Селата Трново и Магарево и деновиве имаат проблеми со електрИчната енергија. Жителите и сопствениците на викенд куќи скоро секојдневно реагираат и до ЕВН и кај нас како телевизиска куќа. Вчера прекинот бил пријавен веднаш по неговото настанување, а редовно , како секојдневна активности, екипите на ЕВН патуваат до овие две подпелистерски села и си го поправаат дефектот, до следниот ден. Проблем е што прекините се чести, некогаш краткотрајни и ...

Во годината кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на македонскиот композитор Кирил Македонски, во битолската НУ Завод и Музеј се отвори спомен соба кадешто се изложени сите материјали од творештвото и животот на великиот композитор дадени од неговото семејство на оваа институција на чување. Отворањето на спомен собата има една важна нитка – се реализира аманет. „Во тестаментот имаше една клучна изјава “ – вели ќерката на Кирил ...

Огновите на Лерин се жива традиција, велат Леринчани кои со возбуда раскажуваат за овој стар вековен обичај. Лерин, овој живописен град во северозападна Грција, оживува секоја година во текот на декември со импресивниот обичај „Коледе”. Тоа е една од најимпресивните божиќни традиции во Грција, која ги комбинира традицијата, топлината на заедницата и мистицизмот на огнот. Како започнал обичајот Потеклото на обичајот има далечни корени. Се ...

Речиси 90 проценти од децата згрижени во детската градинка „Мајски цвет“ имаат говорни нарушувања. Ваквата бројка е алармантна и загрижувачка, предупредува логопедот м-р Билјана Беделовска. „Во установата „Мајски цвет“ од година во година, процентот на деца со говорни нарушувања е се поголем. Можам слободно да кажам дека речиси во секоја група некаде околу 90 проценти од децата треба да посетуваат логопед. Тоа е навистина голема бројка, што ...

Со цел да се одговори на потребите на бројните туристички групи кои го посетуваат градот за време на викендите и празниците, се овозможува непречена работа на трговските објекти во најфреквентните зони, дефинирани како туристичко-културолошка атракција. Ова значи дека сите трговски објекти лоцирани на Широк Сокак сега ќе можат да ги услужуваат посетителите и во недела и за време на празници, соопшти општина Битола информирајќи дека овие ...

Локалниот младински совет на Крушево низ уникатна новогодишна акција „Подарок за твојот подарок – Фенерите на Диоген“, успеа да собере над 400 новогодипни пакетчиња. „Нашата прва активност како ЛМС ги надмина нашите очекувања. Денес, благодарение на добри луѓе, и благодарение на донаторите кои беа дел од акцијата „Подарок за твојот подарок – Фенерите на Диоген“, успеавме да собереме 416 новогодишни пакетчиња. Вашата поддршка покажа дека кога ...

Манифестацијата „На Коледе во Лерин“ во соседна Грција која во духот на традицијата се слави со палење на коледарскиот оган и годинава е вистинска атракција не само за битолчани, туку и за жителите од околните градови. Близината, величествениот оган и чествувањата ги привлекуваат туристите и верниците што го слават Коледе по Грегоријанскиот календар за да уживаат во одбележувањето на овој празник. На манифестацијата како и во претходните ...

По уривањето на гаражите долж улицата „Смилевски конгрес“, целиот реон е претворен во мини-депонија. Општината и градоначалникот лично биле информирани, но еве веќе и глувци се шетале затоа што сметот и шутот не е подигнат. „На улицата Смилевски Конгрес, почнувајќи од кај градинката Мајски цвет и зградата карши неа. Па потоа на сите места каде се отстрануваат дивите гаражи, како и околу контенјерите има огромни количини отпад, градежен шут и ...

Битола е една од општините која го има долгогодишниот проблем со бездомните кучиња кои се голема опасност за граѓаните. Градот се соочува со проблемот на напуштени домашни миленици изложени на нехуман и неправилен третман, што од друга страна може да претставува и потенцијална опасност за граѓаните. Дополнително, голем проблем се и угинатите кучиња што се погребуваат на забранети локации. За решавање на проблемот со немањето гробишта за ...

