Во свет каде возачите се скриени зад визири, токму кацигата одамна е нивниот најпрепознатлив печат. Но патувањето од обични, еднобојни дизајни до блескави, уникатни ремек-дела е приказна што совршено ја отсликува еволуцијата на самата Формула 1 – од суров спорт до спектакл кој живее и надвор од патеката. Она што некогаш беше само заштитна опрема денес е платно за личноста, приказна и хумор. Од диско-топката на Ландо Норис до ...

Светот на тенисот доби уште една потврда зошто Дејвис Купот е посебно натпреварување. Во Болоња, бранителот на титулата Италија обезбеди пласман во своето трето последователно финале по вистински трилер против Белгија, додека Шпанија веќе има предност од 1-0 во своето полуфинале против Германија. Италијанско „братство“: Коболи спаси 7 меч топки! Иако играат без светскиот рекет број 1, Јаник Синер, Италијанците покажаа неверојатна длабочина и ...

Шкотска е во транс! Со епската победа од 4-2 над Данска во вторникот, „Тартан Армијата“ го прекина 28-годишното проклетство и се пласираше на Светското првенство 2026. И додека гајдите сè уште свират во Глазгов, едно познато име од Премиер лигата испрати сигнал дека можеби е подготвено да го облече синиот дрес. Станува збор за крилото на Њукасл, Харви Барнс. „Вратата не е затворена“ Барнс (27) е роден во Англија и има еден настап за „Гордиот ...

Ако навивате за Арсенал, Ливерпул или било кој друг тим во Премиер лигата, ова е изјавата од која најмногу се плашевте. Репрезентативните паузи завршија. Досадните „ФИФА прозорци“ се минато до март. А тоа значи само едно, Манчестер Сити го пали моторот за својата позната зимска серија. Пред викенд дуелот, Пеп Гвардиола даде изјава која звучи како предупредување за лидерот Арсенал (кој моментално бега 4 бода). „Сезоната почнува денес. Летниот ...

Жозе Мурињо се врати во Португалија, а со него се вратија и легендарните прес-конференции. Иако неговата Бенфика синоќа победи со 0-2 против третолигашот Атлетико ЦП во Купот, Мурињо беше бесен како рис. „Орлите“ се мачеа, а на полувреме резултатот беше 0-0. Головите за победа паднаа дури во 73. (Риос) и 77. минута (Павлидис од пенал). „Не чинат играчите, не системот!“ По натпреварот, Мурињо не бираше зборови за своите фудбалери кои го ...

Светското првенство за фудбалери до 17 години влегува во самата завршница. Четвртфиналниот ден во Доха донесе сè што може да се посака, голови во судиското продолжение, пенали, емоции и потврда дека иднината на фудбалот е во сигурни раце. Еве што се случуваше на терените во Катар. Бразил во 95-та минута го скрши отпорот на Мароко (2-1) Во највозбудливиот натпревар на денот, Бразил успеа да го победи жилавиот тим на Мароко со 2-1, благодарение ...

Во ноќ полна со пресврти и адреналин, Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто е лице на модерната НБА. Со 34 поени, 10 скока и 9 асистенции, српскиот центар го водеше Денвер до голема победа од 112-109 над Хјустон во вистински трилер на НБА Купот. Јокиќ постигна 24 поени во второто полувреме, ја контролираше играта кога најмногу требаше и со ладнокрвните фрлања во последните секунди го стави потписот на победата. Џамал Мареј му се придружи со 26 ...

Завршија квалификациите, заврши Лигата на нации, а пасошите се ставаат во фиока. Иако ние во Спортска Станица сме познати по тоа што „гинеме“ за репрезентативниот фудбал и уживаме во секој собир на националните тимови, мора да признаеме, ни недостасуваше викенд ритамот на клупските лиги! Следната репрезентативна пауза е дури во март 2026 година (баражот!), што значи дека пред нас се четири месеци чист, непрекинат клупски фудбал. Викендов ...

Баерн Минхен доби сериозен удар во најлош можен момент: Луис Дијаз е суспендиран три натпревари во Лигата на шампионите поради црвениот картон што го доби против ПСЖ. Колумбиецот, кој тогаш блескаше со два гола во победата од 2:1, беше исклучен по остриот дуел со Ахраф Хакими во финишот на првото полувреме, дуел што заврши со повреда на зглобните лигаменти на Мароканецот. УЕФА го оцени стартот како „сериозна груба игра“ и одреди суспензија ...

Челси повторно останува без Кол Палмер, човекот што го држи ритамот на оваа сезона. Токму кога се чинеше дека се враќа по долгата пауза, англискиот репрезентативец доживеа нов, неочекуван удар: фрактура на малиот прст на левата нога… дома. Палмер се повредил во среда навечер, откако се судрил со врата, бизарна ситуација што веднаш го тргна од тренажниот процес. Палмер требаше да биде подготвен за големото европско дерби со Барселона следната ...

