
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Денеска во Скопје се одржува Европската недела на безбедност и здравје при работа, организирана од Министерството за економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа (БЗР), и Канцеларијата на фондацијата „Фридрих Еберт“, јавува МИА. Оваа недела е посветена на промоцијата на работните услови кои обезбедуваат заштита за сите вработени и нагласува потребата од имплементација на високи стандарди за безбедност на работното место. На ...
Минимални температури измерени утрово: 0 Берово, 2 Битола, 3 Струмица, 5 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп, Тетово, 6 Демир Капија, Претор, Охрид, Куманово, 7 Штип, Крушево, Дебар. Во текот на ноќта времето беше малку до умерено облачно, а утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. На повисоките места дува слаб ветер од променлив правец. Времето денеска сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. ...
Во 85 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 1, 4, 6, 8, 14, 19 и 31. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше три шестки, секоја од нив вредна по 80.727,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 10.000.000 денари. На џокерот извлечени беа следните броеви: 4, 1, 3, 4, 2, 1. На играта џокер добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка со вредност од 60.303,00 денари. Очекуваниот фонд за шестка во следното коло на играта ...
Дали на носењето на буџетот ќе му претходи партиски пазар или општината со граѓаните и советници ќе скројат вистински граѓански буџет, го прашавме советникот од СДСМ, Борче Корлевски кој денеска со неговите колеги беше дел од првата од вкупно четирите форумски сесии, низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година. „Интересно е прашањето за оваа година, ако се знае дека наредната е веќе изборна ...
Откако во Европската комисија беа одобрени реформските агенди на шестe земји од регионот кои се поврзани со Планот за раст за Западниот Балкан, претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на заедничката прес конференција во Скопје со премиерот Христијан Мицкоски рече дека првата транша што треба да пристигне во земјава до крајот на годинава изнесува 52 милиони евра од вкупно планираните 750 милиони евра. „Втората иницијатива која ...
Претпладнево колони возила на улицата „Филип Втори Македонски“ или поранешната „Иван Милутиновиќ“. Сообраќајот се одиваше само во една насока, односно од Белачешма кога се движите кон кружниот тек на Дулие. Од спротивната старана немаше сообрачај, а беше пренасочен кон улицата „Прилепска“. И автобусите кои сообраќајаат на оваа релација во правец кон Белачешма, преку кружниот тек биле пренасочувани кон „Прилепска“. Забележително беше дека голем ...
Трета година по ред, Општина Битола продолжува со организација на буџетските форуми. Денеска се одржа првата од вкупно четирите форумски сесии, низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година, така стои во соопштението од Општина Битола. Од таму објаснуваат дека буџетскиот форум е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво, како платформа за проблемите во ...
Акиф Равмановски, еден од помилуваните осуденици од страна на претседателката Гордана Силјановска Давкова, денес беше уапсен поради сомневање за обид за убиство. Само што ја напуштил затворската ќелија во Идризово, каде што бил помилуван за казната поврзана со поседување оружје, Равмановски повторно се нашол во полициски притвор. Овојпат, се соочува со сериозни обвиненија за учество во вооружен напад и обид за убиство, што може да го врати зад ...
Николоски се сретна со Аксинте, разговарале за воспоставување директна авиолинија Скопје-Букурешт. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, на средбата со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, го истакна значењето на инфраструктурните проекти за економскиот развој на земјата. Тој посочи дека Владата активно работи на унапредување на патната и железничката мрежа, која е клучна за поврзување со земјите од Централна и ...
Трагична несреќа се случи во фабриката „Тојота материјал хандлинг“ во Болоња, при што загинаа двајца работници, Лоренцо Кубело (37) и Фабио Тоси (34), и неколку други беа повредени, од кои двајца се во критична состојба. Експлозијата, која се случила во магацинот околу 17 часот, предизвикала потреси кои жителите ги опишале како земјотрес. Причината најверојатно е дефект на компресорот. „Многу тешка несреќа се случи нешто пред 18 часот кај Тојота ...
