
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,20%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,20%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од ...
Интензивни дождови го погодија североисточниот дел на Шпанија, вклучувајќи ја и Каталонија, каде што железничкиот сообраќај беше целосно прекинат неколку часа, а властите пријавија и поплави. Според метеоролошката агенција „Аемет“, која попладне стави голем дел од Каталонија во црвена тревога, во некои области наврнале повеќе од 100 литри дожд на метар квадратен за неколку часа. Обилните дождови предизвикаа поплави, меѓу другото, и во болница во ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа предупреди на можноста за „трговска војна на Западот“, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави царинки од 30 проценти за производите на Европската унија (ЕУ). „Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно“, рече Мелони. Според неа, Европа има економска и финансиска моќ да ја потврди својата позиција и да постигне фер и разумен ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во обраќањеото до јавноста вели дека понеделник е историски ден за Битола. „На седницата на Советот како дел од ребалансот на буџетот предложени се капитални објекти значајни за развојот на градот какви Битола што не памети, дел од нив се: – ТРИ типски училишни спортски сали во: ОУ “Стив Наумов”, ОУ “Тодор Ангелевски” и ОУ “Даме Груев” – подрачно училиште во Долно Оризари ВРЕДНОСТ 144 милиони денари – ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во пристанишниот град Вонсан. Ким му рекол на Лавров дека „имаат исти ставови за сите стратешки прашања“ и оти Пјонгјанг е „подготвен безусловно да ги поддржи и охрабри сите мерки преземени од руското раководство во однос на справувањето со коренот на украинската криза“, пренесе ДПА повикувајќи се на КЦНА. Москва и Пјонгјанг потпишаа стратешко ...
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 30 отсто на увозот од Европската унија, кои ќе стапат во сила од 1 август. Новите царини се објавени во писмо што Трамп го објави на социјалната мрежа Трут Соушл. „Ве покануваме да учествувате во извонредната економија на Соединетите Држави, пазарот број еден во светот, далеку пред сите. Со години разговаравме за нашиот трговски однос со Европската унија и заклучивме дека мора да се ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 12-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години. Во соопштението од Јавното обвинителство се вели дека според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По ...
Битолската полиција соопшти дека на 12.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека во околу 02.05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на ул.„Охридска” во Битола при што од самата експлозија направени биле оштетувања на патничко возило„ волксфаген” патничко возило „бмв”, патничко возило„тојота”, патничко возило„киа”,патничко возило„рено”, патничко возило„матиз”, патничко возило„тико” сите со битолски регистарски ...
Битолската полиција соопшти дека на 12.07.2025 во 03.17 часот, во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Борис Бастерот” во Битола настанал пожар во барака при што од пожарот се зафатиле и три патнички возила „рено” и „цитроен” со битолски регистарски ознаки и „рено” со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола.Во пожарот повредени лица нема, причинета била материјална штета. ...
Нови прашања, нови предизвици, нови награди! Не го пропуштајте новото издание на квизот „Седмо небо”! Слаѓана од Скопје, Ирена од Кичево, Ленче од Скопје и Ивана од Скопје ќе се искачат низ 7 нивоа до седмото небо! Од најсреќниот квиз „Седмо небо” никој не си заминува без награда. По скалилата на знаењето ќе ве водат Дејан Лилиќ и Виктор Петров – Викса. Следете ја втората епизода вечерва во 22:30 часот, на Канал 5 телевизија, подрачуваат од ...
Под мотото „Трансформација на сетилата“, вечерва од 21:00 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Честа да ја започнат 40-дневната фестивалска програма ја имаат американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер. Клер Хуангчи е родена во Рочестер, Њујорк. На многу рана ...
Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво. Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи. На снимката од ...
Со оглед на привлечноста на Македонија како туристичката дестинација и зголемувањето на посетителите во последните години, општина Битолa бара алтернативи за проширување на својата туристичката понуда. Oбластите на изработка на студија за оваа развојна шема се: врвот Пелистер, постоечките ски центри на Пелистер и развој на Баба Планина како дестинација за сите 4 сезони, велат од општината од каде информираат дека објавена е постапка за изработка ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со шлем на глава, црни очила и во придружба на свои колеги на делницата од автопатот којa се гради кон Битола. „Нови економски шанси за пелагонискиот регион“, ќе објави тој вака на својот Фејзбук профил. А, тука во Битола, ако ребалансот зависи од гласовите на СДСМ, тогаш Коњановски најверојано би останал без пари. „После денешната седница на комисијата за финансии и буџет и после скоро 4 години како ...
Два случаи на антракс и еден на маларија се потврдени во Романија. Националниот институт за воено-медицински истражувања и развој „Кантакузино“ синоќа ја потврди дијагнозата на антракс кај две лица примени во Националниот институт за заразни болести „Д-р Матеи Балс“ во Букурешт. Министерството за здравство информираше дека двајцата пациенти се во стабилна состојба и под медицински надзор. Едниот пациент има лесна форма на болеста, а неговиот син ...