Во текот на ноќта значително е влошена состојбата на регионалниот патен правец R1311 на делницата Битола – Новаци – Маково, на влезот кај депонијата Мегленци, во близина на свлечиштето поради појава на сериозни деформации на коловозот, информираше градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски, кој издаде предупредување за безбедност во сообраќајот. На терен е поставена соодветна привремена сообраќајна сигнализација, а на сите учесници ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цената на струјата се коригира нагоре во сите потрошувачки блокови. Според одлуката, која ќе се применува од 1 јануари 2026 година, поскапувањето се движи од 2,45 до 3,84 отсто, во зависност од тоа во кој блок спаѓа потрошувачката. Цената на евтината струја, исто така, ќе биде повисока за 2,5 отсто. Корекциите по блокови изнесуваат: – прв блок: зголемување од 2,45 отсто – втор блок: ...

Во Општина Новаци успешно се одржа првиот солистички концерт на КУД “Везилка”, насловен “Веземе приказни со конец, песна и оро”, во организација на Младинска Граѓанска Акција. Настанот е дел од празничната програма “Зимска Бајка”. „Првиот солистички концерт на КУД “Везилка” не беше само настап, туку вистинско празнување на корените, идентитетот и заедништвото. Иако КУД “Везилка” постои само 6 месеци, концертот претставуваше голем успех во ...

Регионалниот музички феномен Буч Кесиди го претстави својот нов студиски албум „ Модерни врски” (Moderne veze) на самостоен концерт кој се одржа како дел од офф-програмата на годинашниот Таксират Фестивал. На сцената во Денсинг сала на МКЦ -Скопје, бендот ги донесе најголемите хитови од својата исклучително успешна кариера, со акцент на актуелниот албум кој од многу критичари е прогласен за издание на годината. „Модерни врски”, третото ...

Правната клиника обезбеди новогодишна донација со цел да им даде поддршка на децата сместени во згрижувачки семејства, приклучувајќи се кон иницијативата на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства. Целта на оваа иницијатива е да се подигне јавната свест и да се поттикнат што повеќе семејства да станат згрижувачи, затоа што секое дете заслужува љубов, сигурност и топлина. На секое дете му е потребен дом, порачуваат од Правната клиника. ...

„Kуќа имам на Пелистер“ по вторпат ги привлече Битолчани на Пелистер. Пред Инфоцентарот се запознаа со многу локални производители на храна и пијалоци, а организаторот, НП Пелистер се потруди сите да се чувствуваат добредојдено. Пола Битола вчера беше на Пелистер. Второто издание на манифестацијата „Куќа имам на Пелистер“ што е во организација на Националниот Парк „Пелистер“ги однесе жителите на градов на чист воздух, настрана од загадениот ...

Денеска повторно ударна дупка ги вознемири возачите на автомобили пред клиничка болница. Екипи на „Нискоградба“ со механизација и топол асфалт ја санираа, но нивните активности повторно предизвикаа метеж во овој дел од градот. Нова ударна дупка предизвика мала нервоза кај учесниците во сообрачајот на делот пред Клиничка Болница. Повторно се отвори ударна дупка на коловозот, иако само пред неколку денови сите на овој дел од улица Партизанска ...

Вовчето „Мечо“ со кое стопанисува Јавното комунално претпријатие „Паркинзи“ и овојпат е дел од Зимската приказна која од 20 декември до Божикните празници се одржува во Битола. И годинава како и лани, на вовчето „Мечо“ стои залепена реклама на компанијата Бимилк. Јавноста со право прашува со кого Бимилк додека се одржува Зимската приказна го потпиша договорот за брендирањето на „Мечо“ и дали договорот е потпишан со правен субјект или со ...

Српската заедница во Македонија ја одбележа 113 годишнината од кумановската битка, позната како битката кај Зебрњак, клучен воен судир од Првата Балканска војна којашто го отвори патот на Балканските земји кон ослободување од петвековната oсманлиска агресија.Токму на овој настан е посветена третата епизода од серијалот „Чујте Срби, чувајте се себе“. 113 години изминаа откако српската армија се судри со османлиската војска на височинката на ...

Децата спаѓаат во една од најранливите категории кога станува збор за загадувањето на воздухот. Оттука, сите препораки укажуваат на тоа дека треба да се преземат мерки за нивна заштита од загадениот воздух. На 19 декември Министерството за образование и наука објави Препораки за подобрување на квалитетот на воздухот и справување со загадување на воздухот во основните и средните училишта. Колку оваа проблематика е важна покажува и тоа што ...

Загадениот воздух зема над 3.500 жртви годишно, со голем број на заболени, но никој нема намера да примени брзи и ефикасни мерки. Зошто?“, прашуваат од еколошката организација „02 Иницијатива“. Нивните реакции главно се однесуваат на Скопје, но ништо подобро не е ниту во Битола. Висока загаденост на воздухот во центарот на Битола. Ваква состојба регистрира веќе неколку денови мерната станица Битола 2 во центарот на градот пред управната ...

