат децата да користат социјални мрежи поради ризиците што тие ги претставуваат за нивното физичко и ментално здравје, изјави утринава премиерот Ентони Албанезе. – Сакам децата и младите да се оддалечат од своите уреди. Сакам да ги гледам на фудбалски терен, базен или тениско игралиште. Сакам да имаат вистински искуства со вистински луѓе бидејќи знаеме колкава штета ...

Владата соопшти дека обезбедува по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрација, стои во владиното соопштение. „Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата. Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде ...

Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Сите ...

Утринава 10 степени на Попова Шапка, 11 Лазарополе, Маврови Анови, 14 Охрид, Дебар, Крушево, 16 Претор, Крива Паланка, 17 Скопје-Зајчев Рид Битола, Тетово, Прилеп, Виница, Куманово, 18 Струмица, Штип, Велес, Кавадарци, 19 Скопје-Петровец, Демир Капија, Гевгелија. Најмногу дожд 59 л/м2 наврнаа на Попова Шапка, 40 Маврови Анови, Лазарополе, 36 Тетово, 35 Дебар, 31 Претор, 23 Охрид, 17 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 10 Скопје-Петровец, 9 Прилеп, 8 ...

Зголемување на пензиите и на минималната плата, како и на платите во државната администрација; дополнителна рата на детскиот додаток; програма за реновирање на училишните објекти; зголемен надоместок за ноќна смена за вработените во војската крајбрежна служба, полиција и противпожарната служба; такса за туристите од крузерите на грчките острови, се дел од мерките што ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Меѓународниот саем во Солун, ...

Силно невреме проследено со обилни дождови го зафати хрватскиот град Дубровник, по што делови од градот се под вода. Најкритично е на брегот на Лапад, каде што паднале огромни количини дожд. Водата влегла во куќите, а некои автомобили останале под вода. Градот е речиси целосно поплавен, автомобили „пливаат“ по улиците, а од шахтите се излева вода. За кратко време наврнаа големи количества дожд. Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, се ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. Во текот на ноќта, наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, стои во предупредувањето на Управата за хидрометеоролошки работи. Утре времето ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ...

Вчера во 16:32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која 40 годишно лице од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, соопшти МВР. Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен ...

Израел ноќеска извршил напади врз неколку области во централна Сирија при што загинале најмалку пет лица, 19 се ранети и предизвикани се пожари, јавија сириските државни медиуми. Израел во нападите таргетирал голем број воени локации во централниот регион, а сириските сили за воздушна одбрана пресретнаа и соборија некои од нив, јави новинската агенција САНА. Најмалку 19 ранети лица, од кои тројца се во критична состојба, се пренесени во ...

Турција ќе го произведе својот прв брз воз, а тестирањата ќе бидат извршени следната година, потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. – Нашиот брз воз, кој ќе го произведува TURASAS (Турска железничка индустрија), ќе има максимална брзина од 225 километри на час. Ќе има осум вагони, со капацитет од 584 патници, рече Уралоглу. Тој додаде дека по завршувањето на статичките тестови на фабриката „возот ќе биде ...

Утрово 12 степени во Лазарополе, 13 Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, 15 Тетово, Битола, Крушево, 16 Охрид, Претор, Прилеп, 17 Струмица, Дебар, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Кавадарци, 19 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, 21 Гевгелија, 22 Демир Капија. Во текот на ноќта од запад се прошири поголемо наоблачување, а на поголемите височини почна да дува умерен до повремено засилен претежно југоисточен ветер. Денеска ...

По повод денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, пред споменикот на НОАВМ и Револуцијата пред Центарот за култура, во име на општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски, свежо цвеќе положи Блага Талевска – раководител на сектор за финансиски прашања, претставници на Советот на општината, како и претставници на Сојузот на борци и политичките партии. Денот на независноста, 8 -ми Септември е празник со кој се одбележува ...

По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, денеска во 13:00 часот. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со ...

Утрово 10 степени во Лазарополе, 12 Попова Шапка, 13 Маврови Анови, Крива Паланка, 14 Битола, Тетово, 15 Охрид, Претор, Дебар, Прилеп, Крушево, 16 Куманово, 17 Виница, Велес, Штип, Струмица, 18 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Демир Капија, 20 Гевгелија. Врнежи од дожд имаше во Прилеп каде наврнаа 5 л/м2, 4 во Струмица, Скопје – Зајчев Рид, Пожар – Радовиш, 2 Крушево, 1 Маврови Анови, Велес. Во текот на ноќта преовладуваше малку до ...

