Mинистерството за образование и наука денеска промовираше апликација за мобилни телефони преки кои родителите ќе имаат увид во образовниот напредок на нивните деца на училиште. Oва е уште еден од чекорите со кои родителите поблиску ќе го следат развојот на своите деца на училиште. Iстовремено, две општини во Mакедонија забранија мобилни телефони во училница. Проверка на времето надвор, запишување на рецепт за торта, договор со пријателите за ...

Владата го задолжи Министерството за економија да ја донесе следната предлог мерка, Одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и 10 проценти во трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници. Но, истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите и плус да се дополни со бебешка храна, и други непрехранбени производи кај која е ...

Младиот Ален Рустемов, кој со своите 20 години бележи големи боксерски успеси, со високи резултати ја заврши и изминатата 2024 година, гордо веејќи го македонското знаме. Имајќи ја предвид неговата исклучителна талентираност, спортска подготвеност и издржливост, наградена со многу медали и признанија, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, одржа состанок со Рустемов на кој беше направена кратка ретроспектива на досегашните ...

Македонскиот мотокросист, битолчанецот Христиан Илиовски, со своите досегашни резултати докажа дека достоинствено ја претставува својата држава и својот град во меѓународни рамки. Неговите достигнувања, беа повод за средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на која Илиовски нагласи дека како член на Мото Клубот „Пелистер” и член на Мотоциклистичката Федерација на Македонија е Шампион на Националниот шампионат 13 години ...

Владата го задолжи Министерството за правда да преземе активности за поведување на постапка за разрешување на Државниот јавен обвинител, соопшти попладнево портпаролката на Владата, Марија Митева. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната ...

Компанијата Мета почна да испраќа известувања за отпуштања на вработени во САД, што може да доведе до укинување на илјадници работни места до крајот на месецот. Ова е дел од процесот за време на кој американскиот технолошки конгломерат сака да создаде услови за поефикасни операции и „да најде нови таленти кои ќе доминираат во трката за побрза вештачка интелигенција (ВИ), објави Блумберг. Работниците во САД беа известени за отпуштањата преку ...

Утрово -10 степени во Берово, -7 Крива Паланка, Маврови Анови, Попова Шапка, -6 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Куманово, Велес, Крушево, -5 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -4 Претор, Кавадарци, Виница, -3 Охрид, Гевгелија. Денеска наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди, повеќе во источните делови. Во југозападните претежно планински региони од пладневните часови ќе има услови за ...

Од Владата најавија дека денеска под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе се потпишат сепаратните договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW (германска јавна финансиска институција за поддршка на претприемништвото и на малите и средните претпријатија), во Свечена сала во Владата. АД ЕСМ со поволен кредит од германска развојна KfW Банка, почнува нов циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергија. ...

Олимпискиот комитет на Босна и Херцеговина изминатите денови во Олимпискиот музеј органиизраше прославата на 41-годишнината од Зимските олимписки игри Сараево 1984 година. По тој повод беше промовирана книгата „40. годишнина од Олимписките игри во Сараево“, која ги прикажува клучните моменти од прославата на 40-годишнината и преглед на олимпиското наследство преку фотографии. Настанот вклучи и панел дискусија на тема „Олимписката иднина и ...

Општина Битола објави јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови и спортски здруженија на територија на Општина Битола во кои членуваат деца од ранливи категории. Под поимот деца од ранливи категории опфатени се: Деца со попреченост, Деца од семејства корисници на ГМП ( гарантирана мин имална помош) Спортски клубови и спортски здруженија ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2025 година согласно Програмата ...

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор го објави огласот за продажба на станови со гаражни места во Битола по пат на усно позитивно јавно наддавање. Предмет на јавното наддавање е станбена единица (во градба) со 65 (шеесет и пет) станови со паркинг места и 7 паркинг места во Битола. Огласот е објавен на интеренет страницата на АД за станбен и деловен простор, каде ги има пријавата за становите во ...

10 февруари се празнува како ден на руската дипломатија, а кај нас руската заедница, здруженијата за македонско-руско пријателство во присуство и на претставници на политичкиот и дипломатскиот кор го одбележуваат кај споменикот на рускиот конзул во Македонија од илинденските денови Александар Ростковски. 476 години руска дипломатска работа не е мала работа, а секоја година токму ова се одбележува во Битола. Пред толку години првпат Русија ...

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и претставници од општинската администрација, денес извршија увид на работните активности за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп, каде во тек е реконструкција на линиската инфраструктурна градба на улица „8 Септември“, соопштија од Општина Битола. При увидот беше констатирано дека, работите се изведуваат согласно договорот, а во моментот се врши ...

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,63%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит. ...

Здружението за заштита на потрошувачите во Србија, „Ефектива“ ги повика граѓаните од денеска до петок, 14 февруари, да ги бојкотираат петте големи трговски синџири. Како што истакнуваат од тоа здружение, успех ќе се постигне доколку приходите се намалат за една третина, пишува агенцијата МИА. Зборувајќи за резултатите од претходниот бојкот, Дејан Гавриловиќ од Ефектива за ТВН1 изјави дека е забележан пад на приходите од 37 отсто, по што е ...