Премиер лигата на гласање го отвори најголемото финансиско „ресетирање“ во последната деценија. Од сезоната 2026/27, старите правила за профитабилност и одржливост (PSR), кои ги ограничуваа загубите на клубовите, заминуваат во историја. На нивно место доаѓа нов систем: „Squad Cost Ratio“ или SCR. На собирот на акционерите во Лондон, клубовите ги разгледуваа трите нови механизми: „анкоринг од горе надолу“ , SCR и SSR. Паднаа три гласања. ...

Светскиот тенисер број еден, Карлос Алкараз, на совет на неговиот медицински тим мораше да се повлече од настапот за шпанската тениска репрезентација во Дејвис Купот. После напорната сезона која ја заврши успешно на врвот на АТП листата тој мораше да одмори и да се рехабилитира, па натпреварот го следеше на телевизија. Токму фотографијата на Алкараз со која им дава поддршка на своите колеги од националниот тим ги запали социјалните мрежи. А, ...

Француската ракометна легенда, Лука Карабатиќ, зборуваше за својот соиграч од ПСЖ, Матео Мараш, но и за балканската атмосфера во тимот, присетувајќи се на епскиот пораз од „Каубоите“. Францускиот ракометар, Лука Карабатиќ, неодамна даде опширно интервју за РТЛ, во кое откри интересни моменти од својата богата кариера. Сепак, посебен акцент стави на својот соиграч од Париз Сен Жермен, хрватскиот репрезентативец Матео Мараш. Искусниот Карабатиќ ...

Големи промени во хрватскиот ракометен гигант! По серијата катастрофални резултати во ЕХФ Лигата на шампиони, тренерот Андрија Николиќ ја напушти клупата на РК Загреб. На негово место, клубот експресно реагираше и го врати прославениот стручњак и легенда, Ненад Шоштариќ! Николиќ, кој не успеа да го најде излезот од кризата, поднесе оставка по серија од осум порази во осум одиграни натпревари во елитната европска конкуренција, со шокантна ...

Силекс го отвори 14-то коло од Првата лига со важна гостинска победа во Ѓорче Петров, совладувајќи ја Македонија ЃП со 1-2 во дуел кој практично беше решен уште во првиот дел. Кратовци поведоа рано. Во 15-та минута Пиреш испрати прецизен центаршут од десната страна, а Мирчевски со одмерен удар со глава го матираше Јанков и ја донесе иницијалната предност за гостите. Само дванаесет минути подоцна, нова офанзива на Силекс по левата страна ја ...

Дербито на 13. коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) донесе сè што може да понуди еден натпревар со висок влог – голови, пресврт, тензија и за жал, инциденти кои фрлаат сенка на фудбалот. Во „жешкото“ гостување во скопската населба Сингелиќ, Брегалница Штип извојува голема победа од 1-2 против лидерот Шкендија Арачиново, нанесувајќи му го првиот пораз сезонава. Од фудбал до боксерски ринг Натпреварот започна идеално за домаќините. ...

Ако некој сè уште бара аргументи дали Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар на денешницата, оваа графика става крај на секоја дебата. Официјалниот профил на Денвер Нагетс сподели податок кој звучи речиси нереално. Во оваа декада (вклучувајќи ги и плејоф натпреварите), српскиот центар е статистички лидер во скоро сè што може да се измери на теренот. Бројки од друга димензија Според официјалната статистика, Јокиќ во оваа декада е лидер во: Она што ...

Ако некој за 50 години од сега ги отвори архивите и погледне што прави Никола Јокиќ во оваа ера на кошарката, веројатно ќе помисли дека се работи за грешка во системот или за некој „хакиран“ играч во видео игра. Но, ние сме привилегирани сведоци дека ова е реалност. НБА лигата официјално потврди, српскиот маестро е прогласен за Играч на неделата во Западната конференција (за периодот од 10. до 16. ноември), што е само уште една потврда за ...

Вчерашната „војна“ меѓу администраторите на ФИФА и фановите на Роналдо заврши со победа на оние првите. Со потег кој веднаш беше распознаен од сите освен од поддржувачите на Роналдо, тие ги натераа интернет корисниците да им го дадат најголемото признание на Твитер: Трол кралеви! Но, ајде да почнеме од почеток за оние кои не ја следеа ситуацијата… Најпрво ФИФА објави постер со написот „48 држави, 1 сон“. На постерот имаше претставници од сите ...

Бирмингем го добива својот нов симбол. Фудбалскиот клуб Бирмингем Сити го претстави планот за „Powerhouse Stadium“, фудбалски колос со 62.000 седишта кој треба да стане срцето на целосната трансформација на градот и нова пресвртница во историјата на клубот. Објектот, кој ќе се издигнува во Бордсли Грин, е замислен како „тотем на извонредност“ – зборови на претседателот Том Вагнер, кој на премиерата објасни дека стадионот ќе биде видлив дури ...

Александар-Вокер блеска, Сан Антонио продолжува да победува и без Венбањама Сан Антонио ја запиша третата последователна победа и тоа повторно без Виктор Венбањама, совладувајќи ја Атланта со сигурни 135-126. Де’Арон Фокс уфрли 26 поени, Келдон Џонсон 25, а најголемата приказна беше на спротивната страна. Никеил Александар-Вокер уфрли 38 поени(13/17 шут) за Хокси, највисок скор во неговата кариера, но тоа не беше доволно. Атланта падна по ...