Новиот состав на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија денеска ќе има прва средба со бугарските колеги, по подолга пауза. Оваа Комисија претставува важен механизам за решавање на историските прашања и зајакнување на добрососедските односи помеѓу двете земји, согласно Договорот за добрососедство, кој беше потпишан во 2017 година. Пред почетокот на средбата, куса изјава за медиумите ...
Истражувањето на Фондацијата „Фридрих Еберт“ открива дека 42,67% од младите во Северна Македонија сакаат да ја напуштат земјата, што ја позиционира државата на прво место меѓу земјите од Југоисточна Европа по бројот на млади кои изразиле желба за емиграција. Оваа статистика е особено алармантна и покажува дека лошиот социјален, економски и животен стандард во државата е главен фактор кој ги турка младите луѓе кон заминување во странство. На ...
Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државата како дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан. Денес ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу Мицкоски и Фон дер Лајен, по што ќе следува билатерална средба помеѓу двете делегации. Очекувано е средбата да биде проследена со заедничка прес-конференција. За време на посетата на Скопје, Фон дер Лајен ќе се ...
Минимални температури утрово:-3 Берово, -1 Битола, 1 Струмица, 2 Демир Капија, 3 Лазарополе, Тетово, Штип, Прилеп, Скопје-Петровец, 4 Гевгелија, Крива Паланка, Велес, Маврови Анови, Кавадарци, 5 Претор, Охрид. 6 Скопје-Зајчев Рид, Попова Шапка, 7 Виница, 8 Крушево. Во текот на ноќта и изутринава се задржа ведро, а утринава има малку локална облачност на северозападот и слаба магла во котлините. Во останатиот дел од земјата е сончево. Времето ...
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека во денешниот терористички напад врз комплексот на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во главниот град Анкара, загинале четири лица, а четиринаесет се повредени, пренесува Анадолија. Тој потврди дека двајцата терористи биле неутрализирани. Осудувајќи го тероризмот, Јерликаја изрази сочувство до турскиот народ и им посака брзо закрепнување на повредените. Работиме ...
На „Политичката академија“ на УМС на ВМРО ДПМНЕ која деновиве започна во Битола, а која е посветена на младината, присутен беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и му поставивме прашање за младите, односно за учениците. Го прашавме дали го има одговорот зошто базенот во ОУ„Даме Груев“ не е готов, а тој е за младите. „Се што се нафатило ВМРО ДПМНЕ ќе го реализира. Па така и овој проект да го наречам или она што ни го оставија ќе го ...
Вчера во хотелот „Молика“ на Пелистер, на иницијатива на управителот на ЕСМ Молика-Битола, Горан Исков се одржа работна средба со засегнатите страни во Националниот Парк Пелистер и Ски Центар Копанки. Во соопштението до медиумите велат дека целта на оваа средба беше дискусија за добар старт на претстојната скијачка сезона. На средбата беа присутни директорите на сите јавни претпријатија, раководителиот на „Македонија пат, претставници на ...
Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Даме Груев, започна одбележувањето на Денот на македонската револуционерната борба. Пред споменикот кај Завод и музеј во Битола, почит оддадоа градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола, како и делегации од Сојузот на борци, Здружението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев и политичките партии. Градоначалникот на општина ...
Во театарот „Војдан Чернодрински“ започна подготовката на новата претстава во режија на Борис Василески. „Го викаа Господин“ или можеби се уште „Го викаат Господин“, тоа се двата главни кандидати за име на претставата во овој момент – вели режисерот. Автор на овој драмски текст е Филип Леле, современ германски автор кој го напишал овој текст во 2008 на негова триесетгодишна возраст. Претставата ќе ја следи приказната на Господин, човекот кој на ...
Примарна цел на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола е вложување во младите и нивно поттикнување за развивање на многу полиња. Ни рекоа од битолската Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, пред почетокот на политичката академија која започна и ќе треа до 24 ноември оваа година. „Надежта е сон на будните“ беше насловот на првиот модул. Оттука и прашањето до првиот човек на Унијата, Попов дали има уште заспани или ги разбудиле? „Апсолутно ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова го помилува поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески, намалувајќи му една година од затворската казна. Талески, кој беше осуден во случајот „Транспортер“ за злоупотреба на службена положба во организирање на бесплатниот училишен превоз, доби делумно помилување по барање на неговите адвокати. Првично осуден на седум години затвор, по поминати три години во куќен притвор, му останаа ...
