24 нови доктори на науки од денеска има на листата доктори на науки кои своите идеи и истражувања ги направиле во лабораториите и во соработка со професорите на универзитетот „Св. Климент Охридски“. Тие денеска беа промовирани во своето стекнато звање. Свечено, академски, повторно просториите на зградата на ректоратот од универзитетот Св. Климент Охридски сведочеа за стремежнот кон научна одличност на академски граѓани од поширокиот регион ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ годинава го празнува својот патрон со настани кои се вистинска видлива манифестација на меѓународните активности на студентите и ректорската управа меѓу два патронати. денеска се одржа првиот состанок на асоцијациата на универзитети од Јадранско-јонската група земји – УНИАДРИОН, со која претседава нашиот универзитет. Во градот има високи претставници на УНИАДРИОН – Асоцијација на универзитети од Јадранско ...

Повозрасна жена од Битола била измамена со 20.000 евра преку добро познатата шема со лажен несреќен случај, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Според информациите, вчера (03.12.2025) во 10:19 часот, 70-годишна битолчанка пријавила во СВР Битола дека била доведена во заблуда од непознато лице, кое ѝ се јавило телефонски и ѝ соопштило дека нејзината ќерка паднала по скали и се здобила со тешки повреди – скршена вилица и нога. ...

Песната ПАРАХОДОТ е вториот сингл кој го најавува јубилејниот концерт ” 40 години Горан Таневски” и воедно најава за албумот што следи, насловен како “MORE”. Како гости на песната ПАРАХОДОТ е истата екипа како и на “40 Години Девојка од Бронза”. Музичарите кои ќе го изнесат концертот се: Александар Таушанов – гитара (Троја) , Тодор Стефанов – бас (Троја), Зоран Павлов – гитара и Дејан Јефремов – тапани. Како гости на концертот ќе се појават : ...

Денеска православните верници го чествуваат големиот црковен празник Воведение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Пречиста. Празникот ја одбележува посветата на Богородица на Бога и нејзиното внесување во Ерусалимскиот храм. Овој голем богородичен празник се смета за почеток на Божјата милост и проповедта за спасение на луѓето, уште и за предвесник на Христовото доаѓање на Земјата, на неговото рождество од Пречистата. Нејзиното ...

Во пробниот период на системот „Безбеден град“ камерите регистрирале рекоред во пречекорување на дозволената брзина. Најголемата брзина која ја регистрирал системот „Безбеден град“ е 231 километар на час. Автомобилот практично летал на скопската обиколница. Прекршокот е регистриран на 1 декември, првиот ден откако стартува пробниот период на работа на системот. Тој ден, како што информираше Министерството за внатрешни работи беа регистрирани ...

До 22 овој месе трае дополнителниот конкурс за упис во третиот циклус студии на Универзитетот Св. Климент Охридски. На сите универзитетски единици – факултетите и институтите при Универзитетот има отворени вкупно 129 места за идни доктори на науки. На Технички факултет има по три места за Сообраќајно-транспортно инженерство и Машинство, 2 за програмата Инсдустриско инженерство и менаџмент и 3 за докторски студии по Графилко инженерство и ...

Посетата на градскиот парк кај Саат кулата денеска за неколкумина битолчани завршила со лепливи јакни. Имено, граѓани се пожалија дека во паркот кај Саат кулата биле оставени даски кои што се уште биле лепливи, бидејќи биле премачкувани со мрсна боја. Иако бојата се уште не била исушена, тоа не било означено со цел граѓаните да се заштитат од вакви непријатности. Така неколкумина завршиле со измрсени јакни. Како доказ за тоа постираа ...

Труење на кучиња во Нова Битола сериозно ги загрижи сопствениците на домашни миленичиња. Поради расфрлан отров стравуваат како за безбедноста на своите миленици, така и за луѓето, а особено за децата. Граѓани веќе алармираа дека биле затруени куќиња во реонот на населбата Ремо. Велат дека станувало збор за улични кучиња на кои локалното население им давало храна и се грижеле за нив. „Паца и Луна се кучиња кои се во Ремо со години. Пораснаа со ...

Македонија годинава доби нов европски шампион во мотоциклизам – Петар Мијалков, човек кој со огромна посветеност, храброст и дисциплина успеа да се искачи на самиот врв на БМУ Европскиот шампионат. Со моќни настапи, стабилни резултати и карактер што не отстапува пред предизвиците, Петар ја испиша една од најубавите страници во историјата на нашиот мото спорт. Кој е Петар Мијалков? Петар ја носи љубовта кон мотоциклизмот од најрана возраст. ...

