
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Општините не ги информираат граѓаните за реализираните продажби на државно градежно земјиште. Тие ги објавуваат одлуките за отуѓување на државно градежно земјиште во Службен весник. Но, ниту една од мониторираните општини не презема други активности за информирање на граѓаните, односно донесените одлуки за продажба на земјиште и склучените договори со купувачите не ги објавуваат ниту на своите веб-страници, се вели во истражувањето на Центарот ...
Од 14 до 20 октомври Париз ќе биде главниот град на автомобилската индустрија во светот. Автомобилски ентузијасти ја слават автомобилската култура. Деновиве во Париз се слеваат автомобилски ентузијасти, класични претставници на автомобилската култура со радост и уста полна зборови изустуваат Париз Експо Порта Де Версај – прва сала, втора сала…, па го гледаат и францускиот претседател кој како да сакал да влезе во секоја од изложените коли. Така ...
Опозициската СДСМ денеска со критика до премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Пратеникот Миле Талевски во одговор на новинарско прашање рече дека власта оддели само 65 милиони евра за општините, а најавуваше 250 милони. „Иако помпезно се највуваа 250 милиони евра поддршка за општините од страна на власта, гледаме дека се доделени само 65 милиони евра. Значи ниту најавените 250 милиони евра поддршка на општините ќе се релиаизра ниту пак 100 милиони за ...
На Меѓународниот ден посветен на искоренување на сиромаштијата, УНИЦЕФ повикува да се зголеми опфатот со парична помош за деца и преку повеќесекторски одговор до 2030 година да се намали за половина детската сиромаштија. Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје укажува на податоците што ги објави Државниот завод за статистика овој месец, според кои над 120 000 деца во земјава, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија. ...
На вчерашната владина седница беа потврдени повеќе од 270 проекти коишто се во речиси сите општини. „Уште во самиот почеток кажав дека нема да бидат ова само проекти каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ или од Владината коалиција каде што има градоначалници коишто се дел од коалицијата ВРЕДИ или пак политичката партија ЗНАМ, туку и онаму каде што имаме градоначалници кои што доаѓаат од СДСМ, од Демократската унија за интеграција, ...
Назначени се нови директори на компаниите основани од АД ЕСМ и подружницата „Енергетика“. Според одлуката на Управниот одбор, Марјан Милошевски, дипломиран машински инженер, е именуван за директор на подружница Енергетика. Али Исмаиљ, дипломиран инженер по компјутерски науки, ќе раководи со ЕСМ Снабдување со топлина, додека Александар Мирчевски, електроинженер, е поставен за директор на ЕСМ Топлификација Битола, соопштија од ЕСМ. Компанијата им ...
Цените на одредени марки на цигари денеска се зголемија за 10 денари. За корисниците вистински проблем, за претпријатијата – законска обврска којашто треба да се реализира. Цените на цигарите на „Империјал тобако ТКС АД“ од денес се повисоки. Денеска во нашата редакција се јавија неколку гледачи кои реагираа дека нивниот бренд цигари нагло пораснал, не за 3, не за 5 туку за цели 10 денари. Разбирливо, изненадувањето било непријатно. Реакциите ...
Статусот на невработеноста во Република Северна Македонија е предизвикан од сложен сет на фактори, според изјавите на Сељатин Бељули, директор на Агенцијата за вработување. Во август 2024, евидентирани се 99.142 активни баратели на работа, но работодавачите се соочуваат со потешкотии во наоѓањето квалификувани работници. Околу 61% од барателите се без образование или со само основно образование, што ги прави тешко вработливи. Бељули истакна и ...
В сабота (19.10.2024) во просторот на Центарот за култура ќе се одржи вистинскиот показател за спортската култура. Ќе се одржи третиот по ред натпревар за боди-билдери „ Паљо Класик“. Натрепварот е со отворен и меѓународен карактер, може да се пријават и мажи и жени, а фондот на наградите е најголем досега. Зоран Лазаревски – Паљо повторно организира голем спортски настан, единствен по својот карактер во градот. За идејата. Идејата ја носел во ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими заменик извршната директорка на Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, UN Woman, Њараѕаи Гумбонзванда. На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, биле разменети мислења за постигнатиот напредок во земјата во однос на родовата еднаквост, ефикасноста на стратегиите за борба против родовото насилство, можностите за економско зајакнување на жените и ...