Плетвар не ме промени, лобирам за Битола, работиме со градоначалникот во интерес на граѓаните“, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски. „Апсолутно, Плетвар не ме промени и нема да не промени, еве тука е и нашиот градоначалник кој само пред неколку дена ги презентираше проектите кои што се обезбедени од оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ, проекти ќе има, ние не се срамите, не се плашиме да го бараме она што граѓаните го очекуваат“ вели Милевски. ...
Просторот зад поранешен ЈАТ, кадешто Општината по дозвола од Советот во мај 2022 година ги урна времените објекти сеуште не се користи како паркинг зона од која јавното претпријатие Паркинзи и Општината би добивале приход. Станарите поставиле граничници со кои го ограничуваат просторот за влез на возила кои од другата страна влегуваат, паркираат и изглегуваат преку пешачка зона. Се’ започна по одлуката на Советот на Општина Битола да биде ...
Јавното претпријатије ЈППЈЛП (Паркинзи) е задолжено и за бележење на хоризонталната сигнализација на коловозите и сообраќајниците во градот. Но, некои премини не водат никаде. Со директорот на ова општинско претпријатие позборувавме и на оваа тема. Двојни пешачки премини, поместени од местото кадешто граѓаните вообичаено се навикнале да преминуваат, а и еден пешачки премин кон не води никаде. Зоран Михајловски, директор на јавното ...
Просечната нето-плата по вработен во август 2024 година бележи мало зголемување на 41.097 денари, што е за само 136 денари повисоко од платата исплатена во јули. Иако оваа просечна плата е повисока за 12,9% во споредба со истиот месец минатата година, таа продолжува да падне во однос на јуни, кога просечната плата изнесуваше 41.939 денари. Во јули, просечната плата падна за илјада денари на 40.961 денар, а во август забележа незначително ...
ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ДЕВЕТ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА И ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ СПОРТСКИ САЛИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА – стои во објавата на официјалната фејсбук страна на Општината. На 11 локации во Општина Битола, значително ќе се подобри спортската инфраструктура и условите за спортски активности. Врз основа на изготвените проектни програми, во тек е изготвување на проектна документација за изведба на тартан патека во централното училиште „Тодор Ангелевски“, како ...
Агенцијата на ОН за палестински бегалци денеска повика на привремен прекин на огнот во Газа за да им се овозможи на луѓето да ги напуштат областите од северниот дел на енклавата, додека здравствените власти соопштија дека им снемува резерви за лекување на пациентите повредени во нападите. Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, изјави дека хуманитарната ситуација достигнала критична точка. – Мирисот на смртта е ...
Премиум корисниците се жалат: YouTube сè уште прикажува реклами, за што се работи? Корисниците кои плаќаат YouTube Premium очекуваат искуство без реклами, но сега се соочуваат со спротивното. Имено, неколку корисници пријавиле дека, без оглед на претплатата, сè уште се изложени на реклами, што е во спротивност со основните бенефити на оваа услуга. Ова не е првпат корисниците да се жалат на прикажување реклами, бидејќи еден корисник пријавил дека ...
Македонските граѓани најмногу задолжени со потрошувачки и станбени кредити Во септември 2024 година, според најновите податоци од Народната банка, македонските граѓани продолжуваат да бидат најмногу задолжени преку потрошувачки и станбени кредити. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 7,5%, под влијание на зголемено кредитирање во двата сектора – домаќинствата и корпоративниот сектор. Сепак, повеќе изразен придонес има секторот на ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) откри сериозни неправилности во управувањето со залихите на лекови и финансиските извештаи на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година. Според извештајот, не е направено вредносно усогласување на сметководствената евиденција со фактичката состојба, а постои значително задоцнување во евидентирањето на приемот и издавањето на лековите. Во текот на 2023 година, клиниката примила лекови ...