24 нови доктори на науки официјално денеска изглеуваат од академските лаборатории на универзитетот „Св. Климент Охридски“. Нивната промоција е дел од еднонеделното одбележување на патрониот празник на Универзитетот – 8 декември.„ Промоцијата претставува обединување на науката и академските доблести, втемелени врз обврската на докторандите да го почитуваат и да го чуваат достоинството на титулата доктор на науки како највисоко остварување на ...

Облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени. Во Битола и околината синоќешната регистрирана минимална температура била 2 степени Цезиусови. За денеска се предвидува дневната температура да се движи во амплитудата од 2 до 9 степени Целзиусови. Извор: ...

Состојбата со старите и очигледно напуштени куќи во Битола не е решена подолго време. Проблематиката ја регулираат неколку закони и претставува дефинирана надлежност на неколку субјекти, но, секојдневно граѓаните сведочат на куќи кои неможе да се искористат ниту за развивање на хорор туризам. Куќата на улицата Стевче Патако видела подобри денови. Како и оваа куќа некаде околу чинарот. Вакви ги има во сите делови од градот – градските улици и ...

Започнува празничната магија низ Македонија. Накитени елки, многу светла, насмеани лица.. Општините веќе започнаа да ги красат централните градски јадра. Меѓу оние кои први ја донесоа празничната магија меѓу своите граѓани е општина Штип. Градот веќе наликува на празнична бајка, а децата најмногу се израдуваа на вечерашниот предновогодишен спектакл под Исарот. Голем број граѓани се собраа да го проследат моментот на симболичкото „палeње“ на ...

Раководството и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, соопшти предмалку најголемата опозициска партија во земјата СДСМ. СДСМ внесува нова енергија, порача од таму, појаснувајќи дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки. ...

Илјадници луѓе се собраа во бугарскиот главен град Софија и во неколку други градови во понеделникот за да протестираат против планот за буџетот за 2026 година, првиот што ќе биде изразен во евра. Некои демонстранти се судрија со полицијата, која ги блокираше канцелариите на владејачките партии во Софија. Протестите против буџетот за следната година во Варна и Софија ескалираа, а демонстрантите предизвикаа тензии на улиците, пренесе Новините. ...

Системот за интелигентен видеонадзор „Безбеден град“, кој од вчера функционира во Скопје, за само 24 часа детектирал повеќе од 110.000 сообраќајни прекршоци. На првиот ден од тест-периодот, полицијата преку системот „Безбеден град“ испратила вкупно 110.000 СМС-пораки за направен прекршок, од кои преку 90 % за побрзо возење од дозволеното, 5.000 за поминување на црвено, а 1.000 бидејќи табличките ги немало во регистрираните возила. Возачите ...

Со концерт на руската музичка атракција Гамазда синоќа во Народниот театар во Битола беше затворен Фестивалот “Музика од светот“. Заблагодарувајќи се до поддржувачите, сите кои работеа на фестивалот, а најмногу го битолската публика фестивалот за затворен го прогласи директорот на Центарот за култура Сашо Илковски. Фестивалот се одвиваше под мотото Уметност на звукот и пред публиката донесе пет незаборавни музички вечери. Синоќа со концерт на ...

Пред пет дена телевизија Тера регистрираше исечен асфалт на тротоарските површини во делот каде што се гради булеварскиот влез на Битола во населбата Горно Оризари, што отвори прашања кај граѓаните што се случува. Зошто е исечен нов асфалт? Поради ова се обративме во општина Битола од каде добивме одговор дека се вршат подготовки со засекување на асфалтот поради имплементирање на проект со кој е предвидено на тоа место да се засадат дрвја. ...

Јане Славов ја претставува сосема новата акустична верзија на својата песна „Инсомнија“, оригинално напишана од пејачот, водител и композитор Виктор Апостоловски. Овој пат, песната добива поинаква, потопла енергија — снимена е во живо со целиот Алерт Бенд, а со тоа добива топлина и вистинска музичка искреност. Аранжманот во новата верзија е дело на гитаристот Томислав Димовски – Димовски Медиа, кој ѝ дава свежа динамика и нов уметнички израз. ...