Силно невреме го зафати северот на Италија, што предизвика значителни проблеми, вклучувајќи лизгање на земјиштето и поплави. Во регионот Лигурија, најпогоден од невремето, железничкиот сообраќај е запрен, а некои училишта се затворени. Два лета кон Џенова беа пренасочени за Пиза и Торино, додека летовите од Рим и Пиза беа пренасочени за Катанија или откажани. Во Емилија Ромања и пристанишниот град Ла Специја е прогласен портокалови аларм, што ...
Околу 80 студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје, под раководство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, ја посетија општина Битола во рамките на нивниот предмет Урбанистичко обликување 2, а градот Битола е предмет на работа за оваа година. Предметот има за цел да им обезбеди на студентите пристап до знаењата неопходни за обликување на типични урбани простори, во кои со примена на различни морфотиполошки решенија, се добиваат ...
Во Брисел се одржа средба меѓу службениот заменик-министер за транспорт и врски Бисер Минчев од бугарска страна, македонскиот државен секретар во Министерството за транспорт -Стефан Волкановски, директорот за железничка инфраструктура -Синиша Ивановски, како и претставници на Европската комисија, Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Секретаријатот на Транспортната заедница. Во официјалното соопштение на ...
Централниот регистар го укина бесплатниот пристап на новинарите до јавни податоци, додека не се донесат законски измени. Од 2017 година, со одлука на владата, новинарите имаа бесплатен пристап до базата на Централниот регистар за да ги обезбедат потребните податоци за темите што ги истражуваат. Оваа услугa им помагаше на медиумите во истражувачките проекти. Сега новинарите, мора да плаќаат за информации, што го отежнува нивното работење. Од ...
Минимални измерени температури утрово: 0 Берово, 5 Лазарополе, 6 Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, Попова Шапка, 7 Штип, Демир Капија, Струмица, 8 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Крушево, Куманово, Велес, 9 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Охрид, Претор, Кавадарци, Виница, 12 Гевгелија. Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време. Дува слаб променлив ветер. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a ...
На 16 oктомври се одбележува светскиот ден на храна. На 17- светскиот ден за борба против сиромаштијата. Ова се денови кога се зборува за гладните во светот. Според сознанијата на ООН, 733 милиони луѓе во овој момент се соочуваат со глад во светот. Сите ние сме уверени во нашата хуманитарна природа, особено ако од време на време поѕвонуваме на посебните телефони за помош некому. Денеска е светскиот ден на храна. Дали фрлате храна? Ова беше ...
Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, подготви процена на состојбата на доброто владеење на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2024 година. Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворенa единица на локалната самоуправа е Битола, со 67%, соопштија денеска од ...
Kачи се на точак, оди по клима уред или дограма, па барај мајстори. Вака некако би бил некој логичен тек на нештата, а како ќе се одвиваат, едни внимателни, други со критики, трети не знале зошто толку доцна, но знаат дека се конструктивни за да не биделе деструктивни. Одиме по ред. Зошто толку доцна се дава можност граѓаните да се греат со клима уред. Распишаниот повик беше до денеска. А, друго е прашањето за заштитата од надворешните влијанија ...
Во акцијата под кодно име „Премин“, спроведена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, уапсени се 15 цариници и еден полицаец. Оваа акција е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, иницирана по пријава од граѓанин против три лица. На денешната прес-конференција, Министерството за внатрешни работи информираше дека биле извршени претреси на 26 локации во Струмичко-гевгелискиот регион, при што пронајдени се ...
Денес се навршуваат 17 години од трагичната смрт на легендарниот македонски пејач Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Со само 26 години, Тоше успеа да остави неизбришлив траг во срцата на обожавателите низ целиот Балкан. Тоше, со неверојатен музички талент, ја започна својата кариера со победа на фестивалот Мелфест во 1997 година. Неговите хитови како „Тајно моја“, „Во коси да ...