Вечерва во Крушево започна празнична програма насловена „Празничен шепот на крушевската чаршија“ во организација на Здружението Културен манифест, со поддршка на општина Крушево, неформална група на граѓани, Локален младински совет и локални компании. Програмата ќе трае од вечерва па се до 6 јануари. Настанот почнува со музичко сценска изведба во 18 часот, по што следеше осветлувањето на крушевската чаршија и отворање на Новогодишен базар. ...

Од утре започнува најновата Зимска Приказна. До Нова година градот ќе биде сцена за најразлични настани од областа на културата – филмови, концерти, новогодишни базари – забава и културна понуда за секоја возраст. Иако маркетингот на манифестацијата е започнат, сепак денеска градоначалникот на Битола низ прес конференција на Магнолија најави настани кои ќе се случуваат низ целиот град – на Широк Сокак, во Офицерски, низ старата чаршија. И ...

Висока загаденост на воздухот во центарот на Битола. Ваква состојба регистрираше мерната станица Битола 2 во центарот на градот пред управната зграда на Ј.П. „Стрежево” до СВР Битола. Се работи за тип на станица која го следи загадувањето од сообраќајот. На страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање за мерење на квалитетот на воздухот во Македонија, Битола има индекс: ЛОШО. И други страници кои известуваат за ...

Во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков„ во Прилеп беше отворена изложбата на икони „Уметниците во чест на Св. Никола“, на која се претставени икони од македонски уметници, а во чест на патрониот празник на Прилеп. Годинава на изложбата, со икони се претставија еминентните творци: Славица Михаилова (Дипломирала на Националната ликова академија во Софија, Бугарија на отсек ѕидно сликарство. Магистрирала на Академијата за уметности во Белград ...

На Свети Никола без струја – Ваква реакција денеска стигна до Тера телевизија од жители на потпелистерското село Магарево. Повеќе домаќинства се пожалија токму во денот кога имаат слава и се подготвуваат да пречекаат гости, останале без електрична енергија. Реагираат дека покрај како што велат честите прекини на електрична енергија, сега со овој проблем се соочуваат и на празник кој традиционално го одбележуваат. По ваквата реакција ...

Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во поголем дел од денот ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени. До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на ...

Во годината кога Македонскиот народен театар одбележува 80 години постоење, денеска во фоајето на театарот свечено беше промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 – Приказни поголеми од времето”, капитално издание, кое низ документи, сведоштва и лични приказни го заокружува осумдеценискиот континуитет на најзначајна театарска институција во земјава. Настанот обедини бројни уметници и професионалци од театарска фела. На ...

Новогодишните декорации во хотелите имаат за цел да го изразат празничниот момент на претсојните празници, а хотелот „шумски фенери“ го збогатува и со дводневен базар. Се одржа на 16 и 17 декември, ние го посетивме синоќа. Хотелот „Шумски фенери“ повторно оваа година го организираше новогодишниот базар. Но тоа што е водилка на сопствениците на хотелот не е базарот, туку мислата за ширење на доброто расположение за новогодишните празници. ...

Сликарката Бојана Артиновска на светот му го претстави делот од своето творештво посветено на основните елементи на светот што ја градат рамнотежата во светот. Во најновиот галериски простор во градот претставени се делата инспирирани од огнот. Бојана е исклучитерлен сликар, а еден од интересните моменти во процесот на давањето живот на делата е фактот што биле создавани тука, во просторот на Камаи Медиа. Галериски простор којшто овозможува ...

Општина Ресен ги повика граѓаните кои имаат штета предизвикана од природна непогода, односно поплава на објекти, предмети и добра во домаќинството, а која се случи минатиот месец, да ги пријават во просториите на локалната самопуправа. На крајот на ноември Преспа беше погодена од големи поплави од обем каков што локалното население вели дека не се случил цели 40 години. Како последица на напливот на водите тогаш во Преспа беа поплавени ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
9.26
58%
1006
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
93%
1002
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.66
81%
1012
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.11
91%
1015
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
97%
1001
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
70%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
36%
1003
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1003
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.58
78%
1015
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Родиум

339190.38

Злато

159322.70

Кобалт

64.04

Цинк

3.37

Паладиум

56617.46

Бакар

12.10

Калај

49.78

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.06

Сребро

3663.67

Платина

83354.78