„Дневно мора да се достигнат – 100 склекови за две минути“ – вели 21-годишниот Битолчанец Стефан Здравевски, прв кадет од Македонија на престижната воена академија Вест Поинт во сојузната држава Њујорк на Отсекот за одбранбена стратегија и науки. Деновите не се лесни, но предизвикот да биде со најдобрите на воената академија му ги олеснува задачите, за кои, вели дека ужива во совладувањето на професионалната обука и искуство. После напорни ...

Пред една недела територијата на Романија беше поплавена. Медиумите ја нарекоа „поплава од библиски размери”. Поплавата беше предизвикана од екстремни врнежи, при што за само 24 часа паднаа повеќе од 200 литри дожд на квадратен метар, што доведе до значителни оштетувања на национално ниво. Петруц Јакоб, новинар од Романија, Констанца, сподели повеќе детали со нас. „Последниот викенд од летото, навистина се случија сериозни настани, како ...

Споиред Автомото сојузот на Македонија на Македонија интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце време на чекање за излез од државата е од 40 мин до 1 час, а на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Ваква е состојбата претпладнево на граничниот премин Меџитлија за влез во Грција, од видео ...

Утрово 10 степени во Лазарополе, 12 Маврови Анови, 13 Попова Шапка, 14 Битола, Крива Паланка, Тетово, 15 Охрид, Претор, Дебар, 15 Прилеп, Струмица, Крушево, 17 Скопје-Петровец, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Виница, 19 Велес, Кавадарци, Демир Капија, 20 Гевгелија. Дожд врнеше на Попова Шапка, во Битола и Тетово. Во текот на ноќта беше претежно ведро. Утрово во западните делови е сончево, а во источните со умерена, наместа и значителна ...

По Новаци каде земјоделците ги информираше за мерките на владата во однос на директните плаќања кои се зголемија од 6.000 на 12.000 денари и дека дополнително со програмата за интервентниот фонд предвидедни се дополнителни 3 денари за предадена килограм пченица во откупни регистрирани центри, министерот Трипуновски отиде и во Могила и Кривогаштани да се информира за откупот на пиперката од оваа реколта. А откупните цени како што може да се ...

Ниту едно дете – ученик не смее да остане дома. Сите ученици со попреченост мора да бидат примени во училиштата. Имаме наставници, инклузивни тимови и стручни служби и истите треба да бидат подготвени да ги примат децата, одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на новинарско прашање околу ангажирањето на образовни асистенти во основните училишта. „Децата со попреченост имаат и ќе имаат асистенти. Досега се обезбедени 815 ...

Македонскиот амбасадор во Шведска, Џенк Сејфула како и советникот во македонската амбасада Стојанче Китаноски, беа домаќини на македонската делегација која деновиве е во работна посета на Шведска, во чиј состав е и градоначалникот Тони Коњановски. На средбата во македонската амбасада во Стокхолм, тие разговараа за придобивките од проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво” и конкретните активности, кои ќе бидат преземени кај нас, ...

Во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски беше дел од работната посета во Стокхолм и Јeвле во Шведска. Делегацијата од Македонија беше примена од амбасадорот на Македонија во Шведска Џенк Сејфула, со кој разговараа за можните начини за унапредување на релациите, зголемена комуникација со стопанството, можности за инвестиции и сл. „За време на шестдневната ...

ЕСМ топлификација во моментов работи на крстосницата кај новата болница во Нова Битола. Градежните работи од кружниот тек кај Веро се изведуваат на улицата „Партизанска“. Сообраќајот овде се регулира со семафори, но евидентни се долгите колони возила од двете страни кои чекаат на црвениот семафор, а со тоа и нервозата кај учесниците во сообраќајот. Од ЕСМ топификација велат дека вакво е регулирањето на сообраќајот, според одобреното сообраќајно ...

Mакедонската држава в недела ќе ја одбележи 33 годишнината од референдумот со кој и формално правно се одвои од југословенската заедница и го започна животот на независна и суверена држава. Оваа недела Македонија ќе одбележи 33 години независност. На 8 септември 1991 година преку 95% од граѓаните кои излегоа на референдум одлучија Македонија да биде демократска, модерна држава, во која суверенитетот го носат граѓаните, а нив ги претставуваат ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
23%
1017
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
31%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
33%
1017
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
26%
1018
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
1.99
28%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
34%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
6.17
30%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
6.17
41%
1018
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
25%
1017
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
5.14
27%
1015
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
26%
1017
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
49%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62