На меѓународниот меморијален турнир во чест на Игор Лазаров кој се одржа на 29.11.2025 год (сабота) во О.О.У. Антон Димитров ,нас. Бутел на кој учествуваа 759 натпреварувачи од 15 земји, К.К. „ЗАНШИН ДО„-Битола се закити со 6 медали и тоа едно злато, две сребра и три бронзи. Со златен медал во ката тим кадети-јуниори мажи се закитија: Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски ,со сребрен медал во ката тим кадети-јуниори жени ...

Универзитетот Свети Климент Охридски ќе го одбележи својот патронен празник со серија настани. Денеска на прес конференција ги соооштија деталите. Ќе се реализираат настани и во соработка со средните училишта. Неделата што започнува ќе измине во знакот на јазичниот идентитет и посебност што само по себе се наметнува како најважен момент од одбележуавњето на патрониот парзник на Универзитетот св. Климент Охридски. Активностите кои денеска на ...

Променливо облачно, претпладне по котлините ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени, во Битола и околината до 11 степени Целзиусови. Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови следува период на претежно облачно време со ...

Битолскиот тим Систем 4 победи на натпреварот “Средношколец милионер”. Тимот Stay BE со нивната бизнис-идеја „Систем 4“ ја освои главната награда од 1.000.000 денари на првото издание на „Средношколец Милионер“, најголемиот и најамбициозен натпревар за средношколски бизнис-идеи во Македонија во организација на Бреинстер. Покрај главната награда, победниците добија и понуда од инвеститори за дополнителна инвестиција од 6.000 евра, како и ...

Континуираните работи низ одредени улици во градот предизвијуваат оштетување на улиците , сообраќајниците по кои се минува често. Ненавременото санирање прeдизвикува проблеми во секојдневието на граѓаните. Особено возачите. Госпоѓата не е единствената којашто неверувајќи на институциите, се вратила дома и сама го подмирила трошокот за поправка на своето превозно средство. Денеска направивме куса анкета со Битолчани, дали знаат дека од ...

Во претстојната сезона на дождови и снегови, се поголем е бројот граѓани кои живеат на улици кои се реконструираат. реагираат – долготрајноста на работите влијае негативно на хигиената на нивните домови. Просторот зад уредот веќе подолго време е раскопан. Ниту амбулантните ниту граѓанските возила ниту пак граѓните може безбедно да се движат. Денеска една наша сограѓанка не упати кон улицата Козара, дел од комплексот улици кои се ...

Од 1 декември почнува пробниот период за системот „Безбеден град“ за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Во пробниот период, сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок“, се вели во соопштението од полицијата. Пробниот период е предвиден до Нова година, кога возачите ќе добиваат само предупредување за сторените прекршоци, без изрекување казни, а од ...

Со концерт на пијанистката Гамазда од Русија, вечерва во Битола завршува 17. издание на фестивалот „Музија од светот“. Светски познатата пијанистка и јутјуб сензација Гамазда е позната по својот уникатен стил и виртуозна интерпретација, кои вечерва ќе ги презентира и пред битолската публика. Гамазда изгради импресивна меѓународна кариера благодарение на својот препознатлив стил, динамична, енергична и технички беспрекорна интерпретација на ...

На свеченоста по повод 2. интернационален поетски конкурс „Amilcare Solferini” за текстови на француски јазик, соопштено е дека Големата Награда на Жирито му припаднала на македонскиот писател Томислав Османли. Османли наградата ја добива за песната насловена „Вистинската сила”. Според правилата на конкурсот објавен годинава за единечна поетска творба на слободна тема, песната од дваесет стихови, што на француски јазик ја преведе самиот ...

Битолчаните Иван, Јован и Марио се победници на натпреварот „Средношколец Милионер“. Тимот StayBe од Битола е победник на првото издание на натпреварот освојувајќи главна награда од 1.000.000 денари. Тимот го сочинуваат тројца ученици од битолските средни училишта: Иван Секуловски од гимназијата „Јосип Броз Тито“, Јован Талевски од техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ и Марио Рабаџиевски од СОУ „Таки Даскалот“. Победничката идеја, Систем 4, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
9.26
58%
1006
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
93%
1002
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.66
81%
1012
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.11
91%
1015
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
97%
1001
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
70%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
36%
1003
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1003
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.58
78%
1015
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

56617.46

Рутениум

45750.51

Злато

159322.70

Кобалт

64.04

Бакар

12.10

Алуминиум

3.06

Платина

83354.78

Сребро

3663.67

Иридиум

221848.72

Калај

49.78

Родиум

339190.38

Цинк

3.37