Јубилејниот EXIT започна посилно од било кога! Првиот ден на фестивалот помина во знак на еден од најемотивните моменти во неговата историја. Во најгласната тишина која било кога е забележана на Петроварадинската тврдина, 40.000 луѓе молчеа 16 минути, оддавајќи почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад. Првата вечер фестивалот го обележаа Gala, Tiësto, Bob Geldof и The Boomtown Rats, Amelie Lens, Nina Kraviz и Yousuke Yukimatsu. Увертирата во ...
Денес беше извршено асфалтирање на дел од улицата ,,Нико Фундали” во Битола, во рамки на проектот за реконструкција на коловозот, водоводната и мешовитата канализациона мрежa, со вкупна должина од 340.70 метри. Направена е целосна реконструкција на постоечката коловозна конструкција, како и реконструкција на тротоарите од префабрикувани павер елементи. Кај водоводната мрежа, старите азбест цементни и PVC водоводни цевки се заменети со нови ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во “Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во ...
Здружението на пензионери Битола објавува оглас за издавање под закуп на една гарсониера на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/61. За учество на огласот заинтересираните пензионери треба да достават молба до Здружението на пензионери Битола. Кон молбата се приложуваат следните документи: • Талонче од последна исплатена пензија • Уверение за матерјална состојба • Уверение за семејна состојба (кај Нотар) • Уверение од Агенцијата за недвижности (Катастар) ...
Северниот Атлантски Океан содржи околу 27 милиони тони нанопластика, според ново истражување објавено од Институтот за морски истражувања на Холандија и Универзитетот во Утрехт, пишува агенцијата МИА. Истражувањето покажува дека количината нанопластика во горните 10 метри од океанската површина е значително поголема од досега проценетата. Нанопластичните честички, со големина помала од една илјадитинка од милиметар, биле пронајдени во примероци ...
Во геријатрискиот завод „13 ноември“ – Сју Рајдер Битола поставена е и веќе е во функција нова опрема за доплер прегледи на граѓаните од целиот регион. Со оваа амбуланта за кардиоваскуларни прегледи се зголемува капацитетот на оваа специјална болница за медицинско-диијагностички услуги кои освен резидентите на болницата , фондовски може да ги користат и нерезидентни пациенти. Денеска во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна ...
Мотивирано, со позитивна енергија и јасна визија за иднината, вака битолската ВМРО ДПМНЕ ја опишува вчерашната посета на Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, на две месни канцеларии. „Заедно со нашите месни комитети разговаравме за идните предизвици и за конкретните чекори што треба да ги преземеме за Битола да продолжи да се развива. Месните комитети се ...
Измените и дополнувањата на програмата за животна средина за 2025 година се најдоа на комисиската расправа на Комисијата за животна средина, неколку дена пред програмата да се најде на пленарната седница, каде ќе треба да се гласа и ребалансот на буџетот, кој пак е скроен и согласно предложените измени во програмите. Една од измените се однесува на управувањето со отпад, а дугата е во делот на изработка на катастар на отпад и негово ажурирање и ...
Секое семејство ќе може шест пати, со финансиска поддршка од Фондот да ја користи процедурата за ин витро оплодување, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски откако парламентарното мнозинство ги поддржа измените на Законот за Здравствено осигурување. „Родителството е едно од основните човекови права, најсвета должност, највозвишен чин и најцелосно остварување. Демографијата е едно од најважните прашања за Македонија. Доаѓаат добри времиња“ ...
Општина Битола објави јавен повик за работно ангажирање на 30 невработени лица за заштита и превенција од пожари и пошумување. Се повикуваат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување кои се заинтересирани да се вклучат во мерката 6.2 – Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработените ...
За време на посетата на Битола, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев го прашавме за проектот „Сејф сите“ кој е најавено дека од 1 јануари 2026 година ќе започне во Скопје, Куманово и Тетово, а од средината на следната година и во другите градови вклучително и Битола, како и за тоа дека Општина Битола има изработено студитија за безбеден град. „Сетот на закони кои што треба да бидат изменети во делот на сообраќајните ...
Од Центарот за управување со кризи информираат дека до вечерва до 18:00 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати. Активни се пожарите кај Македонски Брод, Општина Чашка, Чучер Сандево, Општина Дојран, Шуто Оризари, Општина Ѓорче Петров, Општина Кочани – Осогово (шума), Општина Петровец, Радишани, Гази Баба, Сарај, Старо Нагоричане – с. Младо Нагоричане, Крива ...
Од горниот дел од реката „Драгор“, преку Црн мост така надолу кон центарот на градот, „Нискогардба“ го чисти коритото на реката, кое е обраснато со треви и грмушки или бујна вегетација. Минатата недела информиравме за тоа каква е состојбата во центарот на Битола, односно кај Старата чаршија, каде високи треви се издигнаа над водата. Од „Нискоградба“ велат дека секоја година спроведуваат акција за чистење на речното корито согласно договорот што ...
СДСМ се уште без решение за кандидат за градоначалник на Битола. Го прашавме првиот социјалдемократ во Битола дали СДСМ на локалните избори ќе настапи со свој кандидат или ќе поддржи независен? „СДСМ ќе настапи со кандидат кој ќе биде најдобро решение за Битола. Во моментов се разгледуваат повеќе опции – и можноста за сопствен кандидат и поддршка на профилиран независен кандидат кој ги дели нашите вредности. За разлика од други, ние не бараме ...