ЛЕГО и Ф1 Академија објавија ново повеќегодишно партнерство кое почнува во сезоната 2026. Како дел од соработката, на гридот ќе се појави тимот „LEGO Racing“, а зад воланот ќе биде холандската возачка Есме Костерман. Костерман има богато искуство во картинг и во 2023 година стана првата жена победник во „Ford Fiesta Sprint Cup“. По успешните резултати во младинските категории, таа во 2024 година дебитираше во Ф1 Академијата со домашна ...

МЗТ Скопје продолжува со силното темпо во АБА-2 лигата. Македонскиот шампион ја запиша третата победа во сезоната, совладувајќи ја Јахорина со 96-77 во „Јане Сандански“ и ја задржа позицијата во самиот врв на табелата. Домаќинот го контролираше мечот од првата минута и не му дозволи на противникот ниту еден резултатски импулс. МЗТ ја доби секоја четвртина, а најголемото одлепување дојде пред паузата, кога разликата се крена на двоцифрени ...

Понекогаш интернет просторот знае да биде навистина интересно место, а на еден Твитер (Х) корисник, не му се веруваше дека супер ѕвездата Ерлинг Халанд го сподели неговиот твит од 2018 година, по што следуваше навистина интересна преписка. Приказната започнува токму пред седум години, кога корисникот Фредрик (@F_Edits) тогаш напишал: „Има едно дете кое дава голови од шала тука во Норвешката лига и има само 18 години. Запамтете го неговото ...

По завршувањето на квалификацискиот циклус во Централна Америка, основниот дел од борбата за Мундијалот е комплетиран. И додека во Европа немаше големи потреси, остатокот од светот на фудбалот испиша историја! Претстојното проширено Светско првенство со 48 селекции ќе донесе дури шест дебитанти, вклучувајќи ги сензациите како Курасао (земја со само 155.000 жители) и повратниците како Хаити по 58 години пауза, како и Панама, Зеленортските ...

Генералното собрание на Обединетите нации едногласно ја усвои Резолуцијата за Олимпиското примирје во пресрет на Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026. Со ова, 165 земји се обврзуваат да го почитуваат традиционалниот мировен период што ги придружува најголемите спортски настани. Примирјето ќе стапи на сила седум дена пред свеченото отворање и ќе трае до седум дена по завршувањето на Параолимписките игри. Целта е да се обезбеди безбеден ...

Точно дваесет години по ноќта што остана врежана во фудбалската историја, Барселона го претстави својот нов четврт дрес, како визуелна почит кон една од најголемите гостински победни симфонии што клубот ја испеал: славното 0:3 на „Сантијаго Бернабеу“ во 2005 година. Новиот дизајн го носи слоганот „Фудбалот е уметност“, а таа ноќ во Мадрид беше ремек-дело кое го отвори патот кон најзлатната ера во историјата на клубот. Дизајн што ја следи ...

Скијачките ѕвезди не добиваат само медали: Фински Леви ги наградува победниците со сопствен елен, именуван по Ингемар Стенмарк и ликови од Дизни! Финскиот скијачки центар Леви има уникатен адут во Светскиот куп – награда која нема цена и која „дише“! Наместо класичниот пехар, победниците на трките во Леви добиваат елен (северен ирвас). Се разбира, овие четвороножни трофеи не можат да бидат однесени дома. Тие остануваат на блиската фарма, каде ...

По згаснувањето на ерата на легендарната „Голема тројка“ (особено по пензионирањето на Роџер Федерер и Рафаел Надал), многумина со право се прашуваа кога повторно ќе видиме такво жестоко и интензивно ривалство. За среќа на фановите, чекањето не траеше долго. Иако веќе немаме троен сојуз, тенисот доби нов доминантен двоец: Карлос Алкараз (22) и Јаник Синер (24). Овие двајца генијалци воведоа нов стандард, туркајќи се до невидени нивоа на ...

Гери Невил со жестока изјава: „Шкотска и Ирска ми се подраги од Велс. Славеа кога испаднавме на ЕУРО 2016!“ Светскиот шампионат се ближи, а Британските Острови ги зафати треска! Додека Англија и Шкотска веќе резервираа место, Велс, Република Ирска и Северна Ирска ќе ја бараат својата шанса преку неизвесниот бараж. Главната драма се очекува во Кардиф, каде Велс ја пречекува Босна и Херцеговина. Победникот од овој дуел ќе игра домашно финале за ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
48%
1009
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
32%
1007
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
5.66
42%
1005
weather icon

Софија

14ᴼ / 10ᴼ
3.09
43%
1010
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.75
54%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
62%
1005
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
42%
1009
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
52%
1009
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
42%
1009
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 7ᴼ
5.66
76%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
6.69
40%
1007
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
62%
1012
Currency

61.64

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Бакар

11.40

Сребро

2590.59

Цинк

0.00

Родиум

369733.59

Иридиум

259874.72

Кобалт

3.86

Калај

48.18

Алуминиум

3.42

Платина

65169.56

Паладиум

49383.55

Рутениум

54591.97

Злато

161442.17