Израел денес изврши воздушен напад врз општинското седиште во Набатие, главен град во јужен Либан, при што загинаа градоначалникот и уште најмалку пет други, јавува Ројтерс. Нападот ги зголеми стравувањата дека проширената воздушна кампања на Израел, дизајнирана да го уништи Хезболах поддржан од Иран, може сè повеќе да вклучи јавни службеници и згради, кои досега беа поштедени. Привремениот либански премиер Наџиб Микати го осуди нападот врз ...
На денешната седница на Владата, премиерот Христијан Мицкоски најави формално завршување на процесот на селекција на проектите од општините за користење на средствата од заемот од Унгарија. Тој изрази уверување дека до крајот на месецот ќе бидат потпишани договорите со општините, што ќе означи почеток на имплементацијата на овој историски проект. Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, истакна дека околу 90 проценти од ...
Анализата на потрошувачката на струја од 2021 до септември 2024 покажува дека до крајот на 2023 година не се очекуваат услови за враќање на евтината тарифа. Во првите девет месеци од годинава, најниските цени на струјата биле забележани од 12 до 16 часот, но претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, истакнува дека не се исполнети условите за дополнителни часови евтина струја. „На пазарот, цените од 20 до 24 часот ...
Утрово, нешто пред 10 часот, источна Турција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, недалеку од градот Баскил. Епицентарот беше сместен на 44 километри источно од Малатија и на 26 километри југоисточно од Баскил, реон кој минатата година веќе доживеа силен потрес. Земјотресот се случи на длабочина од 9 километри. Потресот беше силно почувствуван во источна Анадолија, југоисточна Анадолија и централна ...
Најновите податоци од истражувањето на „Пајпер Сендлер“INSTA откриваат интересни трендови во користењето на социјалните мрежи меѓу тинејџерите. Според истражувањето, Инстаграм и ТикТок се на врвот, привлекувајќи најголемо внимание кај младата публика. Истражувањето, спроведено на повеќе од 13.000 тинејџери во САД, покажува дека Нетфликс ја надминува Јутјуб во дневната потрошувачка на видео-содржини. Иако ТикТок сега е најпопуларната социјална ...
Измерени температури утрово: 1 Берово, 3 Лазарополе, 5 Битола, Маврови Анови, Попова Шапка, 6 Струмица, Тетово, 7 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, 8 Штип, Дебар, Охрид, Претор, 9 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 10 Куманово, Велес, Кавадарци, Виница, 12 Гевгелија. Во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и постудено со мала локална облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец. Утрото постудено, преку денот сончево ...
Вечерва колони возила на сообраќајниците кои водат кон кружниот тек на Дулие. Таму се изведуваат градежни работи, што пак предизвика и застој во нормалното одвивање на сообраќај. Нервоза кај возачите кои се движеа низ овој дел. Екипи на „Стентон градба“ работат на овој кружен тек, односно, како што објаснуваат од фирмата изведувач за да може да се направи приклучна лента која води до новопроиектираната улица за пристап до тамошниот трговскиот ...
Ниту едно прашање, ниту едно барање за појаснување, ниту извесен предлог, буквално ништо, само презентација. И ова вака не е само на комисијата за безбеност. Слична е ситуацијата и на други комисии, читање, гласање, читање гласање. Најсилни и најаки се советниците на комисијата за финансии. Но, да се вратиме на таа за безбедност, каде претседавачот ја отвори и го покани претставникот на полицијата да го презентира извештајот. Поволна и стабилна ...
Во чест и спомен на големиот Тоше Проески, Стефан Житошански започна амбициозна велосипедска тура од Крушево до Нова Градишка. Како што секоја година по повод смртта на Тоше 16.10. маратонци од Хрватска доаѓаат во Крушево за да му оддадат почит на неговиот лик и дело, оваа година, во обратен правец Крушево – Нова Градишка и со велосипед, Стефан ќе му оддаде почит на овој наш великан и ќе положи цвеќе на неговиот споменик. Овој подвиг не е само ...
Постојат бројни записи за развојот на Битола низ историјата и нејзиниот напредок на многу полиња.Таа била важен воено-политички и административно-културен центар во овој дел на Балканот, но по ништо не заостанувала ни во развојот на медицината и иновативностите во оваа област . Од 1895 година, лекарите во Европа започнале со користење на ренген апаратот, проучувајќи ја на овој начин човечката внатрешност, без хирушки интервенции. Во 1908 година ...