Утрово најстудено со -11 степени беше во Берово, -8 Крива Паланка, Маврови Анови, -7 Попова Шапка, Битола, -6 Крушево, Скопје-Петровец, Штип, Велес, Прилеп, -4 Кавадарци, Виница, Скопје-Зајчев Рид, -3 Охрид, Претор, -2 Гевгелија, Струмица. Времето денеска студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени. Во Битола до 8 ...

Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос синоќа беше регистрирана нова серија земјотреси над 4 степени, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтер, додека земјотресите продолжија и во текот на ноќта и рано утрово, меѓутоа со помал интензитет, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, во периодот од 20.41 до 22.35 часот по локално време беа ...

„Во Битола од понеделник започнуваме со продажба на државни комерцијални станови по 1000 евра за метар квадратен. Се обидуваме силно да интервенираме на цената на пазарот на недвижности“, вели вицепремиерот Александар Николоски. Во Скопје ќе се градат 4 комерцијални згради, во Охрид и Штип по една. Тој потенцираше дека сегашната цена е превисока за животниот стандард на граѓаните и затоа државата ќе се обидува да интервенира преку изградба на ...

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, викендот организираше прием на ракометарите од РК „ Еурофарм Пелистер“, кои беа дел од македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет, кое се одржа од 14 јануари до 2 февруари во Хрватска, Данска и Норвешка. На средбата, градоначалникот Коњановски, им се заблагодари за добрата ракометна игра со која како репрезентативци ја претставуваа Македонија, со што и го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани формации. Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа. „Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден за пристап до доверливи информации и ги ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ги објави податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 06 и 07 февруари 2025 година. Во четврток, 06.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки. Во петок, 07.02.2025 ...

Битола е град кој во себе сочувал големо културно-историско наследство , а гимназијата „Јосип Броз -Тито “ е меѓу најважните институции за македонскиот јазик , неговото вреднување и влијание во светот. Свечената академија во Центарот за култура го заокружи еднонеделното одбележување на големиот јубилеј, на која присуствуваа претседателката Гордана Силјановска Давкова, пратеници, градоначалници и претседатели на Совети на општините, поранешни ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во своето обраќање на јавната расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“ предложи неколку законски измени во законите кои ја регулираат оваа сфера со цел заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот и ултимативно намалување ...

Вкупно 29 семејства ги добија клучевите во социјалната зграда во Велес. На доделувањето присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, директорот на АД за станбен и деловен простор Марјан Стефановски, градоначалникот Марко Колев, пратеници. Вицепремиерот Николоски истакна дека покрај изградбата на социјалните станови, приоритет е изградба и на комерцијални згради се со цел да се ...

Продолжува период на стабилно и суво време, на повеќе места со негативни утрински температури. Денеска по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Утринската во Битола до -3, а дневната до 6 степени. Кон средината на следната седмица се очекуваат локални ...

Полицијата евидентирала над 240 дојави за поставени бомби во училиштата и за сите е утврдено дека се лажни, изјави денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. По шест часа од првата дојава и работа на терен тој оцени дека безбедноста низ целата држава е стабилна и солидна. Припадниците на Министерството за внатрешни работи во текот на денов ги завршија сите потребни контроли и проверки по однос на мноштвото електронски ...

Управниот одбор на ЗЕЛС денеска одржа средба со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, при што теми на разговорот беа договорот со Светската банка, блок дотациите во образованието, како и прашањето во врска со унгарскиот кредит. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски вели дека она што е заложба на општините, членки на ЗЕЛС, е да се обезбеди поголема финансиска стабилност, да се зголемат блок и наменските дотации и да се ...

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, при денешниот увид на терен во Бистрица каде започнаа градежните активности за изградба на нова спортска сала, нагласи дека, на овој начин се создаваат нови можности за младите, но и за повторно заживување на околните населени места. „После 41 година, овој објект на вкупна површина од 386 м², ќе добие мултифункционалност. Со архитектонскиот проект, предвидена е замена на класичните ...

Некогашниот руиниран културен дом во Бистрица, повторно ќе стане привлечно место за спортски и културни активности, велат од Општина Битола, во врска до почетокот на активностите за изградба на нова спортска сала. Објектот кој иако е поврзан со училишната зграда, со која делат заеднички двор, од 1984 година не е во функција, а низ годините неговата состојба се повеќе се влошуваше. На барање на жителите на населеното место Бистрица, ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со претходната година, е намален за 1.6 % и изнесува 12672 склучени бракови. Најмногу бракови, 1597 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5.8 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.2 % за жените и 92.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.0 % и во трет брак со учество ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1006
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
87%
1007
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1007
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
85%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.64
92%
1007
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.54
97%
1008
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
67%
1008
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1008
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
89%
1006
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
91%
1006
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
77%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67484.42

Злато

159436.20

Калај

46.06

Бакар

11.83

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Сребро

2497.79

Родиум

336779.07

Паладиум

54077.56

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Иридиум

215504.98